Вашингтон – Соединетите Американски Држави соопштија дека ѝ ги вратиле на венецуелската влада сите 500 милиони долари од првичната продажба на нафта, што беше дел од договорот постигнат меѓу Вашингтон и Каракас минатиот месец, изјави вчера американски функционер под услов да остане анонимен. Последните 200 милиони долари се префрлени на Венецуела, со што е завршен трансферот на средства. Функционерот рече дека Венецуела официјално го примила ...

Вашингтон – Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе учествуваат на трилатералните преговори со Русија и Украина во Абу Даби, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит. Според неа, делегациите на САД, Украина и Русија „досега не беа во можност да седнат на преговарачка маса и да тргнат кон мир“. Таа оцени дека пратеникот Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, „го направил невозможното возможно“ ...

Во земјава денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Централното чествување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност ќе биде во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде цвеќе ќе положат премиерот Христијан Мицкоски, делегација на Собранието, предводена ...

Денеска е среда, 4 февруари 2026 година, 35-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 330 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 43 минути, а ќе зајде во 16 часот и 52 минути. Денов трае 10 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, а ќе зајде во 8 часот. Денеска е среда, 4 февруари 2026 година, 35-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 330 дена. Сонцето во Скопје изгреа во ...

Времето денес ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени. Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон ...

Поради планирани два зафати во водоводната мрежа без вода денеска ќе бидат корисниците од повеќе улици во општините Центар и Чаир. Поради уличен дефект на улица „Адам Мицкиевиќ“ бб во Општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Адам Мицкиевиќ“, вклучително и ОУ „Киро Глигоров“, дел од улица „Козара“ и дел од улица „Васил Ѓорѓов“. Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје ќе биде ...

Поранешниот сопруг на поранешната прва дама на САД, Џил Бајден, е уапсен и обвинет за убиство на сопругата, соопштија официјални лица во вторник. Вилијам Стивенсон (77) беше приведен во понеделникот и се соочува со обвинение за убиство од прв степен за смртта на Линда Стивенсон, според обвинението поднесено од големата порота во Делавер. На 28 декември 2025 година, полицајци од полициската управа на округот Њу Касл реагираа на пријавена ...

Македонската женска фудбалска репрезентација во периодот од 4. до 8. февруари во Дојран ќе одржи тренинг камп со кој официјално ќе ги почне подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство. Избраничките на селекторот Александар Андов ќе ги стартуваат мундијалските квалификации на 3. март со дуелот против Азербејџан на гостински терен, а четири денови подоцна во Битола ќе гостува, Андора. Во вториот циклус, на 14. ...

Македонската фудбалска репрезентација на 26. март на стадионот „Паркен“ во Копенхаген против Данска ќе го одигра плеј-оф натпреварот за пласман на Светското првенство 2026. Фудбалската федерација на Данска, за македонските навивачи обезбеди 1.750 влезници по цена од 3.650 денари, како и дополнителни шест билети за корисници на инвалидски колички. Навивачите на македонскиот национален тим можат да купуваат билети директно преку веб – ...

Портпаролот на Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа (СХАПЕ) денеска најави дека НАТО почна да ја планира воената мисија Арктичка стража. – Во тек е планирање на зголемени активности на НАТО наречена Арктичка стража, полковник Мартин Л. О’Донел. Тој не наведе повеќе детали за мисијата Арктичка стража. Германскиот весник „Шпигел“ објави дека НАТО планира да го зголеми военото присуство на Арктикот „за да го смири“ американскиот ...

Чистките меѓу военото раководство на Кина практично не оставија никого во раководството на кинеските вооружени сили. Ова ја доведува во прашање подготвеноста на Пекинг за воена акција против Тајван. До 2023 година, по една деценија на власт, Ши Џинпинг формираше висока воена команда од лојалисти кои имаа за цел да ја трансформираат Народно ослободителната армија (НОА) во сила од светска класа. Но, во следните години, Ши, кршејќи ја ...

Саиф ал-Ислам Гадафи, синот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, е убиен на 53-годишна возраст. Неговиот пат го одведе од очигледниот наследник на неговиот татко, низ децении затвор во оддалечен планински град, до неуспешна претседателска кандидатура што на крајот го поткопа изборниот процес. Веста за неговата смрт во вторникот ја потврдија извори блиски до семејството, неговиот адвокат Калед ал Зајди и либиските медиуми, но ...

