Операта „Набуко“од Џузепе Верди ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет (НОБ) на 19 мај со почеток во 20 часот во рамките на 53. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Операта ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Грција, Мирон Михаилидис, режијата е на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, ...

На 14 мај (утре) со почеток во 20 часот, во културниот простор „Јавна соба“ ќе се одржи поетско – музички перформанс со читање на песни од последните две книги на македонскиот колумнист, поет и преведувач, Тихомир Јанчовски. Мултимедијалниот настан, ќе биде придружен од музика компонирана од Зоран Тортевски и визуелни илустрации од Будимка Поповска. „Неодамна објавените книги на Јанчовски, ‘Пристоен предлог’ и ‘Пеколот е мало место’ за првпат ...

Првото издание на фестивалот „Буквално. Џез.“ ќе започне на 19 и ќе трае до 25 мај, во просторот и дворот на културниот центар „Буква“. Во продолжение погледнете ја целосната програма: ПОНЕДЕЛНИК | 19 мај 17:00 «Џез: звук, слика, збор» со Владимир Мартиновски 19:00 Отворање на изложба «Jazz» (графика, масло, скулптура: Диме Темков и Лучка Кошчак) со ритмични илустрации на Михаил Парушев 20:30 Вечерен џез со Zulu 3.4 ВТОРНИК | 20 мај 18:00 ...

Фестивалот „Сепак се врти“ на „Гола планина“ и пријателите вчера го имаше финалето во Скопје, откако годинешниот музички караван помина во Битола, Прилеп, Гостивар, Струмица и Куманово. Овој пат, на агендата беа седум настапувачи: D.I.K, „Damage Control“, „Ендемски вид“, „Корка“, „Мариналеда“, „Taxi Consilium“ и „(точка) ком“. Програмата малку доцнеше поради технички причини. Тие технички причини се испостави дека е мрежен кабел, кој сепак ...

Младиот кочански бенд „Корка“ го објави своето истоимено деби EP, на кое се наоѓаат шест песни. „Нашето прво ЕР (самонасловено) отсега официјално можете да го слушнете на YouTube и Bandcamp, а наскоро и на сите останати стриминг платформи. Целото ЕР е DIY, од снимањето до микс и мастер и се друго. Посебна благодарност до сите наши пријатели и на сите што го чекавте ова ЕР“, соопштија од „Корка“. Петчлениот состав во неделата настапуваше на ...

Сараевското народно позориште (СНП) ќе биде гостин на Македонскиот народен театар (МНТ) на 21 и 22 мај со претставите „Сараевскиот трговец“ и „Селска опера“. „Сараевскиот трговец“ ќе се одигра на 21 мај со почеток во 20 часот. Текстот е на Игор Штикс, а режија е Михал Дочекал. Во претставата играат 16 актери: Мона Муратовиќ, Мирвад Куриќ, Сањин Арнаутовиќ, Ведран Ѓекиќ, Амина Беговиќ, Фарук Хајдаревиќ, Нерман Махмутовиќ, Дино Бајровиќ, Ирфан ...

Во македонскиот Културно-информативен центар (КИЦ) во Загреб во рамките на програмата по повод 145-годишнината од постоењето на Музејот на уметности и занаети – Загреб, утре (13 мај) ќе биде отворена изложбата ,,Менче Спировска – Визуелна фасцинација со Загреб“ на македонската графичарка Менче Спировска. На изложбата ќе бидат претставени речиси непознати дела за хрватската јавност создадени во 1950-тите години во Загреб. Изложбата за првпат ...

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ како дел од проектот „Кадар-на“ (анг. Her frame, во буквален превод „Нејзин кадар“) ја поддржува иницијативата за надминување на родовата нерамноправност во филмскиот сектор и отвора повик за менторска програм за сите млади филмски работнички кои сакаат да се усовршат. „Постоењето на родовата нерамноправност е утврдено на сите нивоа во аудиовизуелната индустрија, а оваа програма е ...

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од Кривичниот законик. На 10 мај во 23:30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било врзано за патничко моторно возило во движење и кучето било принудено да трча. „Веднаш по добиената ...

„Putan Club“ денеска (11 мај) од 21 часот повторно доаѓаат во „Ла Кања“ во Скопје, како дел од серијалот „Нова пролет“ со кој „Канал 103“ одбележува 34 години постоење. „По нивниот незаборавен лански концерт, еве уште една ретка можност да се доживее оваа атипична реалност на светскиот музички андерграунд. Екстремен пример за бестрашен отпор кон нашите апатични времиња“, соопштуваат од „Канал 103“. Од таму посочуваат дека „Putan Club“ ...

