Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Искусниот Алпај Јусуф пристигна во Осогово, каде што ќе ја продолжи својата кариера во редовите на второлигашот од Кочани. Неговото искуство треба да биде значаен адут за „жетварите“ во остварувањето на клупската цел – директен опстанок во Втората лига. Како што истакна Јусуф, чест му е што доаѓа во Кочани и што ќе го носи дресот на Осогово, а додаде дека ќе даде максимум за да се исполнат амбициите на клубот. „Чест ми е што сум во Кочани и ...
Како што претходно најави Спортска Мрежа, вечерва второлигашот Осогово од Кочани официјално го промовираше Алпај Јусуф, за ново засилување, а станува збор за 27-годишен играч за врска. Низ својата кариера Јусуф беше дел од Арсими, Башкими, настапуваше и за Скопје, Детонит Плачковица, Кадино, Кит Го од Пехчево, за Силекс, Локомотива-Бентоекспорт и Милано. Во Осогово, Алпај Јусуф доаѓа од косовскиот тим Феризај. Со Јусуф второлигашот од Кочани ...
Вториот натпреварувачки ден на Европското првенство 2026 донесе три интересни дуели, во кои фаворитите ја оправдаа улогата, иако не сите на ист начин. Шпанија и Франција запишаа убедливи победи, додека Хрватска со многу напор стигна до бодовите против мотивираната Грузија. Шпанската репрезентација со доминантно издание ја совлада Австрија со 30-25 и го потврди пласманот во главната рунда. „Фуријата“ контролираше од самиот почеток, на паузата ...
Второлигашот Осогово денес ги започна зимските подготовки за пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига. Со првата прозивка на шефот на стручниот штаб Крсте Крстев се собраа фудбалерите и беше одржан првиот состанок во соблекувалната. По одржувањето на состанокот на кој Крстев го соопшти планот за подготовки, пријателски натпревари, фудбалерите излегоа на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани и го одработија првиот ...
Второлигашот Скопје под водство на стратегот Александар Таневски работи под „полна пареа“ за тимот од Автокоманда максимално подготвен да го стартува пролетниот дел. Тимот засега официјално го промовираше само искусниот голман Кристијан Наумовски, а ангажманот на Наумовски потврдува дека „пиратите“ ќе целат кон влез во Прва лига и ќе водат голем борба за бодовите на теренот. Скопје презимува на петтото место со 29 бодови, од првото место кое ...
Како што ексклузивно најави Спортска Мрежа уште на 9 јануари, денес Осогово го потврди трансфер на Филип Димоски кој беше промовиран во кочанскиот второлигаш. Филип Димоски брзо пронајде нова средина по разделбата со прилепска Победа и кариерата ја продолжува во дресот на „жетварите“. 26-годишниот прилепчанец одново ќе го облече дресот на Осогово, откако во неговиот прв престој во Кочани го носеше дресот на Осогово во период од август 2018 до ...
Второлигашот Осогово од Кочани за пролетниот дел од сезоната ќе биде посилен со Алпај Јусуф, се работи за 27-годишен играч за врска. Низ својата кариера Јусуф беше дел од Арсими, Башкими, настапуваше и за Скопје, Детонит Плачковица, Кадино, Кит Го од Пехчево, за Силекс, Локомотива-Бентоекспорт и Милано. Јусуф ќе биде големо засилување за „жетварите“ од Кочани кои сакаат сезоната да ја завршат во топ осум и да имаат директен опстанок во ...
ГРК Охрид обезбеди пласман во финалето на меморијалниот турнир „Вук Рогановиќ“, кој се одржува во Белград, откако во полуфиналето убедливо го совлада Динамо Панчево. Македонскиот претставник одигра зрел и контролиран натпревар, а предноста ја најави уште во првиот дел, кој го заврши со водство од 14-11. Во продолжението, српскиот тим во неколку наврати успеа да се доближи на два гола негатива, но Охрид не дозволи резултатски пресврт. Клучен ...
Прволигашот ЖФК Каменица Саса на 20 јануари ќе ги започне подготовките за пролетниот дел од сезоната. Зимските подготовки ќе се реализираат во Македонска Каменица каде ги има сите потребни услови, два терени, теретана и сала. ЖФК Каменица Саса ја прифати понудата за Антонина Шопска од страна на бугарскиот есенски шампион Лудогорец, како што истакна Златковски имаат прекрасни контакти со бугарскиот тим, воедно тој во минатото и настапуваше ...
Фудбалерите на Вардар не успеаја позитивно да го започнат подготовниот престој во Турција, откако на првиот контролен натпревар беа поразени од чешкиот претставник Јаблонец со 6-2. Противникот наметна висок ритам уште во воведните 45 минути, период во кој црвено-црните не успеаја да пронајдат вистински одговор, па на паузата резултатот беше убедливо на страната на Јаблонец. Во продолжението македонскиот шампион покажа поинакво лице и успеа да ...
