Во првиот натпревар од 21-то коло од англиското фудбалско првенство, Нотингем Форест го победи Вест Хем со 2:1 на гостински терен, освојувајќи исклучително важни бодови во борбата за опстанок во првата дивизија. Тоа беше дерби на дното, судир на соседите на табелата. Вест Хем влезе во натпреварот во зоната за испаѓање на 18-то место, четири бода зад Форест, кој е едно скалило повисоко. Победа ќе ги доближеше „Чеканите“ до зоната за опстанок ...

Фудбалерите на Јувентус, Рома и Комо постигнаа гостински победи во првите натпревари од 19-то коло на италијанското првенство. Јуве го победи Сасуоло со 3:0, Рома го победи Лече со 2:0, додека Комо ја победи Пиза со 3:0. Торинската „Стара дама“ поведе во 16. минута со автоголот на Тарик Мухаремовиќ. Пјер Калулу нафрли од десната страна, а Мухаремовиќ несмасно со глава ја проследи топката во сопствената мрежа покрај Аријанет Муриќ. Јуве ја ...

Валенсија ја надигра Црвена ѕвезда во Белград со 106:89 во 20-то коло од Евролигата, израмнувајќи се со водечкиот Хапоел на врвот на табелата, а Жан Монтеро постигна 25 поени за победниците. Бранко Бадио и Омари Мур постигнаа по 15 поени. Џордан Нвора беше најдобар стрелец на Црвена ѕвезда со 22 поени, а Џаред Батлер имаше 16 поени и девет асистенции. Реал Мадрид со 80:69 го победи француски АСВЕЛ. Реал беше предводен од Треј Лајлс со 21 поен ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим разговараат за можноста за стекнување на Гренланд, а користењето на американската војска за постигнување на таа цел „секогаш е опција“, соопшти Белата куќа во вторникот. „Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека стекнувањето на Гренланд е приоритет за национална безбедност за Соединетите држави и дека е клучно одвраќањето на нашите противници во арктичкиот регион“, соопшти Белата ...

Главниот индекс на венецуелската берза, IBVC (Índice Bursátil de Caracas), забележа спектакуларен пораст од над 73% од 3 јануари, кога американските сили го уапсија претседателот Николас Мадуро, достигнувајќи нов рекорден максимум од околу 3.878 поени денес. Според податоците на берзата, индексот порасна за 16,45% во понеделник, 5 јануари, за да се затвори на 2.598 поени, а денес скокна за уште 49%, што претставува кумулативен раст од дури ...

Велика Британија и Франција ќе испратат војници во Украина „доколку се постигне мировен договор“ со Русија, изјави британскиот премиер Кир Стармер во вторникот вечерта по состанокот на таканаречената „Коалицијата на волните“ во Париз, објави BBC. Претставници на 35 земји и организации, кои ја сочинуваат споменатата коалиција, се собраа во вторник во Париз на разговари за начините за одржување на мирот во Украина во случај на прекин на огнот. ...

Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Температурите ќе бидат во интервал од 4 до 16 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. ...

Швајцарската компанијат „Nestlé“ соопшти дека повлекува одредени серии од својата прихранување на новороденчиња, вклучувајќи ги формулите SMA, BEBA и NAN, главно во Европа, поради можна контаминација со токсин што може да предизвика мачнини и повраќање. „Nestlé“, производител на широк спектар на производи од KitKat до Nescafe, објави дека досега не се потврдени случаи на болест поврзани со повлечените производи од понеделникот доцна вечерта. ...

Во емотивен миг на актуелната скијачка сезона, 26-годишниот Домен Превц ја испиша најновата страница на словенечката спортска бајка, освојувајќи го престижниот „Златен орел“ на турнејата „Четири скокалници“. Во големото финале во Бишофсхофен, Австрија, Превц ја потврди својата доминација иако дневната победа му припадна на домашниот херој Даниел Чофениг, кој со скок од 140,5 метри ги воодушеви навивачите и освои 303,9 поени. Словенецот заврши ...

Фудбалската репрезентација на Алжир со спектакуларен гол во самиот финиш од продолженијата избори пласман меѓу најдобрите осум на Африканскиот куп на нации. Херојот на ноќта беше Адил Булбина – резервистот што Владимир Петковиќ го внесе само шест минути пред да ја затресе мрежата на ДР Конго. Алжир имаше контрола врз натпреварот и создаде неколку изгледни шанси, но голот дојде дури во 119-тата минута. Фарес Шаиби претходно промаши со глава, а ...

