Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја намали веројатноста за брза средба на рускиот и украинскиот лидер и ја покрена можноста за нови санкции врз Москва, иако рече дека и украинската страна не е без вина. „Сакам да видам како таа војна завршува. Многу, многу сериозно е она што го имам на ум, ако морам да го направам тоа. Но, сакам прво да видам како ќе заврши ова“, им рече Трамп на новинарите на 26 август во Белата куќа ...
Додека МОН исплаќа блок дотации на општински основни училишта, примери во Шуто Оризари и Струга откриваат длабоки проблеми, злоупотреби и немање контрола за трошењето на парите. Од 1 јануари 2026 година, МОН најавува примена на нова формула за пресметка на блок дотации. Минатата недела, два случаја во две различни општини во државата - Шуто Оризари и Струга го отворија прашањето дали Министерството за образование и наука има контролен ...
Полицијата регистрирала 75 случаи на насилство и недостојно однесување на младински спортски натпревари за кои поднесени се 7 кривични пријави, а 15-мина биле повредени. Инцидентот во Штип заврши со две момчиња во болница, притвор на напаѓачот, татко на 15- годишен фудбалер кој доби суспензија. Во изминативе осум месеци од годинава, дестките спортски терени во земјава станаа арена на 75 инциденти поврзани со насилство и недостојно однесување, ...
За осум месеци, политичка парализа од државно ниво во Босна и Херцеговина, се префрли во Република Српска откако овој ентитет остана без претседател, а потоа и без функционална влада поради судската пресуда против Милорад Додик. Народното собрание на Република Српска објави референдум на кој гласачите треба да одлучат дали да ги прифатат одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница, Кристијан Шмит, на Судот и на Централната ...
Септември ќе биде последниот работен месец за пратениците пред кампањата за локалните избори, до кога треба да се заокружат сите закони што пристигнале во процедура. Нема да има нов обид за измени на Изборниот законик, а до изборите нема да се избере нов претседател на ДКСК и Народен правобранител. Собранието во септември ќе заседава двапати - на 2 и на 12 септември, за да се донесат сите закони кои пристигнале во процедура пред почетокот на ...
Во иницијатива до Уставен суд, Дениз Мустафаоглу од заедницата Инженери бара судиите да ја оценат уставноста на „паушалните фактури“ - тие што не се засноваат на реално измерени вредности од струјомерите. Уставниот суд формираше предмет. Од ЕВН велат дека редовно се отчитани 95 отсто од броилата. Од почетокот на 2025 година до 20 август до РКЕ пристигнале 770 жалби за сметки за струја, речиси девет пати повеќе отколку лани. Уставен суд ...
Велика Британија, Франција и Германија, таканаречената група Е3, предупредија дека ќе активираат механизам во ОН што би можел повторно да воведе глобални санкции врз Иран, кои честопати биле заканувачки, но никогаш не биле искористени. Нивниот рок е: крајот на август, освен ако Техеран не постигне опиплив напредок во нуклеарните разговори со САД. Таканаречениот механизам „snapback“ е посебен процес создаден со нуклеарниот договор со Иран од ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го одбележа Денот на независноста на Украина со порака дека неговата земја „нема да ја изгуби“ борбата против Москва, во услови на нови напредувања на боиштето и интензивна дипломатија за ставање крај на војната што трае повеќе од три години. „Украина сè уште не победила, но сигурно нема да изгуби“, изјави Зеленски во телевизиското обраќање до нацијата на 24 август. Украинскиот претседател додаде ...
Кога еден татко во Таџикистан го обвинил својот 15-годишен син за кражба на пари во вредност од 50 евра, тој не го однел во полиција, ниту пак го искарал. Наместо тоа, му ги врзал нозете на момчето со јаже, го влечел со автомобил и сето тоа го снимил. Тинејџерот починал од повредите. Убиството во јули предизвика шок во таџикистантското општество, каде физичкото казнување е забрането од 2024 година. Сепак, во многу семејства во централна ...
И покрај можната „инфлација“ на независни кандидати со само два потписа, претседателот на ДИК Борис Кондарко уверува дека има механизми да се обезбеди непречено спроведување на изборите. Можно е изборниот процес да поскапи, но, како што вели, правото на учество во изборите е загарантирано. Се подготвувате за осмите по ред локални избори во земјава, кои се најголемите предизвици со коишто очекувате да се соочите во текот на подготовките? Веќе ...
