Тиверија Брера ја однесе најубедливата победа во 22. коло на Првата женска фудбалска лига, совладувајќи го Топ Гол во Битола со 1:9. Теона Галабовска постигна хет-трик за струмичкиот тим, додека пак Билјана Панеска постигна два гола, а по еден гол во мрежата на Топ Гол постигнаа Данче Карпузовска која го отвори резултатот, Стефанија Божиновска, Павлинка Николовска и Ане Бошеска. За домашниот тим единствен стрелец во 42. минута беше Мила ...

Утре со два натпревари ќе биде затворено 29. коло на Првата македонска фудбалска лига, а за истите веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата. Во Тетово ќе се соочат Шкендија и Башкими, Фатмир Бафто ќе ја дели правдата како главен арбитар, а ќе му асистираат Мишо Ѓорѓиески и Владимир Митревски, додека пак четврт судија е Благојче Ралевски. ВАР судија е Влатко Илиоски, додека пак АВАР судија е Борис Трајков, оператор за повторување на ...

Ништо од новите засилување – Спартмани очајно ја започна пролетната полусезона откако загуби и од Слога во Злеово со резултат од 2:1, со што трите бодови остануваат дома. Во рамки на 9. коло на Општинската фудбалска лига во Струмица, екипата на Спартмани од Балдовци доживеа нов пораз, втор во низа и практично пролетниот дел го отвара со два порази и тоа веќе го вади тимот од победничките шини на патот кон шампионската титула. Тимот од ...

Лидерот Еуромилк ГЛ го доби дербито на 22. коло во Трета лига – Север откако славеше со минимални 1:0 над БВК Коњаре, а мечот го реши Хусеин Демири кој стрелаше во 87. минута. Фортуна со убедливи 6:0 го декласираше составот на Отља, а стрелци беа Агон Исмаили, Шуип Хисмани, Алтин Сефо и Фисник Синани, а пак двоен стрелец беше Вулнет Мемети. Беса Сарај забележа убедлива победа од 7:2 над Кадино, во меч акде стрелци за домашниот состав беа ...

Кајмани славеше триумф над Речица од 2:1, а притоа го искористи поразот на Влазерими кај Дрита и со тоа веќе станува јасно оти Камјани ќе биде шампион во Трета лига – Запад и ќе игра бараж за влез во Втора лига. Во рамки на 19. коло лидерот со погодоци на Даут Даути и Ебубекир Азиз славеше над Речица, а за гостинот единствен стрелец беше Наим Шаќири. Дрита го „сопна“ Влазерими совладувајќи го со 3:2, Бесим Алили беше двоен стрелец, а еден ...

Интересни и возбудливи натпревари донесе 15. коло на Трета лига – Југозапад, каде Могила го доби дербито со Славеј Мешеишта во трката за второлигашкиот бараж благодарение на голот на најдобриот стрелец во лигата Хакан Алимовски. Победата добива на тежина бидејќи голот беше постигнат во 88. минута од средбата. Лидерот Влазними се „сопна“ во Ношпал каде загуби си 2:1 од екипата на Напредок. Владе Јанакиевски во 9. минута го отвори резултатот ...

Лидерот Борец со убедливи 5:0 го доби Питу Гули на домашен терен во меч од 23. коло на Трета лига – Југ. Теодор Мирчевски постигна два гола, а по еднаш погодија Стефан Филиповски, Матеј Панов и Филип Ефтовски. Единствениот меч без погодоци беше тој меѓу Башкими од Јаболчиште и Млекар кој ги поделија бодовите откако одигра 0:0. Трите бодови останаа во Долни Дисан откако Венец со 2:0 славеше над Превалец. Двата погодоци беа постигна по седум ...

