Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Општина Охрид има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на Извештајот од спроведено следење на примената на системот на интегритет за 2025 година кој го објави Државната комисија за спречување на корупција. Во извештајот кој беше објавен во март 2026 година, Општина Охрид има исполнителност од 87,87 % и е во категоријата „Многу добра усогласеност“ и предничи пред останатите општини во оваа категорија. Овој резултат ...
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Гупацијата – дванаесетта година е дел од хуманитарната иницијатива “Подај рака“ на Општина Илинден, која општината ја спроведува во соработка со Црвениот крст. Во пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик. Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт заедно ...
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми април, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до сите припадници на ромската заедница. – Денешниот празник е потсетник за вредноста на различностите и богатството што го носи секоја заедница во нашиот мултиетнички мозаик. Ромите се нераскинлив дел од современото македонско општество, со својата препознатлива традиција, култура и придонес во сите сфери на општествениот живот. ...
По повод големиот христијански празник, Воскресение Господово- Велигден, утре (Велики четврток) со почеток во 11:00 часот, на плоштад „Вангел Наумоски” (Мини маркет) ќе се одржи традиционалниот Велигденски базар којшто има хуманитарен карактер. Настанот е во организација на Општина Охрид и ЈП „Градски пазар”, а има за цел да го збогати празничниот дух во градот, да ја поттикне креативноста кај најмладите и да ја афирмира хуманоста, ...
Односите со Албанија се одлични и ќе останат такви. Но дали вашиот претседател Таравари со скандалот „Ѓока” барал помош од премиерот Еди Рама, па бил упатен да бара помош од Али Ахмети и со тоа Ве паркираа во коалиција со ДУИ, тоа е прашањето на кое треба Вие да одговорите, му порача вицепремиерот Николоски, на пратеникот Халил Снопче, на седницата за пратенички прашања. Вицепремиерот Николоски, од собраниската говорница потенцира дека чудно ...
Во текот на вчерашниот ден (07.04.2026), во периодот од 11:00 до 17:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на подрачјето на општините Куманово, Илинден, Бутел и Кисела Вода, спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај, со посебен акцент на контрола на учесници во сообраќајот кои управуваат мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При контролата изречени се три ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, според сопствените изјави, е подготвен две недели да ги прекине бомбардирањата и нападите врз Иран, доколку Техеран го отвори Ормускиот Теснец. Станува збор за обострано примирје, соопшти Трамп на својата платформа Трут Соушл. Трамп напиша дека пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф го замолил да се воздржи од најавените напади врз иранските електроцентрали и друга инфраструктура. Американскиот претседател ...
За време на Велигденските празници, односно во периодот од 9 април 2026 (Велики Четврток) до 11 април (Велика Сабота) територијата на Македонија ќе биде под влијание на значително поладен бран кој ќе се спушта од северот и од североистокот на Европскиот Континент. Времето ќе биде значително поладно и променливо со повремено засилен до силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час и истиот ...
По повод годишнината од смртта на Методи Патчев, делегација на Општина Охрид, предводена од Ана Крстеска, заменик градоначалник, денеска положи свежо цвеќе на неговото спомен обележје во градскиот парк. Свежо цвеќе на спомен обележјето на охридскиот револуционер положија и членови од фамилијата Патчев, претставници од Општинското основно музичко училиште „Методи Патчев“, Сојузот на борци и претставници на политички партии. По повод ...
Ние сме првата земја од Европа којашто има ваков стратешки дијалог со Соединетите Американски Држави, при што нашата делегација ја предводи министерот Тимчо Муцунски, а од американска страна учествува заменикот во Стејт департментот Landau. На средбите се разгледуваат теми како дигитална трансформација, вештачка интелигенција, енергетика, инфраструктура и одбранбена индустрија, со цел да се постигне напредок во билатералната соработка. ...
Денеска (07.04.2026) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со СВР Струмица, како и припадници на ЕБР и САЕ “Тигар”, во координација со јавен обвинител при ОЈО ГОКК спроведоа координирана полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група која делувала на повеќе локации на територијата на РС Македонија, инволвирана во организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на наркотична дрога. По ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска оствари работна средба со градоначалникот на Струмица, Петар Јанков. На средбата во фокус беа зголемувањето на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, со посебен акцент на заштитата на пешаците, како и оптимизацијата на ресурсите и унапредувањето на сообраќајната инфраструктура. Соговорниците разговараа и за проектот „Сејф сити“, при што беше истакнато дека се планира ...
По повод годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Благојче Крстаноски, делегација на Општина Охрид денеска положи свежо цвеќе на неговото спомен обележје во селото Ливоишта. Благојче Крстаноски бил македонски бранител и професионален војник во АРМ. Загинал на 7 април 1999 на самата граница од снајперски оган од косовска страна. Тој бил првата жртва на вооружените сили во независна Македонија, чесно и пожртвувано извршувајќи ја ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествува во Стратешки дијалог Македонија – САД, кој се одржува во Вашингтон, каде што се одржува втората сесија од овој важен билатерален процес. Стратешкиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, со фокус на безбедноста, владеењето на правото и институционалниот развој. Во рамки на дијалогот, ...
