Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Дунав, една од најважните реки во Европа, се соочува со исклучително низок водостој поради продолжената суша и екстремните температури што го погодија континентот. Сателитските снимки откриваат значително повлекување на водата и големи површини од речниот брег кои повторно стануваат видливи. Намалувањето на нивото на реката создава проблеми за повеќе земји низ кои минува Дунав. Во некои делови е отежнат речниот транспорт, бидејќи бродовите ...
Пред Инките да изградат едно од најголемите царства во предколумбиска Америка, Андите биле дом на цивилизацијата Тиванаку, чие наследство и денес ги фасцинира научниците. Оваа древна држава се развивала околу езерото Титикака, на просторот на денешен Боливија и делови од Перу, а својот најголем подем го достигнала стотици години пред појавата на Инките. Тиванаку не била голема империја во класична смисла како подоцнежното Царство на Инките, ...
Корисниците од село Драчево утре ќе имаат прекин во водоснабдувањето поради технички зафат на водоводната мрежа, соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје. Според информациите, прекинот е најавен поради интервенција поврзана со промена на воздушен вентил на улицата „Јустинијан Први“, кај мостот. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот, а нормализирање се очекува по завршување на зафатот. Од претпријатието ги ...
Кога температурите се високи, организмот се обидува да се разлади преку потење. Со губењето на потта не се губи само течност, туку и електролити, односно минерали кои му се потребни на телото за правилно функционирање. Најважни електролити се натриумот, калиумот, магнезиумот, калциумот и хлоридите. Тие учествуваат во регулирањето на хидратацијата, нервната спроводливост, мускулната работа и одржувањето на нормалната срцева функција. За ...
Француските власти преземаат нови чекори против несаканите продажни повици, кои со години предизвикуваат незадоволство кај граѓаните. Со новите правила се ограничува можноста компаниите да контактираат лица по телефон без нивна согласност. Целта на мерката е да се намали бројот на агресивни комерцијални повици, особено оние во кои граѓаните добиваат понуди за услуги, осигурување, финансиски производи или други производи што не ги побарале. ...
Телата на Нирмал Пурџа, еден од најпознатите светски алпинисти, и уште тројца планинари кои загинаа во лавина на Брод Пик во Пакистан, се спуштени од планината до базниот камп. Акцијата за извлекување била отежната поради високата надморска височина, непристапниот терен и тешките временски услови. Трагедијата се случи на 30 јули, кога лавина ја погодила експедицијата составена од десет алпинисти кои се обидувале да го искачат Брод Пик, еден ...
Жена била уапсена во центарот на Лондон откако со ножици повредила четири лица во инцидент што предизвика вознемиреност меѓу граѓаните и посетителите на британската престолнина. Според првичните информации, нападот се случил во централното подрачје на Лондон, а повредените лица добиле медицинска помош. Полицијата веднаш излегла на терен и ја привела осомничената. Засега не се објавени детали за состојбата на повредените, ниту за тоа дали ...
Сеута побара поддршка од шпанската влада поради хуманитарниот притисок предизвикан од присуството на повеќе од 1.000 малолетници без придружба, кои останале во енклавата по големиот миграциски бран од Мароко. Локалните власти предупредуваат дека прифатните центри се под голем притисок и дека немаат доволно капацитети за соодветна грижа за сите деца. Поради тоа, од Мадрид бараат побрза распределба на малолетниците во други автономни заедници ...
СДСМ обвини дека Владата подготвува терен за отворање на процесот за уставни измени преку прифаќање на францускиот предлог, кој беше усвоен во 2022 година како рамка за продолжување на европските интеграции на земјава. Од партијата велат дека власта се обидува постепено да создаде услови за промена на Уставот. Од СДСМ посочуваат дека прифаќањето на францускиот предлог било поврзано со обврската за внесување на Бугарите и други заедници во ...
Голем шумски пожар ја зафати Албанија, предизвикувајќи евакуација на жители од загрозените подрачја. Петнаесет семејства биле принудени да ги напуштат своите домови, при што со себе ги понеле и животните за кои се грижеле. Пожарот брзо се проширил поради високите температури, сувата вегетација и ветерот, создавајќи опасност за куќите во близина. На терен се ангажирани пожарникарски екипи и други надлежни служби кои се обидуваат да го ...