Победа Валандово е се поблиску да го стигне лидерот Овче Поле, откако денес го доби дербито на 18. коло во Трета лига – Исток славејќи со 2:0. Огромна радост за „калинкарите“, славје и чекор поблиску до враќање на првото место. Резултатот го отвори Христијан Бејков во 41. минута од мечот за водство од 1:0 на полувреме. Во вториот дел сите дилеми ги реши Давид Ашовалиев во 83. минута за конечни 2:0 и сега тимот е на минус два бода од лидерот ...

Вардар одигра натпревар за паметење и со убедливи 7-0 го декласираше Тиквеш во рамките на 29. коло од Првата македонска фудбалска лига, додека Пелистер стигна до минимална, но исклучително важна победа од 0-1 на гостувањето кај Брера Струмица. На арената во Скопје, „црвено-црните“ уште од самиот почеток наметнаа силно темпо и рано поведоа преку Стефан Цветковиќ. До паузата, предноста веќе беше убедлива, откако во листата на стрелци се ...

Завршница е на сезоната, а во Струмица има турбуленции. Замина досегашниот тренер Мартин Алаѓозовски, кој поднесе оставка по убедливиот пораз од Силекс во Кратово (4-0), а на денешниот дуел со Пелистер тимот на АП Брера ќе го предводи искусниот Шефки Арифовски. Тој подолг период е во клубот, и досега работеше со фудбалерите, па нема да му биде новина и ако застане да ги предводи од клупата. Три меча без победа е лошата низа на АП Брера, а до ...

Како што одминува времето и се приближува крајот на шампионатот, така битката за титулата, но и онаа за опстанок станува се поинтензивна и по неизвесна. Мечеви има уште малку, а оние кои што преостанаа треба да се добијат. Лидерот Вардар не е во позиција да киксира повеќе. „Црвено – црните“ тоа пролетва веќе го направија, предноста која што ја имаа пред Шкендија се стопи и сега е само на еден бод. Токму затоа избраниците на тренерот Гоце ...

Денеска на Арената Тодор Проески во Скопје со почеток од 16:00 часот, Вардар ќе го пречека Тиквеш во дуел што е дел од 29. коло од домашното првенство. Лидерот на табелата има бод предност пред второлпласираната Шкендија, која што пак токму минатата недела во Кавадарци го совлада Тиквеш со 1:4. Тоа треба да е опомена, но и мотив за кавадарчани денеска да бидат на Арената на далеку повисоко ниво, и да одиграат подобро против објективниот ...

Битолскиот фудбалски мега-бренд минува низ стресен период од годината кога секој натпревар е со голем психолошки товар поради состојбата на табелата и борбата за опстанок. „Зелено-белите“ успеаја да го совладаат директниот ривал Македонија ЃП и понесени од надежта за спас од опасната зона, отпатуваа за Струмица. “Очекуваме тежок натпревар против АП Брера, екипа која игра дисциплинирано и знае да ги користи шансите. Ќе мора да бидеме ...

Уште четири кола до крајот од Втората македонска фудбалска лига, уште 12 бодови во игра, а во второлигашкото друштво ќе има само борба за влез во Прва лига, останатите работи се кристално јасни. Ги имаме екипи кои ќе играат бараж за опстанок и официјално ги имаме петте екипи кои испаднаа во Трета лига. За Кожуф од Гевгелија една работа стана кристално јасна – ќе мора да игра бараж за опстанок во второлигашкото друштво. Тимот е на деветтото ...

Ракометниот клуб Младост од Богданци вчера одигра 27:27 во Кисела Вода против Драчево Јуниор за делба на бодовите, во рамки на 26. коло на Првата лига. Гостите имаа водство се до последните пет минути од средбата, а на полувреме заминаа со предност од 11:16, сепак домашниот тим на крај успеа да стигне до реми и бод. Веднаш по мечот Младост преку официјално соопштение упати критики до судиите, но притоа и најави дека во текот на следната ...

