Висок американски функционер објави нови детали за она што кажа дека било подземно нуклеарно тестирање спроведено од Кина на 22 јуни 2020. Помошник-државниот секретар Кристофер Јиу рече дека далечна сеизмичка станица во Казахстан измерила експлозија со магнитуда од 2,75, чиј епицентар бил 720 километри подалеку, на полигонот за тестирање Лоп Нор во западна Кина. „Постои многу мала можност дека станувало збор за нешто друго освен за ...

Министерството за транспорт и врски го измени Правилникот за урбанистичко планирање, со кој хотели со 20 соби станаат објекти од државно значење и со тоа се олеснува постапката за нивна изградба. Министерството го донесе измените без да ги прифати забeлешките на урбанистите и граѓанските иницијативи, кои го критикуваа ваквото решение. Измените се донесени на 12 февруари, само два дена по одржување на стручната расправа на која беа изнесени ...

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф изјави дека бил постигнат значаен напредок на првиот ден на мировните разговори помеѓу Украина и Русија во Женева, додека Володимир Зеленски го критикуваше Доналд Трамп дека постојано бара преголеми отстапки од Киев. Трамп претходно кажа дека успехот на разговорите зависи од Украина, без да ја спомне Русија, иако таа не се откажува од своите максималистички територијални барања. Во интервју за ...

Иран соопшти дека постигнал разбирање со САД за главните водечки принципи за решавање на нивниот спор околу иранската нуклеарна програма. Зборувајќи по индиректните разговори во Женева, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи додаде дека ова не значи дека се блиску до договор. САД засега не се огласија со коментар. „Презентирани беа различни идеи, за овие идеи сериозно се дискутираше и на крајот успеавме да постигнеме општ договор ...

Повеќе од 80 сегашни и поранешни учесници на Берлиналето потпишаа отворено писмо до фестивалот во кое го осудуваат она што го нарекуваат „молчење“ кога станува збор за конфликтот во Газа и „цензурата“ на уметниците кои проговориле. Актерите Тилда Свинтон, Хавиер Бардем, Анџелики Папуља, Салех Бакри, Татјана Маслани, Питер Мулан и Тобијас Мензиес, како и режисерите Мајк Ли, Лукас Донт, Нан Голдин, Мигел Гомес, Адам Мекеј и Ави Мограби се меѓу ...

Министерството за транспорт и врски го измени Правилникот за урбанистичко планирање, со кој хотели со 20 соби станаат објекти од државно значење и со тоа се олеснува постапката за нивна изградба. Министерството го донесе измените без да ги прифати забeлешките на урбанистите и граѓанските иницијативи, кои го критикуваа ваквото решение. Измените се донесени на 12 февруари, само два дена по одржување на стручната расправа на која беа изнесени ...

На Попова Шапка има над 50 сантиметри снег, а променливото време создава услови за појава на лавина. При една лавина која се случила вчера на врвот Церипашина повреден е скијач од Данска. „На 16.02.2026 во 14:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано Церипашина, има повредено едно лице. Екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф. М. Л. (24) од ...

Украинските сили ги засилуваат темпото и обемот на својата противофанзива, ослободувајќи неколку помали населени места во југоисточниот регион Запорожје во изминатата недела, објави Институтот за проучување војна (ИПВ) со седиште во САД. Според него, главното украинско напредување е забележано 80 километри источно од градот Запорожје, каде што руските сили напредуваа од минатото лето. Украинската војска, исто така, повратила контрола врз ...

Седницата на Советот на јавни обвинители на која треба да се даде мислење до Владата за пријавените петмина кандидати за избор на Државен јавен обвинител, почна со исклучување на еден од нив, а тоа беше Владимир Панчевски. Членовите на Советот едногласно го исфрлија од списокот зашто не ги исполнувал условите за непрекинат судиски или обвинителски стаж, бидејќи по 13 години работа како судија, тој беше осуден за кривично дело и отслужуваше ...

Претставата „Пламенка“ во режија на Софија Ристевска-Петрушева, според истоимениот роман на Петре Димовски објавен пред 30 години, ќе има премиера на 19 февруари во 20 часот во Народниот театар Битола. Режисерката вели дека во центарот на претставата е македонската жена која го преживеала турското ропство, Балканските војни, Првата и Втората светска војна, ѝ починале децата, едното дете се иселило, ѝ го убиле сопругот и на крај останала сама. ...

Владата вели дека СДСМ шири хистерија откако лидерот на опозициската партија Венко Филипче побара одговори од премиерот Христијан Мицкоски за тоа кој патувал со него во владиниот авион на летот за Сплит во август минатата година. Од СДСМ велат дека премиерот го користел државниот ресурс за заминување на одмор и бараат отчет за сопатниците на овој лет. „Гледаме како се луксузирал премиерот, како го користел владиниот авион да оди на одмор без ...

