Граѓаните ќе можат кај својот матичен лекар да потпишат изјава за согласност за органдарителство, е една од измените на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, кој од денес е достапен на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР). Од Министерството за здравство велат дека од досегашната примена на законот произлезе потреба да се направат измени и ...

Првата дама на САД Меланија Трамп негираше поврзаност со покојниот финансиер и сексуален престапник Џефри Епстин и побара таквите тврдења „да завршат денеска“. Во изненадувачко обраќање од Белата куќа, таа побара конгресни сослушувања за жртвите на трговијата со луѓе на Епстин. Меланија Трамп исто така ги негираше интернет шпекулациите дека Епстин ја запознал со Доналд Трамп, опишувајќи ги како „злобни обиди за оцрнување на нејзиниот углед“. ...

Вашингтон го обвини Техеран дека не ги исполнил ветувањата во врска со Ормускиот Теснец, ден пред почетокот на мировните разговори во Исламабад, а кревкото примирје е дополнително загрозено од израелските напади врз Либан. Нема знаци дека Иран ја тргнал речиси целосната блокада во Теснецот, што го предизвика најлошото нарушување на глобалното снабдување со енергенси во историјата. Иран вели дека тоа нема да се случи сѐ додека Израел не ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека бара директни разговори со Бејрут, еден ден откако најлошото бомбардирање во војната уби повеќе од 250 луѓе во Либан и го загрози примирјето меѓу САД и Иран на Доналд Трамп. Трамп доцна завчера објави прекин на огнот во шестнеделниот конфликт во Иран, само неколку часа пред истекот на рокот по кој се закани дека ќе ја уништи целата цивилизација на Иран. Во Пакистан, властите се ...

Филмскиот фестивал во Кан оваа година ќе им даде предност на филмските автори, при што Асгар Фархади, Педро Алмодовар, Павел Павликовски, Ајра Сакс, Хироказу Коре-еда, Ласло Немеш, Андреј Звјагинцев, Кристијан Мунџиу и Рјусуке Хамагучи ќе имаат премиери на новите филмови во конкуренцијата за престижната Златна палма. Неколку режисери во подем, исто така, се во селекцијата, а и пет режисерки: Германката Валеска Гризебах, Французинките Жан Ери, ...

Израел продолжи да бомбардира цели во Либан, загрозувајќи го примирјето договорено вчера помеѓу Иран и САД, ден по смртоносните напади, во кои загинаа повеќе од 250 луѓе. Во Пакистан, властите го блокираа главниот град Исламабад, во очекување на мировните разговори САД-Иран, при што се затворени сите пристапи до луксузниот хотел „Серена“, каде што ќе престојуваат двете делегации. Разговорите треба да почнат на 11 април. Но, засега нема знаци ...

Осудените со првостепена казна доживотен затвор Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев за грабнување и свирепи убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на Панче Жежовски (74) од Велес во ноември 2023, денеска не беа спроведени од затворот во Шутка во Апелациониот суд Скопје на јавната седница за жалбите на пресудата, зашто Видевски бил во болница. Претседателката на судечкиот совет Лидија Зимбовска, кажа дека ...

Здравствените институции неретко ги евалуираат примените понуди непрецизно и со невоедначени критериуми, избирајќи понуди кои не ги исполнуваат барањата од тендерската документација, се вели меѓудругото во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) за коруптивните шеми во јавните набавки во здравството воочени преку жалбите. Според истражувањето, во 71 отсто од жалбите на фирмите се оспорува одлуката за избор на најповолна ...

Поголемите хотелски капацитети на охридско-струшката ревиера за Велигденските празници ќе останат полупразни. Домашните гости и туристите, претежно од соседните држави, ќе ги исполнат помалите хотели и приватното сместување, а голем дел од посетителите имаат и свои станови. „Помалите хотели имаат поголема исполнетост, додека кај поголемите има доста останати места и нема да бидат исполнети до максимум според очекувањата. Странските гости не ...

Македонска „Пошта“ издаде нова поштенска марка за јубилејот 50 години од постоењето на Кинотеката на Македонија. Дизајнот е на Лазе Трипков. Директорот на Кинотеката Бошко Грујоски на промоцијата рече дека издавањето на поштенска марка за јубилејот претставува значаен културен настан и симболично признание за институцијата која веќе половина век има клучна улога во зачувувањето, истражувањето и промоцијата на македонското филмско наследство. ...

