Лондонското дерби на „Стемфорд Бриџ“ беше сè освен досадно. Во тензичен и борбен натпревар со седум жолти и еден црвен картон, Челси, и покрај тоа што играше со 10 играчи повеќе од еден час, го сопре Арсенал, одигрувајќи 1-1. Овој резултат не беше целосно посакуван за „Топџиите“, но им овозможи да ја зголемат предноста на врвот на табелата на пет бода пред Манчестер Сити. Црвениот картон на Каиседо и дисциплинската криза Натпреварот беше ...

По лесниот тренинг со Азербејџан, македонските кошаркари ги очекува вистинскиот тест. Вечерва од 18:00 часот, во Националната Арена во Даблин, Македонија гостува на Ирска во вториот натпревар од претквалификациите за Евробаскет 2029. Капитенот Војдан Стојановски е свесен дека овој меч ќе биде сосема поинаков од оној во Скопје. „Ирците се поквалитетен противник од Азербејџан. Најважно е да ја играме нашата игра и да покажеме 40 минути борба. ...

Повеќе од една деценија, македонската фудбалска репрезентација беше синоним за брендот „Јако“. Со тој бренд испишавме историја, игравме на ЕУРО 2020 и ги победивме Германија и Италија. Но, секоја ера има свој крај. Од 2026 година, Македонија врти нов лист и влегува во „високото друштво“. Нашиот национален тим ќе го носи логото на светскиот гигант, Адидас. Додека со нетрпение го очекуваме официјалното решение, „Спортска Станица“ со помош на ...

Премиер лигата ја затвори саботната драма со уште два натпревари кои донесоа шок, фуриозен старт и прекин на долга лоша серија. Додека на гостувањето Њукасл славеше со стил, во Лондон се случи колапс на „Спарс“ кој ги остави навивачите бесни. Како „Спарс“ се самоуништија на домашен терен Тотенхем Хотспур ја продолжи својата „Џекил и Хајд“ форма, доживувајќи шокантен пораз од Фулам (1-2) на домашен терен, кој беше и прва гостинска победа за ...

По два дена интензивни состаноци, разговори и обиди да се најде заеднички јазик, едно стана јасно: Жељко Обрадовиќ не се враќа на клупата на Партизан. Раководството на клубот, предводено од претседателот Остoја Мијаиловиќ и Извршниот одбор, влезе во серија од консултации уште од средата. Во петокот следеше и клучниот состанок со Обрадовиќ, што траеше повеќе од два часа, со отворена и искрена дискусија за сите проблеми кои го притискаат тимот ...

Ракометарите на Вардар 1961 продолжија да „газат“ сè што е пред нив на домашната сцена. „Црвено-црните“ ја забележаа својата четиринаесетта победа во четиринаесеттиот натпревар сезонава, откако во дербито на денот, пред полни трибини во СРЦ „Билјанини Извори“, славеа над амбициозниот ГРК Охрид со 28-26 (14-13). За тимот на Борис Ројевиќ, ова беше прв пораз на домашен терен оваа сезона, но Вардар покажа стабилност и не подлегна на притисокот ...

Барселона го постигна она што беше најважно најважно денес, а тоа се три бода и скок на првото место во Ла Лига. Но, победата од 3-1 против Алавес на „Спотифај Камп Ноу“ започна со вистински шок. Каталонците мораа да режираат брз и ефикасен пресврт, откако веќе во првата минута се најдоа во негатива. По корнер од десната страна, топката дојде до Пабло Ибањез, кој рутински ја смести во мрежата на домаќините за шокантно водство од 0-1. Меѓутоа, ...

Какво отворање на 13-то коло во Премиер лигата! Саботното попладне донесе дожд од голови, неверојатни пресврти и драми во судиското надополнување. Манчестер Сити мина низ пеколот и назад за да ги освои трите бода, додека Сандерленд режираше чудо на „Стадионот на светлината“. Фоден е херојот на „Етихад“: Сити испушти 2-0, па славеше во 91-ва! Манчестер Сити преживеа вистинска драма против Лидс Јунајтед, славејќи со 3-2 благодарение на Фил ...