Во последниот натпревар од шеснаесетфиналето на шпанскиот Куп на кралот, Рајо Ваљекано го победи второлигашот Гранада со 3:1 на гостински терен, обезбедувајќи пласман во осминафиналето. Гранада поведе во деветтата минута со голот на Пабло Саенц, но Рајо го сврти резултатот во второто полувреме. Алваро Гарсија израмни во 49. минута, Педро Дијаз им донесе водство на гостите во 74. минута, а Хуанхо Флорес го потврди пласманот на Ваљекано во ...

Триесет ипет земји и организации од таканаречената „Коалиција на волните“ во вторникотор ја поддржаа „Париската декларација“ во која се детално опишани „силни безбедносни гаранции за цврст и траен мир“ во Украина, вклучително и распоредување мултинационални сили по прекин на огнот, објави францускиот претседател Емануел Макрон. Безбедносните гаранции што земјите од коалицијата, првенствено европските, планираат да ги обезбедат со американска ...

Ендуро тимот Водно Скопје 9.традиционален Бадников собир го посвети на нивниот другар Душко Чифлиганец. „Бадник кај нас не е само датум – тоа е традиција, звук на мотори и луѓе што се собираат со иста страст. И оваа година ги каниме сите – млади и стари, љубители на мотори, рекреативци и натпреварувачи – да бидат дел од нашиот 9-ти Бадников собир. Ќе има клупско лепче со париче, ќе има гас, насмевки и силна енергија, а како симболичен старт ...

Паричката од празничното лепче во домот на премиерот Христијан Мицкоски. годинава му се паднала на неговиот син Антониј. Премиерот преку објава на социјалните мрежи информираше дека Бадник го одбележал на традиционална бадникова вечера во кругот на своите најблиски. Тој порача дека бадниковите празници се симбол на љубов, дарување и меѓусебно почитување, упатувајќи честитка до сите граѓани по повод празникот. „Честит Бадник. За многу ...

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ упати честитка до граѓаните кои го прославуваат Христовото раѓање, како и до поглаварите на верските заедници. Честитката е упатена до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, како и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско-методистичката црква, Емил Заев. Во пораката, Сиљановска-Давкова ...

Во пресрет на големиот христијански празник Бадник, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информираше дека денеска биле поделени пакети со помош на семејства во повеќе скопски општини. Како што соопшти Мицкоски, пакети биле дистрибуирани во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар, со цел, како што наведува, секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза. Тој порача ...

Венецуелската опозициска лидерка и овогодинешна добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо, денеска потврди дека планира да се врати „што е можно поскоро“ во својата татковина. „Планирам да се вратам во Венецуела што е можно поскоро“, изјави Мачадо за американскиот телевизиски канал Фокс њуз, давајќи детали за својот политички проект, и покрај тоа што не ужива поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп. Без да открие ...

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска го потпиша указот за распишување редовни парламентарни избори, што ќе се одржат на 22 март, и изјави дека сака тие да бидат фер и дека „ќе обрне посебно внимание на дезинформациите и манипулациите, вклучително и оние од странство“. „Овој указ означува почеток на важен период за демократијата, во кој граѓаните повторно ќе одлучат за идната насока на нашата земја“, рече Пирц Мусар. Од јуни ...

Емили Купер (Лили Колинс) има уште една причина да остане во Европа: „Емили во Париз“ ќе има шеста сезона. Создавачот на серијата „Емили во Париз“, Дарен Стар, веќе почнал да фантазира за тоа што би можело да ја чека Емили во шестата сезона. „Има многу места што би сакала да ги посетам. Но, мислам дека серијата природно го следи текот на приказната“, рече Стар на прес-конференција во декември. „Шоуто е „Емили во Париз“. Никогаш нема трајно да ...

Американскиот претседател Доналд Трамп им рече на републиканските членови на Претставничкиот дом во вторникот дека нивната партија мора да победи на меѓуизборитите ќе се одржат 2026 година за Конгресотк, бидејќи во спротивно демократите ќе го отповикаат. Таканаречените „меѓуизбори“, наречени така затоа што се одржуваат на половина од претседателскиот мандат, традиционално претставуваат своевиден референдум за актуелниот претседател и речиси ...

Норвежанецот Оле Гунар Солскјер (52), Англичанецот Мајкл Карик (44) и Шкотланѓанецот Дарен Флечер (41) се главните кандидати за привремен менаџер на Манчестер Јунајтед откако беше отпуштен Португалецот Рубен Аморим. Сите тројца се играчки легенди на Јунајтед и го носеа дресот на „Црвените ѓаволи“ со години. Солскјер одигра 366 настапи и постигна 126 гола за 11 години, Карик играше за Манчестер Јунајтед 12 години, собирајќи 464 настапи и 24 ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја исмеа ефикасноста на руските системи за воздушна одбрана распоредени во Венецуела откако американските специјални сили спроведоа операција за апсење на Николас Мадуро во Каракас. За време на говорот посветен на успехот на американските сили, шефот на Пентагон ја истакна слабоста на руската воена технологија. Според него, исклучителниот професионализам на американските војници им овозможил да ја ...