Албанските пожарникари денес се бореа со пожар во јужниот регион Малакастер, што доведе до евакуација на околу петнаесет семејства, нивниот добиток и домашни миленици, бидејќи големи делови од јужна и источна Европа продолжуваат да се справуваат со топлотен бран. Топлотен бран ги погоди јужна и источна Европа Европа, континентот што најбрзо се затоплува, ова лето беше погодена од рекордна топлина и разорни шумски пожари, кои особено ги ...
Четворица мажи се повредени во напад што денеска се случил на улицата Ендел во Ковент Гарден, во центарот на Лондон. На местото веднаш интервенирале полицијата и екипите на итната медицинска помош. На повредените најпрво им била укажана медицинска помош на самото место, по што биле пренесени во траума центар на понатамошно лекување. Засега нема официјални информации за тежината на нивните повреди. Лондонската полиција соопшти дека на местото ...
Десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим шорт“ ќе се одржи од 5 до 9 август во Струга. Главната фестивалска програма е сместена во Паркот на поезијата, додека пратечките настани се распоредени низ локалните културни и урбани точки како ЕУ хаус Струга, мезе-бар „Кингстон“ и кафе-бар „Дуќан“. Специјални гости годинава се реномираните европски сценаристи Пјер Хоџсон и Масимилијано Нардули, кои ќе одржат мастеркласови за ...
МВР информира дека денеска (05.08.2026) полициски службеници го уапсиле лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф” со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ ...
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Од досега прибавените докази ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, денеска свика кризен состанок со највисоките функционери на светската фудбалска организација во Рабат, Мароко, поради зголемениот притисок врз неговото раководство. На состанокот треба да присуствуваат генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстром, како и членовите на раководниот тим на организацијата. Според британските медиуми, состанокот бил свикан по серијата критики и повлекувањето на поддршката ...
Денеска на Водно беше одржана на промоција на новото натпреварувачко возило на најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, со кое тој ќе настапува во претстојната натпреварувачка сезона. Игор Стефановски Иџе со постигнатите врвни резултати и со својот професионализам со години ја промовира Македонија ширум Европа. Новото ново натпреварувачко возило претставува значаен чекор во кариерата и е дел од подготовките за новите ...
Севернокорејска ракетна единица почнала да се распоредува во западниот дел на Русија и би можела да биде опремена со 120 балистички ракети и шест лансери за напади врз Украина, тврди украинската воена разузнавачка служба. Андриј Черњак од Главната разузнавачка управа на Украина изјави дека околу 90 припадници на севернокорејската армија треба да бидат распоредени во рускиот регион Воронеж, во рамките на 112. ракетна бригада на руските сили. ...
Утре, 6 август, се навршуваат 94 години од отворањето на првиот Венецијански филмски фестивал, најстариот филмски фестивал во светот и еден од најпрестижните настани во меѓународната кинематографија. Првото издание било отворено на 6 август 1932 година на терасата на хотелот „Ексцелзиор“ на венецискиот остров Лидо. Настанот траел до 21 август и тогаш го носел името „Меѓународна изложба на кинематографска уметност“. Називот „Мостра“, по кој ...
Само неколку часа откако Центарот за управување со кризи информираше дека во Македонија нема активни пожари, до 13 часот се разгореа пет нови жаришта на отворен простор. Активни се пожарите кај Ѓоновички Мост во Гостивар, во селото Ранковце, во кратовското село Кетеново, во Логоварди кај Битола и во селото Руѓинце во Општина Старо Нагоричане. Според ЦУК, на различните локации гори ниска вегетација, грмушки, мешана шума, ѓубриште и слама во ...
Дрон со сомнителен товар бил пронајден во непосредна близина на украински товарен авион „Антонов“ на аеродромот Лајпциг/Хале во Германија, по што летовите ноќеска привремено биле запрени. НАТО потврди дека беспилотното летало било забележано во близина на украинскиот авион и дека германската полиција го обезбедила. Според информации на германските медиуми од безбедносни извори, на дронот имало непозната материја и предмет за кој се ...
