Фокусот е јасен, мисијата е Велс. Македонската фудбалска репрезентација вечерва (18:00 часот) на Арената „Тодор Проески“ ја пречекува Летонија во пријателски натпревар, кој служи како последен филтер и генерална проба пред клучниот дуел во Кардиф. Во битката за второто место во групата, селекторот Благоја Милевски не сака ништо да ризикува. Како што и се очекуваше, „Рисовите“ ќе истрчаат во комбиниран состав, со цел да се сочува свежината на ...

Одбројувањето официјално започна. Точно во 20:28 часот (12 ноември 2025), гигантските екрани на Пикадили Циркус во срцето на Лондон експлодираа во бои, означувајќи го глобалното лансирање на брендот за УЕФА ЕУРО 2028. Во истиот момент, низ сите осум градови домаќини во Обединетото Кралство и Ирска, иконските знаменитости беа осветлени со новиот визуелен идентитет. Турнирот, кој ќе се одржи за помалку од 1000 дена, го носи слоганот „Фудбалот е ...

Лионел Меси ретко дава интервјуа, а деновиве даде две – едно за бизнис форум и едно подетално, спортско. И каков неверојатен контраст е тоа во споредба со неговиот вечен ривал. Додека Кристијано Роналдо во своето интервју објаснуваше зошто „Меси не е подобар од него“ и контрадикторно тврдеше дека Светското првенство „воопшто не му е сон“, Аргентинецот одржа лекција по филозофија. На 38 години, Меси зборува како човек кој го „завршил“ фудбалот ...

Еден од најголемите хрватски спортисти на сите времиња, Ивица Костелиќ, го потврди својот статус на мултидисциплинарен мајстор. Вчеравечер, во престижното Каптол Бутик Синема, тој го претстави својот авторски и режисерски дебитантски филм – „Freedom“, приказна за животот по скијачките подиуми. Филмот е директен увид во драматичниот пресврт на Костелиќ од ледениот свет на скијањето кон суровата и нескротлива убавина на едрењето. Гостите, меѓу ...

Новото издание на легендарната фудбалска симулација „Football Manager 26“ официјално се појави на платформата „Steam“, но првичните реакции од играчите се далеку од позитивни. Наместо славен старт, играта моментално има „генерално негативна“ оцена, со илјадници корисници кои изразија незадоволство од техничките проблеми, комплицираниот интерфејс и чувството дека „ништо суштински не е променето“. Од вкупно над 5.000 рецензии, повеќе од 3.900 ...

Легендата се бори со последици од вирус: Нема старт во Леви, неизвесен е и Гургл! Вториот, долгоочекуван камбек на Марсел Хиршер (36) во Светскиот куп во скијање е принудно одложен. Иако коленото му е совршено по операцијата, најголемиот скијач на денешницата, кој сега настапува за Холандија, не е подготвен да се врати на патеките. По пропуштениот велеслалом во Зелден, Хиршер нема да настапи ниту на слаломот во Леви на 16 ноември. Неговиот ...

Лионел Меси ги „запали“ социјалните мрежи и ги фрли во екстаза (а многумина и ги расплака) фановите на Барселона. „GOAT“ се врати дома. Во неделата навечер, 38-годишниот Аргентинец направил тајна, изненадувачка посета на реновираниот „Спотифај Камп Ноу“. Меси, кој сега е во Интер Мајами, објави неколку емотивни фотографии, вклучувајќи и една каде што стои сам на новиот терен, со порака која длабоко ги погоди сите навивачи на Барса. View this ...

Она што требаше да биде историски ден за Милано, се претвори во бирократски кошмар. Интер и Милан го финализираа купувањето на легендарниот стадион „Сан Сиро“ и околното земјиште за 197 милиони евра, ставајќи крај на 77-годишната општинска сопственост. Но, славјето траеше точно еден час. Веднаш по потпишувањето на договорот, обвинителството во Милано отвори експресна истрага поради сомнеж за „наместен тендер“ при продажбата. Ова предизвика ...