Само два дена од стапувањето во сила на проектот „Безбеден град“ почнаа протести поради казните за прекршоците. Група граѓани попладнево го блокираа патот Битола – Ресен потврдија за „360 степени“ од Министерството за внатрешни работи. На социјалните мрежи во попладневните часови се појавија видеа на кои можат да се видат граѓани како го блокираат патот палејќи отпад, гуми и дрва. Насобраните извикуваат „Правда бараме“, а дел од нив велат ...

Месечината во Девица во февруари го вади најдоброто од сите нас. Влијае на фактот дека сакаме да бидеме искрени и да обрнеме внимание на луѓето кои се тука за нас, но и да им покажеме на другите дека сме сигурни и автентични. Деенеска, 3-ти февруари, Месечината во Девица ја отвора вратата кон длабока љубов, а три хороскопски знаци ќе бидат особено среќни поради тоа. Проверете дали сте меѓу среќниците кои ќе ги пречека нова љубов. Близнаци За ...

Јадењето овошје наутро често се смета за еден од најздравите начини да се започне денот бидејќи му обезбедува на телото витамини, минерали и природна енергија. Сепак, не секое овошје е идеално за јадење на празен стомак, особено ако имате чувствителен дигестивен систем. Клучот е да изберете лесно, хидрирачко овошје и да го комбинирате со друга храна доколку е потребно. Правилно избраното овошје наутро може да го стимулира варењето, да ја ...

На граничнот премин „Блато“ на македонско – албанската граница, кај Дебар, албанската полиција уапсила македонски државјанин, кој откако одбил да биде контролиран, се обидел да избега, загрозувајќи ги животите на полицајците. „Вчера околу 17:20 часот, лицето Г.К. (42) жител на Република Северна Македонија, при влез на албанска територија со својот автомобил „мерцедес“, бил замолен да премине на втората линија за детална проверка, заедно со ...

Полската воена полиција денеска приведе вработен во Министерството за национална одбрана под сомнение дека соработувал со руските и белоруските разузнавачки служби. Според полските медиуми, осомничениот бил приведен од работното место. Тој имал позиција на средно ниво во Одделот за стратегија и планирање на одбраната. Приведувањето е реализирано по долга истрага на полската Воено контраразузнавачка служба. Приведениот (60) во полското ...

„Дизни“ го именуваше шефот на парковите, Џош Д’Амаро, за наследник на Боб Игер како главен извршен директор на гигантот за забава. Д’Амаро ја презема позицијата откако беше претседател на „Дизни Експерименти“ од 2020 година, предводејќи ги напорите за тематските паркови, крстарењата и одморалиштата на компанијата. Педесет и четири годишникот влегува на позицијата во време кога „Дизни“ е преполн со хитови на бокс-офисот како „Зоотопија 2“ и ...

Владата на денешната седница донесе заклучок во однос на петте кандидати за јавен обвинител и согласно законските одредби ќе го достави до Советот на јавни обвинители, информира денеска на прес-конференција владината портпаролка Марија Митева. – Собранието ја информираше Владата за завршување на огласот за јавен обвинител. Ги достави петте кандидати, добро познати на јавноста. Владата донесе заклучок согласно законските одредби што и стојат ...

Во Франција обвинети се десет мажи за силување на петгодишно момче. Детето било силувано со помош на неговиот татко, кој исто така учествувал во насилството, соопшти Обвинителството во Лил. Обвинетите се на возраст од 29 до 50 години. Истрагата против нив почна на 15 февруари 2025 година, а злосторството врз детето било вршено во периодот од ноември 2024 до февруари 2025 година. Тие користеле дроги за зголемување на сексуалното задоволство, а ...

Париз – Марго Роби и Џејкоб Елорди продолжија со мода инспирирана од викторијанскиот период на париската етапа од нивната промотивна турнеја за „Wuthering Heights“. По светската премиера на филмот во Лос Анџелес, австралиските актери го донесоа својот современ стил и готска романса на специјална проекција во Париз. Двојката се најновите ѕвезди што ги играат Кетрин Ерншо и Хитклиф во филмската адаптација на класичниот роман на Емили Бронте од ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека се во тек подготвителни работи за повторно воспоставување директни разговори меѓу Европа и Русија за војната во Украина, додавајќи дека е важно Европејците да ги обноват своите комуникациски канали, но дека Русија не покажува подготвеност за постигнување мировен договор со тоа што продолжува да ја бомбардира Украина. „Тоа мора да биде подготвено, затоа се во тек технички разговори за ...