На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), вчера се одржуваше првиот младински GOVTECH хакатон „Кликни безбедно“, во организација на МКСафеНет, проект во рамки на Министерството за дигитална трансформација, пренесе агенцијата Мета. На настанот учествуваа ученици од средните училишта со различни вештини во делот на дигиталниот свет, како програмери, дизајнери, иноватори и ентузијасти. Тие, организирани во повеќе ...

На 13 мај (вторник), со почеток во 18 часот, на саемскиот штанд на „Три“ читателите ќе имаат можност да добијат потпис и да се сретнат со македонската писателка Румена Бужаровска. Со над 2 000 продадени примероци, третото издание на „Тони“, првиот роман на Бужаровска, излезе свежо од печат пред Саемот на книга. „Реалноста е секогаш пошокантна од тоа што го пишува во книгите – дојдете на дружба со домашната проза што ја освои Европа и наскоро ...

Здружението ИНО ТЕХ КЛУБ Штип на 14 мај од 13 часот официјално ќе го отвори новиот Хаб за собирање и селекција на пластичен отпад. „Собраниот пластичен отпад ќе се користи за прототипирање на четири типови филамент за 3Д принтање, а нивниот развој и тестирање се одвива на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје“, соопштуваат од Здружението. Од таму посочуваат дека настанот е отворен за сите заинтересирани – граѓани, еко-активисти, медиуми, ...

Комисијата за доделување на признанијата на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) за периодот меѓу два саема на книга, по рагледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, ги одбра победниците во седум различни категории. Автор на годината е Билјана Црвенковска („Чудна шума“). Специјално признание за промотор на читачка култура му припадна на Александар Маџаровски – Читачот. Додека, првата награда за ...

Сектор за внатрешни работи (СВР) Скопје ги известува граѓаните дека на 11 мај (недела) со почеток во 08:30 до 10:30 часот поради одржување на улична трка на 10 км, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Трката ќе започне со стартна позиција на бул. „Илинден“ – локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по бул. ...

Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) ги повикува сите студенти, рекреативци и љубители на природата на бесплатна еднодневна тура на Водно во Скопје, која ќе се одржи утре (11 мај). „Целта на оваа тура е промоција на физичкото здравје и планинарење меѓу студентите“, велат од УСС-УКИМ. Од таму појаснуваат дека рутата тргнува од ООУ „Кочо Рацин“ до Средно Водно и потоа до Врв Водно. На Средно ...

„Планетата забрзано се уништува а владите низ светот рапидно запаѓаат во фашистички практики. Војните се зачестуваат, а корупцијата зема се поголем замав. Класните разлики се сè поголеми и општественото уредување од доцен капитализам постепено навлегува во глобален техно феудализам. Надежта ја губиме, а светот се повеќе наликува на сценарио од најмрачната дистописка книга“. Вака започнува најавата за настанот „Киберпанк – надежта е револуција ...

По концертите во Битола, Прилеп и Гостивар, годинешниот караван на фестивалот „Сепак се врти“ влегува во вториот викенд. На југоистокот на државата, караванот во петок (9 мај) од 20 часот прво застанува во Струмица, во Домот на АРМ. „Голопланинци“ и пријателите најавуваат дека „ќе биде најжустро и најгласно досега“. Вечерта стартува со „Lost in reverie“ – емо-рок бенд кој ја раскажува својата хаотична приказна преку уште похаотична музика ...

Во понеделник (12 мај) со почеток во 18 часот, во салата „Борис Трајковски“ на Саемот на книга, ќе се одржи јавна панел-дискусија на тема „Кој е авторот?“ – Авторство, интелектуална сопственост и иднината на креативноста во ера на вештачката интелигенција (ВИ). Настанот го организираат здружението „ВИ Сега“ и Македонската асоцијација за интелигенција (МАИ), а има за цел да ја отвори јавната дебата за улогата на авторот и авторските права во ...

Вечерва со почеток во 20 часот во „Base24“ ќе се одржи мултимедијален културен настан „Dystokyo“ во организација на „Пагода“ – здржение кое се бави со промоција на источноазиските култури во Македонија. „Настанот претставува уникатен спој на glitch дигитална уметност, cyberpunk поезија и јапонска естетика“, посочуваат од „Пагода“. Поводот за настанот е промоција на истоимената книга „Dystokyo“ објавена во Токио во 2024 година, во која се ...

Сашо Митревски и Стефан Терпини алијас „Милко“ извадија нова песна, снимена во студиото „Алшар“ во март/април оваа 2025 година. Темата „Страв“ повторно е објавена од независната издавачка куќа „Шарла“ (Sharla), преку чиј Бендкемп може да се преслуша и поддржи. ‘Милко“ се враќаат со синглот број 3 за ‘Шарла’. Сериозно се појачани со Михаил Парушев на тапани и Огнен Мангаровски на сајзер, а како втор глас се појавува и нашата драга музичка ...