Во рамките на 15. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Тиквеш забележа убедлива победа на гостувањето кај АП Брера, додека Пелистер и Македонија ЃП одиграа драматично реми во Битола. Тиквеш доминантен во Струмица (0-4) Кавадарчани покажаа класа против АП Брера, славејќи со високи 0-4. Работата ја завршија уште во првото полувреме преку Иван Ивановски (14′) и Мартин Стојанов (34′), кој постигна прекрасен гол од речиси мртов агол. ...

Групната фаза на „Emirates NBA Cup“ го достигна своето вжештување. Петочната програма донесе разврска во неколку групи, а фаворитите на Запад, ЛА Лејкерс и Оклахома Сити Тандер, ја потврдија својата доминација со максимален учинок. На Исток, Њујорк и Орландо ги заверија билетите за нокаут фазата. Еве што ја одбележа ноќта во најсилката кошаркарска лига: Дончиќ и Ривс го расипаа враќањето на Ентони Дејвис во ЛА Во најзвучниот дуел на вечерта, ...

Некои спортски приказни вредат да се раскажат, дури и откако ќе стивнат првичните емоции. Кон средината на овој месец (14 и 15 ноември), Куманово дишеше во ритамот на ватерполото. Она што го најавивме како „Мастерс Куп 2025“ ги надмина очекувањата, не само поради натпреварувачкиот жар, туку поради неверојатната енергија и дружба која ги обедини ветераните од Македонија, Словенија, Хрватска, Србија и Велика Британија. На крајот, пехарот замина ...

Фудбалерите на Хетафе се вратија на победничките патеки во Ла Лига, откако со минимални 1-0 го совладаа Елче на домашен терен. Со овој триумф, Хетафе се искачи на работ на топ шест екипите во шпанската лига. Натпреварот беше решен во вториот дел, кога во 56-тата минута, уругвајскиот среден ред, Мауро Арамбари, успеа да ја допре топката по ударот на Кико Феменија и да ја пренасочи во мрежата на Елче. Иако гостинскиот тим доминираше во поседот ...

Комо ќе влезе во декември меѓу првите шест екипи во Серија А, откако со победа од 2-0 над Сасуоло ја продолжи својата неверојатна серија од 12 натпревари без пораз во сите натпреварувања (6 победи, 6 нерешени). Тимот на Цеск Фабрегас уште еднаш покажа дека е сериозен кандидат за излез во Европа, а особено се сигурни кога играат дома, покрај езерото. Со совршен скор од 3-0 во голови постигнати во првите 15 минути на домашните натпревари, не ...

Тензиите помеѓу двата најголеми шпански гиганти повторно зоврија. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, остро реагираше на неодамнешните изјави на Флорентино Перез за време на собранието на Реал Мадрид, обвинувајќи го „кралскиот клуб“ дека страда од „Барселонитис“. Во своето обраќање од Андора, Лапорта не штедеше зборови, тврдејќи дека Реал Мадрид користи изговори за да ги оправда своите постапки, додека истовремено врши притисок врз ...

Фудбалот во Кратово денеска повеќе наликуваше на борба за преживување отколку на игра. На терен кој беше на границата на регуларноста, потопен во вода и кал, екипата на Арсими се покажа како поснаодлива и приреди големо изненадување, совладувајќи го фаворизираниот Силекс со 1-3. Натпреварот доцнеше 20 минути поради очајната состојба на теренот, но тоа не ги спречи гостите од Чегране да ја искористат секоја грешка на домаќините. Хуриќ шокираше ...

