Вечерта во Евролигата донесе кошарка од највисоко ниво, со мечеви кои се решаваа во дополнителни минути и соборување на историски рекорди. Додека шпанскиот гигант Барселона едвај успеа да го скрши отпорот на Црвена Звезда, Партизан и Басконија приредија вистински напаѓачки шоу-програми за своите навивачи. Барселона по дополнителни пет минути го скрши отпорот на храбрата Звезда Најголемата драма се одигра во „Палау Блауграна“, каде Барселона ...

Дисциплинската комисија на УЕФА уште еднаш покажа дека има нулта толеранција за пораки кои ги смета за несоодветни на фудбалските терени. Српскиот гигант Црвена Звезда ќе мора да плати вкупна казна од 95.500 евра поради низа пропусти на реванш натпреварот од Лига Европа против француски Лил, но најголемо внимание привлече делот од казната насочен кон навивачката кореографија. Најголемиот дел од оваа сума, точно 40.000 евра, е изречен поради ...

Интер Мајами се подготвува за нова ера, а нејзиниот центар, очекувано, е човекот кој го промени фудбалот во Соединетите Американски Држави. Клубот официјално потврди дека на новиот импозантен стадион, источната трибина ќе го носи името на Лионел Меси, што е редок и уникатен случај во светот на спортот активен играч да добие вакво признание на сопствениот домашен терен. Првиот натпревар на новиот „Ну Стадион“ е закажан за 4 април против Остин ...

Барселона доби тежок удар за време на репрезентативната пауза. Најдобриот стрелец на тимот оваа сезона, Рафиња, заработи повреда на тетивата на мечот меѓу Бразил и Франција, што според првичните проценки ќе го оддалечи од терените во следните пет недели. „Вирусот ФИФА“ удри таму каде што најмногу боли Бразилската фудбалска федерација (CBF) потврди дека по направените тестови, 29-годишното крило веднаш е ослободено од обврските и се враќа во ...

Олимпискиот шампион Домен Превц им приреди вистинско шоу на своите фанови во Планица, враќајќи се на победничките патеки по три натпревари без подиум. На домашната скокалница, во првиот натпревар од Светскиот куп во ски летови, Словенецот издоминира со два импресивни скока. Две брилијантни серии за сигурна победа Превц, кој има зад себе речиси совршена сезона (две олимписки злата, Кристален глобус, титула на Четирите скокалници и светска ...

Се чини дека во семејството Превц гравитацијата е само обичен мит. Нејзиниот брат Домен Превц е носител на светскиот рекорд (254.5 метри), а сега на сцена стапи неговата помала сестра, 21-годишната Ника Превц! Денешниот ден ќе остане засекогаш врежан во историјата на зимските спортови. За првпат некогаш, девојките имаа можност да летаат на култната леталница „Браќа Горишек“ во Планица. И, секако, Ника реши дека тоа е совршена прилика да ги ...

Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, нема да биде историско само поради проширувањето на 48 репрезентации. ФИФА официјално потврди пакет од пет нови правила кои имаат една главна цел, ставање крај на „крадењето време“ и непотребните прекини на натпреварите. Искрено, овие промени изгледаат одлично (барем на хартија), иако останува да видиме како ќе функционираат во пракса и дали судиите навистина ќе ...

Лионел Меси продолжува да испишува историја во Соединетите Американски Држави, не само на теренот, туку и надвор од него. Неговиот клуб, Интер Мајами, објави вест која претставува вистински раритет во светот на спортот, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња доби трибина која го носи неговото име на новиот, ултра-модерен „Nu Stadium“. Она што го прави овој потег уште попосебен е фактот што Меси сè уште активно настапува за клубот. ...

Денеска, 27 март 2026 година, требаше да биде празник. Фудбалски Божиќ. Ден кога планетата ќе застанеше за да го гледа судирот на титаните, натпреварот на натпреварите Финалисима! Шампионот на Европа против шампионот на Јужна Америка. Шпанија против Аргентина. Но, наместо спектакл, наместо еуфорија и „невидено кино“, денеска имаме само… тишина. И едно големо, болно „на денешен ден“ кое нè потсетува на она што можеше да биде. Ограбени за ...

Првиот голем турнир на земјана подлога оваа сезона ќе помине без најдобриот на сите времиња. Организаторите на Мастерсот во Монте Карло (5-12 април 2026) попладнево официјално потврдија дека двократниот шампион, Новак Ѓоковиќ, нема да настапи во Кнежевството. Оваа вест сигурно носи разочарување кај фановите, особено затоа што Новак е резидент на Монако и овој турнир се смета за негов „домашен“ терен, но одлуката е сосема рационална и ...

Италијанската репрезентација е на чекор до Мундијалот по победата над Северна Ирска (2-0), но наместо за играта на избраниците на Гатузо, светската јавност денес зборува за однесувањето на дел од фудбалерите по завршувањето на мечот во Бергамо. Прослава која ги подели мислењата На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како Федерико Димарко, Гуљелмо Викарио и Пио Еспозито бурно ја прославуваат победата на Босна и Херцеговина над ...

