Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, ПСЖ на стадионот „Парк де Пренс“ ја совлада Астон Вила со 3-1. Дуе, Кварачелија и Мендеш ги постигнаа победничките голови за парижаните, додека Роџерс погоди за гостите. Лондонскиот тим на крајот имаше среќа да помине со само три гола во мрежата на Мартинез, бидејќи парижаните беа подобри во секој аспект од играта. Екипата на Барселона пак е на чекор од полуфиналето на Лигата на ...

Кога ФИФА и организаторите објавија дека Светското првенство во 2026 година за првпат ќе се одржи во три земји – САД, Канада и Мексико – тоа беше претставено како триумф на регионалната соработка и глобалната визија. Меѓутоа, со повторното појавување на Доналд Трамп во центарот на политичката реалност, тензиите што тлееја сега се закануваат да го загрозат сложениот логистички и финансиски проект како што е Светското првенство во 2026 година. ...

На синоќешниот натпревар помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Минесота Тимбервулфс, Лука Дончиќ постигна спектакуларна тројка со која ја воодушеви публиката, особено неговиот татко Саша. Luka Doncic's dad couldn't believe what he just saw 😮pic.twitter.com/b2gDgVUADH — BasketNews (@BasketNews_com) February 28, 2025 Таткото на Лука, кој беше на трибините, со неверување се држеше за главата по тројката на Лука, која стана вирална на социјалните мрежи, ...

Првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Астон Вила е закажан за в среда, на 9 април од 21 часот, а во пресрет на овој натпревар, улиците на Париз се претворија во воена зона поради навивачите на двата споменати клуба. Навивачите на Астон Вила беа нападнати пред кафуле од страна на ултрасите на Пари Сен Жермен, што резултираше со општа тепачка. Летаа тупаници, летаа чаши, шишиња и столчиња, а многу ...

Од следната сезона нов член на Вардар ќе биде полскиот репрезентативен пивотмен Виктор Јaнковски. Дваесет и тригодишниот ракометар се согласи на тригодишна верност со македонскиот клуб. – Јанковски е висок 200 см. и ќе биде важна алка во тимот, во одбрана и во напад. Покрај играњето во екипата на Квиџин каде сега настапува, Јанковски бил член и на Висла каде беше дел од составот што беше пријавен за настап во ЕХФ лигата на шампионите во ...

Легендарниот италијански фудбалер Фабио Канаваро повеќе не е тренер на Динамо Загреб, официјално потврдија на својата интернет страница сините од Максимир. Канаваро на тој начин стави крај на една кратка и катастрофална епизода на клупата на најтрофејниот хрватски клуб, кој под негово водство најверојатно ќе стави крај на големата доминација во хрватскиот фудбал. Италијанецот го презеде тимот кон крајот на минатата година по Ненад Бјелица со ...

Фудбалерите на Реал синоќа доживеаја вистински потоп во првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите на гостувањето кај Арсенал (3:0), а во реваншот ќе мора да играат без Едуардо Камавинга. Имено, ѕвездата на Реал заработи исклучување во 94-тата минута. Лукас Васкез го фаулираше Леандро Тросард во средината на теренот, а откако судијата досуди прекршок Камавинга ја шутна топката надвор од теренот. Камавинга доби жолт картон за ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, ги сподели своите впечатоци пред неговиот рекорден 18-ти настап на Мастерс турнирот во Монте Карло. – Убаво е да се знае дека играм овде толку многу години. Монте Карло отсекогаш бил посебно место за мене – живеев тука многу години, моите деца се родени тука. Добро ги познавам овие терени и луѓето што работат овде. Атмосферата е неверојатна. Многу фанови доаѓаат тука, особено од Франција и Италија, кои ...

Во Скопје и Куманово од 20 до 26 јули ќе се одржи Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ). Се очекува во земјава да пристигнат околу 4.000 млади спортисти и тренери од Европа, кои ќе се натпреваруваат во 15 различни спортови. Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски очекува успешна организација на масовниот спортски настан во нашата земја. – Ќе организираме исклучително голем спортски настан. Привилегија е ...

Актуелниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен утрово победи на трката за ГН на Јапонија на патеката „Сузука“. Возачот на Мекларен Ландо Норис го освои второто место со +1,423 секунди заостанување зад лидерот. Трет беше неговиот клупски колега Оскар Пјастри (+2,129). При излезот по првиот пит стоп, Верстапен и Норис за малку ќе се судреа. Британецот беше принуден да направи заобиколување на тревата, поради што ...

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ги оцени шансите на неговиот тим во реваншот со Арсенал по тешкиот пораз (0:3) синоќа на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. – Мора да бидеме искрени во сопствената критичка самооценка. Не бевме лоши во долгите делови од играта – имаше некои работи што ги направивме добро во првото полувреме. Имавме можност да го подигнеме нашето ниво повисоко, но целосно пропаднавме во вториот дел. ...

