Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Центарот за управување со кризи (ЦУК) во извештајот за состојбите со поплавите и свлечиштата до 21 часот вечерва, известува за голем број поплавени површини, претежно во рурални места, но погодени се и делови од Кичево, каде беа евакуирани 60 граѓани, како и Охрид и Битола, каде се поплавени одреден број улици и голем број објекти. Во Битола се излеа и реката Курделес. Директорот на ЦУК, Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на 112 и ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави во средата дека ќе се сретне со дански претставници следната седмица, но не даде никакви индиции дека Вашингтон може да се откаже од планот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд. Нападот на американската војска врз Каракас во саботата, во кој беше грабнат венецуелскиот претседател Николас Мадуро, и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп ги ...
На празникот Рождество Христово, во Зоолошка градина Скопје се роди јагненце – најновиот жител на ова катче за животните. „Божикно бебе“ – напиша ЗОО Скопје на Фејсбук-страницата. Сосема прикладно за денешниот празник што го слави раѓањето на Господ Исус Христос, кој е роден во штала меѓу животни. Веќе од утре, малите посетители ќе може да му се израдуваат на најмладиот жител на скопската Зоолошка. На празникот Рождество Христово, во ...
Нигериските фудбалери се закануваат со штрајк пред средбата со Алжир во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации. Наводно, играчите се незадоволни од нерешените прашања поврзани со неисплатените бонуси. Тамошните медиуми наведуваат дека играчите и тренерскиот тим сè уште не ги добиле ветените премии за победите против Танзанија, Тунис, Уганда и Мозамбик. „Тимот останува фокусиран, но нема да тренира ниту да патува во Маракеш во четврток ...
Изминатава година и 2024, тие два квартали во третиот и четвртиот квартал, ние ја надминавме онаа бариера од 3% раст на Бруто домашен производ (БДП), нешто што за претходната влада, посебно последните години претставуваше невозможна мисија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на македонската Влада, Христијан Мицкоски во денешното новогодишно интервју на телевизија Алфа, прашан за македонскиот економски раст и дали владините ...
Соединетите држави „ќе продолжат да ги диктираат“ одлуките за Венецуела, изјави во средата портпаролката на Белата куќа, Каролајн Ливит. „Остануваме во тесна координација со преодните власти и Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги диктираат нивните одлуки. Јасно е дека имаме максимална моќ врз привремените власти“, рече Ливит. Американските сили упаднаа во Каракас пред зори во саботата и го грабнаа претседателот Николас Мадуро и ...
Неколку часа по полноќ, односно околу 3 часот на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница – Кочани, Виолета Димитровска од Оризари го роди првото машко бебе, кое ќе го носи името Миха и е втора рожба во семејството Димитровски. Бебето е родено со тежина од 3.500 грама и 53 сантиметри должина. Традиционално, како и секоја година, градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов ги посети мајката и новороденчето. Врчувајќи ...
Со цел отворање дијалог за клучните политички прашања, премиерот Христијан Мицкоски најави дека утре ќе испрати покани до сите политички партии за одржување лидерска средба. Според најавите, средбата би се одржала во рок од седум до десет дена, пред неговото заминување на Светскиот економски форум во Давос, а фокусот би бил ставен на обезбедување консензус за реформските закони и можноста за укинување на техничката влада. Во божиќното ...
Околу 500 деца од речиси цела Македонија денеска во Прилеп седнаа на заедничкиот, традиционален, Божиќен ручек. Насмевки, радост од заедништвото и многу желби и пораки испратија најмладите кои се и во симболиката на празнувањето на Христовото раѓање. „Убаво е да се дружиме со децата. Во новата година јас посакувам многу здравје, среќа и љубов и да бидеме здрави и живи. Не сакам ништо материјално, мене ми треба само љубов“, рече десетгодишниот ...
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, денеска објави дека ситуацијата предизвикана од поплавите во Косово моментално е под контрола и дека надлежните служби се континуирано ангажирани на терен. „Вчера, во текот на целиот ден, вечерта и ноќеска, екипи од агенциите на Министерството за внатрешни работи и Министерството за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, беа на терен за да ја следат состојбата влошена од ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Од 17 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е во прекин за секаков тип на возила, информираат од АМСМ. Грчките земјоделци повторно поставуваат блокади. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Според информациите од регионалните центри за управување со кризи, состојбата на поголемиот дел од територијата на Република Северна Македонија е стабилна, без нарушување на редовната состојба, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Има неколку поплавени објекти во Охрид и неколку во Кичево и одрони на некои патишта. Има излевања на реката Вардар во с. Балин Дол, Лукавичка Река во с. Мало Турчане и Сушичка Река во с. Горно Бањице. ...