Продолжува борбата меѓу конкурентите за првото место кое директно води кон Прва лига – Брегалница е лидер со 61 бод на своето конто, а пак Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново со по 59 бодови го делат второто место. Само првата позиција води директно кон Прва лига, што значи дека една екипа ќе има директен влез, вториот и третиот ќе мораат преку бараж, а една екипа во целост ќе извиси. ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ВТОРА ЛИГА: 1 ➖ ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 26 19 ...

Денес и официјално испадна петтиот клуб од Втора во Трета лига со што ги имаме сите екипи кои директно се преселија во понизок ранг на натпреварување, сега останува само борбата за опстанок преку бараж. На четири кола до крајот како што и анализиравме во претходниот период екипата на Вардар Неготино и официјално испадна во Третата македонска фудбалска лига – Југ. На четири кола до крајот „винарите“ и математички не успеаја да се изборат за ...

Ракометарите на ГРК Охрид се враќаат од гостувањето кај Целје со минимална негатива, но и со реални шанси за пласман во финалето на ЕХФ Европскиот куп. Охриѓани импресивно го отворија мечот, но потоа домаќинот се консолидираше и направи пресврт. Но, и покрај падовите во текот на натпреварот, охриѓани покажаа карактер и во финишот успеаја да стигнат до гол негатива, што претставува активен резултат и реална шанса за да го продолжат својот ...

Со минималната негатива од првиот полуфинален натпревар против Целје, ракометарите на ГРК Охрид ја задржаа реалната шанса за историски пласман во финалето на ЕХФ Европскиот куп. Иако мечот донесе големи осцилации во играта, охриѓани во клучните моменти покажаа зрелост и изборија резултат кој остава простор за голема битка на домашен терен. Голманот на охриѓани, Бојан Блажески веднаш по мечот во изјава за Спортска Мрежа, оцени дека натпреварот ...

Ракометарите на ГРК Охрид претрпеа минимален пораз од 27-26 на гостувањето кај Целје во првиот полуфинален натпревар од ЕХФ Европскиот куп. Иако одиграа меч со големи осцилации, избраниците на Борис Ројевиќ во финишот покажаа карактер и се изборија за активен резултат пред реваншот на домашен терен на 2 мај. Охриѓани имаа одличен старт на натпреварот и со серија од 0-6, предводени од Тасески, Ојлески, Иванковиќ и Стрмљан, целосно го ...

Шкендија Арачиново со минимално 0:1 славеше над Кожуф со голот на Фикрет Љиварека во меч од 26. коло на Втора лига. Фаворитите според планот, Брегалница со 1:4 славеше над Слога Виница. За штијани погодија Михолов, Мемеди, Костов и Иванов, за гостинот Спасов погоди. Скопје со 0:2 ја доби Преспа во Ресен, со головите на Ангелов и Рамадани. Охрид со 1:2 го доби Тетекс со головите на Глигоров и Парталко, за домашниот тим погоди Али. Саса со ...

Македонија Ѓ.П. го совлада Работнички со 2:1 во натпреварот од 29. коло во Првата МФЛ и освои исклучително важни три бода во битката за опстанок. „Лавовите“ со овој триумф остануваат во игра за зачувување на прволигашкиот статус. Домашниот тим поведе уште во втората минута, кога по едно нафрлување Кабаркас најдобро се снајде во шеснаесетникот и со удар со глава ја затресе мрежата на Работнички. Гостите се обидоа брзо да возвратат, па во 14. ...

Денеска продолжува актуелното 29. коло од домашниот шампионат, во кое на стадионот во Ѓорче Петров ќе се сретнат домаќинот Македонија ЃП и Работнички. Оваа градска пресметка која стартува до 16:00 часот значи само едно за двата тима. Освојување на бодови кои ќе значат задржување на шансите за останување во прволигашката конкуренција. Двата тима се во лоша состојба на табелата. Македонија ЃП е претпоследна, единаесетта со 24 додека Работнички ...