Обилните и интензивни врнежи од дожд присутни на целата територија на Албанија, од вчера доцна попладне, предизвикаа поплави во повеќе градови, а најкритична е состојбата во пристанишниот град Драч, во севрозападниот округ Лежа, на север во округот Кукс, како и во уште неколку окрузи. -Драч е најпогоден град, од лошите временски услови, каде има области каде нивото на водата на улиците достигнува и до 50 сантиметри. Патиштата остануваат ...

Соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро се изјасни за невин во понеделник по обвиненијата за наркотици откако зачудувачкото апсење на претседателот Доналд Трамп ги потресе светските лидери и ги натера функционерите во Каракас да се прегрупираат, јави Ројтерс. „Невин сум. Не сум виновен. Јас сум пристоен човек. Сè уште сум претседател на мојата земја“, рече 63-годишниот Мадуро преку преведувач, пред да биде прекинат од американскиот ...

Руското Министерство за надворешни работи го поздрави назначувањето на Делси Родригез за привремен претседател на Венецуела, додавајќи дека латиноамериканската земја треба сама да одлучи за својата судбина без странско мешање. Отстранетиот претседател Николас Мадуро вчера се изјасни за невин по обвиненијата за трговија со дрога поднесени од судот во Њујорк. Мадуро беше приведен од американските специјални сили во операција по која ...

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во вторникот изјави дека дефанзивецот Рубен Дијас ќе отсуствува од терените четири до шест седмици поради повреда на тетивата, додека хрватскиот интернационалец Јошко Гвардиол ќе отсуствува подолг период. „Дијас има повреда на тетивата, што значи четири до шест седмици. Гвардиол ќе отсуствува подолг период“, рече тренерот на Сити пред натпреварот од Премиер лигата против Брајтон, кој е закажан за ...

Соединетите држави во понеделникот ја укинаа својата долгогодишна препорака сите деца да бидат вакцинирани против грип и три други болести, што е нов чекор кон постигнување на една од долгогодишните цели на министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди помладиот. Препораката за вакцинирање на децата против ротавирус, грип, менингококна болест и хепатитис А се отстранува, а се вели дека родителите треба да се консултираат со своите здравствени ...

Емили Купер (Лили Колинс) има уште една причина да остане во Европа: „Емили во Париз“ ќе има шеста сезона. Создавачот на серијата „Емили во Париз“, Дарен Стар, веќе почнал да фантазира за тоа што би можело да ја чека Емили во шестата сезона. „Има многу места што би сакала да ги посетам. Но, мислам дека серијата природно го следи текот на приказната“, рече Стар на прес-конференција во декември. „Шоуто е „Емили во Париз“. Никогаш нема трајно да ...

Дел од учесниците на Бадникови поворки 2026 претпладнево традиционално остварија свечена средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Во Соборниот храм тие ја пееја песната „Вечниот Бог“, којашто ја најавува радосната вест за Христовото раѓање. Неговото Блаженство г.г. Стефан ги даруваше децата со архипастирски благослов и пригодни подароци, пренесувајќи ја пораката за ...

Министерот Александар Николоски ги честиташе Божик и Бадник со ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. „Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божик. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божик и ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1008
weather icon

Белград

-3ᴼ / -3ᴼ
4.12
89%
1013
weather icon

Загреб

-4ᴼ / -4ᴼ
1.54
93%
1015
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
77%
1010
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.2
97%
1009
weather icon

Љубљана

-4ᴼ / -4ᴼ
0.68
92%
1015
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.06
84%
1012
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
82%
1006
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
82%
1006
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
93%
1009
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
2.57
92%
1013
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
77%
1014
Currency

61.555

Currency

52.665

Currency

71.0833

Currency

35.4659

Currency

38.1123

Currency

66.143

Currency

7.53509

Currency

0.6537

Currency

0.33605

Currency

0.5244

Currency

1.22336

Currency

0.58371

Платина

75917.12

Алуминиум

3.09

Бакар

12.05

Злато

143732.24

Иридиум

158465.97

Сребро

2570.79

Рутениум

40927.90

Паладиум

57292.63

Родиум

313469.78

Кобалт

58.42

Цинк

3.13

Калај

42.42