Неговото мото со кое ја започнува предизборната трка гласи: „Од УКИМ-набљудувач до УКИМ-создавач“. Дарко Данев како професор, како поранешен студент и како човек во приватниот живот УКИМ е негов втор дом, во него ги поминал додипломските, постдипломските и докторските студии и ги искачил сите академски скалила, од асистент до редовен професор. Два пати бил избиран за декан на Машинскиот факултет, а студентите го паметат по тоа што во ...
Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ до крајот на денешниот ден вторник 7 април 2026 во Македонија останува времето да биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Денес повремено ќе засилува ветер во западните предели од западен а во источните предели од северозападен правец. Максималните температури во Македонија денес ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. Во Скопје и околината денес ...
Четворицата астронаути на мисијата Артемис II на НАСА во понеделникот ја достигнаа најоддалечената точка од Земјата на која некогаш се нашол човек, движејќи се по траекторија во гравитациското подрачје на Месечината, која наскоро ќе ги одведе над затемнетата, далечна страна на Месечината. Екипажот на Артемис II, кој од минатата недела лета во вселенската капсула Орион по лансирањето од Флорида, се разбуди околу 10:50 часот по ...
Под сенката на строги безбедносни мерки беа одржани богослужбите за празникот Цветници во храмот на Воскресението Христово во Ерусалим. Патријархот Теофил претстоеше на празничната служба и на големата вечерна, кои се одржаа зад затворени врати, бидејќи присуството на верниците беше целосно забрането поради напнатата состојба во поширокиот регион. Неговото слегување во храмот се одвиваше со исклучително мала придружба, составена од околу ...
Започнуваме ново поглавје на соработка и поврзување. Со обострано задоволство го потпишавме Меморандумот за пријателство и соработка помеѓу општина Охрид и белградската општина Стари Град – историското и културното срце на Белград. Ова претставува вовед во официјалното збратимување на нашите општини и отвора врати за размена на искуства во локалната самоуправа, културна соработка и промоција на заедничките вредности, проекти во образованието ...
Се известува јавноста дека поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, за ранливите категории граѓани(лица со попреченост, самохрани родители, згрижувачки семејства, пензионери….) се прекинува Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2026 год, а за останатите домаќинства јавниот повик се уште трае се до исцрпување ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга М.Ќ.(65) од с.Биџево, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 18.11.2025, во својство на градоначалник на општина Струга, спротивно од Законот за јавни претпријатија, донел одлука за именување на вршител на должност директор на ЈП „Водовод и канализација“ ...
На 05.04.2026 во 13:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода О.С. (47) од Тетово. Претходно, во 12:40 часот во ПС Тетово, неговиот 76-годишен татко, пријавил дека подолг временски период тој и неговата сопруга се жртви на семејно насилство од страна на нивниот син. Според пријавата, О.С. во алкохолизирана состојба секојдневно кршел предмети во домот и упатувал сериозни закани по нивниот живот. По лишувањето од слобода, ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од Кичево заради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ (по чл. 353 став 5 во врска со став 1, во врска со чл. 45 од КЗ на РСМ), како и против лицето Б.К.(46) од Кичево а заради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седуммина возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје и по еден во Кичево, Росоман, ГП Табановце, Чашка и Ранковце, а возачот во Ранковце возел и со поголема брзина од дозволената. За пречекорување на максимално дозволената брзина санкционирани се возачи во тетовско, кумановско ...
Вчера (05.04.2026), во временскиот период од 13:00 до 19:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе зајакната акциска контрола во патниот сообраќај со посебен акцент на контрола на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. При контролата на автопатот Скопје-Штип со специјално возило пресретнувач сопственост на Министерството за внатрешни ...
Велигден е еден од најважните денови, симбол на надежта, ден кога ја славиме победата на животот над смртта и победата на доброто над злото. Ова е празникот на верата во Бога и како што нашиот Спасител покажа дека мирот и светлината може да ги победи страданието и темнината, така секој од нас може и мора да се бори за правдата, добродетелството и љубовта. Овој светол ден нека биде вечна стремеж кон поттикот за саможртва во секојдневието, ...
На 05.04.2026 во 06:30 часот во СВР Скопје 50-годишна жена од скопско пријави дека околу 01:00 часот во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Б.(52). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 04.04.2026 во 02:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Г.(26) поради тоа што околу 01:30 часот физички ја нападнал неговата 25-годишна партнерка. По целосно ...
На 04.04.2026 од страна на полициски службеници од СВР Охрид преземени се мерки по претходно изготвен план за вршење контрола по угостителски објекти на подрачјето на Охрид. Во угостителски објект лоциран на ул. „Партизанска“ биле затекнати малолетници, при што е утврдено дека тројца од нив консумирале алкохол. При преземањето мерки, полициските службеници биле вербално нападнати од А.Н. и М.Н., двајцата од Охрид. По документирање на ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив шестмина возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје, двајца во Прилеп и по еден во Битола и Свети Николе. Четири лица (по еден во Кичево, Маврови Анови, Скопје и Кочани) возеле иако имале активна забрана за управување со возило, а едно лице управувало возило под дејство на ...
До месец јуни првата линија од Градски воз од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода, Аеродром до железичка станица Скопје ќе биде завршена, а со почетокот на школската година во септември ќе ја пуштиме во сообраќај. За останатите две линии тендер ќе распишеме оваа година со што ќе го скратиме рокот за една година и до 2027 година Градскиот воз комплетно на трите линии ќе биде завршен, истакна министерот за транспорт Александар Николоски. ...