Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), во соработка со Патриотското друштво од Скопје, Македонија по повод Старата Нова година – Василица, реализираше хуманитарна акција со доделување новогодишни пакетчиња за децата од македонско потекло во Корча и во Општина Пустец. Во Пустец, пакетчињата беа поделени во Основното и средното училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓорѓиефски“. Во име на МАЕИ, пакетчињата ги подели Атанас Плоча, ...

Повеќе од две децении, Русија се инволвираше во воениот и енергетскиот сектор на Венецуела, како и во политичката елита, додворувајќи се на Уго Чавез и неговиот наследник Николас Мадуро, кои беа жестоки критичари на САД, и воспоставувајќи цврсто упориште на западната хемисфера. За време на 26-те години на власт на претседателот Владимир Путин, Русија негуваше лични односи, институционални врски и комерцијални интереси. Аналитичарите велат ...

Елена Ѓеорѓиевска Јовеска , Елизабета Андреска и Васко Ристески годинава се најсреќните меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ги најдоа паричките на заедничкиот појадок што по повод празникот Василица по традиција се одржува во институцијата. Појадокот беше организиран од минатогодишните кумови, Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески. Градоначалникот Кирил Пецаков ги дарува новите кумови, со желба годината да им биде здрава, ...

Секторот за внатрешни работи Тетово постапува согласно годишен план за постапување во зимски услови во зимските рекреативни центри Маврово и Попова Шапка, но и во целото подрачје што го покрива. Како и минатата година, така и оваа година на подрачјата на Маврово и Попова Шапка се воведува кружен тек на движење на возилата за да се избегне секој вид на блокирање на патот. Но, поради одредени неодговорни возачи кои не го почитуваат тоа правило ...

Ова е првата генерација која се соочува со регрутација откако таа беше укината во 2008 година, една година пред влезот на Хрватска во НАТО. Тогашната цел беше професионализација на вооружените сили и напуштање на задолжителната воена служба. Зошто се враќа воениот рок? Денес, особено ако се има предвид дека Хрватска од Украина ја дели само Унгарија, перспективата на вооружен конфликт изгледа непријатно блиску. Во 2022 година заталкан дрон, ...

Постепена промена на времето повторно очекувам за време на викендот кој доаѓа (Сабота и Недела 17 и 18 Јануари 2026). Територијата на Македонија повторно ќе потпадне под влијание на значително поладен и влажен воздушен бран од исток и од североисток. Во ваква ситуација температурите повторно позначително ќе опаднат а особено во недела на 18 Јануари повремено ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој најизразен ќе биде долж ...

Во пресрет на лидерската средба што премиерот Христијан Мицкоски ја закажа за среда, 14 јануари, во Клубот на пратеници во Скопје, Левица засега е единствената партија од опозицискиот блок која потврди дека ќе седне на заедничка маса со владејачките партии. СДСМ децидно ја одби поканата на Мицкоски, а ДУИ сѐ уште размислува и најави дека ќе донесе одлука на седницата на Генералниот совет. Левица потврди присуство на средбата Левица ...

Жители на Куманово кои во изминатиот период беа ангажирани од американски компании во воените бази во Ирак и Авганистан, денеска повторно излегоа на протест пред подрачната канцеларија на Управата за јавни приходи. Кумановци бараат од надлежните служби да ги признаат доставените докази, меѓу кои се патни исправи со гранични печати, потврди од работодавачите и други документи што, според нив, потврдуваат дека биле отсутни од земјата повеќе од ...

На средбата изразив искрена благодарност за нејзината лична посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на јакнењето на безбедносниот систем и институционалните капацитети на Министерството за внатрешни работи. Ја истакнав нејзината значајна улога во унапредувањето на билатералната соработка меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата ...

Заедно со Владиката г. Георгиј, претставници од МПЦ, јавните претпријатија, од МВР, Капетанија, Црвен крст и нуркачите клубови денеска ги дефиниравме сите детали со цел настанот да биде реализиран во најдобар ред. Централните празнувања се на 19 јануари. Започнуваат во раните утрински часови со свети и празнични литургии во сите парохиски цркви, по што трите литии од црквите Св. Богородица- Каменско, Св. Георги – Горна Влашка Мала и Св. ...

Министерството за одбрана ѝ издаде негативна референца на „Лукоил Македонија“, што резултира со шестомесечна забрана за учество на тендери. Оваа мерка директно ја спречува нафтената компанија да се натпреварува на јавни набавки објавени од училишта, општини и државни институции. Бирото за јавни набавки објави дека негативната референца стапила на сила на 17 декември и ќе трае во следните шест месеци, односно до 17 јуни 2026 година. Причината ...

На 12.01.2026 во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина. Од Основен суд Крива Паланка му била изречена ...

На 13.01.2026 во 01:16 часот на регионалниот пат Р1208, на место викано „Кореа“, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Р.(45) од Струга. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,82 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ц.(55) од Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, поранешен заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, и Д.А.(38) од Старо Нагоричане, вработен како соработник за промена на прописи, постапки и обука за човечки ресурси во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противзаконско располагање со буџетски средства за време на избори“ и ...

Проектот „Безбеден град“ (Сејф Сити), кој треба да регистрира сообраќајни прекршоци преку камери во Македонија, е заглавен во собраниска процедура. Иако стартот беше најавен за 1 февруари, неизвесно е дали ќе профункционира поради недостиг на двотретинско и Бадентерово мнозинство. Зошто е заглавен проектот „Сејф Сити“? За измените на Законот за прекршоци, кои овозможуваат електронско испраќање на казни, потребна е поддршка од ДУИ и СДСМ. ...

Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на Антцициклон, односно поле со висок воздушен притисок кое условува да имаме стабилно, суво, тивко но многу ладно време со многу ниски температури на воздухот, особено ниски температури имаме во ноќните и во утринските часови. Сепак, студот во следните денови малку ќе попушти особено преку ден кога температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени а во Скопје и ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03% во однос на одлуката од 5.1.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,332%, кај дизелот има ...

Граѓаните во земјава ќе почувствуваат значително олеснување на своите буџети, откако цената на јајцата бележи серизоно намалување, покажуваат најновите податоци од пазарот. Според информации на трговците и големопродажните пазари, стабилизацијата на производството и поголемата понуда на свежи јајца резултираат со пониски цени за потрошувачите, што е особено позитивно за домаќинствата што ги користат јајцата како редовна прехранбена ...

Силниот дожд предизвика опасно мрзнење на патиштата, особено на западот од Германија. Сообраќајот на повеќе автопати во покраините Северна Рајна-Вестфалија и Рајнланд Пфалц напредуваше многу бавно. Според Германската метеоролошка служба, најобилниот дожд паднал во Келн, Дизелдорф и Дуизбург околу 3 часот наутро. Потоа дождовната завеса се поместила кон исток. Обилни врнежи имало и во Франкфурт, Штутгарт и Хановер. Дождот на сите овие места ...

Оловото се користело како материјал за водоводни цевки уште во римско време. Металот е тежок, но истовремено доволно мек за да се витка во посакуваната форма, па може дури и да се втисне името на сопственикот на цевките. Но, одамна е веќе познато дека оловото е токсично. „Труење со олово доведува до невролошко оштетување или анемија“, наведува педијатарот Штефан Безе-О’Рајли, медицинар за животна средина при универзитетот „Лудвиг ...

Бугарскиот премиер во оставка, Росен Жељазков, доби мандат од претседателот на Бугарија Румен Радев за формирање нова влада на ГЕРБ (бугарска централно десничарска партија) и веднаш го врати, јави бугарскиот сервис на Радио Слободна Европа. Со тоа е завршен првиот чекор од постапката откако Жељазков и неговата влада поднесоа оставка на 11 декември 2025 година по едни од најмасовните протести во современата историја на Бугарија. Причината за ...

Денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштети стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот и Ш.А. е лишен од слобода, а по документирање на ...

На 11.01.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, го лишија од слобода М.Г.(56) од Р.Србија, кој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ со српски национални ознаки. При граничната контрола, утврдено е дека е фалсификуван WIN бројот на ...

Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на Сибирски Антициклон, односно под влијание на висок воздушен притисок и екстремно ладна воздушна маса која се спушта директно од Сибир кон нашиот дел од Европскиот Континент. Во ваква ситуација имаме стабилно, суво и претежно сончево но многу ладно време со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено дува засилен ветер од северен правец кој најмногу е изразен во Повардарието. ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека иранското раководство бара разговори со Вашингтон по неговите закани за воена акција поради насилното задушување на масовните протести во Иран. „Лидерите на Иран се јавија“, им рече Трамп на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ на 11 јануари. Тој додаде дека „средбата се договара… Тие сакаат да преговараат“. Сепак, „можеби ќе мора да дејствуваме пред состанокот“, ...

Вкупно 6.128 странски работници добиле дозволи за привремен престој во Северна Македонија. Тоа е за три и пол пати повеќе отколку пред пет години кога поради работа во земјава дозволи добиле 1.704, покажуваат податоците што Радио Слободна Европа (РСЕ) ги доби од Министерството за внатрешни работи (МВР). Најголем интерес за вработување на странци, според мислењата што ги издавала Агенцијата за вработување од 2020 до сега, има во ...

Во 2025 година, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид опслужија 3,5 милиони патници и 26.500 летови. Двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид минатата година опслужија 3,5 (3.475.288) патници што е зголемување од 9% во однос на 2024 година. Во 2025 година двата аеродроми опслужија 26.500 летови, што е за 4% повеќе во однос на истиот временски период, од ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека најновите напади на Русија врз неговата земја претставуваат „свесен, циничен руски терор“, додека земјата и понатаму се соочува со смртоносни напади и голема штета врз енергетскиот систем во услови на ледени зимски температури. Зеленски рече дека во текот на изминатата недела Русија употребила речиси 1.100 дронови, повеќе од 890 наведувани воздушни бомби и над 50 ракети од различни ...

Пелагониски регион Битола, Могила и Новаци: Во подрачјата каде што имаше излевање на реките, водата постепено се повлекува од поплавените површини. Нивото на река Црна кај с. Новаци во 18:00 часот изнесува 320 см. Демир Хисар: Поради оштетување на мостот на Боишка река, локалниот пат кон село Мренога е затворен за сообраќај. Реките се вратени во своите корита, освен реката Црна во атарот на селата Жван и Единаковци, каде сè уште има излевање ...

На (11.01) во 15:55 часот, во СВР Скопје, од страна на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија. Офицерот за безбедност на Амбасадата, преку системот за видео надзор, забележал оштетување на стаклото од влезната врата на објектот. Според досега утврденото, оштетувањето го извршило засега ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
51%
1027
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
4.63
48%
1026
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
1.03
48%
1026
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
54%
1028
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
4.44
46%
1030
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
61%
1027
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
6.26
50%
1027
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
32%
1026
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
39%
1026
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
48%
1031
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
1.79
42%
1028
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
54%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Платина

67998.83

Иридиум

229769.28

Кобалт

66.14

Паладиум

51794.85

Цинк

3.27

Бакар

11.75

Сребро

2648.90

Рутениум

45750.51

Злато

163613.54

Калај

50.04

Родиум

368126.05

Алуминиум

3.29