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска на блокада пред Владата, за да не можат со коли да дојдат премиерот и министрите, постави услов до крајот на месецов февруари да се изгласа 600 евра минимална плата и зголемување за 100 евра на сите останати плати во администрацијата, за да нема генерален штрајк на работниците во март. „Донесете ја одлуката денеска и нема повеќе блокади и протести, нема да ме видите никаде, ни на протест, ни на ...

Харизматичниот лидер на борбата за граѓански права во САД, Џеси Џексон, кој беше близок соработник на Мартин Лутер Кинг, почина на 84-годишна возраст. „Нашиот татко беше водач-слуга, не само на нашето семејство, туку и на угнетените, безгласните и занемарените низ целиот свет“, соопшти семејството на Џексон. На инспиративниот говорник му беше дијагностицирана Паркинсоновата болест во 2017 година. Медиумски истакнатиот Џексон се залагаше за ...

Македонското еколошко друштво (МЕД) во следните шест месеци ќе спроведува нов меѓународен проект во рамките на програмата LIFE, чија цел е зголемување на популацијата на белоглавиот мршојадец на македонска и грчка територија. Кофинансиран од Европската Унија, во проектот учествуваат и Грчкото орнитолошко друштво, Универзитетот на Крит, грчката Агенција за природна средина и климатски промени и бугарскиот Фонд за дива флора и фауна, под ...

Три лица се убиени, вклучувајќи го напаѓачот, во пукање на младински хокејарски натпревар во американската сојузна држава Род Ајленд. Полицијата кажа дека уште тројца луѓе се превезени во болница во критична состојба. Шефицата на полицијата во Потакет, Тина Гонсалвес, изјави дека некој од гледачите го запрел насилството така што се обидел да го совлада напаѓачот, кој бил на трибините за да гледа член на семејството. Напаѓачот починал откако ...

Гасеници на инсект познат како боров четник пустошат борови шуми низ Македонија, што се очекува да се засили со доаѓањето на пролетта, според најновите наоди на експертите од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. Тие додаваат дека низ земјата се зафатени 9.300 хектари борова шума, а ситуацијата е најалармантна во шумските предели околу Кочани, ...

Жителите на виничкото село Блатец повторно се мобилизираат против изградбата на мини хидроцентрала на реката Блатешница, стравувајќи дека ќе останат без селскиот водовод, единствениот извор на вода за пиење и за наводнување. По протестите и блокадите на крајот на 2022 година, кога тогашните концесионери се откажаа од проектот, жителите веруваа дека опасноста е надмината. Но, според нив, затишјето било само привремено. „По цели 3,5 години, ...

Доналд Трамп изјави дека индиректно ќе биде вклучен во втората рунда разговори помеѓу САД и Иран, што ќе почнат денеска во Женева, додавајќи оти верува дека Техеран сака да склучи договор за својата нуклеарна програма. Овие разговори следуваат по постојаните воени закани кон Иран, не само поради неговата нуклеарна програма, туку и поради бруталното задушување на антивладините протести на почетокот на годината. САД веќе го испратија носачот на ...

Роберт Дувал, легендарниот американски актер кој играше во серија филмски класици како „Кум“, „Апокалипса сега“, „МЕШ“, почина на 95 години. „Боб почина мирно во својот дом, окружен со љубов и удобност. За светот, тој беше актер, режисер, раскажувач, добитник на Оскар. За мене, тој беше едноставно сè. За секоја од неговите бројни улоги, Боб им даде сè на своите ликови. Правејќи го тоа, тој ни остава нешто трајно и незаборавно на сите нас“, ...

Позната карпеста структура во Италија наречена Лакот на вљубените се урна на Денот на вљубените по неколку дена поројни дождови и силни ветрови. Формацијата во Мелендуњо во покраината Апулија беше тиристичка атракција и популарно место за запросувања на јадранскиот брег. „Ова беше непосакуван подарок за Денот на вљубените. Ова е многу тежок удар за регионот и туризмот“, изјави градоначалникот на Мелендуњо, Маурицио Чистернино. Уривањето на ...

Лидерот на унгарската опозиција Петер Маѓар ја започна својата предизборна кампања во Будимпешта, ветувајќи дека ја обнови западната ориентација на Унгарија ако го победи премиерот Виктор Орбан на изборите на 12 април. Маѓар, кој порано беше член на владејачката партија Фидес, се издвои на унгарската политичка сцена во 2024, кога ја формираше партијата Тиса. Откако освои 30% гласови на изборите за Европскиот парламент во јуни 2024, Тиса стана ...

