Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Доналд Трамп кажа дека испраќањето на проектили „томахавк“ во Украина би била ескалација на војната, но ќе разговара за нив со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска пристигна во третата посета на Белата куќа оваа година. Трамп неодамна најави дека би можел да ѝ даде проектили со долг дострел на Украина, но по вчерашниот телефонски разговор со Владимир Путин навести дека се премислува околу тоа. „Ќе разговараме за тоа. Тоа би ...
Две лица загинаа, а околу 80 се повредени откако се преврте автобус кај српскиот град Сремска Митровица. Српското министерство за внатрешни работи кажа дека автобусот превезувал работници на фирмата „Хелткер“. Полицијата соопшти дека автобусот од засега непознати причини излетал од патот и се превртел на покрив. „Сообраќајот на оваа делница е во прекин. Дел од автобусот е целосно деформиран од ударот во земјен насип“, објавија локалните ...
Доналд Трамп сака да остави трага во Вашингтон со изградбата на триумфална порта налик на онаа во Париз. Тој го најави планот на вечера за богати бизнисмени, кои ветиле дека ќе донираат пари за огромна балска сала во Белата куќа вредна 250 милиони долари. Трамп не кажа колку би чинела портата. „Ќе биде навистина убава. Мислам дека ќе биде фантастична“, рече Трамп. Многумина претседатели се обидоа да остават свој белег во Белата куќа, а Трамп ...
Контролорите на летање преку нивниот синдикат покажаа над 40 документи кои ако имаше судење, а не одлука за забрана на штрајк зад затворени врати, требаше да ги презентираат денеска пред судијката Сашка Трајковска во Граѓанскиот суд Скопје. Претседателот на Самостојниот синдикат на контролори на летање, Александар Тасевски, кажа дека воопшто и не знаел оти раководството на Македонска навигација (М-НАВ) под водство на директорот Владимир ...
Семејството на Исак Андик, основачот на компанијата „Манго“, инсистираше дека неговиот син е невин откако медиумите сугерираа дека тој е потенцијален осомничен за смртта на милијардерот. Андик (71) почина минатиот декември откако наводно паднал од 100 метри во клисура додека планинарел во близина на Барселона со својот син Џонатан. Иако првичната истрага на каталонската полиција го прогласи случајот за несреќа, полициски и судски извори рекле ...
Од декември во основните и средни училишта во земјава ќе почне проектот „Фискална едукација“, со кој учениците ќе се запознаат со улогата на даночниот систем и да ги надоградат своите знаења за фискалната писменост. Министерството за образование и наука (МОН) и Управата за јавни приходи (УЈП) денеска потпишаа меморандум за спроведување на проекот, затоа што, како што рекоа министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на ...
Промена на филтрите на оџаците во РЕК, ненајавени контроли на депонијата за пепел во комбинатот, фабрика за рециклажа на отпадот од градот наместо регионлна депонија за ѓубре, обиколници и реорганизација на јавните претпријатија се само дел од мерките што кандидатите за градоначалник на Битола ги најавија на панел-дискусијата за примена на зелената агенда во развојот на градот, што ја организираше регионалното географско друштво „Геосфера“ од ...
Инспекциските служби ќе постапат согласно своите надлежности. Одговорност мора да има, најави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој беше во Струга за, како што рече, лично да се запознае со состојбата на оштетената куќа-музеј на Владо Малески, објект со големо историско и културно значење. „Вчера, Управата за заштита на културното наследство испрати инспекциска служба која изврши увид на терен. Констатирани се сериозни ...
„Континуитет како метафора 1967 – 2012 / 2012 – 2025“ е насловена изложбата на уметникот Васил Василев, што ќе се отвори вечерва во 19 часот во Даут пашин амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ). Кураторка на изложбата е Викторија Васева-Димеска, организатори се Маја Неделкоска-Брзанова, кустос советник и Александра Зиновски-Вилиќ, кустос. „Скулпторскиот опус на Васил Василев е еден континуум на темелни, истрајни и ...
Во Основниот суд во Куманово продолжи судењето против Златко Јовановски од Кратово, кој во алкохолизирана состојба минатата година го усмрти пешакот Мартин Димитров (33) од Кратово. Јовановски е обвинет за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот затоа што на 19 јануари 2024 со своето возило удрил во Димитров и му нанел сериозни повреди, од кои почина на 12 март 2024 по 50 дена поминати во болница. На ...