Поранешниот министер и амбасадор Питер Манделсон поднесе оставка од британскиот Дом на лордовите откако излегоа на виделина низа скандалозни е-пораки што го поврзуваа со сексуалниот престапник на деца и финансиер Џефри Епштајн, вклучувајќи ги и оние што очигледно протекоа доверливи комуникации на британската влада. Овој потег дојде откако премиерот Кир Стармер изјави дека предал досие на полицијата откако се дозна дека Манделсон испратил ...

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека од денеска во продажба онлајн се пуштени билетите за бараж натпреварот за пласман на Мундијалот 2026 во Копенхаген против Данска. Репрезентацијата на Македонија на 26 март гостува кај Данска на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, кој е со капацитет од 38.190 седишта. Според правилата на ФИФА, за гостинските навивачи, во случајов македонските, следуваат 1.750 седишта плус 6 за корисници на ...

Министерот за култура, Зоран Љутков е тотално отсутен и очигледно незаинтересиран за условите и правата на своите довчерашни колеги – културните работници. Веднаш по стапување на функција, тој го сврте грбот на сѐ што значи култура во Република Македонија, се наведува во денешното соопштение на Левица. „Министерот очигледно не ги разликува колективните договори, нивната важност и примена. Му укажуваме дека Колективниот договор за култура не е ...

Портпаролката на Владата, Марија Митева, на прес-конференција објави дека кабинетот на Христијан Мицкоски на денешната седница ја усвоил програмата за работа во 2026 година, но во нејзиното подолго уводно излагање не ја спомена Европската унија. Иако рече дека владата е посветена на „европската иднина“. Таа главно ги наведе работите што веќе се во тек, реформите што треба да продолжат и ќе се преземат. Зборуваше за дигиталната ...

На 3 февруари 1959 година, кој ќе стане познат како „денот кога музиката умре“, рокенрол ѕвездите Бади Холи, Ричи Валенс и Џ.П. „Големиот Бопер“ Ричардсон загинаа во мала авионска несреќа во близина на Клир Лејк, Ајова. Бади Холи, Ричи Валенс и Џ. П. „Големиот Бопер“ Ричардсон загина кога нивниот изнајмен авион „Бичкрафт Бонанца“ се урна неколку минути по полетувањето од Мејсон Сити на летот за Мурхед, Минесота. Инспекторите ги обвинија за ...

Наместо да го олеснат движењето низ Арктикот, климатските промени го прават мразот подебел, поподвижен и поопасен во некои области, дури и кога вкупната површина на ледената покривка се намалува. Иако американскиот претседател Доналд Трамп има амбициозни планови да го освои Гренланд, а тамошните власти и Данска велат дека никогаш нема да го дозволат тоа, фактот е дека постои поголем проблем од сегашната администрација на Белата куќа, а тоа е ...

Се разгледува можноста транспортните превозници да бидат ставени во истата категорија на работници како пилотите и машиновозачите – порачале претставниците на Европската комисија (ЕК) на денешниот онлајн состанок со надлежните министри од земјите од Западен Балкан, чии превозници, согласно новите правила за влез и за излез од ЕУ, ќе беа соочени со ограничен престој во Шенген-зоната. Европските претставници потврдиле дека превозниците се ...

Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека не планира да го урне Центарот за сценски уметности Кенеди, туку да создаде „целосно нов“ со користење на постоечкиот челик и дел од мермерот на зградата за време на нејзината реконструкција. „Не го уривам. Ќе користам челик, па затоа ја користиме структурата“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, одговарајќи на прашањето дали планира да ја урне зградата на Кенеди ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
34%
1021
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
1.03
40%
1021
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
48%
1021
weather icon

Софија

15ᴼ / 12ᴼ
1.03
45%
1021
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
2.56
53%
1024
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
2.06
54%
1021
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.09
45%
1021
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
52%
1021
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
42%
1022
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
68%
1024
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
53%
1021
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
62%
1023
Currency

61.6317

Currency

53.3646

Currency

71.4496

Currency

38.1833

Currency

39.2995

Currency

68.3218

Currency

7.77243

Currency

0.67362

Currency

0.33594

Currency

0.5251

Currency

1.20986

Currency

0.57883

Паладиум

52952.28

Алуминиум

3.44

Бакар

11.80

Платина

70185.08

Кобалт

66.14

Цинк

3.27

Злато

166450.52

Калај

50.11

Сребро

2840.84

Родиум

369733.59

Рутениум

49769.36

Иридиум

242447.66