Поминаа точно 10 години од денот кога еден момак, кој до скоро играше во аматерските лиги, испиша историја во Премиер лигата. На денешен ден, во 2015 година, Џејми Варди стана првиот играч кој постигнал гол на 11 натпревари по ред во ерата на Премиер лигата, надминувајќи го рекордот на Руд ван Нистелрој. „It’s eleven, it’s heaven for Jamie Vardy!“ Натпреварот против Манчестер Јунајтед беше моментот на вистината. Кристијан Фухс испрати ...

По лудиот симулатор кој ја забавуваше јавноста вчера, денеска добиваме нешто многу посериозно. Корисникот на Reddit, smala017, креираше софистицирана анализа базирана на 1.000.000 (еден милион) симулации на ждрепката за Светското првенство 2026, почитувајќи ги сите ригорозни правила на ФИФА. Оваа „heat map“ графика прецизно покажува колкава е веројатноста (во проценти) секоја репрезентација да се најде во иста група со друга. 2026 World Cup ...

Името Ленарт Карл повеќе не се шепоти во кампусот на Баерн Минхен, тоа одекнува низ Европа. 17-годишниот плејмејкер, кој пред само неколку години стана интернет сензација со еден неверојатен гол, сега е најмладиот стрелец на Баерн во Лигата на шампионите и е клучната искра во новиот проект на Винсент Компани. Неговиот гол против Арсенал во Лигата на шампионите минатата недела не беше само израмнување, туку вистинско ремек-дело кое го потврди ...

Србија беше на работ на сензационален пораз на стартот од квалификациите за Светското првенство 2027, но со спектакуларен пресврт успеа да ја совлада Швајцарија со 90-86. Гостите во Белград приредија шок во првото полувреме, погодувајќи дури 9 тројки (од 12 обиди), вклучувајќи го и „проектилот“ на Селим Фофана од половина терен за неверојатни 34-57 на паузата. WHAT IS HAPPENING IN BELGRADE?!?!🤯#FIBAWC l #StepItUp pic.twitter.com/FI2s4GVpz4 ...

Македонската кошаркарска репрезентација имаше стар од соништата во претквалификациите за Евробаскет 2029, декласирајќи го Азербејџан. Сепак, селекторот Марјан Илиевски повикува на смиреност и брзо „архивирање“ на овој меч, бидејќи веќе в недела следи нов предизвик, гостувањето кај Ирска во Даблин. Илиевски не го криеше задоволството од хемијата во тимот, иако подготовките беа кратки. „Морам да ја пофалам тимската хемија и енергија која постои ...

Полека, но сигурно започнува викендот во Катар, а неизвесноста за шампионската титула расте… Откако Мекларен имаа двојна дисквалификација во Лас Вегас поради подот на болидот, Макс Верстапен сега има шанса да ја намали разликата пред финалната трка во Абу Даби. Па, во моменти кога тензијата расте, а полека се откриваат картите на тоа што се сè правело за да се обезбеди предност, Ред Бул решија да се пошегуваат со своите конкуренти во Катар. ...

Фудбалскиот клуб Ред Бул Салзбург им гостуваа на Болоња, а она што гостите први го забележаа е бескрајниот тунел кој води кон теренот. Тие го објавија видеото, а многу фудбалски фанови се пошегуваа на сметка на тунелот на Болоња, кој изгледа како да трае една цела вечност! "Einmal schnell durch den Spielertunnel aufs Feld." Der Spielertunnel:#BFCSAL #UEL pic.twitter.com/7mmTLc6d85 — FC Red Bull Salzburg (@RedBullSalzburg) November 27, 2025 ...

Светското првенство 2026 се ближи, а со него и првиот голем скандал. ФИФА се соочува со закана од правна битка откако одлучи да ја суспендира казната на Кристијано Роналдо и да му дозволи да настапи на првите натпревари на Мундијалот. Роналдо (40) заработи директен црвен картон за удар со лакт врз Дара О’Шеј на натпреварот против Ирска, што автоматски значи суспензија од три натпревари. Тој веќе пропушти еден меч (против Ерменија), но според ...