Министерството за внатрешни работи ќе користи и дронови за следење на изборите за побрза интервенција во случај на инциденти. Како што соопштија од МВР, согласно направените проценки и воспоставените планови, на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на избирачките места и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир. „Безбедноста на ...
Околу 49 илјади граѓани досега се пријавени за вакцина против сезонски грип, а набавени се 80.000 дози четиривалентна вакцина од холандскиот производител „Абот“. Вакцинацијата почна на 16 октомври, а пријавувањето продолжува на vakcinacija.mk. Првиот ден биле вакцинирани 2.000 граѓани. Вакцинацијата против сезонски грип се спроведува на 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет пункта се во Скопје. Денеска во Гостивар, на Одделението за ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја прослави одлуката новата средба на Доналд Трамп и Владимир Путин да се одржи во Будимпешта, каде што ќе разговараат за завршување на војната во Украина. Трамп и Путин вчера разговараа телефонски, при што договориле да се сретнат во Унгарија, што треба да се случи во следните две недели. Орбан, кој има блиски односи и со Трамп и со Путин, кажа дека неговото спротивставување на западната воена и финансиска ...
Гитаристот Ејс Фрејли, еден од основачите на американската рок група „Кис“, почина на 74 години од последиците на пад во своето студио, објави неговото семејство. Фрејли паднал пред неколку недели, но вчера бил хоспитализиран откако му се влошила состојбата и починал од крвавење во мозокот. Роден како Пол Даниел Фрејли, тој беше познат на сцената како Спејсмен од времето кога „Кис“ го основал заедно со Пол Стенли, Џин Симонс и Питер Крис во ...
Володимир Зеленски ќе се сретне со Доналд Трамп во Белата куќа денеска, додека Трамп размислува дали да ја снабди Украина со проектили „томахавк“, со кои Украина би можела да напаѓа подлабоко во Русија. Нивната средба следува ден по телефонскиот разговор на Трамп со Владимир Путин, за кој кажа дека бил многу продуктивен и бил постигнат прогрес. Тие притоа договориле нова средба, што треба да се одржи во Будимпешта следната недела. „На Москва ...
Доналд Трамп кажа дека договорил нова средба со Владимир Путин за да разговараат за завршување на војната во Украина. Американскиот претседател утре ќе се сретне со Володимир Зеленски во Белата куќа. Трамп кажа дека средбата со Путин ќе се одржи во Будимпешта, а ја договориле во денешен двочасовен телефонски разговор, што го опиша како многу продуктивен. Кремљ ја потврди средбата, чиј датум засега не е утврден. Изненадувачкиот развој на ...
„Го прогласувам нусето Габриела за умрено“, напиша кандидатот за советник Љупчо Петровски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Битола на Фејсбук за кандидатката за градоначалничка Габриела Илиевска од граѓанската иницијатива „Поинаку“. Коментарот го напиша на фејсбук профилот на градоначалникот Тони Коњановски од истата партија, под објава на која Коњановски ги повикува граѓаните да проследат ТВ дебата со кандидатите за градоначалници. Откако ...
Политички активисти од СДСМ денеска напладне биле нападнати од политички противници на Движењето ЗНАМ во кумановската населба Средорек. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдуваат дека кај нив било пријавено оти активисти на една партија нападнале активисти од друга партија, додека делеле изборен материјал. „Денеска околу 11:40 часот, А. К. (32) и И. С. (33), двајцата од Куманово, пријавиле дека во населбата Средорек, додека ...
Грчкиот парламент го одобри спорниот закон за труд кој дозволува 13-часовен работен ден, и покрај жестокото противење и националните штрајкови. Владата изјави дека ќе ги модернизира грчките закони за труд, но портпаролот на левичарската опозициска партија Сириза го опиша законот како монструозен. Според новиот закон, годишната прекувремена работа се ограничува на 150 часа, а стандардната 40-часовна работна недела останува во сила. Владата ...
Главната расправа за катастрофалниот пожар во дивата дискотека „Пулс“ во Кочани на 16 март, во кој загинаа 63 главно млади луѓе и деца, а над 200 беа повредени, почнува на 19 ноември, во судницата во Казнено-поправната установа (КПУ) „Идризово“, соопшти Кривичниот суд. Обвинителниот акт беше поднесен на втори јули, а Судот на 3 октомври соопшти дека е во целост одобрен. Оценката на обвинителниот акт траеше подолго од истрагата, што е преседан ...
