Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
За време на Првата светска војна, Македонскиот фронт (1915-1918) во тие први години можеби и не бил толку битен за тогашните воено-историски прилики, но на крајот од војната станал значајна историска приказна,сметаат историчарите. Токму за овие значајни настани од македонската историја зборува изложбата „Македонија, Македонци и Македонски фронт“ посветена на 110-годишнината од отворањето на Македонскиот фронт, организирана од Историскиот ...
САД воведоа нови санкции за Русија, кои се однесуваат на нафтените компании „Роснефт“ и „Лукоил“ во обид да се притисне Москва да преговара за мировен договор со Украина. „Секој пат кога зборам со Путин имаме добар разговор и потоа тие не водат никаде. Тие едноставно не водат никаде“, рече Доналд Трамп по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Најавата за санкции уследи еден ден откако Трамп кажа дека планираниот самит со ...
Комарци се пронајдени во Исланд за првпат, додека глобалното затоплување ја прави земјата попријатна за инсектите. До овој месец, Исланд беше едно од ретките места во светот каде што немаше популација на комарци. Другото е Антарктик. Научниците веќе некое време предвидуваа дека комарците би можеле да се населат во Исланд бидејќи има изобилство живеалишта за размножување, како што се мочуришта и езерца. Исланд се затоплува и тоа четирипати ...
Ѓубрето од контејнерите не се собира бидејќи дел од камионите на Јавното претпријатие (ЈП) „Комунална хигиена“ се расипани, а нема ни резервни делови за да се поправат. Од единствениот репрезентативен Синдикат за комунални дејности (СУТКОЗ) и од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) велат дека имале средба со вработените во претпријатието на кој им било кажано дека веќе извесен период имаат проблеми со механизацијата. На состанокот, иако ...
Со истрагата за злоупотреби при јавните набавки во Прилепската болница „Борка Талески“, за што од синоќа постапува и Управата за финансиска полиција, опфатени се 32 физички и правни лица, соопштија од Основното јавно обвинитлество (ОЈО) од Прилеп. Меѓу осомничените се и поранешната директорка на болницата Кети Смилеска, раководители и други вработени на установата, но и управители на осомничени правни лица. По поднесена кривична пријава од ...
Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредби до Министерството за внатрешни работи и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на Јавното претпријатие (ЈП) „Комунална хигиена“, изјавија од Обвинителството за САКАМДАКАЖАМ.МК. Обвинителството веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело. Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да извршат вонреден ...
Литванија привремено го затвори аеродромот во Вилнус откако десетици балони со кои се шверцуваат цигари влегле во воздушниот простор на земјата, објави Националниот центар за управување со кризи. Прекинот траел осум часа, поради што биле откажани 30 летови, што погодило околу 4.000 патници, кажаа од аеродромот. „Работата на аеродромот беше прекината поради метеоролошки балони со кои се шверцуваат цигари од Белорусија. Поради ова беше ...
Русија го нападна Киев за првпат од 28 септември, набргу откако стана јасно дека нема да има ништо од самитот Трамп-Путин во Будимпешта. Најмалку шест луѓе загинаа во поширокиот киевски регион, вклучувајќи две деца, кажа претседателот Володимир Зеленски. Остатоци од соборени проектили и дронови предизвикале пожари во половина од градските окрузи, изјави шефот на воената управа на Киев, Тимур Ткаченко. „Украина одамна се согласи со предлогот ...
Поминаа скоро два месеца од почетокот на школската година, а стотици ученици од Општина Долнени уште се без бесплатниот школски автобуски превоз до прилепските средни училишта. Почнаа тестирањата за оценка на тромесечјето, а дел од учениците или не одат воопшто на школо или се нередовни зашто превозот го плаќаат сами. „Ова се случува за време на локални избори кога на сите страни се ветуваа патишта, а никој не кажа како да се обезбеди автобус ...
Накитот украден од Лувр во неделата има проценета вредност од 88 милиони евра, објави јавната обвинителка на Франција, Лора Бекуо, повикувајќи се на кураторот на музејот. „Сумата е извонредна, но загубата за француското културно наследство е уште поголема“, кажа Бекуо. Меѓу украдените драгоцености се предмети што двајца цареви Наполеон ги подариле на своите сопруги. Филмскиот грабеж траел само неколку минути откако четворицата маскирани ...
