Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Опасен правен преседан кој во иднина може да им го ограничи правото на штрајк на вработените во сите фирми е пресудата на Апелациониот суд Скопје, со која конечно им го забрани штрајкот на контролорите на летање, реагира нивниот синдикат. Според пресудата на Апелација, се потврдува забраната за штрајкот во М-НАВ поради тоа што нема конкретни барања од работен однос, немало постапка за помирување и дека Струковиот синдикат на контролори на ...
Институтот за судска медицина утврди дека во парчињата салама што ги најдоа деца во Расадник, Кисела Вода, во близина на детско игралиште, има присуство на инсектицидот метомил (во јавноста познат како ланате). Станува збор за високо токсичен инсектицид, одамна забранет за употреба и за увоз во земјите на ЕУ и во Македонија, поради неговата енормна токсичност и можност за злоупотреби, најмногу со цел да се трујат животни. Во Расадник такво ...
Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце–Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски кој заедно со дитекторот на ЈП МЖ Инфраструктура и претставници од изведувачот Ѓулермак извршија увид на градежните ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Состанокот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, со кој годинава претседава Бугарија испрати порака дека во услои на безбедносни и геополитички предизвици, хибридни закани, енергетска несигурност, проширувањето веќе не е само технички пристапен процес, туку стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Тој потенцираше дека на ...
Само од нето провизии банките во Македонија лани остварија вкупна добивка над 118 милиони евра, покажуваат податоците од извештајот на Народната банка. Тој износ е поголем за 3 милиони евра споредено со 2024 година, што претставува раст од 2,7%. Што се однесува до вкупните профити на банките, тие во 2025 година изнесуваат скоро 304 милиони евра, односно за 21 милион евра повеќе од 2024 година, што е раст од 7,5%. Тоа значи дека повеќе од ...
Уапсен Б.Т.(33) од село во општина Карбинци, кој се сомничи дека во периодот од јануари до март годинава, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната малолетна ќерка, при што ѝ пренел и заразна болест, што е потврдено од Институтот за судска медицина Скопје при преглед на детето и на него. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на ...
Да се гради нов Клинички центар во Скопје без да бидат завршени болниците во Штип и Тетово за директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски не е пожелно. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека новиот ултрамодерен Клинички центар ќе почне да се гради наредната година на локацијата пред базенот Борис Трајковски, кој со подземен премин би бил поврзан со болницата „8 Септември“. „Пред да стигнеме до Клинички центар верувам дека треба да направиме се што е ...
СВР Тетово информира дека вчера во 17 часот било пријавено дека околу 14:15 часот на улицата „Маршал Тито“ жена го тепала своето малолетно дете. Според пријавата, случајни минувачи реагирале и застанале да го заштитат детето, а жената заминала со количка со другото дете. За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Тетово, а надлежните институции преземаат мерки за пронаоѓање на жената, утврдување на нејзиниот ...
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС), со поддршка на вработените во дејноста денеска одржаа заедничка прес-конференција во паркот „Жена Борец“ поради ставањето на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри на дневен ред на денешната 104-тата собраниска седница. Претставниците на секторот и вработените упатија силен и ...
На денешната собраниска седница во македонското Собрание беше констатирана оставката на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи. Фетаи ја поднесе оставката на 1 јуни, по период од повеќе од два месеци во кој, како што беше наведено, не се појавувал на работното место. Повеќе од два и пол месеци го немаше на влада, на седници, во сопствениот кабинет на вицепремиер задолжен за добро владеење. На првиот ден од јуни, Арбен Фетаи си поднесе ...
На петтиот фестивалски ден на 60.издание на фестивалот „Војдан Чернодрински “ во натпреварувачката програма настапи Албанскиот театар од Скопје , со претставата по текстот на Ежен Јонеско „Носорози “, која поставува повеќе прашања, меѓу кои и како идеологијата доаѓа до граѓаните? Беше промовирана и книгата „Театарски приказни“ од Митко Бојаџиски . На кој начин идеологијата доаѓа до граѓаните? Ова е само едно од прашањата што ги поставува ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, на отворањето на регионалниот семинар во Скопје посветен на истрагите за перење пари и управувањето со нелегално стекнат имот, истакна дека следењето на финансиските текови и одземањето на криминално стекнатиот имот се клучни алатки во борбата против организираниот криминал. На настанот, организиран со поддршка на Франција, учествуваат претставници на полициски, обвинителски и судски ...
Обвинувања за корупција, мито и блокирани европски фондови го отворија фронтот во Собранието против министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Опозициската СДСМ преку интерпелација бара политичка одговорност, тврдејќи дека земјоделскиот сектор е доведен во состојба на неизвесност и недоверба. Расправата се одвива во сенка на сериозни обвинувања за нетранспарентно трошење на јавните средства и суспензијата на програмата ИПАРД 3. ...
Полицијата синоќа во 02:30 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, уапси 43 годишен велешанец кој претходно се обидел да ограби црква но и побегнал на полицијата. „На место викано „Ветерско“, тој бил затекнат како излегува од патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидел насилно да влезе во црква, но откако ги забележал полициските службеници се оддалечил од местото“, ...
Во Вишиот суд во Белград се одржуваат завршни зборови на судењето на родителите на момчето К. К., кое на 3 мај 2023 година уби девет ученици и еден обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“. Обвинителството, за време на своите завршни зборови, побара максимални казни за родителите на момчето. Како што објавува РТС, на денешното судење, обвинителството, одбраната и оштетените ќе ги изнесат своите завршни зборови, по што судот ќе ...