Русија во текот на ноќта лансираше десетици дронови кон украинските цели. Ова е најновиот во низата воздушни напади кои ги намалија надежите за прекин на војната во Украина по минатонеделниот самит на Алјаска. Украинската војска соопшти дека соборила или пресретнала речиси триесет од повеќе од 50 дронови кои Русија ги истрела рано на 23-ти август. Сè уште не е познато дали има жртви или штета на теренот. Вкупниот број дронови беше помал во ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека ќе донесе одлука за својот став за руската сеопфатна војна против Украина во рок од две недели и повторно предупреди дека тоа може да вклучува санкции против Русија. Говорејќи со новинарите во Овалната соба на 22 август, рече дека прво сака да види дали рускиот претседател, Владимир Путин и украинскиот претседател, Володимир Зеленски ќе се сретнат. „Мислам дека ќе знам. Мислам дека ќе знам каков ...
Тоа е најпознатата уметничка куќа во Русија, каде што Чајковски премиерно ја изведе „Лебедово езеро“, каде што водечките балетски танчери и симфониски музичари на Русија се оценуваат за нивната техничка извонредност и се почитуваат за нивната уметност. Сега вработените во Бољшој театарот ќе бидат оценувани, и следени, и според друг критериум: нивниот интерес и ставови за тоталната војна на Русија против Украина. Реномираниот московски театар ...
Град Скопје ги повика граѓаните на јавна дискусија за новиот ГУП на градот. Малку граѓани учествуваат, а меѓу оние кои доаѓаат има и надеж дека може да биде подобро, но и скептици дека може тие да влијаат. Според архитектот Марко Пановски вака се дава лажна надеж дека идеите на граѓаните ќе бидат имплементирани. „Секои избори слушам - ќе ја шириме улицата „Цветан Димов“ на шест коловозни ленти, ама уште е 'тесно грло' за возила, ќе има катна ...
Речиси половина од младите во Северна Македонија, која според Евростат е на трето место по иселување во Европа, позитивно гледаат на Европската Унија, но 46 отсто не веруваат дека земјата ќе стане дел од неа, покажува новото истражување. Властите промовираат реформи, а бранот на емиграции не запира „Се трудам да придонесам за подобрување на состојбите овде, но тоа не значи дека не сум размислувал за иселување. Голем дел од луѓето од мојата ...
Удари со палки, штитови, раце, лакти, туркање, шлаканици, прскање со хемиски средства, пцуење и закани доживеале новинарите и фоторепортерите од полицијата кои известуваат од граѓанските протести во изминатите месеци, покажуваат податоците од Независното здружение на новинари на Србија (НУНС). И покрај пријавите до властите, обвинителството и полицијата, засега не е познато дали некој од случаите на употреба на полициска сила против новинари ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека однесувањето на Русија по самитот меѓу САД и Русија минатата недела и разговорите со висок профил во Вашингтон со европските лидери е знак дека Москва нема намера да преговара за мировен договор за завршување на војната во Украина. „Сега, сигналите што доаѓаат од Русија се едноставно скандалозни“, напиша Зеленски доцна на 21 август, откако Русија масовно го засили своето воздушно ...
Посебна комисија на Министерството за здравство ќе ги „чешла“ кардиолошките интервенции во приватните и државните клиники, откако кардиохирургот Сашко Кедев обвини дека вакви операции се вршат исклучиво за профит. Фондот за здравство лани исплатил 16 милиони евра за операции во две приватни болници. Министерството за здравство ќе формира тричлена Комисија за стручен надзор, составена исклучиво од странски кардиохирурзи со цел да ја анализира ...
Државниот завод за ревизија констатира дека мерките и активностите за заштита на жените-жртви на родово базирано и семејно насилство не се доволно ефективни за превенција, поддршка, заштита и целосна реинтеграција на жртвите. Центрите за социјална работа се соочуваат со недостиг на кадар, а дел од нив не ги исполнуваат условите за обезбедување ефикасна заштита на жртвите. Системот за заштита на жените-жртви на семејно насилство е сè уште ...
Руските сили извршија масовен воздушен напад врз Украина во текот на ноќта на 21 август, со комбинација од беспилотни летала и ракети врз повеќе региони во земјата, сопштија украинските власти. Властите пријавија цивилни жртви и значителна штета на станбени области и инфраструктура. Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија лансирала 574 беспилотни летала и 40 ракети во ноќен напад. Во Лвов, град во западна Украина, руски ракетен и ...