Тимот на Работнички продолжува со грчевитата борба за опстанок во елитата. По очајниот прв дел од сезоната, составот од Дебар Маало оваа пролет игра многу подобро, но сѐ уште се наоѓа во загрозената зона на табелата. Во последните пет кола, „романтичарите“ ќе се обидат со максимален ефект да се извлечат и да останат меѓу прволигашите и следната сезона. Пред Работнички денеска е нов голем предизвик, тимот на Муарем Муарем гостува во Ѓорче ...

Шкупи триумфираше над Клими во рамки на воведниот меч од 17. коло на Првата футсал лига, славејќи со 8:6, практично добивајќи ја оваа голеада. Кадир Јахја Абдил беше двоен стрелец, хет-трик имаше Ерблин Даци, а по еден гол за скопскиот тим постигнаа Љавдрим Фазлију и Еркан Сефери, а Филип Грујоски од кавадаречкиот тим си постигна автогол. За тимот на Клими двоен стрелец беше Мартин Никовиќ, а по еден гол постигнаа Зоран Тасески, Горан ...

Неверојатна и инспиративна спортска приказна доаѓа од струмичкото Добрејци, каде фудбалскиот терен на ФК Илинден повторно е вратен во целосна функција – и тоа по период кога речиси беше избришан од спортската мапа. Она што до неодамна изгледаше како напуштена површина обрасната со сува и жолта трева, денес е уреден и функционален фудбалски терен. Просторот бил во состојба што тешко можело да се препознае дека некогаш таму се играл фудбал. ...

Делегирани судиите за натпреварот меѓу Македонија ЃП и Работнички, меч за опстанок во Првата лига. Главен арбитар ќе биде Јован Качевски, а негови помошници ќе бидат Разма Бакрачески и Климент Ристоски, додека пак четврт судија ќе биде Александар Урошевиќ. ВАР судија ќе биде Игор Стојчевски, додека пак АВАР судија ќе биде Мартин Дејаноски, а оператор за повторување на снимката ќе биде Матеј Димитриевски. Сулејман Ибиши ќе биде делегат, а ...

Комисијата за женски фудбал при ФФМ донесе одлука со која се замрзнува табелата во Втората женска фудбалска лига за сезоната 2025/26, по што првенството и официјално нема да продолжи, а е утврдена и конечна табела заклучно со одиграното 10-то коло. Одлуката е донесена на седница одржана на 24.04.2026 година, врз основа на член 30, 31, 31а и 32 од Пропозициите за натпреварување во Втора ЖФЛ, како и член 104 и член 25 од Правилникот за ...

Екипата на Пелистер запиша убедлива победа во дерби натпреварот од третото коло на ТОП 8 фазата, откако на домашен терен во Битола ја совлада водечката екипа во првенството ТФТ со високи 105:69. Со овој триумф „зелено-белите“ ја отворија трката за првото место во регуларниот дел од сезоната. Домашниот состав имаше одличен старт и уште од првата четвртина ја најави победата, откако по десет минути игра стекна убедлива предност од 32:17. До ...

Денес се играат сите натпревари од 26. коло на Втората македонска фудбалска лига, преносот од сите натпревари е овозможен од Фубалската федерација на Македонија. Сите осум натпревари започнуваат во 16 часот. БРЕГАЛНИЦА – СЛОГА ВИНИЦА ВАРДАР НЕГОТИНО – БЕЛАСИЦА КОЖУФ – ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО (Коментатор: Александар Ванев) КАМЕНИЦА САСА – ГОЛЕМО КОЊАРИ ПОБЕДА – ОСОГОВО НОВАЦИ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА ТЕТЕКС – ОХРИД ПРЕСПА – СКОПЈЕ Денес се играат ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
58%
1029
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
58%
1026
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
63%
1026
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
59%
1029
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.23
67%
1030
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.89
70%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
55%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1027
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
5.14
50%
1030
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
57%
1028
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
5.14
90%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Злато

130856.75