Жителите на населените места Велмеј, Брежани и Лешани во Општина Дебарца веќе 10 дена се без сигнал за мобилна телефонија и интернет од двата оператори, А1 и Телеком, а претплатниците на Телеком немаат ниту телевизиски сигнал. На 6 октомври дошло до неколкукратен прекин на електрична енергиј, по што настанал проблемот во овие села со главно стари и изнемоштени жители. Жителите велат дека иако е реагирано до операторите А1, Телеком, ...
Полицијата во опрема за разбивање нереди се судри со лекарскиот персонал од државна болница во Атина при посетата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Полицајците фрлија солзавец и употребија палки и штитови за да ги потиснат лекарите од универзитетската клиника „Атикон“, кои бараа да се сретнат со Мицотакис, објавија грчките медиуми. Здравствените работници протестираа поради недостиг на кадар, ниски плати и лоши услови за работа. ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на вчерашната средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, побара помош од Европската Унија за пронаоѓање на „креативно решение“ со кое би се деблокирал патот на Македонија кон членство. Според денешното соопштение од нејзиниот кабинет, Сиљановска-Давкова изразила очекување Унијата да помогне во изнаоѓање на излезно решение, бидејќи, како што кажала, прифаќањето на земјите ...
Судијката Сашка Трајковска од Основниот граѓански суд Скопје по поднесената тужба од тројцата директори на М-НАВ со Предлог за забрана за организирање на штрајк, денеска го забрани најавениот штрајк за 20 октомври (понеделник), од страна на Синдикатот на контролори на летање. Во решението судијката Трајковска се повикува на „Тужба со барање за времена мерка – забрана за штрајк“, а тужбата од Управниот одбор на М-НАВ е само „Предлог за забрана ...
Нискобуџетната холандско-француска компанија „Трансавиа“ од ноември ги укинува летовите меѓу Амстердам и Скопје. Последниот лет е закажан за 26 октомври. Летот на „Трансавиа“ од Скопје до Амстердам беше воведен од 2 март година. Компанијата не користеше субвенции од македонскиот државен буџет. Летот нема да биде обновен ниту со идниот летен ред на летање што почнува на крајот на март 2026. „‘Трансавија‘ нема да ја оперира линијата ...
Разрешениот директор на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, доби јавна морална осуда од Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора. Министерот за здравство Азир Алиу на 10 октомври го разреши д-р Кузмановски, откако на социјалните мрежи се појави видео во кое Кузмановски во домашна атмосфера меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијација за кокаин и разговара со друго лице. Вчера, Државниот ...
Француската влада ги преживеа двете гласања за доверба во парламентот, што беа поднесени од левицата и десницата откако претседателот Емануел Макрон го врати Себастијан Лекорну на премиерската функција минатиот викенд. Првото гласање беше понеизвесно откако Лекорну се спаси за само 18 гласови, додека во второто гласање, побарано од крајната десница, разликата беше дури 145 гласови. Лекорну направи голема отстапка во пресрет на гласањето и ги ...
Обвинителката Ленче Ристоска, која е и македонска обвинителка во Агенцијата на Европската Унија за соработка во кривичната правда (Еуроџаст / Европравда), дека се чувствува притисната, загрозена и нападната како обвинителка по соопштението од владејчката ВМРО-ДПМНЕ од 14 октовмри, во кое ѝ се заканува со „крај“ за неа, ја нарекува земачка на бонуси и соработничка со криминалци. Ристоска потсетува дека секојдневното навредување од највисоките ...
Во Драмскиот театар во Скопје, на 18 октомври премиерно ќе се изведе претставата на „Куршуми над Бродвеј“, работена по текст на Вуди Ален и Даглас Мекграт, во режија на Ненад Витанов. Режисерот на денешната прес-конференција рече дека во текстот не е интервенирано ништо, како и дека костимите се автентични. „Ова е претстава за непринципиелната коалиција меѓу мафијата и уметноста. На сцената се судруваат световите на актерите, авторите, ...
Во земјава се укинати клучни тестирања во програмите за мајки и деца, како на пример, за прееклампсија (состојба со висок притисок) во бременост, за слух кај новороденчиња, а намалени се средствата за медикаментозен абортус, заклучено е на форумот „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“, кој се одржа вчера со граѓански организации и институции од здравствениот сектор. Според извештаите, услугите за најранливите се недоволно ...