Доналд Трамп потврди дека засега нема да има втор самит со Владимир Путин, велејќи дека не сака уште еден залудно потрошен состанок. Трамп навести дека клучна пречка останува одбивањето на Русија да ги прекине борбите на сегашната линија на фронтот. Висок функционер на Белата куќа претходно кажа дека нема планови за средба Трамп-Путин во блиска иднина. Минатата недела, Трамп објави дека ќе се сретне со рускиот претседател во следните две ...
По наредби и насоки на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Прилеп постапува Управата за финансиска полиција во болницата во Прилеп. Од Обвинителството соопштија дека се преземаат дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работата болницата. Дејствијата се преземаат во моментов, а повеќе детали ќе бидат утре. Радио Пела, повикувајќи се на неофицијални информации, објави дека приведени се 27 лица поврзани со ...
Нема планови Владимир Путин и Доналд Трамп да се сретнат во блиска иднина, изјави функционер од Белата куќа. Минатата недела, Трамп објави дека ќе се сретне со рускиот претседател во следните две недели и Будимпешта веќе беше потврдена како место на средбата. На ова требаше да му претходи подготвителна средба на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио, планирана за овој четврток во ...
Полска го предупреди рускиот претседател Владимир Путин да не патува низ нејзиниот воздушен простор за самитот со Доналд Трамп во Будимпешта, велејќи дека би можела да ја спроведе меѓународната потерница за него. Трамп минатата недела објави дека овој месец планира да се сретне со Путин во унгарската престолнина како дел од неговите напори за завршување на војната во Украина. Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг издаде налог за апсење на ...
Европските сојузници на Украина упатија внимателно формулирано предупредување до Доналд Трамп поради неговата млака поддршка за Киев, поддржувајќи го неговиот повик за прекин на борбите, но отфрлија секаков предлог за територијални отстапки кон Русија. Во заедничка изјава потпишана од Володимир Зеленски, Кир Стармер, Фридрих Мерц, Емануел Макрон, Џорџа Мелони, Урсула фон дер Лајен и други европски лидери, групата кажа дека е обединета во ...
Нема пријавени на јавниот повик распишан од јавното претпријатие за водостопанство (ЈПВ) „Лисиче“ за механичко отстранување наслаги и друга органска материја од вештачкото езеро Младост кај Велес. На повикот, кој заврши на 13 октомври, се бараше фирма која ќе ја отстранува органската маса од изумрени алги и трски која плива по површината, но и ќе ги отстрани исушените дрвја и ќе ја исече трската по крајбрежјето, за што има дозвола од ...
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола, по спроведена претходна постапка, до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против службено лице – поранешна директорка на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ Во Битола, која е обвинета за продолжени кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување и Фалсификување исправа, како и две кривични дела предвидени во Законот за трансформација во редовен работен однос. „Со продолжените ...
Словачкиот суд го осуди на 21 година затвор мажот кој пукаше и го рани премиерот Роберт Фицо во мај минатата година. Седумдесет и двегодишниот Јурај Цинтула пукаше петпати кон Фицо од растојание од еден метар додека тој одеше на седница на владата во градот Хандлова. Судењето во Банска Бистрица започна во јуни и главното прашање беше дали пукањето е терористички чин или помалку сериозно кривично дело, како обид за убиство или напад. Фицо беше ...
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во државното Јавно обвинителство, упати итно барање до надлежните органи на Србија за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со битолскиот бизнисмен Борче Марковски, кој е осомничен и е во притвор за злоупотреби во РЕК „Битола“ со јавни ...
Општина Штип изгради Дино парк на површина од речиси 10.000 квадратни метри во излетничката месност Кртеќе, каде е и паркот Бриони и Зоолошката градина. Поставени се педесетина експонати, од кои дваесетина се виртуeлни диносауруси кои реагираат на сензори и движат и при тоа испуштаат крикови. Целиот парк, заедно со сите придружни објекти, патеки и комплетното уредување и осветлување, ќе чини 50 милиони денари (над 800 илјади евра). ...
Никола Саркози стана првиот повоен француски претседател кој завршил зад решетки откако денеска почна да ја служи својата петгодишна затворска казна. Тој неодамна беше осуден за илегална шема на финансирање на својата кампања со пари од Либија и судот во Париз му нареди да оди во затвор пред да се решава за неговата жалба. Саркози утрово го напушти својот дом во Париз, држејќи ја за рака сопругата Карла Бруни, а казната ќе ја служи во ...
