Охрид, 28. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 9 степени. – Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер ...

Охрид, 28. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Виадукт Трејд Гостивар известува дека од 24 септември 2025 година ...

Охрид, 28. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети свештеномаченик Елевтериј. Овој прекрасен светител имаше родители благородни и од прочуен род. Беше роден во Рим, каде што татко му беше воен антипат. Мајка му Антија го слушаше Евангелието од самиот апостол Павле и од него беше крстена. Бидејќи рано остана вдовица, го даде својот единец син на учење и служба кај римскиот епископ Аникита. ...

Охрид, 28. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Црвен крст, како дел од своите здравствено-превентивни активности, ја продолжува соработката со Одделението за превенција при СВР Охрид за превенцијата на ризиците предизвикани од употребата на пиротехнички средства. За таа цел, денеска од 12:30 часот, на Градското пристаниште, пред споменикот „Фаќачот на крст“, припадници на СВР Охрид – Одделение за превенција и волонтери на Црвен крст Охрид ...

Охрид, 25. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков упати честитка до сите христијани кои го слават Христовото раѓање – Божик по Грегоријански календар. – На овој свет и најголем ден, го славиме раѓањето Христово кое е темел, основа на христијанската вера и христијанските празнувања. Празникот на радоста и милосрдието е пред нас. Раѓањето на Спасителот е чудо над чудата, празник над сите празници. Нашата радост, ...

Охрид, 25. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животна средина („Сл. весник на РМ“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22), Општина Охрид, на ден 19 декември 2025 година, донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена. 1. За планскиот документ ДУП за УЗ 16, УБ 16.1 опфат 4, Општина Охрид, кој се носи согласно Законот за ...

Охрид, 26. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на чл. 69 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18,89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на РМ бр. 147/08), Градоначалникот на Општина Охрид ...

Охрид, 26. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Советниците ја одржаа петтата седница на Градскиот совет, последна за оваа календарска година. На Дневен ред се најдоја точки кои ќе ја дефинираат работата на општината и Јавните претпријатија за следната година, преку програмите и одлуките кои беа донесени на денешната седница. Најзначајна беше одлуката за усвојување на општинскиот буџет, кој изнесува 2.375.182.576 денари. Точките за кои денеска ...

Охрид, 26. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Градските советници, на денешната, последна седница за годинава, едногласно го изгласаа буџетот на Општина Охрид за 2026 година. Вкупните приходи на Општина Охрид, предвидени за 2026 година по сите основи изнесуваат 2.375.182.576 денари. Од буџетот за капитални расходи се предвидени 25.354.000 денари, за урбанистичко планирање 3.000.000 денари, уредување на градежно земјиште 11.400.000 денари. Уредување ...

Охрид, 9. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат „Охридските приказни“ во „Форт кафе“. Мајското издание е закажано за овој четврток со Михајло Филев. Со него ќе разговараме и за тоа каков сакаме и каков може и треба да биде Охрид, затоа што Охрид сме СИТЕ и СИТЕ сме Охрид. Интервјуто во целост ќе биде објавено на OhridPress во четврток, на 11-ти мај 2023 година. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива Прочитано: 3.256 Охрид, 9. мај 2023 ...

Охрид, 23. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е направена утрово од центарот на градот, со мотив од Самуиловата тврдина. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 115 Охрид, 23. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid ...

Охрид, 24. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е направена утрово од центарот на градот, на кеј „Македонија“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 76 Охрид, 24. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува ...

Охрид, 25. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е направена утрово од населбата Рача кон центарот на градот и кеј „Македонија“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 66 Охрид, 25. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid ...

Охрид, 26. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е направена утрово кај малото пристаниште. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 63 Охрид, 26. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии ...

Охрид, 20. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид, во рамки на Проектот „Recircle Med”, што го имплементира во рамки на Европската програма INTERREG EURO MED, организира работилница за локална мобилизација и Форум за Западен Балкан што ќе се одржи на 3-ти и 4-ти декември. Охрид е реномирана туристичка дестинација со значително искуство и силна посветеност на одржливиот развој, особено во заштитата на животната средина и управувањето со ...

Охрид, 27. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е направена утрово кај Градското пристаниште. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 39 Охрид, 27. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни ...

Охрид, 27. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Податоците од извршените континуирани мерења на квалитетот на амбиентниот воздух од Државниот Автоматски Мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) кои пристигнуваат во Македонскиот информативен центар за животна средина при МЖСПП, покажуваат високо загадување на воздухот вечерва во Охрид. Во 19:00 часот во Охрид се измерени PM10 249.777 mg/m3. Покрај во Охрид, високо ниво на загаденост ...

Охрид, 27. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна несреќа се случи утрово на патниот правец Охрид-Кичево, во близина на приклучокот за селото Требеништа. Порталот Охрид 1 јави дека, според првичните неофицијални информации, во незгодата учествувале повеќе возила и дека во моментов нема официјални податоци за повредени или настрадани лица. Додаваат дека сообраќајот на овој дел од патниот правец е отежнат, а можно е и привремено пренасочување ...