Најтрофејниот македонски ракометен бренд, РК Вардар, започнува уникатна акција со која сака да ги обедини сите генерации кои го граделе клубот. Под мотото „Биди дел од историјата“, клубот објави повик до сите навивачи и колекционери – вашите стари, ретро дресови сега можат да станат дел од новата трофејна соба! Потрага по „чуварите“ на емоциите Целта на оваа иницијатива е да се комплетира историскиот мозаик на Вардар. Се бараат оригинални ...

Утрото по тешкиот пораз од Данска (4:0) носи чувство на празнина, но и потреба за длабока, рационална анализа. Мундијалскиот сон за 2026 година е сурово завршен, а прашањата за тоа како се распадна нашата игра на „Паркен“ допрва ќе се поставуваат. Реномираниот македонски спортски новинар Филип Мишов, чии ексклузивни интервјуа и репортажи редовно ги читаме на глобалната спортска мрежа Flashscore, преку опсежна нишка на социјалната мрежа „Х“ ...

Вчерашната вечер беше болна за македонскиот фудбал. Откако со тешко срце го изгледавме дебаклот на нашата репрезентација во Копенхаген, инстинктивно го сменивме каналот барајќи утеха во останатите натпревари. На екранот се појави крајот од драмата во Кардиф меѓу Велс и Босна и Херцеговина. И таму, во продолженијата и пенал-рулетот, видовме нешто што целосно нè импресионираше. Едно 18-годишно момче, без грам страв во очите, ја зеде топката во ...

Репрезентацијата на Боливија е на чекор до историски пласман на Светското првенство во фудбал, а „Спортска Станица“ ви носи ексклузивни кадри од атмосферата која владееше на полуфиналниот бараж натпревар против Суринам! Благодарение на нашиот голем пријател и соработник од Мексико, Мигел Замора Замарон (Miguel Zamora Zamarrón), кој беше директно на трибините на велелепниот стадион „ББВА“ во Монтереј, имаме можност од прва рака да ви ја ...

Мајами Опен го доби финалниот судир кој сите го посакуваа. Светската тенисерка број 1, Арина Сабаленка, и миленичката на домашната публика, Коко Гоф, ќе ги одмерат силите во сабота во битка за престижниот трофеј на „Хард Рок“ стадионот. Сабаленка повторно ја „скроти“ Рибакина Во долгоочекуваното полуфинале меѓу првите две на ВТА листата (првпат по 1987 година во Мајами), Арина Сабаленка покажа зошто е на врвот. Белорусинката ја совлада Елена ...

Мастерсот во Мајами влегува во својата завршница. „Хард Рок“ стадионот денес ќе биде сведок на два исклучително возбудливи полуфинални дуели кои ветуваат врвен тенис. Додека во првиот меч имаме судир на титаните и старите ривали, второто полуфинале е потврда за смената на генерациите на АТП турнејата. 🇮🇹 Јаник Синер vs Александар Зверев 🇩🇪 Меѓусебен скор: 7-4 за Синер Ова е мечот кој сите го чекаа. Јаник Синер е во застрашувачка форма. ...

Дека Македонците го сакаат спортот и репрезентацијата уште еднаш се докажа на вчерашното гостување во Копенхаген, каде македонските навивачи беа единствената светла точка во поразот од Данска. Во голем број Македонците допатуваа за да ги бодрат своите миленици, а на крајот по иницијатива на капитенот Барди играчите беа вратени за да ги поздрават пред гостинската трибина. Денес Фудбалската федерација на Македонија и со официјален статус на ...

Изминатата ноќ во најсилната кошаркарска лига донесе неколку изненадувања и историски моменти. Додека Детроит покажа карактер по тешкиот пораз претходната вечер, Шарлот го потврди својот подем со уривање на големата победничка низа на Њујорк Никс. Детроит Пистонс 129 – 108 Њу Орлеанс Пеликанс Само еден ден по болниот пораз во продолжение од Атланта, Детроит Пистонс покажаа дека имаат „кратка меморија“ и го прегазија Њу Орлеанс. Доминантна ...

Откако попладнево ги дознавме противниците во Групата 8 за квалификациите за Европското првенство 2028 година (Шведска, Грција и Луксембург), Европската ракометна федерација (ЕХФ) експресно го објави и точниот распоред на натпреварите. Избраниците на Кирил Лазаров добија поволен календар. Квалификациите ќе ги отвориме и затвориме на домашен терен. Мисијата кон Шпанија, Португалија и Швајцарија започнува во ноември оваа година, кога во првото ...