Министерството за финансии изврши трансфер на 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании. Со трансферот, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 милијарда денари или 230 милиони евра. Ова претставува 92% реализација на кредитната линија што ...
Во текот на денешниот ден, предметот за правосилната затворска казна за Стевче Јакимовски ќе биде распределен на судија за извршување санкции во скопскиот кривичен суд. Потоа почнува да тече рокот од 30 дена во кој судијата треба да упати упатен акт за издржување на казната до поранешниот градоначалник на на Карпош Јакимовски. Рокот за испраќање упатен акт е 10-ти јули иако судот има право тоа да го направи и пред истекот на рокот, а ...
Здружението на хумани граѓани „Јорданчо Џамов“ организира хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ , кој ќе се одржи на 15 јуни во Градскиот пар во Кочани. Настанот како што најавуваат организаторите има за цел да ја обедини хуманоста, љубовта и заедништвото, а сите собрани средства ќе бидат наменети за: изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“ и помош и поддршка за ...
Мрежата за заштита од дискриминација бара Собранието да не ги користи како демократски декор, поради тоа што повторно бира по непознати критериуми, и предлага член кој не дели никаква вредност со она што треба да го брани. Реакцијата на мрежата доаѓа откако Собранието на 4-ти јуни во постапката за избор на член на Комисијата за прашања на изборите и именувањата го предложи Исмаил Синани за член на Комисијата за спречување и заштита од ...
„Поминати се времињата кога енергетиката значеше само производител, пренос и потрошувач. Сега имаме динамичен систем во којшто сите треба да вложиме максимален напор за да го одржиме и да обезбедиме стабилна испорака на електрична енергија за граѓаните“ – порача Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), кој заедно со членовите на комисијата одржа состанок со ...
Додека времето одминува до првиот натпревар на Холандија на Светското првенство, земјата повторно е зафатена од портокалова треска. Никаде еуфоричното расположение што се спушта во делови од оваа земја секој пат кога нејзината репрезентација игра на Светско првенство не е поочигледно отколку на Марктвег во Хаг, каде што локалната заедница се собира за да здроби што е можно повеќе портокал во практично секој квадратен сантиметар од улицата. ...
Денеска во Софија министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски учествуваше на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), посветен на одбележувањето на 30-годишнината од оваа значајна регионална иницијатива. – Во своето обраќање нагласив дека ПСЈИЕ останува една од највредните автентични рамки за регионална соработка, создадена од регионот и водена од уверувањето дека заедничките ...
Иран започна напади врз локации во Бахреин, Кувајт и Јордан откако САД претходно започнаа воздушни напади, откако го обвинија Техеран за падот на американскиот напаѓачки хеликоптер. Борбени авиони од воздухопловните сили и морнарицата на САД ги извршија нападите во Иран, соопшти Централната команда на американската војска, насочени кон „воздушна одбрана, станици за контрола на копното и радарски локации за надзор“. Иран ги призна нападите ...
Спомениците на природата во Македонија се соочуваат со запуштеност, спорни модели на управување и недоволна институционална заштита. Случајот со Куклите од Кратово повторно го отвора прашањето дали државата ефикасно ги чува природните богатства или тие стануваат жртва на приватни интереси и негрижа. Анкета: Може ли приватен концесионер подобро да ги заштити спомениците на природата од државата? Да/Не Спомениците на природата во Македонија се ...
Пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик. Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши меѓународен патен превоз. Во ...
Порано кога ќе се сменеше звук при телефонските разговори со крчење мислевме дека така изгледа прислушувањето и дека сме мета, а кога Обвинителството или судот ќе нареди прислушкување кое се одвива преку Оперативно-техничката Агенција или скратено ОТА. Регулирано е со Закон, а треба да се внимава и да не се прекршат човековите права. Најтазе се случаите од оваа и ланската година како оној кога со употреба на таканаречените ПИМ Мерки во ...
Преку објава на социјалните мрежи пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, соопшти дека побарал увид во Меморандумот за соработка во енергетиката што министерката за енергетика, Сања Божиновска, го потпишала во Вашингтон, во април годинава. Но, како што вели наместо копија од документот, од Министерството за енергетика добил одговор со „нејасни формулации за можни ограничувања, меѓународни обврски и заштита на информации“. –Како што може да се ...
Илјадници Албанци маршираа низ главниот град Тирана против проектот за развој на туризмот поврзан со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер. На 10-тиo по ред протест, демонстрантите држеа транспаренти и извикуваа слогани против проектот за кој екологистите велат дека би можел да го оштети уникатниот екосистем и живеалиште на заштитената област Звернец-Нарта Лагуна. Владата вели дека развојот би бил трансформативен, ...
Интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска во Законодовниот дом. Оваа интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство e поднесена од пратничката група предводена од СДСМ, кои наведуваат дека се поднесува поради сериозни сомнежи за системска корупција во ресорот, потврдена со апсења на високи функционери за примање мито и директно загрозување на ...
Kомеморативна монета од 2 евра во Бугарија, посветена на бугарската азбука, е блокирана по приговор од неидентификувана земја-членка на ЕУ, според документите што циркулираат во Советот на ЕУ, објави Новините. Монетета иако е со планиран тираж од еден милион парчиња, сега е блокирана и не може да продолжи во својата сегашна форма без целосно одобрение од институциите на ЕУ. Одлуката произлезе откако Бугарија го поднесе дизајнот на 19 мај 2026 ...