Државата во првите седум месеци од годинава собрала речиси 118 милијарди денари од даноци, што е за 10 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Најсилен раст има кај данокот на добивка, ДДВ, персоналниот данок и царинските давачки. Вкупните буџетски приходи до 31 јули достигнале 204,553 милијарди денари, или 53,9 отсто од планираното за целата 2026 година. Во споредба со првите седум месеци од минатата година, во државната каса се ...
Подигнувањето готовина од банкомат во странство може да чини значително повеќе од износот што туристот планирал да го извади. Народната банка ги повика граѓаните пред патувањето да ги проверат тарифите на својата банка, особено провизиите за користење дебитни и кредитни картички на странски банкомати. Трошокот не е ист кај сите банки и не зависи само од износот што се подигнува. Матичната банка може да наплати фиксна провизија или процент од ...
Педесет и тригодишна туристка од Белорусија утрово била пронајдена почината во хотел во Охрид. Случајот бил пријавен во СВР Охрид во 7:45 часот. Починатата е идентификувана како И.Т. (53) од Белорусија. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар ја констатирал смртта. По насоки на јавен обвинител, телото на починатата туристка е предадено на обдукција, со која треба да бидат утврдени причините за смртта. Од ...
Американското Воено воздухопловство успешно тестираше борбен авион F-16 управуван од вештачка интелигенција, во рамките на програмата VENOM што ја спроведува заедно со Агенцијата за напредни одбранбени истражувачки проекти, DARPA. Модифицираниот F-16 полетал од воздухопловната база Еглин во Флорида, а системот со вештачка интелигенција самостојно го контролирал авионот во текот на летот. Во пилотската кабина имало тест-пилот, кој ја следел ...
Обвинителството во Анкара побара да им биде укинат пратеничкиот имунитет на лидерот на главната турска опозициска Нова партија, Озгур Озел, и на пратеникот Вели Агбаба, поради сомнение за примање поткуп во продолжение. Предметите се доставени до Министерството за правда. Според соопштението на Главното јавно обвинителство во Анкара, истрагата се однесува на конгресот на Републиканската народна партија од ноември 2023 година, на кој Озел беше ...
Дебелината не е само прашање на изглед, туку сериозен и хроничен здравствен проблем што бара долгорочно лекување, истакна д-р Јулијана Михајловска, специјалист по ендокринологија во Клиниката „Жан Митрев“, во последната епизода на поткастот „Биди свој“. Таа посочи дека зад секој човек со прекумерна телесна тежина стои лична приказна и низа фактори што не се видливи на прв поглед, поради што луѓето не треба да бидат осудувани без да се ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, денеска свика кризен состанок со највисоките функционери на светската фудбалска организација во Рабат, Мароко, поради зголемениот притисок врз неговото раководство. На состанокот треба да присуствуваат генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстром, како и членовите на раководниот тим на организацијата. Според британските медиуми, состанокот бил свикан по серијата критики и повлекувањето на поддршката ...
Вештачката интелигенција ќе ја зголеми продуктивноста, но нема да го исполни старото ветување дека луѓето ќе работат само неколку часа неделно, смета коосновачот и извршен директор на OpenAI, Сем Алтман. Во разговор за поткастот „Relentless“, објавен на 25 јули, Алтман изјави дека технолошкиот напредок долго време ветува повеќе слободно време, но дека пократката работна недела никогаш не станала масовна појава. Според него, ниту развојот на ...
Осум лица се хоспитализирани по тешката сообраќајна несреќа што утрово се случи на магистралниот пат А3 Битола – Прилеп, во близина на мостот на реката Шемница. Во верижниот судир учествувале четири автомобили. Еден од повредените, поради сериозноста на повредите, веднаш бил внесен во операциона сала. Шест пациенти се задржани на Одделението за хирургија, а двајца се хоспитализирани на ортопедија. Останатите повредени се во стабилна состојба ...