Дана Еден, израелската продуцентка на „Техеран“, хит шпионската серија на „Епл ТВ“, вчера е најдена мртва на 52 години во хотелска соба во Атина, Грција, за време на снимањето на четвртата сезона на серијата. Не е потврдена причината за смртта, но Ројтерс ја цитира грчката полиција кои изјави дека засега се третира како потенцијално самоубиство врз основа на првични докази и сведоштва. Службеници на грчката полиција изјавија дека телото на ...

На неполна недела пред карневалското дефиле во Струмица, подготовките се во полн ек. Речиси сите учесници ги финишираат маските со кои на 21 февруари ќе продефилираат по улиците на градот. Индивидуалци, училишта, карневалски здруженија и неформални групи ги прават последните подготовки, а според најавите и годинава ќе има шаренило од бои и впечатливи креации што ќе привлечат илјадници посетители. Групата „Мулен руж“ работи на маската „Меѓу ...

Жителите од селото Блатец на 20 февруари два часа ќе го блокираат магистралниот пат Виница-Берово кај местото Скараница, каде што се наоѓа крстосницата од која по локалниот пат, по неколку километри, се стигнува до селото. Тоа е последната одлука на жителите на Блатец, донесена во знак на револт, откако по три и пол години повторно се приморани да протестираат и да го блокираат преминот кон реката Блатешница, поради најавата дека некој сака ...

Обилните врнежи на дожд предизвикаа свлечишта на неколку локации во Тетовскиот Регион. Регистрирано е и свлечиште на патот кон Попова Шапка, на околу 150 метри од жичарата. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК) одронот претставува ризик за околните станбени објекти. „На улица 146 во Тетово пријавено е дека паднал потпорен ѕид врз семејна куќа. На терен се излезени лица од Кризниот штаб на Општина Тетово, полициска екипа од ПС Тетово и ...

Доналд Трамп е посветен на успехот на Виктор Орбан зашто неговото лидерство е клучно за американските национални интереси, кажа државниот секретар Марко Рубио при посетата на Будимпешта, изразувајќи му силна американска поддршка на унгарскиот премиер пред изборите на 12 април. Рубио кажа дека американските врски со Унгарија влегоа во златна ера, но се чини го услови тоа со останувањето на Орбан на власт. „Претседателот Трамп е длабоко ...

Во Основниот суд во Тетово продолжи судењето за злоупотребите при изградбата на новиот театар и библиотеката во Тетово. На обвинителната клупа се Сејди Шашивари, сопственик и управител на правното лице од Тетово „Урбан план констракшн“, самото правно лице, Хаки Фазлиу, тогашен директор на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ од Тетово, Артан Арслани, претседател на Комисијата за јавни набавки и потоа в. д. директор на Центарот за култура и ...

Напредок е што Собранието на 11 февруари го донесе Законот за дополнување на Законот за здравствена заштита, со кој се укинува дискреционото право на директорот при вработувања, но тоа не е доволно, потребни се уште измени, вели Никола Димитров од Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“. Центарот, преку Граѓанската сила „Замисли“ и заедно со Македонското здружение на млади правници, Клубот на млади лекари и Асоцијацијата на ...

Поради поплавите во Кичево евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Најмногу поплавени објекти има на улицата Прилепска. На улицата 29 Ноември во населбата Подварош се поплавени подруми во повеќе куќи. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека е организирана достава на храна и вода за загрозените лица со поддршка на Црвениот крст, а на терен активно ...

„Бекутан“, eден од најпрепознатливите македонски брендови за бебешка нега на „Алкалоид“, ќе влезе на пазарите во Балтичкиот Регион преку малопродажната мрежа на „Лидл“, соопшти компанијата. „Со внимателно планиран пласман, производите на ‘Бекутан‘ отсега ќе бидат достапни и за потрошувачите во Летонија и во Литванија, со што се отвора ново поглавје во меѓународниот развој на брендот, зацврстувајќи го неговото позиционирање на европскиот ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
71%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 14ᴼ
3.94
61%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
4.12
53%
1016
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
81%
1015
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
4.86
50%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 14ᴼ
2.06
55%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
6.17
46%
1011
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
63%
1012
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1013
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
5.81
69%
1015
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
5.66
58%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
48%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Бакар

12.11

Цинк

3.43

Алуминиум

3.56

Калај

50.46

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Паладиум

49675.57

Злато

166450.52

Платина

66680.65

Сребро

2840.84

Родиум

326330.08

Рутениум

54591.97