Второлигашот Новаци го престави младиот талент Стефан Секирски како засилување за пролетниот дел од сезоната. Се работи за фудбалер кој е роден февруари 2008 година, а кој доаѓа од редовите на струмичка Беласица. Секирски има настапи и за репрезентацијата до 17 години. Битолчанецот веќе му се стави на располагање на тренерот Дарко Крстески. Во Пелистер ги има поминато пионерските категории, а има настапувано и за кадетите. За Беласица ...
Прволигашот Пелистер се засили со Милан Србијанац, се работи за 27-годишен фудбалер кој игра на левата бековска позиција. Новото засилување на битолчани доаѓа од редовите на Железничар Инџија, а има настапувано и за екипите на Графичар, Слобода Ужице, Раднички Срем, Кабел Нови Сад, Феникс, Златибор. Србијанац има над 150 натпревари за Првата српска лига, а има настапувано и за српската репрезентација до 18 години. Во есенскиот дел настапи на ...
Прволигашот Силекс пристигна во Анталија, каде на турско тло ќе ја темпира формата за пролетниот дел од сезоната. Прволигашот од Кратово договори пет контролни натпревари низ кои ќе се проверува формата. Силекс во Анталија ќе биде во период од 17 јануари до 31 јануари, а првиот тест е закажан за 19 јануари, кога Силекс ќе ги одмери силите со Бундјокор од Узбекистан, на 23 јануари ќе биде тестот со чешкиот тим Словачко. За 27 јануари е закажан ...
Европското првенство во ракомет само што започна, а македонското присуство на континенталниот собир е забележливо и надвор од теренот. Веќе во првото коло од групната фаза, македонските судии го добија дербито на колото. Интернационалните ЕХФ арбитри од Битола, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, се делегирани да ја делат правдата во групната фаза во Малме, а ним им припадна еден од најатрактивните дуели на стартот на шампионатот. ...
По поразот од домаќинот Данска, на стартот на Европското првенство, македонската ракометна репрезентација веќе го насочува фокусот кон следниот предизвик – дуелот со Португалија. На денешната средба со новинарите, селекторот Кире Лазаров истакна дека Португалија пристигнала на шампионатот со високи амбиции, но нагласи дека сепак не припаѓа во истата класа со актуелниот европски и светски гигант Данска. „Португалија е одлична селекција и овде ...
Ракометарите на ГРК Охрид ги започнаа подготовките за втората полусезона од Супер лигата на 9 јануари, а десетдневниот подготвителен период го одработија во Србија. Во периодот од 9 до 16 Јануари, охриѓани престојуваа во Врбас, каде што ги одработија зимските подготовки и на 13 Јануари победија на пријателскиот натпревар против екипата на Врбас, кој веќе е дел од подготвителниот биланс. По завршувањето на базичниот дел од подготовките, ГРК ...
27-годишниот Никола Пејовиќ и официјално е ново засилување на ФК Работнички, со што скопскиот клуб добива искусен и разновиден дефанзивец во пресрет на продолжението од сезоната. Пејовиќ е фудбалер кој се одликува со сигурност и дисциплина во играта, а неговата најголема предност е можноста да одговори на повеќе позиции во одбраната. Примарно настапува како стопер, но подеднакво квалитетно може да биде и решение на десната бековска позиција, ...
Прволигашот Вардар ги започна подготовките за вториот дел од сезоната во Првата женска фудбалска лига со првата прозивка на тренерот Теодора Димитровска. Подготовките ќе се одработат во Скопје, а ќе се одиграат три контролни натпревари од кои првиот веќе е против ЖФК Љуботен во Тетово. Како што веќе објави Спортска Мрежа, ЖФК Вардар се засили со голманката Натали Талевска, играчот од среден ред Михаела Марковска и офанзивката Ивана Милевска. ...
Есенскиот шампион во Првата футсал лига, Проект од Јосифово ги започна зимските подготовки за пролетниот дел. Амбициите на клубот за вториот дел од сезоната покрај шампионската титула е и освојување на Куп титулата односно поранешниот шампион на Македонија атакува на освојување на двојната круна. Како што дознава Спортска Мрежа во првите седум дена од подготовките акцент е ставен на физичката подготовка, а потоа и на тактичко-техничкиот дел. ...
Второлигашот Тетекс од Тетово договори шест пријателски натпревари преку кои ќе ја проверува формата за пролетниот дел од сезоната. Првиот текст популарните „штофари“ ќе го имаат на 24 јануари против тимот на Скопје, четири дена подоцна тест со Охрид, а пак на 31 јануари Тетекс ќе ја проверува формата со Каменица Саса. Следниот контролен натпревар ќе биде на 5 февруари против прволигашот Тиквеш, а пак за 8 февруари е договорен тест со ...
