Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Искусниот македонски фудбалер Бојан Најденов во моментот инвестира во своето знаење и иднина како тренер, откако го посетува курсот за УЕФА А лиценца, едно од највисоките нивоа на тренерска едукација во европскиот фудбал. Со овој чекор, Најденов јасно ја најавува својата транзиција кон тренерските води по долгата и богата играчка кариера. Станува збор за фудбалер со големо искуство и интернационално реноме, кој зад себе има настапи за повеќе ...
В недела се играат мечевите од 18. коло на Трета лига – Исток, познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на четирите натпревари. Колото се отвара во Пирава во 15:30 часот со дербито на Југот меѓу Ударник и Дојранско Езеро. Ристе Бојчев ќе биде главен арбитар, а негови помошници ќе бидат Богданчо Ѓеоргиев и Даниел Ангелов. Контролор на овој меч ќе биде Крсто Пандев. Останатите три средби ќе започнат во 16 часот. Дербито во Валандово меѓу ...
Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 26. коло на Втората македонска фудбалска лига. Дејан Младеновски ќе им суди на Тетекс и Охрид, а негови помошници ќе бидат Петар Арсовски и Стефан Стојановски, додека пак Дарко Стојчевски ќе биде четврт судија. Антонио Насевски ќе биде делегат, а контролор е Сашо Иванов. Скопје како голем фаворит ќе игра против Преспа во Ресен, а правдата ќе ја дели Пларент Салихи, ќе му помагаат ...
Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Арсими денес со убедлив триумф од 5:1 го декласираше Шкупи за отварање на 29. коло. Екипата на Вилдан Салиу сега е на чекор до опстанок во елитата, бидејќи направи посериозна разлика од бараж зоната. Арсими сега е шести со 38 бодови, дури пет повеќе од Брера Струмица која е осма со 33 бодови, но секако дека кога ќе се комплетира колото може да се случи да се намали таа бодовна ...
Екипата на Арсими оствари рутинска победа против Шкупи во Гостивар, освојувајќи три нови бода по триумфот од 5:1. Домашните фудбалери беа доминантни во текот на целиот натпревар, а петте гола во мрежата на гостите се вистински одраз на случувањата на теренот. Уште во првата посериозна акција, Арсими изнуди пенал по прекршокот на Јакуп Семиху врз Албин Рамадани во казнениот простор. Сигурен реализатор од белата точка беше токму Рамадани, кој ...
17-годшниот Невзат Асани е едноставно најдобриот стрелец на Вардар во кадетската Супер лигата, напаѓач кој ветува многу на фудбалскиот терен. Кадетите на Вардар го добија дербито од 22. коло од Супер лигата, против екипата на Македонија Ѓ.П, натпревар кој секогаш се смета за локално дерби на градот Скопје. Позитивниот резултат ги води како лидер на табелата во Супер лигата. Во населбата Ново Лисиче натпреварот од 22. коло кој се одигра во ...
Фудбалерот на Арсими, Семир Џемаили, даде изјава во пресрет на натпреварот против Шкупи, осврнувајќи се на формата на противникот и амбициите на својот тим до крајот на сезоната. Џемаили нагласи дека Шкупи е клуб со богата традиција и реноме во македонскиот фудбал, кој во минатото бил меѓу најсилните екипи. Сепак, според него, тимот во моментов минува низ тежок период поради одредени проблеми. И покрај актуелната состојба на ривалот, ...
По тешкиот пораз од Вардар, фудбалерите на Шкупи веќе го насочија вниманието кон следниот предизвик. Во рамките на 29. коло од Првата лига, денеска гостуваат кај Арсими во Гостивар. Домашниот тим е под силен притисок да освои бодови во борбата за опстанок, додека Шкупи во овој натпревар влегува со јасна цел – да ја забележи првата победа сезонава против овој ривал. Младиот фудбалер на Шкупи, Ендрит Акику, во пресрет на мечот порача дека ...
Поранешниот претседател на Фудбалска федерација на Македонија, Муамед Сејдини, вечерва заврши во 30-дневен притвор, откако Основниот кривичен суд Скопје го прифати барањето на обвинителството. Судот оцени дека постои опасност од бегство, како и можност осомничениот да влијае врз сведоци и докази во текот на постапката. Сејдини е осомничен за кривично дело „Проневера во службата“, поврзано со финансиски средства во висина од околу 660.000 ...
Новата ракометна приказна во Радовиш, РК Феникс, сè повеќе го привлекува вниманието на младите спортисти, а интересот за приклучување во клубот постојано расте – не само од Радовиш, туку и од соседна Струмица. Клубот официјално ги отвори вратите за сите заинтересирани деца – момчиња и девојчиња родени 2018 година и постари, нудејќи им можност да ги направат своите први чекори во ракометот во организирана и професионална средина. Она што е ...
