Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Додека бил со мајка му на гости во куќа на подрачјето на општина Илинден, вчеравечер тинејџер (19) од Скопје, кој имал здравствени проблеми, паднал од третиот кат на куќата. Случајот е пријавен вчера некоја минута по 20 часот. Тинејџерот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Се работи на расчистување на случајот, соопшти СВР Скопје. Додека бил со мајка му на гости во куќа на подрачјето на ...
Копајќи со багер, вчеравечер вработени во градежна фирма на патот помеѓу селата Митрој Крсти и Симница, Гостиварско, пронашле две пластични буриња полни со експлозив, нагазни мини и куршуми. Како што соопшти СВР Тетово, двете пластични буриња биле полни со куршуми, рамки за автоматско оружје, мини и други експлозивни средства. Обезбедено е местото и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. Копајќи со багер, вчеравечер ...
По само една минута од НБА натпреварот Далас-Хјустон, лидерот на Хјустон, турскиот играч Алперен Сенгун, мораше да го напушти теренот поради повреда на десниот глужд. На самиот почеток од натпреварот, 23-годишниот Сенгун доскокна на ногата на противничкиот играч Даниел Гафорд и го повреди глуждот. Иако без помош но со видлива поткривнување, успеа сам да го напушти паркетот, но до крајот на дуелот Сенгун не се врати во игра. Деталните прегледи ...
Швајцарската полиција идентификувала уште 16 лица кои загинале во пожарот во барот во Кран Монтана за време на новогодишната ноќ, во кој загинаа 40 лица во една од најсмртоносните несреќи во поновата историја на земјата. Меѓу новоидентификуваните се 10 државјани на Швајцарија, како и двајца државјани на Италија, едно лице со италијанско-емиратско државјанство, државјанин на Романија, едно лице од Франција и државјанин на Турција, соопшти ...
Две стружанки, вработени во обложувалница во Струга, добија кривични пријави од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга, кое ги товари за „лажно пријавување кривично дело“ и за „затајување“. Двете се договориле и во вторникот во ОВР Струга пријавиле кривично дело „разбојништво“ односно дека во спортската обложувалница каде работеле, наводно влегло машко лице и со закана со пиштол им ги побарал парите од дневниот промет, по што избегал. ...
По повредата хрватскиот центар Ивица Зубац се врати во тимот на Лос Анџелес Клиперс, но ноќта од сабота кон неделата, заврши победничката серија на клубот од Лос Анџелес, а Бостон славеше со убедливи 146:15. ЛА Клиперс имаа шест победи по ред пред поразот, за што главен виновник беше одличниот Џејлен Браун. Играчот на Бостон одигра уште еден натпревар на ниво на МВП, завршувајќи го натпреварот со 50 поени со шут од 18-26, додека шутираше 6-10 ...
Колумбија синоќа распореди тенкови и војници за да ја чуваат границата со Венецуела по американската воена интервенција во Каракас. По наредба на колумбискиот претседател Густаво Петро, воените сили се собраа на клучните премини со Венецуела, стравувајќи од масовни миграции или дека криминалните банди би можеле да го искористат хаосот, пренесе парискиот весник Монд. Петро ја осуди американската операција, додека американскиот претседател ...
Во Кавадарци синоќа во 22 часот биле уапсени кавадарчаните Е.М.(23) и А.М.(26), постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Видое Смилевски – Бато“ во Кавадарци откорнале и однеле клупа, сопственост на општина Кавадарци. При преглед на патничко возило „форд“ со кавадаречки таблички управувано од А.М., била пронајдената украдената клупа. Двајцата се однесени во полициска станица.По документирање на настанот против нив ќе биде поднесена ...
Со повеќе од 17.000 сообраќајки и над 27.000 настрадани луѓе за четири години, државната статистика покажува дека во Македонија има континуиран раст на опасности во сообраќајот. Во овој контекст, стартува и најобемниот систем за автоматска контрола на сообраќајот – „Безбеден град“, кој уште во тест-периодот регистрира десетици илјади прекршоци дневно, отворајќи прашање дали напредната технологија може да го прекине растечкиот циклус на ...
