Во страв од секојдневните руски напади со беспилотни летала, жителите на Костјантинивка масовно ги напуштаат своите домови. Градот во Донецк, кој порано броеше десетици илјади жители, сега станува симбол на тишина и отпор. Жена се збогува со својот дом кон крајот на јули во украинскиот град Костјантинивка, во регионот Донецк. Потресени од зголемениот број русики напади со беспилотни летала, жителите на Костјантиновка во украинскиот регион ...

Mинистерот за спорт Борко Ристовки вели дека во личен разговор со претседателот на Eвропскиот олимписки комитет му било укажано дека државата ги нема потребните капацитети и комплекси за младинската Олимпијада. Иако признава дека организацијата во одреден момент затаила, сепак, вели дека тоа не било на катастрофално ниво. Министре, изминатиот период бевте мета на жестоки критики во јавноста поврзани со Европскиот младински олимписки фестивал. ...

Повици за единство, за борба против корупцијата и економски напредок испрати македонската претседателка Гордана Силјановска- Давкова од Мечкин камен. Таа упати критика до ЕУ за билатеризацијата на процесот на проширувањето и менувањето на правилата на игра. Време е за нова пролет на нашата Република, враќање кон републиканските корени, порача македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова од крушевскиот Мечкин камен каде што се ...

Високо горе, познатите рути на глобалниот воздушен сообраќај исчезнуваат. Таму каде што пилотите некогаш летаа по едноставни трансконтинентални рути, сега се движат по небо кое изгледа како скршено стакло - милиони летови во пренатрупани коридори. Во исто време, огромни делови од воздушниот простор остануваат морничаво празни или исполнети со летачки ракети и дронови. Оваа промена не е случајна. Ширењето на војни, регионални непријателства и ...

Со централна прослава на „Мечкин Камен“ во Крушево и со положување цвеќе на повеќе локации низ државата денеска се одбележуваат 122 години од Илинденското востание и Крушевската Република, како и 81 година од Првото заседание на АСНОМ – два клучни столба во македонската државност. Централната прослава ќе се одржи во Крушево, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Одбележувањето ќе почне со положување цвеќе на гробот ...

Безбедносната состојба е стабилна и под контрола, изјави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова по состанокот на Советот за безбедност во Вила Водно кој траеше повеќе од два и пол часа. Како што рече на прес-конференција, теми на разговор биле три прашања - безбедносната состојба во регионот, Европа и светот, пожарите во Северна Македонија и регионот и за евроинтегративниот процес на државата. „Од воведните излагања и од ...

Во пресрет на локалните избори, јавноста е сведок на засилени најави за милионски инвестиции во инфраструктурни проекти, финансиска поддршка на пензионери и млади спортисти во повеќе скопски општини, но и кривични пријави за опозициски градоначалници. Според аналитичарите тенка е линијата меѓу јавниот интерес и изборниот профит. По милион евра за изградба на базен и реставрација на Саат Кулата во Чаир, најави вицепремиерот Изет Меџити, на ...

Приватни плажи, кади од милион долари, вечери со вино, виски, пури и караоке - или настапи на руски поп-ѕвезди чија слава датира од 1990-тите. Тоа се некои од карактеристиките на „ултралуксузен“ комплекс вили во Дубаи каде што Сергеј Чемезов - санкционираниот од Западот шеф на огромниот руски државен одбранбен конгломерат Ростек и близок сојузник на претседателот Владимир Путин уште од времето кога беа офицери на КГБ во комунистичка Источна ...

Европската Унија додели милиони евра за поддршка на граѓаните за време на енергетската криза, а јавноста и денес не знае како точно се потрошени овие пари. Наместо како директна помош за домаќинствата, дел од парите се слевале кон државната компанија ЕСМ, покажува истражувањето на граѓанската мрежа „Бенквоч“. Истовремено, на сметките се прикажуваа субвенции и до 90 отсто, а цената останувала иста. Во текот на една година, претходната Влада ...

Косово е во непрогласена вонредна состојба - вака политикологот Дритеро Арифи, професор на колеџот УБТ во Приштина, ја опишува институционалната состојба во Косово. Според него, оваа ситуација е последица на неуспехот на членовите на Собранието на Косово да го завршат конституирањето на оваа институција до 26 јули. На тој датум истече рокот од 30 дена што го одреди Уставниот суд за членовите на Собранието, на кои, според одлуката на истиот ...

Шеф на кабинет на собранискиот спикер, поранешен обвинител, поранешен државен правобранител, адвокати и вработени во институцијата „Народен правобранител“ се дел од 17-те кандидати за Народен Правобранител. Огласот беше распишан откако досегашниот омбдусман, Насер Зибери заврши порано затоа што замина во пензија на почетокот на месецот. За позицијата на Зибери конкурирал актуелниот шеф на кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши, ...

