Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 29 април 2026 година, во 20:55 часот на Граничниот премин „Свети Наум“, на влез во државата, полициски службеници лишија од слобода три лица од Република Албанија, на возраст од 52, 51 и 26 години. – При вршење проверки на патничко возило „Ауди“ со албански регистарски ознаки, возачот започнал да се однесува агресивно и омаловажувал царински службеник кој извршувал службени дејствија, а другите две лица ...

Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Стиховен Калибар и Ристо Апостолов го снимија новиот сингл и видео насловено „Кинта Култ“. – Тоа е сурова песна која ја разоткрива безмилосната реалност на работничкиот живот. Со текст полн со социјална критика и индустриски тон, песната ја претставува баналната рутина како симбол на материјално ропство. Мрачниот урбан амбиент и протестната енергија ја прават оваа трака силен крик против капитализмот и ...

Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Bachelor Girl се враќаат со смела преработка на нивниот хит „Blind“, овој пат заедно со поранешниот вокалист на Savage Garden, Darren Hayes, сега подобрен со модерен, електро-поп пристап. Првично претставена на албумот „Waiting for the Day“, песната е целосно трансформирана, оддалечувајќи се од својот оригинален звук, сега со потемна, поедноставена и емоционално наелектризирана верзија. Новата верзија ја ...

Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Светскиот Топ Dj Armin van Buuren и Argy ја имаат првата заедничка соработка на „Like A Child“, песна која прв пат беше пуштена на главната сцена на Ultra Music Festival Miami, по што следуваше одлична реакција од публиката и на врвни настани како EDC, Ultra Music Festival и A State of Trance. Комбинирајќи го мелодичниот, моќен звук на van Buuren со потемниот и возбудлив стил на Argy, „Like A Child“ вешто ...

Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро е во рамки на просекот за месец април. Според денешните мерења, нивото на водата е на кота од 693,57 м.н.в, што е просечно ниво за овој месец и 47 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Во текот на месецов се бележеше константно намалување на езерскиот водостој, а неделава падна и под априлкиот просек. Во првата половина на минатиот месец езерскиот водостој ...

Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од населбата Рача (на потегот од Боевци до Хотел Парк), информираат од ЈП „Водовод“ Охрид. Нивни екипи се на терен до целосно завршување со санацијата. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива Прочитано: 3 Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од ...

Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Ruel, еден од најпрепознатливите уметници на современата поп сцена, ја објави својата нова песна „Hate Myself“. Песната е втор сингл од неговиот претстоен албум „Kicking My Feet & Screaming“, кој го продолжува неговиот креативен проект по „Kicking My Feet (Part One)“. Се очекува новиот проект да донесе вкупно десет песни, проширувајќи го музичкиот правец што уметникот веќе го претстави. „Hate Myself“ е ...

Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово, со мотиви од стариот дел на градот, на потегот од Градското пристаниште, преку Мостот на желбите до плажата „Потпеш“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна ...

Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е направена утрово, со мотив од црквата Свети Јован Богослов Канео во стариот дел на градот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 6 Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид ...

Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Највкусните торти и колачи за кои зборува целиот град, полна година се уште поблиску до охриѓани и сите вљубеници во најслатките вкусови, преку слаткарницата „Кај Мама“ на „Мама Љубинка“. Истата е лоцирана во склоп на Градскиот пазар, помеѓу КАМ маркетот и пазарот и нуди одличен избор на торти и колачи, но и најквалитетно кафе за сите сладокусци. – Зад нас е полна година дружење и заедничко уживање во ...

Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – И повторно… мапирани и исчистени диви депонии во населбите Воска и Даљан. Службите на ЈП „Охридски комуналец“ и овој пат го расчистија она што несовесни граѓани го одложиле таму каде не треба, деградирајќи јавни површини и загрозувајќи ја животната средина на околното население. – Мапирани се диво создадени депонии на 6 локации во овие населби од каде се подигнат 55 м³ кабаст и зелен отпад. Апелираме до ...

Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Високи црковни гости од Романија, предводени од архиепископ на Јаши и митрополит на Молдавија и Буковина, Теофан и неговиот викарен епископ, Никофор се во посета на МПЦ-ОА и на Република Македонија, во рамките на која ќе ги посетат и манастирите во Охрид и Струга. Четиридневната посета на Македонија романската делегација почнала од Струмичката епархија со посета на манастирите Свети Леонтиј и Покров на ...

Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17-ти април, денот кој православните верници ги одбележуваат во чест на Св. свештеномаченик Симеон, епископ Персиски. Свети Симеон беше епископ на Персија во четвртиот век, кога во оваа земја христријаните ги гонеше царот Сапор. Царот покрај Симеон погуби уште околу илјада персиски христијани. Свети Симеон беше погубен на крајот, откако самиот успеа ...

Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска во сообраќај се става и клучката „Требеништа“, со што се завршува уште еден дел од автопатот Кичево-Охрид. – Интензивно работиме и на споредните патишта, кои не беа предвидени претходно, со цел ниту едно населено место да не остане неповрзано, откри заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Изградбата на овој патен правец официјално започна на 22 февруари ...

Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и услови за локален дожд и изолирана појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 15 степени. – Под влијание на влажна и постудена воздушна маса денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²). Поради продор на постуден воздух од север, врнежите ...

Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Охрид, 29. април 2029 (ОХРИДПРЕС) – Температурата на езерската вода од 10,3 степени, денеска беше сосема пријатна за повеќе граѓани, кои уживаа во попладневното капење кај плажата „Горица 3“. Неколкуте поврзани сончеви денови, и температурите секојдневно се зголемуваат, „измамија“ се’ повеќе охриѓани и гости кои уживаат во прошетка покрај езерото, а најхрабрите го искористија сонцето и за капење во езерото. Метеоролозите за денеска во Охрид ...

Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Пред нас е големиот христијански празник Ѓурѓовден. Дали се пости за Ѓурѓовден 2026? Дознајте дали славата е посна или мрсна, што вели православната традиција и што задолжително треба да има на трпезата. Ѓурѓовден, празник посветен на Светиот великомаченик Георгиј (Св. Ѓорѓи), секоја година отвора исто прашање меѓу верниците: дали се пости или не? Одговорот не е секогаш ист и туку зависи од денот во ...

Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, од 12 до 14 јуни 2026 година, во Охрид ќе се одржи јубилејниот, 10-ти по ред, меѓународен ИПА Вело викенд „На точак, Охрид и Струга да видам“. – Централниот настан-традиционалната велосипедската рекреативна тура Охрид-Струга-Радожда закажана за 13 јуни 2026 година. Стартот ќе биде од градското пристаниште во Охрид во 08:00 часот од ...

Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 28 април 2026 година, во 22:35 часот во СВР Охрид, 73-годишна жена од Охрид пријавила дека на 26 април 2026 година, околу 16:30 часот во нејзин имот во охридското село Косел, била физички нападната од едно лице, кое претходно го предупредила да не поминува со трактор во нејзиниот имот. – Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: архива ...

Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 28 април 2026 година, во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди на ногата било донесено 36-годишно лице од струшкото село Мороишта. – Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи за градежна фирма од Струга на автопатот во изградба Охрид-Кичево, односно при ...

Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 28 април 2026 година, во 14:35 часот на паркинг просторот на улицата „Егејска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 60-годишник од Охрид. – Претходно, тој со патничко возило марка „Опел корса“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал, движејќи се наназад удрил во патничко возило „КИА“ со охридски регистарски ознаки, паркирано од страна на 50-годишно лице од Охрид, и се ...

Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 28 април 2026 година, во 21:02 часот во СВР Охрид ое пријавено дека на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид било опожарено патничко возило марка „Ауди“ со австриски регистарски ознаки, сопственост на лице од Австрија, со привремен престој во Охрид. – Пожарот бил изгаснат од случајни минувачи и од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид. Се превземаат мерки за расчистување на настанот, ...

Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Леонид Тодороски, со освоени 23 поени го освои бронзениот медал на Европската математичка олимпијада (ЕМО 2026), која се одржа во Вилнус, Литванија. Олимпијадата годинава се одржа за првпат од 23 до 29 април, а македонската делегација се состоеше од шест ученици: Дамјан Давков, Ивано Божиновски, Леонид Тодороски, Марко Митевски, Андреј Тасиќ и Филип Џамбаски; предводени од Илија Јовчески и Лука ...

Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Младиот македонски пејач Дамјан Стоименовски ја претстави својата најнова музичка нумера „Рингишпил“, емотивна поп балада која ја раскажува внатрешната борба со љубовта што заминала, но сè уште живее во мислите и спомените. – Песната носи длабока и искрена интерпретација, при што низ музика и текст се доловуваат чувствата на загуба, копнеж и немир кои остануваат по една недовршена љубовна приказна. ...

Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Драмската секција при ОСУ „Св. Климент Охридски“, во понеделник, на 4 мај, ќе ја изведе претставата „Перфектни странци“, во режија на професорката Ирена Бачиќ. – Претстава што ќе ве насмее, ќе ве затегне… и ќе ве натера да го погледнете сопствениот телефон поинаку. Што ако една обична вечер се претвори во игра без правила? Еден телефон. Седум пријатели. Без тајни…или барем така мислат?! Во свет каде што ...

Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на засилени контроли на работењето на управителите со станбени згради, Регулаторната комисија за домување (РКД) донела одлука за одземање на лиценците на четири правни субјекти, по утврдени неправилности при вонредна проверка на усогласеноста со законските обврски. Како што информираат од институцијата, акцијата е спроведена со цел да се провери дали управителите постапуваат согласно измените на ...

Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Познатата канадска кантавторка Sarah McLachlan го претстави својот нов сингл „All This Disaster“, кој беше објавен неодамна, на 24 април 2026 година и веќе е достапен на сите поголеми дигитални музички платформи. Песната е уште еден и современ придонес на нејзината богата дискографија, потврдувајќи го нејзиното континуирано уметничко присуство на меѓународната музичка сцена. „All This Disaster“ ги задржува ...

Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Бразилскиот диџеј и продуцент во подем, Zerb, соработува со poznatata Rita Ora на новиот сингл „If It’s Not Love“, кој беше објавен на 17 април 2026 година. Оваа соработка беше најавена преку социјалните медиуми на двајцата уметници во текот на претходните недели, создавајќи интензивен интерес кај нивната публика. Станува збор за денс-поп песна, со силни електронски влијанија кои ја носат карактеристичната ...

Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Bruno Mars неодамна го претстави својот прв компилациски албум насловен „Collaborations“, издание кое ги обединува некои од најуспешните соработки во неговата кариера. Албумот беше издаден на 18 април 2026 година за Atlantic Records и беше негов придонес на Record Store Day, за кој Bruno беше најавен како амбасадор за 2026 година. Изданието е објавено во ограничен тираж од само 11.000 примероци, што го ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54