Африканската фудбалска конфедерација (CAF) и PUMA го „повлекоа чкрапалото“ и ја претставија „ITRI“ – официјалната топка за Африканскиот куп на нации (AFCON) што ќе се одржи во Мароко 2025. Името не е случајно – „ITRI“ (се изговара „ИТРИ“) значи „ѕвезда“ на локалниот домороден јазик, што е директна почит на ѕвездата од мароканското знаме. AFCON 2025 Official Match Ball - PUMA 1 Дизајнот е вистинско уметничко дело, инспирирано од ...

Големи вести доаѓаат од Мадрид: Атлетико Мадрид е продаден! Како што објави весникот „Marca“, американскиот инвестициски фонд „Apollo Sports Capital“ (ASC) стана мнозински сопственик на клубот. Ова е огромен потрес, бидејќи досегашните главни акционери, Мигел Анхел Гил Марин, Енрике Серезо, „Quantum Pacific Group“ и „Ares Management“ ги намалуваат своите удели и стануваат малцински акционери. Сепак, во соопштението има една клучна замка: Гил ...

Иако фокусот на Спортска Станица често е насочен кон младите таленти и идните ѕвезди кои допрва треба да блеснат, ние цврсто веруваме дека спортот е целина, животен циклус кој започнува со првиот тренинг и трае засекогаш. Викендов, таа филозофија ќе живее во Куманово. За еден од физички најнапорните спортови во светот, ватерполото – базенот „Моша Пијаде“ ќе биде арена за докажување дека класата е вечна, а годините се само бројка. ...

Новак Ѓоковиќ стигна до уште еден импресивен рекорд во својата блескава кариера со 200-та победа во сала. Српскиот ас го совлада Португалецот Нуно Борхес со 7-6(1), 6-4 и обезбеди пласман во полуфиналето на Хеленик шампионатот во Атина. Иако пропушти три шанси за брејк во првиот сет, Ѓоковиќ повторно ја покажа својата ментална цврстина токму кога беше најпотребно. Во тај-брејкот одигра совршено, поведе со 6-1 и ја раздвижи публиката со ...

Асоцијацијата на професионални тенисери (АТП) го претстави новото, модернизирано лого кое ќе ја означи новата визуелна ера на турнејата од сезоната 2026. Ова е шесттата промена на логото во 54-годишната историја на организацијата – редизајн кој ја задржува традицијата, но и го пренесува духот на современиот спорт во дигиталната ера. Новиот симбол е поедноставен и динамичен, дизајниран за да функционира подеднакво добро на сите платформи, од ...

Новак Ѓоковиќ продолжува да го пишува својот неверојатен рекорд и во 38-та година од животот. Српскиот ас се пласираше во финалето на АТП Мастерс 250 турнирот во Атина, откако во полуфиналето го совлада германскиот квалификант Јаник Ханфман со 6-3, 6-4. Иако Ѓоковиќ го загуби својот сервис за првпат оваа недела, моментот на слабост траеше кратко. Брзо ја врати контролата и повторно демонстрираше психолошка и техничка надмоќ. Со оваа победа, ...

ВТА финалниот турнир кој се одржува во Ријад ги доби своите финалистки, кои ќе ја заокружат интересната и интензивна сезона во женскиот тенис. Арина Сабаленка, која веќе го зацементираше своето место на првата позиција, денес се најде во финалето откако ја победи Аманда Анисимова. Најдобрата светска тенисерка, Сабаленка, триумфираше во мечот над Американката со 6-3, 3-6, 6-3 во сетови. Sabalenka digs deep 🪏 She defeats Anisimova 6-3, 3-6, ...