Интер се враќа со голема победа од гостувањето во Минхен каде славеше со 1:2. Ова секако е шок за Баерн, ако се знае како Италијанците стигнаа до победара. Првите 30 минути неколку големи шанси за домаќините, статива на Кејн и четири одлични интервенции на Сомер. Но, во 38-ма минута молк на Алијанц, фантастична акција и Лаутаро погоди за 0:1. Во вториот дел Интер организиран, Баерн со иницијатива, но за израмнување се чекаше до 85-та минута ...

Фудбалерите на Баерн и Интер вечерва во Минхен од 21:00 часот го играат првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Лидерите во германското и италијанското првенство треба да приредат спектакл за паметење, а можеби тоа ќе им помогне на новинарите на угледниот „Билд“ да дознаат кој е тренер на тимот од Милано. La Bild ha confuso gli Inzaghi. pic.twitter.com/ziGmRfhbaw — Pasquale Guarro (@GuarroPas) April 8, 2025 Еден од ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска соопшти дека судиите на претстојното Светско клупско првенство ќе бидат опремени со камери на нивните тела и ќе се применува ново правило за борба против губењето време од страна на голманите. „Судиите на натпреварот ќе носат камери на телото како дел од експерименталната фаза. Тестовите се одобрени од ИФА, телото кое ги надгледува правилата на играта“, соопшти ФИФА. It's Ref Cam – live! Pierluigi ...

Хотелот „Pestana CR7“, сопственост на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, се најде во центарот на драмата откако во објектот избувна пожар кој предизвика голема материјална штета. ➡️ Hotel de Cristiano Ronaldo é atingido por incêndio no Marrocos O Hotel Pestana CR7 em Marrakech, no Marrocos, teve um incêndio registrado nesse sábado (5/4) Leia: https://t.co/Kp9SchbNEc pic.twitter.com/pdUyly2VVU — Metrópoles ...

Премиершип синоќа влезе во нова ера бидејќи Џереми Монга играше на еден натпревар од највисоката англиска лига на само 15 години и 271 ден по неговото раѓање. Имено, Монга дебитираше за првиот тим на Лестер во дуел со Њукасл, а бидејќи уште нема 16 години немаше дозвола да го користи класичниот дрес на „Лисиците“, кој има и спонзори. Поради ова на момчето му беше направен специјален дрес, без реклами, а во него играше во синоќешниот пораз од ...

Фудбалерите на Леганес и Осасуна одиграа нерешено 1:1 во 30. коло од шпанската Примера, а натпреварот го одбележа неверојатното промашување на хрватскиот напаѓач Анте Будимир. Хрватот се посрамоти за „сите пари“. Во 30. минута од натпреварот Будимир доби топка во шеснаесетникот, голот беше празен, можеше да бира каде ќе шутира… Соиграчите веќе почнаа да го слават голот, а потоа следеше шок. Хрватот се заплетка, ја промаши топката и пропушти ...

Христо Стоичков и Горан Пандев ќе ги предводат селекциите на Бугарија и Македонија на хуманитарен натпревар во Варна. Фудбалските великани на Бугарија и Македонија на 27. април (17:00 часот) ќе одиграат хуманитарен натпревар во Варна, Бугарија. Целта е да се соберат средства и да се даде поддршка за настраданите во несреќата во Кочани. Целиот приход ќе биде дониран за настраданите во трагедијата во Кочани. Организатор на хуманитарниот ...

Изминатиот викенд на стадионот Драгао се одигра големото португалско дерби помеѓу Порто и Бенфика, а натпреварот го одбележа и судир меѓу домашните навивачи и полицијата. Очигледно, навивачите на Порто беа незадоволни од дебаклот што го доживеаја, бидејќи тимот од Лисабон победи убедливо со резултат 4:1. Навивачите на Порто започнаа пресметка со полицајците, кои веднаш реагираа и испукаа кон нив со гумени куршуми. За среќа на сите на ...

Во неделата вечерта била фрлена бомба во куќата на поранешниот фудбалер на Ливерпул, Јоси Бенајун, јавуваат израелските медиуми. Бенајун, кој сега има 44 години, бил во својот дом со семејството во Рамат Хашарон, северно од Тел Авив, кога бил погоден од фатална експлозија. Инцидентот се случил во неделата околу 23 часот кога напаѓач со мотор застанал пред неговиот дом и фрлил експлозивна направа на вратата, по што побегнал од местото. Бенајун ...