Обвинителот Љупчо Коцевски се најде во двојна опсада - Собранието му изгласа интерпелација, но, без правен епилог. Од друга страна, неговото разрешување како формална и правно обврзувачка постапка што ја иницираше Владата, засега стои во место и нема најава дали и како ќе продолжи. Собранието на Северна Македонија на 29 јули 2025 година ја изгласа интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, која беше предложена од ...

Од почетокот на мандатот на актуелниот парламентарен состав, 65 пратеници добиле надоместок за патни трошоци. Највисоката сума исплатена на пратеник е 13.200 евра или по околу 1.000 евра месечно. Девет пратеници, пак, решиле да изнајмат стан за што месечно се плаќаат најмногу по 400 евра. Собранието на Република Северна Македонија исплатило 18,6 милиони денари или околу 303.320 евра за патни трошоци што ги побарале пратеници за период од 13 ...

Во Финска се одбележуваат 50 години од Хелсиншкиот завршен акт, кој го отвори патот за ОБСЕ. Со руската инвазија на Украина, политичкото „запушување“ и намалената доверба која ја става на тест организацијата, се наметнуваат многу прашања за нејзината идна улога во европската безбедност. 50 години по Хелсиншкиот акт, ОБСЕ се соочува со големото прашање: дали сѐ уште може да го одржи мирот? На 31 јули и 1. август, стотици официјални лица и ...

Најмалку шест лица загинаа, а 52 се повредени - вклучувајќи девет деца во Киев по рускиот напад со ракети и беспилотни летала во текот на ноќта, според шефот на воената администрација на градот. „Киев претрпе последици од комбиниран руски напад на повеќе од 27 локации“, рече Тимур Ткаченко на 31 јули. „Областа Соломјански беше силно погодена, заедно со Свјатошински, Шевченковски и Холосиевски“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ...

Земјотрес со магнитуда од 8,8 степени, еден од најсилните во историјата, го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија во среда, предизвикувајќи цунами високо до четири метри, оштетувајќи згради и активирајќи тревоги и евакуации во Тихиот Океан, објави Ројтерс. Во текот на изминатите неколку часа, повеќе земји, вклучувајќи ги САД и Јапонија, издадоа предупредувања за цунами и наредби за евакуација. Цунами брановите сега ја ...

Државна организација спроведува тестови за „невропрофилирање“ на 10.000 деца и тинејџери за да идентификува лидери и „антилидери“ во обид да го зголеми патриотизмот и да ги насочи младите кон улоги за кои резултатите сугерираат дека одговараат. Ако звучи како 1984 или некоја дистописка иднина, не е. Тоа е Русија во 2025 година - време кога претседателот Владимир Путин, кој ја вовлече својата земја во разорна војна против Украина и во растечка ...

Економијата бележи раст, но дел економски експерти предупредуваат дека тоа е делумно поради задолжувањата, што ја доведува во прашање одржливоста на растот на БДП. Други, пак, сметаат дека не може да се зборува за економски успех со и натаму ниската реализација на капитални инвестиции. Македонската економија бележи раст од над 3 проценти, што Владата го претставува како доказ за успешноста на нејзините политики. Но, дел од економските ...

Српска бригада за специјални воени операции ја заврши заедничката вежба со кинеска бригада во Кина и покрај силните противења од Европската Унија и САД. Заедничката вежба се одржа од 19 до 28 јули во покраината Хебеј во северна Кина, додека Србија, земја кандидат за членство во ЕУ, се обидува да ја балансира својата европска интеграција, одржувајќи блиски врски и со Пекинг и Москва. „Обуката даде поттик на воената соработка и ја подобри ...

Седницата на Собранието се одржува во ситуација кога јавниот обвинител е дециден дека интерпелацијата како инструмент воопшто не е предвидена со законот, додека Левица се повикува на Уставот и бара тој да си замине поради нефункционалност, политички влијанија и „разноразни скандали и афери“. Пратениците во македонското Собрание на пленарна седница денеска (29 јули) дебатираат и ќе гласаат за интерпелацијата на републичкиот обвинител Љупчо ...

Документот е означен како „строго доверлив“ и е испратен на адресата на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА). Станува збор за понуда за обновување на лиценцата за форензичката алатка на израелската компанија „Cellebrite“, која се користи за отклучување и пребарување на паметни телефони. Овој документ, до кој Радио Слободна Европа (РСЕ) имаше пристап, датира од септември 2015 година. Тоа, веројатно е само еден од низата протечени ...