Тренерот на кошаркарскиот клуб Партизан, Жељко Обрадовиќ, синоќа беше пречекан на аеродромот во Белград од илјадници фанови кои ја дадоа нивната поддршка за легендата на својот клуб. Тие не ја прифаќаат неговата одлука тој да се повлече од клупата на „црно-белите„ и покрај лошите резултати сезонава, а нивната страна ја делат и од раководството на клубот. Вчера беше одржана итна седница на Извршниот одбор на КК Партизан на која се разговарало ...

Дуелот што го отвора 15-то коло од Првата македонска фудбалска лига носи стара позната приказна – кога Силекс игра во Кратово, никому не му е лесно. Но овојпат, пред нив доаѓа Арсими, тим кој минатата недела го запре актуелниот шампион Шкендија и уште еднаш потврди дека сезонава не е само учесник, туку сериозен фактор. Силекс внимателен, но со јасна цел Кратовци влегуваат во мечот со доза респект, но и со неизбежната домашна самодоверба. ...

Ова е вест која македонскиот фудбал ја чекаше, дури и ако не знаеше дека ја чека. Официјално е: Виљареал (Villarreal CF) пристигна во Македонија. Во Скопје се отвора првата официјална партнер-академија на шпанскиот гигант, „Villarreal Masters Academy“. Лесно е оваа вест да се прескокне како „уште една школа за фудбал“. Но, тоа би била огромна грешка. Ова не е само уште една академија, ова е пристигнување на цела филозофија. Ова е доаѓањето на ...

Кошаркарскиот свет е во шок по завршницата на мечот од квалификациите за Светското првенство 2027 меѓу Велика Британија и Литванија. Литванците беа на работ на пораз, губејќи со 7 поени на само 15 секунди до крајот, но тогаш на сцена стапи Игнас Саргиунас и направи чудо какво што ретко се гледа. Три тројки за 9 секунди! Домаќините во Лондон веќе ја славеа победата, водејќи со 87-80 на 15 секунди до крајот. Прво, Саргиунас погоди тројка. ...

Ноќта во Лигата на Европа донесе вистински огномет од голови и драматични завршници. Француските екипи Лион и Лил беа безмилосни, Селтик направи голем пресврт во Ротердам, а Црвена Звезда излезе како победник во балканската пресметка против ФЦСБ. Еве што ја одбележа вечерта низ Европа: Селтик со лекција за Феенорд во Ротердам Во еден од најинтересните дуели, Селтик славеше голема победа од 1-3 на гости кај Феенорд, иако домаќините поведоа ...

Помина точно една година откако фудбалскиот свет последен пат го виде Михаило Мудрик на теренот. На 28 ноември 2024, тој постигна гол за Челси, а потоа едноставно исчезна. Причината? Позитивен тест на мелдониум – супстанцијата поради која настрада и Марија Шарапова. Сега, по година дена молк, излегуваат нови детали за неговата борба да го измие своето име. Полиграф како доказ за невиност? Според ексклузивните информации на британските ...

Андреј Јакимовски не само што беше најдобар на паркетот, туку и покажа лидерски менталитет по убедливата победа над Азербејџан. Со учинок од 25 поени и 11 скокови, крилото на македонската репрезентација потврди дека е новата движечка сила на националниот тим. Иако бројките беа импресивни, Јакимовски останува „на земја“, нагласувајќи дека ова е само почеток на циклусот. „Влеговме како фаворити и го оправдавме тоа“ „Ова е прв добар чекор за ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
54%
1025
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
51%
1025
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
44%
1025
weather icon

Софија

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
58%
1026
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.51
63%
1027
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.03
56%
1025
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.02
59%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1026
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
47%
1025
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
54%
1028
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
46%
1026
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
59%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Платина

68963.35

Злато

166253.76

Бакар

11.73

Иридиум

231355.22

Сребро

2711.59

Кобалт

66.14

Родиум

372948.66

Рутениум

47358.05

Калај

50.64

Алуминиум

3.42

Цинк

3.24

Паладиум

51794.85