Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Синоќа во 22:54 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 22:30 часот на подрачјето на Карпош, Е.Р.(29) од Скопје, додека го управувал неговото патничко возило, бил удрен од друго патничко возило „ауди А3“ со скопски регистарски ознаки. Како што се наведува во полицискиот билтен, според пријавеното, Е.Р. претходно излегол од угостителски објект да се сретне со Д.„Н“, кој претходно телефонски упатувал закани на девојка, која била во ...
24-годишна девојка и 21-годишен возач се повредени откако со возило излетале од пат во скопско. - На 11.03.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атар на село Арнакија,скопско, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(21) од с.Буковиќ излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Х.З.(24) од с.Форино, гостиварско, ...
Познат идентитетот на жената чие безживотно тело вчера беше извлечено од водите на Вардар кај скопскиот Стадион. Вчера околу 11:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје од водите на реката Вардар извадија тело на женско лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција. - Подоцна е констатирано дека се работи за 50-годишната А.Х.И.(50) од Скопје, за која во ...
4-годишно дете, патник во автобус, е тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на скопска раскрсница. При судир меѓу автобусот и возило, едниот возач избегал од местото на несреќата. -На 11.03.2026 во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски Питу“, бул.„Кочо Рацин“ и ул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со скопски регистарски ознаки, управуван ...
41-годишник од Арачиново пријавил дека во неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од 15-годишник со кого во берберница работеле како чираци, а напаѓачот употребил и остар предмет. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 20:15 часoт во СВР Скопје, Б.Р.(41) од село Арачиново, скопско, пријавил дека околу 13:30 часот во берберница во Арачиново, по претходна расправија, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од ...
24-годишна девојка и 21-годишен возач се повредени откако со возило излетале од пат во скопско. - На 11.03.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атар на село Арнакија,скопско, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(21) од с.Буковиќ излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Х.З.(24) од с.Форино, гостиварско, ...
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува корисниците дека жичницата „Милениумски крст " привремено нема да биде во функција. Како што наведоа од ЈСП, причината за привремениот прекин е поради изведување на технички активности. Од таму посочија дека веднаш штом се создадат соодветни услови за повторно работење, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците во вообичаеното работно време. Од ЈСП им се ...
Во основното училиште „Невена Георгиева Дуња“ денеска се одржа „Саем на франкофонските држави“, настан кој ги претстави културата и традицијата на франкофонијата преку ангажман на учениците од Општина Кисела Вода. На настанот присуствуваа градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, францускиот амбасадор, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, швајцарскиот амбасадор Н.Е. Кристоф Зомер, претставници на Францускиот институт во Скопје, претставници на ...
Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC) на својата официјална веб-страница, епицентарот на земјотресот бил на 87 километри од Лариса. #Earthquake (#σεισμός) possibly felt 21 sec ago in #Greece. Felt it? Tell us via: https://t.co/QMSpuj6Z2H https://t.co/AXvOM7I4Th https://t.co/wPtMW5ND1t Automatic crowdsourced detection, not seismically ...
Тригодишно дете во Штип се затруло со „бензодиезепами“. Задржано е на лекување во штипската болница. - На 11.03.2026 во 18:18 часот во СВР Штип е пријавено дека на Детското одделение при Клиничка болница Штип во 11.47 часот на детското одделение дошла Н.С.(24) од Штип со нејзиното тригодишно дете, кое било затруено. По извршени испитувања е констатирано дека кај детето има присуство на „бензодиезепами“ и ќе биде задржано на опсервација, ...
Маж од тетовско пријавил во полиција дека бил нападнат од сопругата која била повозрасна од него. - На 12.03.2026 во 04:30 часот во СВР Тетово, 31-годишник од тетовско пријавил дека во неговото возило, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговата 35-годишна невенчана сопруга, информираа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Маж од тетовско пријавил во полиција дека бил нападнат од сопругата која ...