Приватните градинки обединети во Асоцијацијата „Полет“ предлагаат државата со по 250 евра месечно да го субвенционира престојот на деца, кои тие ги згрижуваат. Овој износ е помал од државните субвенции што ги добиваат јавните градинки, кои кубурат и со места и со кадри. Реализацијата на овој предлог, би чинела 3.780.000 евра за згрижување на нешто повеќе од 1200 дечиња. „Јас не познавам родител кој не фатил врски за да го запише детето во ...

Радио Слободна Европа го „улови“ министерот без ресор Шабан Салиу како доаѓа во суд со службено возило, а е осомничен во случајот за пожарот во Кочани. Други медиуми објавуваат слични можни злоупотреби на службени возила. Тендерот за „обоените“ таблички пропадна, а МВР најде алтернативно решение. Владината шкода со службениот возач и овој понеделник го чекаше Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за ...

На најавата за кинеско училиште аналитичарите гледаат како пропаганден трик на Кремљ. Дури и ако тоа никогаш не се отвори, сметаат тие, самиот факт што се промовираат вакви тврдења го одразува зголемениот напор на Москва да ја вовлече Кина подлабоко во својата окупациска стратегија. Во Луганск, кој е под руска окупација – место каде што експлозиите сè уште одекнуваат низ разурнатите улици, а ветувањата за реконструкција во голема мера ...

По налог на ОЈО, Финансиската полиција собира дополнителна документација за низата кривични предмети отворени за Државната лотарија. Се водат предистражни дејствија и за други јавни набавки спроведени во време на минатото раководство. Од Артан Груби и Перпарим Бајрами сѐ уште нема ни трага ни глас. „Ако не се врати доброволно, ќе најдеме соодветен начин како да го вратиме“, изјави министерот Панче Тошковски на 26 декември минатата година, ...

Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ) постигнаа трговски договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп. Соопштението дојде откако американскиот претседател се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во еден од неговите голф-центри во Шкотска. Трамп рече дека главната пречка е „праведноста“, наведувајќи ги бариерите за американскиот извоз на автомобили и земјоделски производи, ...

Изјавата на црногорскиот министер за култура, Славен Радуновиќ, предизвика бурни реакции во јавноста во Црна Гора, откако го доведе во прашање останувањето на Котор под заштита на УНЕСКО. Повеќе од 65 невладини организации побараа разрешување на министерот за просторно планирање Славен Радуновиќ поради неговата изјава дека Црна Гора треба да размисли дали има поголема штета или корист од тоа што Котор е под заштита на УНЕСКО. На 24 јули, ...

Во неделното интервју за РСЕ, еко-активистот и советник во Општина Ново Село, Костадин Ристоманов, тврди дека се палат депонии во околината на Струмица и дека зад тоа стои организирана шема за профит од рециклиран бакар и фантомски бизниси со отпад, додека посочува дека институциите за тоа молчат. Господине Ристоманов, периодов секојдневно објавувате дека се пали депонијата Шапкар и дека жителите на Струмица и околината дишат отров, а ...

Точно 30 години откако Меѓународниот кривичен суд го обвини Радован Караџиќ за геноцид и злосторства против човештвото, Босна и Херцеговина останува длабоко поделена. Неговата политика е жива, а негирањето на злосторствата се уште доминира во јавниот и политичкиот дискурс. Ирма Грабовица имала 11 години кога во март 1993 година загинала од шрапнел од граната од шрапнел додека си играла во дворот на една зграда во Сараево. За нејзиниот татко, ...

Со години, руските технолошки регулатори крцкаат со забите, поради растот на Јутјуб YouTube, видео платформата која е главен извор на во голема мера на нецензурирани вести, информации и забава, а да не зборуваме за главен извор на приход за многу руски инфлуенсери и блогери. Властите ја забавија платформата во сопственост на Google, обидувајќи се да ги фрустрираат руските гледачи со тоа што ќе ја забават на неподнослива брзина. Тие му се ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
7.2
54%
1020
weather icon

Белград

-3ᴼ / -3ᴼ
5.14
74%
1022
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -5ᴼ
0.51
68%
1024
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
5.66
79%
1021
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
9.22
74%
1018
weather icon

Љубљана

-5ᴼ / -8ᴼ
1.03
91%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
63%
1008
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
6.69
56%
1013
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
11.32
32%
1019
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -5ᴼ
0.0
85%
1015
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
10.8
69%
1019
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
8.75
93%
1010
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Цинк

3.10

Калај

44.73

Злато

144981.23

Кобалт

59.52

Родиум

310254.70

Паладиум

57935.65

Платина

72292.89

Алуминиум

3.14

Бакар

11.84

Иридиум

169549.30

Сребро

2569.43

Рутениум

44946.74