Новак Ѓоковиќ повторно ја испиша историјата на тенисот. Српскиот ас на 38 години ја освои титулата на АТП турнирот во Атина, победувајќи го Лоренцо Мусети во драматично финале со 4-6, 6-3, 7-5, по речиси три часа борба. Со овој триумф, Ѓоковиќ ја освои својата втора титула оваа сезона и вкупно 101-ва во кариерата, со што се доближи до легендите Роџер Федерер (103) и Џими Конорс (109). Истовремено, Новак стана најстариот АТП шампион од 1990 ...

Елена Рибакина ја заврши сезоната на совршен начин со најголемата победа во својата кариера по Вимблдон 2022. Казахстанката ја совлада светската број еден тенисерка Арина Сабаленка со 6-3, 7(7)-6(0) и за првпат го освои завршниот ВТА турнир, кој годинава се одржа во Ријад, Саудиска Арабија. Со ова триумфално издание, 26-годишната Рибакина не загуби ниту еден меч во текот на неделата (5-0 скор) и освои рекордни 5,2 милиони долари, што е ...

Само неколку часа откако ја освои 101-та титула во Атина, пристигна веста што многумина ја очекуваа. Новак Ѓоковиќ нема да настапи на завршниот АТП Мастерс во Торино. Веста ја потврди, иронично, токму Лоренцо Мусети, финалистот кој Ѓоковиќ го победи денеска во исцрпувачкото финале во Атина. Оваа одлука на 38-годишниот Србин значи дека токму Мусети, заедно со Феликс Оже-Алијасим, се последните двајца патници кои обезбедуваат место на завршниот ...

Во разговор со српските медиуми, Новак Ѓоковиќ повторно зборуваше за плановите за пензија. Иако неколку пати досега тој изјави дека сака да продолжи да игра додека, медиумите упорно му ја наметнуваат дебатата за пензија. И додека неговите колеги од другите спортови се охрабруваат постојано да продолжат да играат и покрај годините, ете Ноле повторно мораше да одговара на прашањето „кога ќе одиш во пензија?“. Сега тој им ја зададе Олимпијадата ...

Јаник Синер ја започна одбраната на својата титула на АТП Финалето во Торино токму онака како што посакуваше домашната публика, со сигурна победа од 7-5, 6-1 против Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим. Дуелот траеше еден час и 40 минути, а Италијанецот делуваше стабилно и концентрирано од почеток до крај. Синер одигра речиси совршен меч: освои 89% од поените на првиот сервис (32 од 36), не дозволи ниту една брејк топка и реализира три брејка од ...

Карлос Алкараз конечно го направи она што му недостасуваше на завршните турнири – се врати од поразен сет и го победи Тејлор Фриц во вистинска тениска драма што траеше речиси три часа. Со оваа победа, Шпанецот направи огромен чекор кон полуфиналето во Торино и се доближи до уште поголема цел, повторно да ја заврши годината како број 1 во светот. Мечот беше маратон и вистински тест за неговата ментална цврстина. Алкараз покажа дека ја научил ...

Домашната магија во Торино продолжува, а Јаник Синер изгледа незапирливо. Италијанскиот миленик го „чекираше“ своето место во полуфиналето на завршниот АТП Мастерс, откако по третпат во само 17 дена го совлада Александар Зверев, овојпат со убедливи 6-4, 6-3. Ова прераснува во вистинска доминација. Германецот, кој некогаш водеше со 4-1 во меѓусебните дуели, сега се наоѓа во серија од пет порази по ред против Синер. Последниот триумф на Зверев ...