Од 1 до 20 ноември ќе се реновира гледалиштето во Театар Комедија во Скопје, а сите претстави ќе се играат на Малата сцена. Од Театарот велат дека ќе се изведуваат градежни и технички реконструкции на гледалиштето и во тој период ќе бидат поставени нови столчиња и нов под. „И покрај реконструкцијата, театарот ќе продолжи да работи според редовниот репертоар за ноември, а сите претстави ќе се изведуваат на Малата сцена. Оваа реконструкција се ...
Поради недоволен цензус, првиот круг локални избори ќе се повтори во Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и во Центар Жупа, кажа Државната изборна комисија. Во овие четири општини не се исполнети условите за излезност од законскиот минимум од една третина од запишаните избирачи на ниво на општина, како за градоначалник, така и за советници. Така во Гостивар место една третина, одѕивот е 33,31 проценти, па поради тие 0,02 отсто, гласањето ќе ...
Криминалните банди низ Европа сè повеќе крадат вреден накит и злато од музеи и иако властите често ги фаќаат крадците, тие се мачат да ги вратат непроценливите добра, велат експертите за уметност. Само мала група криминалци би била способна да изведе дрзок грабеж како оној во Лувр во неделата и тие можеби веќе ѝ се познати на полицијата, велат специјалистите. Но, самите предмети би можеле брзо да се растурат на делови и да се продадат. „Ако ...
Скопје пак е затрупано во ѓубре. Од викендов камионите на ЈП „Комунална хигиена“ не го собираат ѓубрето, па контејнерите секаде се преполни. Со ѓубре се затрупани пешачките патеки и улиците околу контејнерите, бидејќи граѓаните немаат каде да го фрлаат ѓубрето, па го оставаат околу садовите. Според неофицијални информации, камионите на ЈП „Комунална хигиена“ се расипани и затоа не излегуваат на улиците да чистат. Градоначалничката Данела ...
Јапонскиот парламент ја избра ултраконзервативката Санае Такаичи за нова премиерка, со што таа стана првата жена на оваа функција во историјата на земјата. Гласањето се случи ден откако лидерката на Либерално-демократската партија постигна коалициски договор со нов партнер, десничарската Партија на иновации. Такаичи доаѓа на местото на Шигеру Ишиба, кој поднесе оставка по само една година на чело на владата. На денешното гласање во долниот ...
Поранешниот француски претседател Никола Саркози утре почнува да ја служи својата казна откако неодамна беше осуден на пет години затвор за илегална шема на финансирање на својата кампања со пари од Либија. Саркози со тоа ќе стане првиот поранешен шеф на членка на ЕУ и прв повоен француски претседател кој завршил зад решетки. „Не се плашам од затвор. Одам со крената глава“, изјави Саркози, кој денеска беше примен од Емануел Макрон во ...
Во Основиот суд Куманово денска беше изречена пресудата од 8 години затвор на возачот Златко Јовановски од Кратово, кој во алкохолизирана состојба минатата година го усмрти пешакот Мартин Димитров (33) од Кратово. Јовановски е неправосилно осуден за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Тој на 19 јануари 2024 во 17.25 часот со автомобил удрил во Димитров и му нанел сериозни повреди, од кои почина на ...
Министрите за енергетика на ЕУ денеска го поддржаа предлогот за постепено укинување на увозот на руски гас и нафта во блокот до јануари 2028, соопшти Европскиот совет. Тие ги одобрија плановите, со кои постепено ќе се укинат новите договори за увоз од јануари 2026, постојните краткорочни договори од јуни 2026 и долгорочните договори во јануари 2028. Законот сè уште не е конечен. Членките на ЕУ мора да преговараат за конечните правила со ...
Партиите ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и ЗНАМ, имаат значителен пад на гласовите за нецела година и пол, покажува споредбата на резултатите од парламентарните избори во 2024 и локалните во 2025 година. Анализата на бројот на освоени гласови за советничките листи во општините покажа дека четирите партии заедно изгубиле речиси 200.000 гласови по преброени 99,91 отсто од гласовите. Најголем пад во апсолутни бројки има владејачката ВМРО-ДПМНЕ. ...