Откако завршил воена служба во родниот Казахстан во есента 2023 година, Кирил Нисанбаев заминал на работа во Русија. Родниот град на Нисанбаев, Рудни, се наоѓа на нешто помалку од 100 километри од Русија и не е невообичаено локалното население да бара работа во соседната земја. Само неколку месеци подоцна, Нисанбаев се јавил на своето семејство од центарот за притвор на мигранти во рускиот град Чељабинск, каде што работел во фабрика. „Тој ...
Претседателката Гордана Сиљаноска-Давкова предложи НАТО Клинички центар во Штип, кој ќе ги поврзе здравството и одбраната и ќе се стимулира продуктивно инвестирање, а не само трошење на оружје. Владата уште не ја разгледала идејата, а болницата во Штип во која би бил сместен се гради една деценија. Македонската Армија го одбележа својот 33-годишен јубилеј низ свеченост која ја потенцира нејзината клучна улога во заштитата на суверенитетот и ...
Вчера (19 август) не се појави на работа во канцеларијата во Бања Лука. Наместо тоа, Милорад Додик посети неколку градови во Република Српска (РС). Тој ги претстави како официјални посети во својство на претседател на РС, иако тоа не е официјално веќе 24 часа. Со одлуката на Судот на Босна и Херцеговина, со која се потврди одлуката на Централната изборна комисија за одземање на неговиот мандат, Додик ги изгуби сите уставни и законски ...
Само неколку часа пред неговиот самит во Алјаска со Владимир Путин минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп му се јави телефонски на белорускиот моќник Александар Лукашенко. Потег, што изненади многу аналитичари и политичари. Трамп на социјалните мрежи го опиша Лукашенко како „високо почитуван претседател“, и рече дека неговиот разговор со него се фокусирал на ослободувањето на 1300 политички затвореници. Според Валер ...
Додека системот се надградува во рамки на дигитализацијата во здравството, матични доктори и натаму тешко наоѓаат термини за специјалистички прегледи, а пациенти се жалат дека не можат да завршат преглед или да земат лекови затоа што системот „паѓа“. Од Министерството за здравство велат дека креираат поедноставен, побрз и подостапен систем. Следење на детскиот развој, поддршка на патронажната служба, прегледи од областа на медицина на трудот ...
Стотина млади од самохрани и еднородителски семејства ќе студираат со донации од граѓаните. Тие шест години чекаат надлежните законски да ја намалат на половина партиципацијата за нивното образование, а нејасно е дали ќе бидат опфатени со најавените измени на Законот за високо образование. Девојка од внатрешноста студира во Скопје, обидувајќи се да ги покрие трошоците со минималната плата на нејзината самохрана мајка, инаку, текстилна ...
Лидерите на Европската Унија (ЕУ) денеска (19 август) ќе одржат видеоконференција за да ги разгледаат резултатите од разговорите во Вашингтон на 18 август за завршување на војната во Украина, по што американскиот претседател Доналд Трамп телефонски го повика рускиот претседател Владимир Путин за да договори средба меѓу рускиот и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Сите членови на Европскиот совет, највисокото политичко тело на ЕУ, ќе ...
Американскиот претседател Доналд Трамп му телефонираше на рускиот претседател Владимир Путин за да започне со подготовки за средба лице в лице меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски по еден ден вонредни состаноци во Белата куќа на 18 август, како дел од напорите за завршување на војната во Украина. Трамп рече дека му се јавил на Путин за да разговара за можна средба со Зеленски откако го угостил него и лидерите на Велика ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска (18 август) изјави дека ова ќе биде ‘голем ден во Белата куќа’ додека го чека неговиот украински колега, Володомир Зеленски и европските лидери да пристигнат на разговори за завршување на борбата во Украина. „Никогаш не сме имале толку европски лидери овде во исто време. Голема чест за Америка!“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа Truth Social. На разговорите во Вашингтон се очекува да ...
Во последните 12 години, речиси секој чаирски градоначалник во предизборната програма ветува базен за Чаирчани, ама никој до сега не запливал во него. Од трите базени ветени во последнава деценија, само еден е до половина готов. Од општината тврдат, виновна е претходната централна власт. Инвестиција од милион евра, за изградба на модерен базен во близина на основното училиште „Адем Јашари“ во населбата Серава во скопската општина Чаир, најави ...