Во селото Инџиково ноќеска во 2:20 часот Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршила преглед на Р.С. од селото Гумалево, Скопско и на автомобилот „мерцедес“ со скопски таблички што го управувал. Притоа, кај Р.С. бил пронајден кокаин, а во „мерцедес“-от и пиштол „Застава М57“, со калибар 7,62 мм наполнет со рамка со девет куршуми, за кој истиот не поседува дозвола. Р.С. бил уапсен, а полицијата најавува кривични пријави за ...
Во Демир Капија вчера во 17 часот била уапсена 36-годишна жителка на градот, откако нејзиниот 58-годишен сопруг ја пријавил дека физички го нападнала. Како што соопшти Секторот за внатрешни работи (СВР) – Велес, за настанот е известен јавен обвинител, а таа е спроведена во здравствена установа и по документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во Демир Капија вчера во 17 часот била уапсена 36-годишна жителка на градот, ...
Во скопско Волково синоќа еден маж трагично го загубил животот откако бил прегазен од „мерцедес“ зад чиј волан била жена од истото село. Таа избегала, но четири часа подоцна била уапсена. Како што соопшти МВР, ноќеска во 45 минути по полноќ во Волково била уапсена 40-годишната М.С. Таа на ул.„100“ во Волково во 20:55 часот со автомобил „мерцедес“ со скопски таблички, удрила во пешакот Г.И. (60) од с.Волково. Од здобиените повреди Г.И. починал ...
На големо изненадување наишла полицијата вчера кај Гевгелија, кога во акција за апсење илегални мигранти и луѓето што го помагале нивниот илегален транзит, зад воланот на еден од автомобилите затекнале – 15 годишник! Совозач и соучесник – шверцер му било една година постаро момче. Како што соопшти МВР, вчера околу 19 часот на влезот на Гевгелија, полицајци од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица уапсиле ...
Кинеското Министерство за надворешни работи порача дека Соединетите Американски Држави треба веднаш да ги ослободат венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес и да ја решат ситуацијата во Венецуела преку дијалог и преговори. Во соопштение објавено на официјалната веб-страница на министерството, Кина нагласи дека депортацијата на Мадуро и неговата сопруга од страна на САД го прекршила меѓународното право и норми ...
Петмина возачи синоќа и ноќеска биле уапсени оти биле фатени пијани зад волан, соопшти МВР. Од нив најголемиот број – тројца – се фатени во Куманово, а по еден во Кочани и Битола. Доцна синоќа во 23:53 часот во Куманово бил уапсен кумановецот М.П. (37). При сообраќајна контрола на бул.„Трета македонска ударна бригада“ е сопрен автомобил „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано ...
Денес, и покрај тоа што Брајовата азбука е загарантирана со меѓународни конвенции, таа е практично невидлива во образовниот систем во Македонија, со исклучок на училиштето ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ во Скопјe, порача коалицијата „Менуваме“. Таа соопшти дека спровела оценување на системот и потврдила длабоко алармантна реалност: илјадници луѓе со оштетен вид не ја знаат Брајовата азбука. „Ова не се должи на недостаток на способност или интерес, ...
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро пристигна во притворскиот центар во Бруклин, Њујорк, а Белата куќа објави ново видео по неговото апсење. Официјалниот профил на Белата куќа за брза реакција објави видео од Мадуро како е воден од агенти на ДЕА. Видеото го прикажува Мадуро, со лисици, како оди покрај агенти на ДЕА додека се обидува да зборува. На видеото може да се слушне како Мадуро вели „добра ноќ“ и им посакува на чуварите и агентите ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Тој потсетува дека на 15 ноември лани започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март. Според последното известување од АМСМ, во 6.30 часот утринава, интензитетот на сообраќај на патните правци ...
Бугарите во првите 48 часа од членството на земјата во еврозоната, односно со еврото како своја валута, биле прилично активни при подигањето пари на банкомати и плаќање со картички во евра, објави националниот систем за картички и платежна инфраструктура „Борика“. Во првите два дена од 2026 година, преку националната инфраструктура се извршени вкупно над 933.000 трансакции на ПОС и банкомати, во вкупна вредност од речиси 42 милиони евра. ...
Чилеанскиот претседател Габриел Бориќ остро го осуди нападот на САД врз Венецуела и најавата за преземање директна контрола врз територијата на таа јужноамериканска земја. „Почитувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на државите е црвена линија што не смее да се премине под никакви околности. Денес е Венецуела, утре може да биде која било друга земја“, рече тој од дворецот Ла Монеда, седиштето на чилеанската влада во Сантијаго ...