Од следната натпреварувачка сезона нов член на македонскиот ракометен прволигаш Вардар 1961 ќе биде полскиот репрезентативец Марек Марцинијак. Дваесетидеветгодишниот полски ракометар, кој игра на позицијата десен бек/десно крило потпиша двегодишен договор со двократниот европски првак, до 2027 година. Марцинијак во моментов е член на полскиот прволигаш Азоти Пулави, а претходно настапуваше за Жуково, Вибжеже Гдањск и Заглебје Лублин. Ова ќе ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета ги сподели своите очекувања за четвртфиналето од фудбалската Лига на шампионите против Реал Мадрид. – Сакам да видам дека моите играчи се подготвени за победа, дека се подготвени да го победат Реал Мадрид. Мора да бидеме тимот каков што бевме во последната четвртина од сезоната. Ова е 100 отсто најголемиот натпревар во мојата тренерска кариера. Возбудата расте. Луѓето покажуваат голем интерес. Затоа се ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да ја освои 100-та титула во кариерата. Ѓоковиќ во големото финале на Мастерсот во Мајами беше подобар од младиот Чех Јакуб Меншик (19 години). Меншик победи со 2:0 во сетови (7:6(4), 7:6(4)), по нешто повеќе од два часа игра. Финалето беше одложено неколку часа поради дожд, а кога почна играчите се соочија со висока влажност и на моменти лизгав терен. Ова не му одеше најдобро на Ѓоковиќ, кој го загуби ...

Македонската велосипедистка Дуња Иванова викендот го освои второто место на маратонот во шпанското приморското гратче Камбрилс. Маратонот – Куп во планински велосипедизам беше дел од календарот на Светската велосипедска федерација УЦИ. На маратонот во организација на „БТТ“ учествуваа 300 натпреварувачи од целиот свет. Иванова која е членка на клубот Енерџи се натпреваруваше во сениорска конкуренција. Таа 63 километри со висинска разлика од ...

Со денешните пет натпревари комплетирано е 26 .коло во Првата македонска фудбалска лига. Гостински победи остварија Вардар, Шкендија и Силекс, а единствена домашна екипа со три бода е Беса. Резултати на денешните натпревари во ПМФЛ: АП Брера – Вардар 0:2 Беса – Гостивар 2:1 Шкупи – Работнички 0:0 Тиквеш – Шкендија 0:1 Воска – Силекс 1:2. Вчера, Струга – Пелистер 4:1. Табела: Шкендија 56 бода, Силекс 52, Работнички 49, Гостивар 44, Струга 42, ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас постигна уште еден гол во дресот на Торино, вкупно четврти откако дојде од Лајпциг и се врати во Италија. Попладнево тој на мечот со Верона стрелаше во 67-та минута, но неговиот тим не успеа да победи. Дуелот заврши 1:1 бидејќи три минути пред голот на Елмас, Сар и донесе водство на Верона. ⚽️ GOAL: Eljif Elmas 🇮🇹 Torino 1-1 Hellas Veronapic.twitter.com/hgR49YHxlb — Goals Xtra (@GoalsXtra) April 6, ...

Фудбалерите на Ливерпул доживеаја неочекуван пораз во 31. коло од англиската Премиер лига против Фулам со резултат 3:2. Ливерпул поведе во 14. минута со прекрасниот гол од далечина на Мек Алистер, но до полувремето „црвените“ губеа со 3:1. Сесењон погоди за 1:1 во 23. минута, Ивоби го доведе Фулам во водство од 2:1 во 32. минута, а Муниз во 37. минута зголеми на 3:1. Ливерпул постигна втор гол до крајот кога Дијаз погоди во 72. минута, но до ...

По големата победа против Реал Мадрид, грузискиот голман Џорџи Мамардашвили откри дека Винисус Јуниор му должи 50 евра и со тоа ги изненади присутните новинари во микс зоната. Играчот на натпреварот откри дека разговарал со Бразилецот непосредно пред да го изведе пеналот на Реал Мадрид на средината на првото полувреме и дека се обложил со него од 50 евра. „Зборував со Винисиус и тој ми должи 50 евра“, низ смеа објасни грузискиот голман, на ...

Во Спортскиот центар Аеродром – ООУ „Блаже Конески“ – Скопје вчера се одигра хуманитарен меѓународен натпревар во духот на заедништвото, солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани, објави Бигорски манастир. Натпреварот се одржа меѓу екипите ФК Бигорски – духовни чеда на Манастирот „Свети Јован Бигорски“ и екипата од Република Србија– поклоничко друштво „Пут на Свету Гору“. Во пријателскиот натпревар одигран во спортски дух подобра била ...

Ѕвездата на Барселона, Рафиња целосно ја загуби контролата по синоќешното реми помеѓу каталонскиот тим и Бетис, што го забележаа многу гледачи на стадионот. Прво Роберт Левандовски се обиде да го смири, а потоа и останатите играчи кои застанаа меѓу него и помошниот судија за да спречат понатамошен конфликт. Тој се упати кон соблекувалната каде го пречека Ханси Флик кој сакаше да го поздрави и смири, но Бразилецот не сакаше ниту да го послуша ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.21
30%
1013
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
3.85
44%
1010
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.51
35%
1013
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.41
33%
1012
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
56%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
4.47
47%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.74
44%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.22
38%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
38%
1011
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
78%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
1.21
57%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Калај

53.60