Цените на нафтата паднаа на 60 долари на меѓународните пазари во средата, бидејќи инвеститорите се фокусираа на планот на Соединетите држави за блокирана нафтата од Венецуела. На лондонскиот пазар, со барелот попладнево се тргуваше по цена за 54 центи пониска отколку на вчерашното затворање на тргувањето, на 60,16 долари. На американскиот пазар, барелот беше за 87 центи поевтин од вчера, на 56,26 долари. Засебните пресметки на Организацијата ...
Македонскиот ракометен репрезентативец Мартин Серафимов истакна дека се спремни за новиот предизвик и во шампионатот ќе влезат без никаква ментална и психичка пречка. „Можам да кажам дека имаме многу квалитетни играчи во ростерот. Сите играат во клубовите, имаат минутажа и играат силни натпревари. Останува само да се доусовршеме и да се воиграме повеќе. Не знам за тактичкиот дел, но гарантирам дека ќе го дадеме максимумот. За желбата нема ...
Иако пристигна во Наполи во јуни минатата година, белгискиот играч од средниот ред Кевин Де Брујне би можел да ги напушти редовите на актуелнио италијански фудбалски шампион уште овој месец. Според италијанските медиуми, Саудијците веќе некое време го „ловат“ 34-годишниот белгиски интернационалец, а се шпекулира дека Наполи е подготвен да ги разгледа сите потенцијални понуди од саудиската професионална лига. Де Брујне беше опериран во ...
Каракас и Вашингтон постигнаа договор за извоз на венецуелска сурова нафта во САД во вредност до две милијарди долари. Нафтата ќе се продава по пазарна цена, а приходите ќе бидат контролирани од САД. Поради извозното ембарго воведено во средината на декември, Венецуела има милиони барели нафта складирани на танкери и во резервоари што не можеше да ги испорача. Дел од испораките што сега треба да завршат во САД првично беа наменети за Кина, ...
Нека овој светол и благословен празник донесе топлина во срцата, мир во домовите и надеж за секој нов ден. Божик нè потсетува дека љубовта, почитта и човечноста секогаш треба да стојат на прво место, порача коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ) во својата божикна честитка. „Во овие празнични денови да се потсетиме дека јазиците што ги зборуваме македонскиот, албанскиот и сите други не се ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат. Среќен Божиќ! ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод одбележувањето на Христовото раѓање – Божиќ, присуствуваше на Архиерејската Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, со којашто чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан. Сиљановска-Давкова по завршувањето на божествената литургија, во разговорот со присутните верници го упати радосниот поздрав „Христос се роди, навистина се роди!“, ...
Цените на бакарот надминаа 13.000 долари за тон, достигнувајќи нов рекорд откако црвениот метал почна да се тргува на Лондонската берза за метали (LME), поради стравувањата кај трговците од недостиг и знаци на трка за снабдување со стратешкиот минерал по нападот на САД врз Венецуела. Тон бакар на затворањето на тргувањето на Лондонската берза на метали во вторникот во референтните тримесечни термински договори (фјучерси) чинеше 13.238,00 ...
Жестоките борби меѓу силите на исламистичката влада и курдските борци продолжија во северниот сириски Алепо втор ден по ред во средата, при што илјадници цивили се во бегство а најмалку четири лица се убиени. Насилството и префрлањето на вината за неговото избувнување покажуваат дека застојот меѓу Дамаск и курдските власти, кои се спротивставуваат на интеграцијата во централната влада, се влошува и станува сè посмртоносно. Судирите избувнаа ...
Грчката Влада ги соопшти мерките за поддршка на земјоделците – од 27 барања, седум не може да се исполнат. Намалување на цената на струјата на 8,5 центи за киловатчас до 2028 година; поврат на посебниот данок на потрошувачка на нафта; 100 отсто покриеност на обесштетувањето при елементарни непогоди, специјален баркод за потеклото на производите, се дел од мерките што денеска ги соопштија вицепремиерот на Грција и надлежните министри во ...