ОВЕН Доколку чувствувате дека треба да направите некои промени, на пример, во вашата дневна рутина или во вашата работна средина, денешниот е добар ден за почеток. Не прејадувајте се и не консумирајте алкохол, бидејќи тоа ќе има лош ефект врз вас. БИК Денеска вашите желби и намери ќе имаат посебна моќ. Затоа можете да одвоите малку време да посакате нешто што навистина би сакале да ви се оствари. За вашите молитви да бидат слушнати, вашата ...
Британските и француските воздухопловни сили спроведоа заедничка операција за бомбардирање на сомнителен наводно подземен магацин за оружје што претходно го користела групата Исламска држава во Сирија во саботата навечер, соопшти британското Министерство за одбрана. Западните авиони вршат патроли за да го спречат повторното појавување на исламистичката милитантна група која владееше со делови од Сирија до 2019 година. Разузнавачката анализа ...
Во земјава денеска ќе преовладува променливо облачно време, со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Во земјава денеска ќе преовладува променливо облачно време, со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа ...
Фудбалерите на Аталанта ја победија Рома со минимални 1:0 на својот стадион во последниот саботен натпревар во рамките на 18-то коло од италијанската Серија А. Џан Пјеро Гасперини, кој ја предводи Рома од оваа сезона а претходно ја водеше Аталанта од 2016 до 2025 година, се врати во „својот“ Бергамо како тренер. Скалвини го постигна решавачкиот гол во 12. минута, а Аталанта постигна уште еден гол во првото полувреме, но голот на Скамака во ...
Во дербито од 18-то коло од шпанското фудбалско првенство одиграно во вечерниот термин во саботата, Барселона како гостин го победи градскиот ривал Еспањол со 2:0, а двата гола Барса ги постигна во завршницата од дуелот и преку играчите кои како замени влегоа во игра. Натпреварот беше со одлична донамика, Еспањол имаше неколку одлични шанси и сигурно заслужи барем бод, но очигледно постои причина зошто тимот на Ханси Флик е на врвот на ...
По Сенегал, и Мали се пласираше во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации кој се игра во Мароко откако го победи Тунис со 3:2 по изведувањето на пенали. Мали обезбеди место меѓу осумте најдобри и покрај тоа што неколкупати беше речеиси елиминиранза време на натпреварот. Тунис имаше играч повеќе од 26. минута, Тунижаните имаа водство од 1:0 откако поведоа во 88. минута, а двапати имаа предност и за време на изведувањето на пенали, но ...
Фудбалерите на Аталанта ја победија Рома со минимални 1:0 на својот стадион во последниот саботен натпревар во рамките на 18-то коло од италијанската Серија А. Џан Пјеро Гасперини, кој ја предводи Рома од оваа сезона а претходно ја водеше Аталанта од 2016 до 2025 година, се врати во „својот“ Бергамо како тренер. Скалвини го постигна решавачкиот гол во 12. минута, а Аталанта постигна уште еден гол во првото полувреме, но голот на Скамака во ...
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел во саботата ги повика латиноамериканските земји да ги збијат редови“ по воената агресија на САД и „киднапирањето“ на претседателот Николас Мадуро во Венецуела, клучен сојузник на Хавана на која исто така ѝ се закани американскиот државен секретар. „Народи на Америка, да ги збиеме редовите!“, рече кубанскиот претседател на демонстрациите во Хавана, итно свикани од владејачката Комунистичка партија за да ...
Вакцината дизајнирана да спречи предозирање со фентанил така што ќе го блокира на лекот да стигне до мозокот, влегува во фаза на клинички испитувања. Почнато е регрутирањето луѓе-заморчиња и испитувањата би требало да почнат наскоро, објави LiveScience. Во испитувањето од Фаза 1/2 ќе бидат вклучени околу 40 здрави волонтери во Центарот за истражување на лекови кај луѓето во Холандија, а почетокот се очекува во јануари или февруари. Студијата ...
Боливарската Република Венецуела нема да стане ничија колонија, изјави во саботата вечерта венецуелската потпретседателка Делси Родригез. Венецуелската потпретседателка изјави дека Николас Мадуро е единствениот претседател на Венецуела, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека таа положила заклетва откако Мадуро бил изнесен од земјата во американска воена операција. Родригез се обрати на државната телевизија од Каракас со ...