Вечерва со натпреварот меѓу Шкупи и Клими ќе биде отворено претпоследното 17. коло на Првата футсал лига на Македонија. Меч без резултатско значење освен за престиж и што повисок пласман на самата првенствена табела, бидејќи Проект одамна стана нов шампион на Македонија, а Балкан и Мал Ајакс испаднаа во Втората лига. Боби Величков како прв судија и Роберт Црвенов како втор судија ќе ја делат правдата на овој натпревар, делегат на мечот е ...
Со натпреварот меѓу Арсими и Шкупи ќе се отвори 29. коло на Првата македонска фудбалска лига, меч кој е закажан за петок од 12 часот, а се игра на Градскиот стадион во Гостивар. Главен судија на овој меч ќе биде Александар Василевски, а ќе му помагаат Елена Соклевска Илиевски и Мартин Дејаноски, додека пак Марјан Дејаноски е четврт судија. ВАР судија е Никола Костенчев, а пак АВАР судија е Гоце Петрески, оператор за повторување на снимката е ...
Кога е во прашање листата на најдобри стрелци во Трета лига – Север, нема ништо ново – убедливи најдобар стрелец е Орхан Мифтар, фудбалерот на Еуромилк ГЛ има постигнато 26 погодоци далеку повеќе од конкурентите. „Лисиците“ веќе сигурно го потврдуваат баражот за втора лига, а нивниот голгетер ја потврдува „златната копачка“. На делба на второто место со по 19 погодоци се фудбалерите Гезим Бакиевски кој настапува за БВК Коњаре и Стефан ...
ФК Јанг Тим продолжува да инвестира во развојот на својот стручен кадар, откако двајца тренери од клубот се вклучија во едукација на високо ниво. Станува збор за Сеит Крека и Милот Лена, кои во моментов го посетуваат курсот за УЕФА А лиценца – едно од највисоките нивоа на тренерска едукација во европскиот фудбал. Од клубот потенцираат дека овој чекор е доказ за нивната посветеност кон професионален развој и континуирано унапредување на ...
Младинската екипа на АП Брера Струмица игра сезона за паметење, откако на 6 кола до крајот на првенството се наоѓа на врвот на табелата без ниту еден пораз. Избраниците на тренерот Ѓорѓе Стојчев се единствени во лигата кои немаат загубен натпревар, со само едно реми против екипата на Охрид. Со тоа, младите струмичани се на чекор до шампионската титула и потенцијална промоција на генерација која ветува голема иднина. Брера моментално има ...
Вардар 1961 е на само еден бод од нова шампионска круна во македонската Суперлига, откако во 6. коло од плеј-офот пред својата публика славеше над Алкалоид со 30-27. Дерби пресметката во СЦ „Јане Сандански“ имаше и свечен карактер, бидејќи вардарци го прославија својот 65. роденден, а победата само ја зголеми атмосферата на трибините. Натпреварот започна израмнето, со игра гол за гол во првите минути, но постепено Вардар ја презеде ...
Кошаркарската федерација на Македонија во викендот кој следува ја продолжува сезоната на М12 каравани. односно проектот посветен на најмладите кошаркар(к)и, чија цел е развој на спортскиот дух, пријателство и љубов кон кошарката. А новата, попатна станица на кошаркарските каравани за најмладите ќе биде Гевгелија, или четрвтиот дел од проектот е предвиден за 26. април, ќе биде реализиран во спортската сала „26.април“ како уште една од ...
Екипата на Струмица 2001 е првиот финалист во доигрувањето за пласман во Супер лигата, откако со максимални 2-0 во серијата го елиминира Борец баскет. Струмичани славеа и на гостински терен во Велес со убедливи 82-67, во натпревар во кој клучна беше последната четвртина. Гостите одиграа одлично во финишот и со доминантни 28-11 ја потврдија својата класа и заслужено обезбедија место во финалето. Во редовите на победникот се истакнаа повеќе ...
Во сабота во Гевгелија ќе се одигра натпреварот меѓу Кожуф и Шкендија Арачиново, меч од 26. коло на Втората лига. Но, Кожуф за овој меч ќе има голем хендикеп, бидејќи на клупата нема да може да биде шефот на стручниот штаб Иван Варадиновски, како и тренерот на голмани Трајче Ников, кои добија санкции забрана за вршење на функцијата во траење од два натпревари. „На денешната седница беа изречени санкции и за Иван Варадиновски, шеф на стручниот ...
Фудбалскиот терен во Липково денес изгледа како вистинска спортска оаза, со зеленило во полн сјај и рамен терен кој овозможува одлични услови за игра. На овој терен своите натпревари ги игра ФК Липково, член на Општинската фудбалска лига на Липково. Иако станува збор за најнизок ранг на натпреварување, односно четврта лига, посветеноста кон одржувањето на теренот е на високо ниво. Клубот вложува максимален труд за секој натпревар да се ...