Денес, на седницата на Советот на Град Скопје беше усвоен ребалансот на Буџетот со кој средствата се зголемуваат за дополнителни 166 милиони денари, средства што директно ги враќаме кај граѓаните преку нови капитални инвестиции за нашиот град, информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според него, особено е важно што ова зголемување не е резултат на нови задолжувања, за како што рече, што тоа често било пракса во минатото. ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека била спроведена акција за подигање на непрописно паркирани возила кај Пазарот во Ченто. „Општина Гази Баба во координација со МВР и Градски паркинг спроведе акција за подигање на возила кои беа непрописно паркирани на јавни површини, тротоари и коловози во околината на Пазарот Ченто. Со ваквото несовесно паркирање се попречува движењето на возилата, јавниот превоз и ...
„Кили ни отиде… Те сакаме!“, напиша Гордана Деан Поп-Христова, сопругата на актерот Кирил Поп-Христов – Кили, споделувајќи низа семејни фотографии. На фотографиите Кили е во друштво на сопругата Гордана, ќерките Јоана и Нина Деан, како и внучето. Актерот од 2014 година живееше во Еквадор со сопругата и ќерката Јоана. Кирил Поп Христов-Кили почина на 58-годишна возраст од инфаркт. Роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на ...
Градоначалникот на Општина Карпош, Стоир Лукровски денеска информираше дека завршиле со рекнструктивниот зафат на дел од улицата Бранислав Нушиќ во населбата Карпош 2. „Според планираната работна динамика, завршивме со реконструктивниот зафат на дел од улицата Бранислав Нушиќ во населбата Карпош 2. Станува збор за инвестиција вредна 9.889.366 денари, каде беше поставен нов асфалт во должина од 366 метри, нови рабници и тротоари“, истакна ...
Градот Скопје ќе додели субвенција од 40 милиони денари (околу 650.000 евра) на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Средствата треба да бидат искористени за набавка на мали контејнери со зафатнина од еден метар кубен. Одлуката беше донесена на денешната седница на Советот на Град Скопје, со цел подобрување на инфраструктурата за собирање и транспортирање на отпадот во главниот град. Градот Скопје ќе додели субвенција од 40 милиони ...
Во некои од Фејсбук-групите за огласување на станови во Скопје, еден скопјанец кој издава стан под кирија, сподели непријатно искуство со турски државјани на кои им издал стан. Нив ги оцени како „кираџии од пеколот“ и им порача на останатите издавачи да внимаваат. „Дамла Којун и Есманур Џевахир, наводни студенти на Меѓународен Балкански Универзитет. Влегоа во станот на 03.10.2025, со уредно потпишан и заверен договор за закуп на една година. ...
Компанијата dm drogerie markt го означи почетокот на платформата „Иднина која инспирира“ со настан што обедини волонтерска активност, панел-дискусија и споделување лични волонтерски приказни. Станува збор за нова платформа насочена кон поттикнување на општествениот ангажман и активното учество на поединците во обликувањето на заедничката иднина. Во рамки на настанот повеќе од 100 новинари, инфлуенсери, соработници, волонтери и претставници на ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите љубители на поезијата и музиката на 18 март, од 19:00 часот, во „Лабораториум“, на целовечерен поетско-музички настан „Светот ја слави поезијата. Градот ја слуша!” „По повод 50 години од постоењето на нашата општина организираме серија настани што ќе ја збогатат градската културна сцена. Почнуваме со дружење посветено на поезијата и музиката, со наши домашни автори. ...
Бројот на туристите во јануари годинава изнесува 52 943, од кои 38,2 проценти се домашни, а 61,8 проценти странски, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Најмногу странски туристи во јануари годинава имало од Турција, 6 732, Србија, 3 563, Бугарија, 3 256, Грција, 3 060, ... Во јануари се реализирани 103 983 ноќевања, 45,5 проценти од домашни туристи, а 54,5 проценти од странски туристи. Податоците на ДЗС покажуваат дека вкупниот број ...
Од Царинската управа денеска информираа дека царинските службеници на граничниот премин Блаце, на влез во државата, спречиле обид за криумчарење на вкупно 120 килограми тутун за наргиле, со вредност од 384 илјади денари кои биле наменети за продажба на македонски пазар. „Против сторителот, од страна на Одделението за истраги, е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик. Со ова е спречен ...