Во Струмица завчера биле уапсени К.А.(34) и И.М.(34), двајцата од село Марвинци, Валандовско. При преглед кај нив, кај К.А. пронајдени се неколку пакувања со амфетамин. Уапсените биле задржани во полициска станица и вчера, со судски наредби, извршени се претреси во нивните домови во с. Марвинци, при што при претрес во домот на К.А. пронајдени се три поголеми пакувања со амфетамин и две дигитални ваги. Запознаен е јавен обвинител од Основното ...
Физички напад од нејзиниот вонбрачен партнер М.Џ. пријавила вчера 37-годишна жена. Во Одделението за внатрешни работи Берово таа кажала дека во нивниот дом во Беровско била нападната од партнерот. Полицијата работи на расчистување на случајот. Во Скопје, пак, вчера рано попладнето бил уапсен Д.Л.(36) од Скопје, по пријава дека во неделата, додека се возеле во неговото патничко возило на подрачјето на Центар, физички ја нападнал неговата ...
На автопатот Гостивар- Тетово, кај с. Жеровјане, синоќа биле уапсени С.С.(31) од Гостивар и Ч.Ј.Б.(24) од Турција. Тие во 17:15 часот во Полициското одделение (ПО) Жеровјане биле пријавени од А.Р.(22) од Жеровјане, вработен во бензинска пумпа во селото, дека околу 15:40 часот, во автомобил „цитроен” со гостиварски регистарски таблици, ставиле гориво и на вработениот му дале банкнота од 50 евра, за која се посомневал дека е фалсификувана. ...
Државјанин на Турција вчера во СВР Скопје пријавил два одделни настана во кои бил жртва нa насилство од страна на еден човек. Како што М.Г.Д. од Турција, со престој во Скопје, пријавил, завчера околу 17.50 часот на подрачјето на Бит Пазар бил пресретнат од В.Ф. и „О.„Н.“, по што В.Ф. почнал да удира по неговото возило. Подоцна, повторно бил пресретнат од В.Ф. и уште едно лице, кои физички го нападнале, а му го оштетиле и возилото. Се ...
СВР Охрид поднел кривична пријава против Г.Л.(66) од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, без да добие соодветно правосилно одобрение за градење, издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, на катастарска парцела лоцирана во месноста „Дебело поле“ во близина на Охрид, бесправно изградил објект. СВР Охрид поднел кривична пријава ...
Рускиот претседател Владимир Путин се појави камео-улога во популарен руски детски цртан филм, испраќајќи новогодишна порака до нацијата заедно со мачка и куче коишто зборуваат. Жителите на Простоквашино, измисленото село по кое е именувана анимираната серија, беа доста изненадени кога анимирана верзија на „шефот“ на Кремљ, опкружена со кучето Шарик и мачката Матроскин, ги поздрави Русите на преминот во новата година Возрасните кои ги ...
„Глобална трансформација е пред нас“, напиша денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан на својот фејсбук-профил, коментирајќи ја актуелната геополитичка ситуација. „Украина, кризата во Венецуела, тензиите околу Гренланд, Тајван и Иран – така започна 2026 година“, наведе Орбан во својата објава. Тој додаде дека најважна тема на денешната владина седница ќе биде одржувањето на Унгарија на „патот на мирен и стабилен развој во невидено опасно ...
Се потврдуваат тезите дека барањето Бугарите да бидат во Уставот не е единственото барање што тие го имаат, туку комплетно редефинирање на македонскиот идентитет, изјави претпладнево премиерот Христијан Мицкоски по божикната литургија во Соборниот храм во Скопје одговарајќи на новинарско прашање. „Мене тоа не ме чуди, не знам дали тоа некого го чуди во државава. Само ги потврдуваат оние тези кои што ги имавме од првиот момент дека не е Бугари ...
Русија распореди подморница и други воени бродови за да го придружат празниот и стар танкер за нафта кој се обидува да избегне блокада на САД во близина на Венецуела, објави во вторник американскиот весник The Wall Street Journal, наводно повикувајќи се на американски функционер. Танкерот, кој американските медиуми повикувајќи се на извори го идентификуваа како „Bella 1“, се обидува да избегне пресретнување откако американската Крајбрежна ...