Годинава, во Македонија ќе се одржат два фестивали со исто, или слично име – „Д Фестивал“. Првиот, кој ќе трае од 4 до 6 јули, го организира „Пасворд продукција“, оригиналниот организатор кој долги години стои зад познатиот фестивал во Дојран, но овојпат на друга локација – во Штип, под Исарот и со скратено, малку изменето име – „The festival“. Вториот, пак, кој ќе трае од 25 до 27 јули во Дојран, го организира непознатата „Визуел Продакшн“. ...

Во просториите на Завичајниот музеј „Жарково“ – Музеј на град Белград, синоќа беше свечено отворена изложбата на слики од македонскиот уметник Тодор Јовановски, со што официјално започна овогодинешната традиционална манифестација „Денови на Македонската култура во Белград“, под насловот „Допир на Македонија“. „Изложбата на Јовановски, кој со своето уметничко творештво пренесува длабоки културни и емотивни релации со Македонија, оваа година ...

Чвор од кабли, гуми, скршени ламби, застарени технологии и рѓосани метали, се само дел од секојдневните елементи кои може да се најдат во подземјето на било кој киберпанк филм. „Japan@net.mk (@japan.net.mk) организира многу кул настан во ‘Лабараториум’ (@lab.ratorium) на 10 мај, а ние и вие? Може да им помогнеме тоа да изгледа многу добро“, велат од Здружението „Комбо“, кои собираат е-отпад и разни метални предмети за потребите на саботниот ...

По повод 28 мај – Меѓународениот ден на менструална хигиена и здравје иницијативата „Period Skopje“ организира Филмски караван за менструална сиромаштија: Патот до еднаквост, кој има за цел да ја подигне јавната свест, да поттикне отворен дијалог и да ги мобилизира младите луѓе на локално ниво во борбата против менструалната сиромаштија и стигма во Македонија. „Според истражувањето ‘Менструална правда’ од 2021 година, 71% од испитаничките ...

Македонската рок група „Ареа“ која одбележува повеќе децении од своето формирање ќе одржи специјален концерт на 10 мај (сабота) во „Јавна соба“ во Скопје. „Публиката ќе има можност да доживее едно блиско и енергично музичко искуство со автентичниот звук што ја одбележа ‘Ареа’ низ годините“, пишува во најавата. Во интервју по повод јубилејот, гитаристот Ивица Брчиоски кој е дел од групата од основањето, се навраќа на скромните почетоци, ...

Прирачникот за справување со родови дезинформации и родово-базирано насилство во дигиталниот простор изработен од Ангелина Станојоска, професорка на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, ќе биде промовиран на 14 мај со почеток во 14 часот во „Нетавил“ во Скопје на настанот „CTRL+ALT+Defend – Скини ги синџирите на онлајн насилството“. „Родово-базираното насилство (РБН) е резултат на длабоко вкоренетите родови ...

Организацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ, Скопје го објавува отворениот повик за наградата „Денес 2025“ за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка во Македонија до 35 години. Наградата се доделува на годишно ниво на, како што велат од ФРУ, исклучителна и истакната тековна уметничка практика која подразбира критичко и естетско размислување и дејствување и е единствена награда за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка во земјава од овој ...

Изминатиов период екипа студенти и млади ентузијасти работат на нов фанзин „Ефимин“ кој опфаќа тековни прашања поврзани со култура и уметност. Младите во четврток (утре, 8 мај) прават прва официјална промоција на вториот број односно третото издание. Најавени се низа активности во „Лабораториум“ што ќе започнат во 17:30 часот со џемање – загревање со тимот на фанзинот. Потоа, меѓу другото, ќе има мини панел за историјата на фанзинот во ...

Министерството за образование и наука (МОН) тврди дека на ниту еден студент кој користи субвенциониран студентски оброк, нема да му биде прекинато правото доколку истовремено е корисник и на семејна пензија по основ на починат родител. „Студентите корисници на субвенциониран студентски оброк, кои истовремено користат и семејна пензија, нема да го изгубат правото остварено преку Министерството за образование и наука. Предизвикот настанат на ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
3.6
60%
1014
weather icon

Загреб

13ᴼ / 12ᴼ
8.23
66%
1015
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
87%
1015
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
4.2
54%
1012
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
5.66
67%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.92
49%
1010
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
71%
1015
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
6.69
55%
1011
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Паладиум

49675.57

Родиум

326330.08

Сребро

2840.84

Платина

66680.65

Калај

50.46

Злато

166450.52

Алуминиум

3.56

Рутениум

54591.97

Цинк

3.43

Бакар

12.11

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39