Охрид, 27. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај црквата Успение на Пресвета Богородица Каменско. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и ...

Охрид, 27. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска, во 03:18 часот, регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 105 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.2. – ...

Охрид, 27. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) = Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој „Стража“, и од 30 до 40 метри на патниот правец Тетово-Попова Шапка. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, ...

Охрид, 27. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети маченици Тирс, Левкиј и Калиник. Беа чесни граѓани на Кесарија Витиниска, првиот беше крстен, а вториот огласен христијанин. А Калиник беше идолски жрец. Кога наследникот на царот Декиј, Кумврикиј, почна беспоштедно да ги мачи и убива христијаните, истапи пред него храбриот Левкиј и разобличувајќи го му рече: „Зошто си се кренал сам против ...

Охрид, 27. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 7. степени. – Следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, особено во првите денови од следната седмица, кога наместа ќе се спуштат до -10 степени. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен ...

Охрид, 26. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Бројни пријатели, почитувачи на фотографијата и вљубеници во Охрид вечерва во „Младинскиот Центар“ во охридската Касарна присуствуваа на отворање на првата самостојна изложба на фотографии на охриѓанецот Петар Паунче- Скитник, насловена „Убавините на езерото, градот и спортот“. Преку оваа изложба на едно место ќе ја доживеете смеата, тагата, возбудата, мирот и пред сѐ љубовта кон малите и големите нешта ...

Охрид, 26. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на НП „Галичица“ Охрид, вчера беше промовирана новата книга за деца со Рисот Ристе од авторката Весна Константинова насловена „Рисот Ристе и пријателите од Африка во Охрид“, чие издавање е поддржано од Општина Охрид. На промоцијата беа присутни и претставници од Македонското еколошко друштво и од Општина Охрид, а свое излагање за рисот имаше и Надица Кремишовска од НП „Галичица“. Модератор ...

Охрид, 26. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од Општина Охрид информираат дека се поништува Јавниот оглас со бр. 01/2025 за доделување на дозвола за вршење на општински линиски превоз – Градска линија 1 и Градска линија 2. Огласот е поништен поради непостоење на можност за уверување на Комисијата формирана од страна на Градоначалникот за спроведување на постапката во веродостојноста на доставената документација. Од локалната самоуправа ги ...

Охрид, 26. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва од 18:00 часот во дворот на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ ќе се одржи новогодишен хуманитарен базар. – Заедно можеме да донесеме светлина, надеж и радост во животите на другите и да создадеме празнични спомени кои траат. Придружете ни се, споделете радост и бидете дел од магијата која го осветлува срцето на секој и ги исполнува празниците со вистинска топлина, порачуваат од училиштето. На базарот ќе ...

Охрид, 26. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Утре напладне во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржи првата креативно – уметничка работилница за изработка на ѕвездичките што ќе ги носат дечињата учесници во Бадниковата поворка 2026. Ваква работилница, во недела, 28-ми декември, ќе се одржи и во селото Велгошти. – Ѕвездите се главно обележје на Бадниковата поворка, како симбол на ѕвездата деница која му го покажала патот на тројцата ...

Охрид, 26. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Одличните 2Bona вечерва ќе го одржат својот прв голем самостоен концерт во Скопје. Од 20:00 часот во Спортскиот Центар „Јане Сандански“, тие ќе се претстават пред македонската публика, после долги години исполнети со хитови и настапи низ Република Македонија и многу пошироко. За уште понезаборавна вечер, тие најавуваат и повеќе специјални гости. – Ќе биде тоа вечер посветена на публиката што со години ...

Охрид, 26. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Занаетчиството во Охрид и Македонија полека изумира, намалена е бројката на регистрации на нови занаетчии, а нагло растат одјавувањата. Наназад години се даваа субвенции, платени придонеси, персонален данок, имаше многу поголем интерес за регистрација на нови занаетчии. Постигнуваваме бројка од 40 регистрации во една година, во Охрид годинава имаме само 9 новорегистрирани, а бројката на оние кои се ...

Мвр билтен

7 минути - МИА
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
81%
1027
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
58%
1026
weather icon

Загреб

11ᴼ / 6ᴼ
0.51
59%
1026
weather icon

Софија

8ᴼ / 4ᴼ
4.12
59%
1028
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.8
70%
1028
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 5ᴼ
0.74
66%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.58
65%
1027
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1027
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
2.24
66%
1029
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
0.89
55%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
68%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Бакар

11.73

Цинк

3.24

Паладиум

51794.85

Алуминиум

3.42

Иридиум

231355.22

Рутениум

47358.05

Родиум

372948.66

Злато

166253.76

Кобалт

66.14

Сребро

2711.59

Платина

68963.35

Калај

50.64