„Работата ми беше прекината поради бременост и мајчинство, истата година кога добив награда за исклучителни академски достигнувања, по завршени докторски студии“, вели скопјанка, за чиј случај Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди дека ректор на приватен универзитет во Скопје извршил директна интерсекциска дискриминација врз основа на пол, род, бременост и мајчинство во областа на работните односи. Постапката е ...

Четворицата астронаути од десетдневната мисија „Артемис 2“ велат дека имаат многу фотографии и приказни од патувањето околу Месечината, додека се подготвуваат за своето враќање на Земјата. Тие одржаа прес-конференција од вселената, пред да се спуштат покрај брегот на Сан Диего, Калифорнија, што се очекува на 11 април околу еден часот по средноевропско време. „Едвај чекаме да го споделиме со светот она што го видовме“, изјави единствениот ...

Во Македонија има премногу театарски фестивали и за нивно финансирање е потребно да се расчисти кој е локален, кој национален, рече кажа министерот за култура и туризам Зоран Љутков одговарајќи на нашето прашање дали буџетот на Министерството може да издржи толкав број театарски фестивали. „Мислам дека реално имаме премногу фестивали, што локални, што национални. Тоа се некаде околу 23-24 театарски фестивали, дел се домашни, дел се ...

Во Велес се извршува прва дератизација и прво ларвицидно теренско третирање од земја против ларви од комарци. Станува збот за општи мерки за заштита на населението од заразни болести, кои ги извршува операторот „Лиса-ком“ МС ДООЕЛ Кавадарци, што ја дои работата по спроведена постапка. „Од 7 април, под надзор од стручно лице од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Велес започна спроведувањето на пролетната дератизација на јавни површини и јавни ...

Доналд Трамп повторно го нападна НАТО затоа што не ги поддржа САД во војната со Иран, откако се сретна со шефот на западната воена алијанса Марк Руте во Вашингтон. „НАТО не беше тука кога ни требаше и нема да биде тука и кога повторно ќе ни биде потребен“, напиша Трамп на својата социјална мрежа. Руте го опиша состанокот како многу искрен и отворен, и покрај јасните несогласувања. Белата куќа не ги објави деталите од разговорите. Пред ...

Доналд Трамп изјави дека американските воени бродови и авиони ќе останат околу Иран и се закани дека САД ќе почнат да пукаат повторно доколку Техеран не се придржува целосно до договорот постигнат со Вашингтон. „Сите американски воени бродови, авиони и персонал, заедно со придружните оружја и муниција, ќе останат на свое место околу Иран сѐ додека постигнатиот вистински договор не се исполни целосно. Ако од која било причина тоа не се случи, ...

Најмалку 254 луѓе загинаа во денешниот голем израелски напад врз Либан, а повеќе од 800 се ранети. Израелската војска претходно објави дека во рок од десет минути бомбардирала повеќе од 100 локации поврзани со Хезболах. Воените авиони срамнија со земја неколку згради во центарот на Бејрут, исполнувајќи го небото со чад. Израелското министерство за одбрана соопшти дека тоа бил изненадувачки напад врз проиранската група Хезболах и уследи откако ...

Функционер од Белата куќа изјави дека планот за прекин на огнот од 10 точки објавен од Иран не е истиот пакет услови што ги прифатиле САД за паузирање на војната. „Документот што го објавуваат медиумите не е работна рамка“, изјави високиот функционер. И Доналд Трамп ја критикуваше појавата на „бројни договори, списоци и писма“, за кои вели дека ги споделуваат „луѓе кои немаат никаква врска со преговорите“. „Во многу случаи, тие се тотални ...

Иранските медиуми објавија дека Израел веќе го прекршил прекинот на огнот и дека Иран ќе се повлече од договорот за примирје ако продолжат нападите врз Либан. Израел го поддржа примирјето и кажа дека запира со нападите врз Иран, но нагласи дека договорот не важи за Либан. „Запирањето на војната на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан, е дел од договорот за двонеделно примирје со САД. Иран ќе го казни Израел за нападите врз Хезболах, што е ...

Трева никна низ улицата Козара, оддалечена само на една минута пеш од строгиот центар на Битола, чија реконструкција не е завршена цела една година. Низ улицата се појавија дупки кои се полнат со вода и кал за време на дожд, а некои понекогаш и со ѓубре. „Оштетивме возила, со кал се правиме по чевлите како да живееме во некоја рурална општина, а не во центарот на градот. Низ оваа улица битолчани одат до Здравствениот дом, градинката ...