Текст на Горан Талевски Навивачката култура во Македонија отсекогаш била посебен дел од спортската сцена. Иако Балканот е регион каде што дерби натпреварите имаат огромна тежина и традиција, Македонија има своја специфична приказна. Трибините кај нас не се само декор или дополнителна атмосфера, тие се идентитет, став и континуитет кој се пренесува со генерации. Во оваа земја љубовта кон клубовите не е маркетинг, туку животна емоција која ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) најави историски новитет за ЕХФ ЕУРО 2026 за мажи – воведување на иновативната „РефКам“ технологија на компанијата Ридел. Оваа лесна камера, поставена на главите на судиите, ќе им овозможи на фановите да го искусат ракометот од невидена перспектива – директно од центарот на теренот! Директен поглед кон драмата на финалето Технолошкото деби ќе се случи на завршниот викенд на првенството, кое се одржува во ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ја одржа ждрепката за вториот бараж-филтер за Светското првенство во Германија во 2027 година. За Македонија, оваа ждрепка е многу повеќе од обична процедура, таа е јасно предупредување и дефиниција за тоа колку ќе нè чини евентуален неуспех на претстојното Европско првенство. Сега точно знаеме која е цената на еден „крах“ во јануари. Работата е јасна: доколку Македонија заврши како ...

Во првото издание на подкастот „Вистина или не“ со Миро Кацаров, гостин беше македонскиот репрезентативец Филип Талески, еден од најталентираните, но и најконтроверзно коментирани играчи на домашната ракометна сцена, особено откако неодамна го раскина договорот со Вардар. Талески отворено зборуваше за својата кариера, односите со поранешни соиграчи, заминувањето од Вардар, но и за тоа како се чувствува кога медиумите, како што вели, „го ...

РК Вардар 1961 слави голем јубилеј – 65 години постоење. По тој повод, двократниот европски шампион денеска претстави ново, официјално јубилејно лого. Како што соопштија „црвено-црните“, ова лого „симболично ја отсликува историјата и славното минато“ и ќе ги краси дресовите на тимот до крајот на оваа јубилејна сезона. „Клуб за сите генерации претставува омаж на ракометните легенди, спортските работници и навивачите кои шест и пол децении ...

Мирза Џомба е несомнено еден од најголемите мајстори на ракометната игра и убедливо најдоброто десно крило во историјата на хрватската репрезентација покрај Патрик Чавар. Оваа ракометна легенда е родена на 28 февруари 1977 година во Риека. Неговата кариера е блескава низа од клупски и репрезентативни одличја, надополнета со голем број индивидуални признанија. Неговиот талент бил откриен рано од Вено Ѓонлиќ додека бил ученик во Риека, а првите ...

Вардар 1961 го доби големото скопско дерби против Алкалоид со 34-28 (полувреме 17-17) и на најдобар можен начин го заокружи првиот дел од сезоната во македонската Суперлига. Со оваа победа, тимот на Иван Чупиќ го задржа перфектниот скор со 11 победи од 11 натпревари и остана единствениот непоразен тим во шампионатот. Избраниците на Кире Лазаров го доживеаја својот прв пораз сезонава. Тежок прв дел, пресврт преку Гогов и одбрана Дербито во СЦ ...

Ракометот е повеќе од спорт во Македонија – тоа е нашиот национален идентитет. Сега, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ви нуди шанса буквално да го „нацртате“ тој дух. Федерацијата објави Јавен конкурс за избор на официјална маскота. Се бара симбол што ќе ги претставува „нашиот ракометен дух, тимска енергија и национален идентитет“ на сите домашни и меѓународни натпревари. Кој може да се пријави? Буквално секој! Од ученици и ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
61%
1026
weather icon

Загреб

10ᴼ / 4ᴼ
0.0
63%
1026
weather icon

Софија

7ᴼ / 4ᴼ
4.63
60%
1028
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.67
73%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 3ᴼ
2.06
68%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
68%
1026
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
76%
1026
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
74%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 7ᴼ
1.33
56%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
5.14
70%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Сребро

2711.59

Паладиум

51794.85

Кобалт

66.14

Цинк

3.24

Злато

166253.76

Иридиум

231355.22

Платина

68963.35

Бакар

11.73

Рутениум

47358.05

Калај

50.64

Родиум

372948.66

Алуминиум

3.42