Стојанче Јовановски, сопруг на трагично загинатата Ивана и татко на 6-годишната Катја чиј живот завшри прерано, ќе се гони за неколку кривични дела. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против него, а му се ставаат на товар три кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, потоа ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против С.Р. во својство на поранешен в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 ст.4 и ст.3 вв ст.1 од КЗ на РСМ, „фалсификување исправа“ од член 378, ст.1 од КЗ на РМ и кривично дело “проневера во службата” – во обид од ...

Од страна на градежната инспекција на Општина Бутел денес била стопирана градбата на бесправно започнат објект во населеното место Буринарец, информираше градоначалникот Дарко Костовски. Како што посочи Костовски во објавата на Фејсбук, градежната инспекција изготвила решение со кое се наложува во рок од 7 дена бесправниот објект да биде отстранет од страна на сопствениците. Доколку тоа не биде направено во предвидениот рок, објектот ќе биде ...

ОКТА, водечки снабдувач со горива во Република Северна Македонија, објави иницијатива насочена кон поддршка на домашниот пазар на нафтени деривати и олеснување на тековните притисоци, во услови на зголемена нестабилност на регионалните и меѓународните енергетски пазари. По успешниот прием на дополнителни количини на гориво преку продуктоводот ВАРДАКС, што дополнително го зајакнува капацитетот за снабдување на земјата, ОКТА започнува ...

Полицијата уапси маж од радовишко село кој при семејно насилство врз сопствената мајка ја повредил. - Нa 12/13.03.2026 околу полноќ во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 54- годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка, при што и нанел повреди на телото, соопштија од полицијата за инцидентот. Лицето е задржано во ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против С.Р. во својство на поранешен в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 ст.4 и ст.3 вв ст.1 од КЗ на РСМ, „фалсификување исправа“ од член 378, ст.1 од КЗ на РМ и кривично дело “проневера во службата” – во обид од ...

Кривично ќе се гони малолетник од Скопје кој полицијата го фати со дрога. СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.07.2025, полициски службеници од СВР Скопје извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, информираа ...

Повозрасен пешак е тешко повреден откако бил прегазен на улица во Куманово. - На 12.03.2026 околу 12:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.З.(46) од Куманово, удрило во пешакот Ж.М.(74) од село Романовце, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово, информираа од ...

Полицијата приведе 40-годишен скопјанец, вработен во Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“, по пријава дека физички нападнал колега. Како што соопшти полицијата, на 12 март 2026 година во 14:50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, од слобода бил лишен Д.С. (40) од Скопје. Тој бил приведен постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:20 часот физички го нападнал Б.К. (48) од Скопје, додека извршувал службени ...

Скопската полиција привела 40-годишен маж откако бил пријавен дека физички го нападнал својот татко и му го опожарил автомобилот. Како што соопштија од МВР, на 11 март 2026 година во 02:20 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Т. (40) од Скопје. Според пријавеното, околу 01:30 часот тој физички го нападнал својот 61-годишен татко, по што му го опожарил патничкото возило. Пожарот бил ...

11 возачи лишени од слобода вчера за безобѕирно управување со моторно возило. Четворица возеле со активна мерка забрана за управување, а седуммина без возачка дозвола. Како што информираат од МВР, вчера на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи, од кои четворица (Прилеп, Велес, Македонска Каменица и Кичево) за возење и покрај тоа што имале активна забрана и седуммина (Гостивар, тетовско, Кичево, ...

Општина Ѓорче Петров официјално се стекна со „CAF Effective User Label“ – престижна европска ознака која ја потврдува успешната примена на највисоките стандарди за управување со квалитет во јавната администрација. „Со добивањето на ова признание, Општина Ѓорче Петров станува првата општина во Република Македонија што успешно го поминала процесот на независна надворешна евалуација и го добила овој реномиран сертификат за институционална ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска сподели дека по две децении, ќе се гради пешачка патека и ќе се чисти коритото на реката Серава. „Денес, заедно со градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, го означивме почетокот на еден од најзначајните и најбараните зафати за жителите на Бутел - темелно чистење и уредување на коритото на реката Серава, проследено со изградба на нова пешачка патека. Она што со години било само ...

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ги демантира информациите кои вчера беа изнесени на седницата на Советот на Град Скопје и предизвикаа паника и вознемиреност кај дел од граѓаните, особено кај учениците од средните училишта во Град Скопје. „ЈСП Скопје ги известува граѓаните дека автобуската линија број 35 воопшто не е укината ниту променета. Дополнително, таа не беше ниту предмет на разгледување во Одлуката за измена на линискиот ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески сподели дека денеска извршил увид во градежните активности за реконструкција на јавните и пешачките површини во средишниот дел на Ново Лисиче, кај кулите меѓу зградите 39, 41 и 43. „Старите и дотраени плочки се заменуваат со нови павер-елементи, со што просторот добива уреден изглед и повторно станува безбеден за движење на граѓаните“, истакна Митески во објавата на Фејсбук. Со ...

Вчера во 21:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(30) од селото Марино. По наредба од Основен кривичен суд Скопје бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера во 21:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(30) од селото ...

Три лица се повредени откако возило излета во гостиварско. - На 11.03.2026 во 19:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека кај Требошки натпатник во Тетово, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(48) од село Врапчиште, гостиварско излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички, Х.Џ.(69) и Љ.Џ.(48) од село Врапчиште, гостиварско, а со телесни повреди се здобил ...