Високите стандарди во создавањето вина, децениската посветеност на квалитетот и континуираните успеси на меѓународната сцена донесоа значајно признание за винарската визба „Тиквеш“, која ја освои титулата „Best Producer – Republic of North Macedonia“, на престижниот вински натпревар Mundus Vini. „Да се биде прогласен за најдобар производител од Македонија на натпревар со реномето на Mundus Vini е потврда за нашата посветеност, визија и ...
Скопјанка сведочи за инцидент што се случил во саботата вечерта околу 19 часот во скопската населба Црниче. Според нејзиното сведоштво, за весникот „Вечер“, 70-годишен татко физички ја нападнал својата 30-годишна ќерка на балкон од станбена зграда. Очевидци раскажале дека мажот ја удирал жената со саксии по главата, но и удирал и силни шлаканици по лицето. Девојката барала помош од минувачите. „Викаше ‘помогнете ми’, бараше некој да повика ...
52-годишниот професор од Средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, пријавен за сексуално вознемирување на 18-годишна ученичка, доби мерки на претпазливост наместо притвор. Од Министерство за внатрешни работи информираат дека му е одземен пасошот, му е изречена забрана за приближување до девојчето и има забрана за извршување на работните обврски. Неофицијално, на разговор во полиција биле повикани и поранешни ученички за кои ...
Советот на Град Скопје денеска ќе ја одржи 9-тата редовна седница, на која како главна точка на дневниот ред ќе се најде Предлог-изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2026 година, на предлог на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Со предложениот ребаланс се предвидуваат дополнителни средства за реализација на значајни инфраструктурни, образовни и сообраќајни проекти, насочени кон унапредување на квалитетот на живот на ...
Со претставниците на маркетите заеднички заклучивме дека треба да има фер цени на производите и оти не треба да има ново зголемување, информираше премиерот Христијан Мицкоски по средбата што се одржа вчера попладнето во Владата. Преку објава на социјалните мрежи, премиерот нагласи дека нема да дозволат отстапувања и профитерство. -Имав средба со големите маркети. Активно ја следиме состојбата и нема да дозволиме отстапувања и профитерство. ...
Овој светител пострада од Агарјаните во 1727 година. Како што пишува на кивотот во кој се чува неговата чесна глава, во тој период од нивното владеење, Агарјаните имаа свиреп обичај за време на тридневното празнување на празникот Рамазан насилно да приведуваат во својата исламска вера некои од поробените христијани. Во страв и трепет пред нивниот незадржлив гнев, незаштитените и угнетени христијани се сокриваа кој како умееше и можеше. ...
Прекрасни вести од Скопската зоолошка градина. По 42 дена трпеливо чекање, ЗОО Скопје доби ново бебе пингвин од загрозениот вид Хамболт пингвини. „Горди родители повторно се Лила и Џонатан. И овојпат, таткото Џонатан ја презеде главната улога, внимателно го инкубираше јајцето и постојано го штитеше гнездото, додека Лила повеќе време поминуваше во базен“, велат од Скопската зоолошка во објавата на Фејсбук. Од таму објаснуваат дека оваа ...
Со влезот на Месечината во Јарец, вниманието се префрла кон дисциплината, одговорноста и практичните чекори. Ова е период кога вреди да се внесе ред во работите што неодамна биле хаотични или нејасни. Месечината во Јарец потсетува дека стабилноста се гради преку трпеливи и доследни одлуки. Во исто време, хармоничниот аспект меѓу Месечината и Марс во Риби носи силна мотивација и ентузијазам. Оваа комбинација е особено продуктивна, затоа што ...
Уставниот суд ги отфрли трите иницијативи со кои се оспоруваа одредбите од Законот за прекршоци поврзани со системот „Сејф сити“. Судиите оценија дека нема основа за поведување постапка против дигиталното известување за сообраќајни прекршоци. Уставната судијка Ана Павловска-Данева беше децидна дека законот важи за целата територија на државата, а не само за одредени општини каде моментално се поставени камерите. Според неа, прашањето за ...