Ацо Ристов е нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). На денешната собраниска седница Ристов беше избран со 68 гласа „за“ и 15 „против“. Ристов беше градоначалник на Радовиш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од 2021 до 2025 година, а до пред еден месец беше сопственик компанија за проектирање и изградба на мали хидроцентрали. Откако беше предложен за претседател на Регулаторната комисија, ја отстапи на друго лице неговата ...

Советот на јавни обвинители без никаква расправа денеска ја констатираше оставката на Ленче Ристоска од функцијата јавен обвинител. Ристоска на 2 април, во Барање за престанок на функцијата јавен обвинител им напиша на членовите на Советот дека не знаат да препознаат политички влијанија, а и не се храбри да кажат такво нешто. „Со оглед дека моето барање е конкретизирано и индивидуализирано и тоа не претставува вредносен суд или критика за ...

Десетмина доктори се добитници на повелбата „Трифун Пановски“, која вчера ја додели Македонското лекарско друштво на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето. Признанието „Трифун Пановски“ се доделува за исклучителен и континуиран придонес во развојот на медицинската наука, унапредувањето на клиничката практика и подигнувањето на квалитетот на здравствената заштита. Годинава добирници се проф. д-р Гордана Ристовска, проф. д-р Горан ...

„Универзал Балкан“ ДОО Скопје е фирмата избранна да ја изведе реконструкцијата на скопската Универзална сала, изјави Министерството за култура и туризам на прашање од САКАМДАКАЖАМ.МК. „За изградбата на објектот на Универзална сала по принцип ‘клуч на рака’ е прифатена понудата на економскиот оператор ‘Универзал Балкан’ ДОО Скопје. Вредноста на Договорот е 998.500.000,00 без ДДВ (околу 16, 2 милиони евра – н. з.), ни кажаа од Министерството. ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека Иран молел за примирје зашто му било доста од сѐ. Тој кажа дека американската војска засега је завршила својата работа. „Ова е голема воена победа на САД, а борбената способност на иранската војска е уназадена за многу години. Водечкиот светски спонзор на тероризмот се покажа неспособен да се брани. САД ги постигнаа своите воени цели, уништувајќи ги иранските воздухопловни сили и ...

Советничкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ во битолскиот Совет не гласаше да се стават на дневен ред предлозите на опозицијата поврзани со Земјоделското училиште од кое по 114 години традиција, учениците во новата учебна година се префрлуваат во друго школо во градот. Димитар Кузмановски од ЛДП предложи од Министерството за образование (МОН) да се побара преиспитување на одлуката за, како што рече, затворање на Земјоделското училиште, а ...

Доналд Трамп се огласи на својата социјална мрежа, велејќи дека САД ќе соработуваат тесно со Иран откако „земјата поминала низ промена на режимот“. „Иран нема да збогатува ураниум и заедно со него ќе копаме за да ја отстраниме нуклеарната прашина, што беше закопана длабоко од американските бомбардери. Таа е сега под сателитски надзор и ќе остане така. Разговараме и ќе разговараме со Иран за ублажување на царините и санкциите. Многу од 15-те ...

Иранската новинска агенција „ИСНА“ објави дека спикерот на парламентот Мохамад Багер Калибаф ќе ја предводи иранската делегација на разговорите со американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс во Исламабад. Иранскиот Врховен совет за безбедност соопшти дека преговорите ќе почнат на 10 април. Калибаф, кој долго време беше сметан за штитеник на покојниот врховен водач Али Хамнеи и човек од доверба на неговиот син Моџтаба, беше водечки глас на пркос ...

Грција ќе го забрани пристапот до социјалните медиуми за деца под 15 години од 1 јануари 2027 година, изјави денеска премиерот Киријакос Мицотакис, наведувајќи ја зголемената анксиозност, проблемите со спиењето и зависноста предизвикана од дизајнот на онлајн платформите. Во видеопорака упатена до младите, Мицотакис рече дека децата што поминуваат долги часови пред екраните не им дозволуваат на своите умови да се одморат и се соочуваат со ...

Со изведување на материјални докази од насилствата што ги вршел обвинетиот Стојанче Јовановски, чија сопруга Ивана Стојаноска по повеќегодишно семејно насилство на 2 март се самоуби со 6-годишната ќерка Катја скокајќи од заедничкиот стан во скопската населба Тафталиџе, денеска продолжи судското рочиште. Според обвинението, Јовановски извршил загрозување на сигурноста, тешка телесна повреда при семејно насилство и наведување на самоубиство. ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59