За сите граѓани следниот викенд ќе биде продолжен. Имено, со оглед дека петокот е неработен за сите граѓани на земјава, ќе имаме можност да уживаме во споен викенд. 20 март (петок), кога се слави Рамазан Бајрам, поточно првиот ден на големиот празник, ќе биде неработен ден, согласно Законот за празниците на Република Македонија. Велигден годинава се паѓа на 12. април (недела), а неработен ден ќе биде и вториот ден од празникот, односно ...

На деветтата седница на Советот на Град Скопје беа донесени повеќе одлуки насочени кон подобрување на животната средина, сообраќајот и комуналните услуги во градот. Дел од заштедените средства ќе бидат наменети за замена на системите за греење во средните училишта, со цел намалување на емисијата на штетни честички и подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје. Градските власти најавуваат и нови сообраќајни решенија за побезбеден и побрз ...

Денеска е „петок 13-ти“ познат како најнесреќниот ден. Навистина ли е баксузен или пак, е само обичен датум? Постојат разни теории за почетокот на стравот од петок 13-ти, а во нив се вклучени и разни митови и легенди. Еден од најпознатите е нордискиот мит за злобниот бог Локи, кој како 13-ти, непоканет гостин, се упатил на вечера со боговите во Валхала, небесната сала и домот на богот Один. На Локи му здодеало во друштво на сериозни ...

Здружението „ЛИНА - Спаси живот, добиј живот,помогни на животните" синоќа сподели видео објава од маж, кој додека снима кучиња во градот се заканува со нож. Во натписот над објавата, тие го посочија авторот на видеото со име и презиме и апелираа до Министерството за внатрешни работи (МВР) веднаш да го уапси ова лице. „Лицето Александар Кавдар (Битола) кој со нож се закануваше кон кучињата кои го поминале хуманиот третман од страна на Хачико ...

Овој светител беше презвитер во Александрија во времето кога патријарх во тој град беше еретикот Диоскор, еден од покренувачите на монофизитската ерес, којашто учеше дека во личноста на Исус Христос нема две природи туку една. Во тоа време царуваа Маркијан и Пулхерија. Протериј, кој беше благочестив и свет маж, стана против Диоскор и за ова претрпе многу беди. Тогаш беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто монофизитската ...

Хармоничниот аспект меѓу Месечината во Јарец и Сонцето во Риби носи мирна и поддржувачка енергија. Photo by Noelle Otto Денот може да се чувствува полесен отколку претходните, со повеќе чувство на стабилност и внатрешен баланс. Ова е аспект што помага работите да се одвиваат природно, без голем притисок или конфликти. Практичноста на Јарецот и интуицијата на Рибите создаваат добра комбинација – човек може истовремено да слуша што чувствува ...

Колеги, фанови, познаници и пројатели се простуваат од познатиот македонски актер Кирил Поп Христов – Кили кој почина вчера во Еквадор на 58-годишна возраст. Кили важеше за еден од највпечатливите современи македонски актери, со бројни филмски, телевизиски и театарски улоги. Публиката ќе го памети по настапите во филмовите „Тетовирање“, „Бал-кан-кан“, „Збогум на 20-от век“ и „Панкот не е мртов“, како и по значајните театарски улоги во ...

Три лица кои се превезувал со полициска „шкода“ се повредени откако во нивното возило удрил пијан возач со „форд“. Несреќата се случила во скопско Батинци. Како што информираа од полицијата, вчера околу 21:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Батинци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(41) од Скопје и патничко возило „шкода“, сопственост на МВР, а ...

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува корисниците дека жичницата „Милениумски крст " привремено нема да биде во функција. Како што наведоа од ЈСП, причината за привремениот прекин е поради изведување на технички активности. Од таму посочија дека веднаш штом се создадат соодветни услови за повторно работење, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците во вообичаеното работно време. Од ЈСП им се ...

Четири лица од Струмица кривично ќе се гонат за опожарување возила. - Полицијата поднесе кривична пријава против Р.П.(38), Н.Н.(29), П.Т.(41) и К.Г.(20), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „предизвикување општа опасност“, информираа од МВР. Според полицијата, во јануари 2026 година на влезот од селото Владевци, второпријавениот предизвикал пожар на товарно возило „мерцедес“. На 21 февруари 2026 ...

19-годишник е тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со возило „бмв“ на скопска раскрсница. - На 11.03.2026 околу 18:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од булевар „Борис Трајковски“ и ул.„Трајко Иванов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.В.(27) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(19) од Скопје. Во несреќата ...

Ноќеска во 03:30 часот во СВР Скопје, Н.И.(39) од Скопје пријавил дека на синоќа во 19:30 часот на подрачјето на Центар, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Според пријавеното, подоцна на подрачјето на Гази Баба едниот од нив репетирал огнено оружје кон малолетникот и пукал, а другиот фрлал тврди предмети кон неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ноќеска во 03:30 часот во СВР Скопје, ...

Паркирано возило се запали пред зграда во Аеродром, а пожарот зафатил уште две возила. - На 12.03.2026 во 00:13 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг просторот пред зграда на булевар „Видое Смилевски Бато“ настанал пожар во патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(48) од Скопје. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.К.(74) од Скопје ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.66
34%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.34
81%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
82%
1015
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.54
43%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.56
37%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
79%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.92
49%
1014
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.78
36%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.49
47%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
54%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
3.58
49%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.61
54%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Алуминиум

3.46

Платина

57324.78

Иридиум

253540.09

Сребро

2269.46

Бакар

13.10

Калај

53.60

Злато

139690.59

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Паладиум

42535.44