Кратово доби целосно реконструирана спортска сала со што значително се подобруваат условите за спортување во овој град, како за тренирање, така и за одигрување на натпревари. Како што е познато во Кратово функционира клубот во мал фудбал Кратово, кој додека траеше процесот на реконструирана на спортската сала, КМФ Кратово натпреварите од Втората футсал лига ги играше во Пробиштип. Сега клубот се враќа дома и пред својата верна публика во ...
Женскиот ракометен клуб Атлетик продолжува со градење стабилна и долгорочна приказна, откако официјално го продолжи договорот со средниот бек Исидора Котевска, која ќе остане дел од тимот најмалку до 2029 година. Котевска, родена на 11 април 2006 година во Прилеп, важи за една од најперспективните млади ракометарки во Македонија. Таа својата кариера ја започна во родниот град, настапувајќи за РК Филип Вардар, по што продолжи да се развива во ...
Фудбалскиот клуб Пелистер го потврди враќањето на едно добро познато име – искусниот дефанзивец Кире Ристевски повторно ќе го носи зелено-белиот дрес во продолжението од сезоната во Првата македонска лига. 35-годишниот стопер, кој своите први фудбалски чекори ги направи токму во Битола, повторно се приклучува на матичниот клуб по долга интернационална кариера. Во изминатите години Ристевски настапуваше за повеќе клубови во домашното ...
Поранешниот македонски шампион Работнички официјално ги започна кадровските промени пред пролетниот дел од сезоната, промовирајќи две нови имиња во својот состав. „Романтичарите“ денеска ги претставија Зија Мерџани и Сухељ Мухареми, фудбалери од кои се очекува значаен придонес во борбата за опстанок во Првата лига. Левиот бек Зија Мерџани пристигнува како искусно решение за одбранбената линија. 30-годишниот фудбалер зад себе има богато ...
Прволигашите Башкими и Тиквеш одиграа пријателски натпревар во Куманово, а на кој беа постигнати два гола за триумф на Башкими од 2:0. Погодоците ги постигнаа Хеби Саити и Емануел Аворнијо, со што Башкими беше подобар на овој тест. Двете екипи сега ќе заминат во странство со цел да ја одработат главната фаза од подготовките. Тиквеш оди во Белек, Турција, а пак Башкими во Хрватска. Прволигашите Башкими и Тиквеш одиграа пријателски натпревар ...
Ракометниот клуб Радовиш официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Суперлигата, со јасна цел – опстанок во елитата. Тимот повторно е предводен од старо-новиот тренер Спасе Ѓорѓиев, кој се враќа на клупата во исклучително тешка и предизвикувачка ситуација. Првиот собир беше во СРЦ „25 Мај“ каде беше одработен и првниот тренинг, откако претходно, ракометарите, стручниот штаб и управата на клубот одржаа состанок. ...
Второлигашот Каменица Саса во понеделник ќе ги започне зимските подготовките за вториот дел од сезоната, а како што дознава Спортска Мрежа првата прозивка ќе биде во понеделник на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Според нашите информации од тимот има три засилувања – Махир Ајрули кој веќе е нов играч на Шкендија од Арачиново, а заминаа и Милош Спасовски и Глигорче Ефремов, а раководството на клубот од малото рударско гратче води ...
Како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа, досегашниот голман на Кожуф, Борче Картов го засилува Охрид. Според нашите информации Охрид и Картов веќе постигнале договор и тој од Гевгелија се сели во градот покрај Охридското Езеро, а овој трансфер кој ексклузивно го најавува Спортска Мрежа, „рибарите“ ќе го потврдат во следните денови. Со веќе стандардниот голман Дамјан Серафимов и пристигањето на Борче Картов, Охрид значително се засилува на ...
Второто коло на Европското првенство донесе сосема различни приказни. Унгарија без многу проблеми ја оправда фаворитската улога и ја победи Полска со убедливи 29-21, додека вистински трилер се одигра на дуелот меѓу Фарски Острови и Швајцарија, кој заврши без победник – 28-28. Фараните беа на чекор до историска победа, имаа сигурна предност во текот на мечот, но Швајцарија со силен финиш успеа да се врати и да обезбеди бод. Сепак, „овчарите“ ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров по очекуваниот пораз од Данска во Хернинг со резултат од 36:24, зборуваше за самиот натпревар, за играта и за тоа како е задоволен од прикажаното. „Можам да кажам слободно дека, иако е тешко да се каже кога ќе загубиш, макар и со 12 разлика од Данска, јас сум задоволен од моите момците како се бореа и како се поставија против една од најдобрите, ако не и најдобрата селекција ...