Македонската фудбалска бајка за жал заврши во Копенхаген. Репрезентацијата на Данска славеше со убедливи 4:0 над нашиот национален тим во полуфиналето од мундијалскиот бараж, обезбедувајќи си пласман во финалето каде ќе се соочи со Чешка. Домаќините го скршија отпорот на македонската одбрана во второто полувреме, постигнувајќи три гола во период од десет минути (еден на Дамсгард, два на Исаксен), додека точка на натпреварот стави Норгорд. ...

Македонскиот селектор Гоце Седлоски не го криеше разочарувањето по тешкиот пораз од 4-0 на „Паркен“. Во натпревар кој требаше да биде надеж за Мундијал, Македонија доживеа целосно „затемнување“ на почетокот на вториот дел, оставајќи ги навивачите и стручниот штаб во неверување. За изјавата на селекторот допрва ќе коментираме, сега ви пренесуваме што кажа Седлоски после мечот и какви се неговите гледишта за потпот на Паркен. Од солидно ...

Италијанскиот тениски феномен Јаник Синер продолжува да ја пишува историјата на „белиот спорт“ со златни букви. Светскиот број 2 и актуелен шампион во Мајами, во вечерва го „збриша“ домашниот миленик Френсис Тифо со убедливи 6-2, 6-2, обезбедувајќи место во своето четврто полуфинале на овој турнир. Победа за само 71 минута По тешката битка со Микелсен во претходната рунда, Синер против Тиафо изгледаше како машина. На Италијанецот му беа ...

Балканскиот карактер, борбеноста и срцето на терен уште еднаш покажаа дека се посилни од сè! Репрезентацијата на Босна и Херцеговина испиша херојска фудбалска приказна откако среде Кардиф ја елиминираше селекцијата на Велс по изведување на пенали (4:2), оставајќи ги домаќините во солзи, а својата нација во делириум. Со оваа победа, нашите балкански соседи се на чекор до пласман на Светското првенство во 2026 година, а последна пречка на тој ...

Вечерта во Евролигата донесе клучни расплети во борбата за доигрувањето. Додека Реал Мадрид ја потврди својата доминација дома, Макаби и Милано остварија витални победи кои ги одржуваат во трка за следната фаза. Макаби Тел Авив 104 – 100 Дубаи (по продолжение) Во натпреварот на вечерта кој директно одлучуваше за позициите во Плеј-ин зоната, Макаби успеа да слави над Дубаи по вистински трилер во Белград. Иако Дубаи имаше висока предност од +15 ...

Сите на Апенинскиот полуостров конечно можат длабоко да здивнат. По две последователни пропуштени Светски првенства кои оставија длабоки лузни во нивната фудбалска историја, „Аѕурите“ направија голем чекор кон Мундијалот во 2026 година. Вечерва во Бергамо, Италија со 2:0 ја совлада жилавата репрезентација на Северна Ирска во полуфиналето од баражот. Нервозен старт и тактички грчеви Првите 45 минути беа вистинско мачење за избраниците на ...

Репрезентацијата на Полска е на само еден чекор од своето трето последователно учество на Светските првенства, откако во пеколна атмосфера во Варшава славеше над Албанија со 2-1. Иако гостите водеа и беа блиску до сензација, искуството на Левандовски и проектилот на Пјотр Зјелински пресудија во корист на домаќинот. View this post on Instagram A post shared by Portal wszystkich kibiców ⚽ (@laczynaspilka) Шок на „Националниот стадион“: ...

Репрезентацијата на Чешка останува во трка за својот прв настап на Светските првенства по пауза од 20 години. Во натпревар полн со пресврти, домашните фудбалери успеаја да ја елиминираат Република Ирска по подобро изведување на пенали (4-3), откако регуларниот дел и продолженијата завршија со нерешени 2-2. Шокантен старт: Ирците ги замолкнаа Чесите за само пет минути Иако Чешка важеше за фаворит, Ирска започна фуриозно. Во 17. минута, по еден ...

Репрезентацијата на Косово продолжува да пишува фудбалски бајки! Во еден од највозбудливите натпревари од баражот за Светското првенство 2026, „Дарданците“ приредија огромна сензација и со 3:4 ја совладаа Словачка среде Братислава, со што се пласираа во големото финале. Натпреварот изобилуваше со пресврти, емоции и дури седум погодоци, а Косово покажа неверојатен карактер, особено ако се знае дека настапи без својот лидер во одбраната, Амир ...

Македонската фудбалска репрезентација доживеа тотален крах во второто полувреме на „Паркен“, губејќи со убедливи 4-0 од селекцијата на Данска. Со овој пораз, сонот за историски пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексико згасна на суров начин, оставајќи зад себе многу горчина и прашања за одлуката да се донесе нов селектор пред вака важен натпревар, со оглед дека ова е репрезентација која повеќе од една деценија беше градена од Боби ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
3.04
48%
1007
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
0.45
42%
1008
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.25
40%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 27ᴼ
1.34
52%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
4.02
54%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
4.92
35%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
0.96
58%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59