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да го казни ФК Башкими 1947 Куманово со забрана за играње на домашен терен во траење од четири натпревари, како и со парична казна од 5.000 евра. Санкцијата следува поради слаба организација на натпреварот против ФК Струга Трим Лум, одигран во рамките на 28. коло од Првата МФЛ на 19 април 2026 година на стадионот „Башкими“ во Куманово. Дополнително, како причини се ...
Новиот ракометен проект во градот, РК Феникс, официјално започна со упис на нови членови, продолжувајќи ја својата мисија за развој на млади таленти и создавање нова спортска приказна во Радовиш. Клубот ги повикува сите деца родени 2018 година и постари – момчиња и девојчиња, да се приклучат и да ги направат своите први ракометни чекори во организирана и професионална средина. Од Феникс потенцираат дека акцентот не е само на спортските ...
ЕХФ ги одреди службените лица за полуфиналниот двомеч во Европскиот Куп, во кој Охрид ќе се соочи со Целје. Првиот натпревар ќе се одигра на 25 април во словенечката „Арена Златорог“ со почеток од 18:00 часот, каде правдата ќе ја делат босанските судии Јовиќ и Арнаутовиќ, додека улогата на делегат ќе ја има Беќири од Косово. Реванш дуелот, кој ќе го даде патникот во финалето, е закажан за 2 мај во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид од 19:00 ...
Во пресрет на полуфиналниот натпревар со Целје во Словенија, ГРК Охрид ги информира своите навивачи за можноста да обезбедат клупски реквизити и да му дадат поддршка на тимот и надвор од теренот. Од клубот ги информираат сите верни поддржувачи кои сакаат да набават дресови, маици или шалчиња, дека фан шопот во салата „Билјанини извори“ ќе биде отворен попладнево од 18:00 до 19:30 часот. Од клубот очекуваат силна поддршка и надвор од ...
РК Вардар и Касино Аустрија Интернешанал Македонија на заедничка прес-конференција официјално го промовираа своето партнерство, со кое компанијата станува еден од главните поддржувачи на клубот. Соработката има за цел создавање уште посилен тим и реализација на амбициозните цели на „црвено-црните“, кои моментално се лидери во домашната Суперлига и се на добар пат кон враќање на шампионската титула. Воедно, Вардар го очекува и четвртфиналниот ...
Еурофарм Пелистер продолжува да го гради тимот врз стабилни темели, откако најдобриот македонски голман Никола Митревски потпиша нов договор со клубот. Искусниот чувар на мрежата се обврза на соработка за сезоната 2026/27, со опција истата да биде продолжена и за сезоната 2027/28. Од клубот истакнуваат дека задржувањето на Митревски е повеќе од спортска одлука, нагласувајќи дека вредностите кои тој ги носи се клучни за иднината на тимот. ...
Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран за учество во новото издание на „Програмата за таленти и менторство“ на УЕФА за сезоната 2026/2027, што претставува значајно признание за неговата досегашна работа и потенцијал. Програмата стартуваше оваа недела во Нион, каде најперспективните европски судии ја одржаа првата средба со своите ментори – поранешни елитни интернационални арбитри кои ќе ги водат низ нивниот понатамошен развој. Во ...
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, утринава е уапсен во полициска акција спроведена од Министерството за внатрешни работи во координација со Јавното обвинителство. Сејдини се сомничи за сериозни финансиски злоупотреби поврзани со средства доделени од УЕФА за развој на фудбалот во Македонија. Според првичните информации, станува збор за проневера во износ од околу 700.000 евра, средства кои биле ...
Натпреварот од 17. коло на Трета лига – Исток меѓу Хоризонт Турново и Брегалница од Делчево заврши со резултат од 1:1, но сепак турновци овој меч го добија со службени 3:0 и добиваат службени три бодови, а тоа направи промена на табелата. Како што претходно објави Спортска Мрежа, веднаш по натпреварот Хоризонт Турново најави жалба, која беше поднесена, а во која клубот потенцираше дека Брегалница Делчево направила измена во 9. минута од ...
Охриѓани ја живеат една од своите најуспешни сезони во својата клупска историја, а пред тимот е нов голем предизвик – полуфиналниот двомеч со Целје во ЕХФ Купот. За Спортска Мрежа, членот на стручниот штаб, и поранешен ракометар на Охрид- Крсте Андоновски направи анализа на досегашните резултати и најави што може да се очекува од европскиот предизвик. Андоновски најпрво се осврна на историската сезона на Охрид, истакнувајќи дека тимот бележи ...