Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
По денови неизвесност и закани, дипломатијата е во офанзива – САД и Иран се сè поблиску до договор за отворање преговори за крај на конфликтот. Шефот на иранската дипломатија вели дека првата фаза би опфатила меѓусебно почитување на суверенитетот, олеснување на санкциите и економски прашања, како и отворање на Ормутскиот теснец во замена за укинување на американската блокада, додека нуклеарното прашање се остава за втора фаза. Според него, ...
Фестивалот „Војдан Чернодрински“ и по 60 години ја испиша историјата на македонската театарска уметност. Најдобра е претставата на МНТ „Страв и надеж“. Ги награди најдобрите, ја спушти завесата. Наградите остануваат поттик. Публиката, премиерно во Македонија го виде новиот драмски текст на Дејан Дуковски „Црно злато“ на Београдско драмско позориште. Фестивалот осум дена беше празник на театарскиот миг во земјава. Достоинствено е одбележан ...
САД и Иран се поблиску до конечен договор за ставање крај на конфликтот. Ова го изјави иранскиот министер за надворешни работи за Државната телевизија. Според Арагчи, условите што се однесуваат на нуклеарната програма на Иран ќе бидат финализирани во рок од 60 дена по постигнувањето на почетниот договор. Вчера и американскиот претседател Трамп изјави дека војната е завршена. Меѓу САД и Иран постигнат е „конечен, договорен текст на мировниот ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе се движи од 6 до 15 степени, а максималната од 22 до 30 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Времето ...
На 11.06.2026 во периодот од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги приведоа Б.М.Б.(21), К.У.(25), А.Е.(24) и К.Б.(24) сите од Р.Турција, поради нерегулиран престој во државата. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР. На 11.06.2026 во периодот од 09:00 до 12:00 часот ...
Претставата на МНТ, „Страв и надеж“ е најдобрата претстава во целина на годинашниов, јубилеен 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој вечер завршува во Прилеп. Прилепскиот театар со претставата „Црнила“ се закити со пет награди, меѓу кои и за најдобра режија за Дејан Пројковски. Театарот нема своја зграда, ама има огромна љубов за креативност. Жирито не додели четири награди, меѓу кои и за современ драмски текст. ...
Британската влада го назначи Дан Џарвис за нов министер за одбрана, по оставката на Џон Хили, кој поднесе оставка поради несогласувања околу финансирањето на воените инвестиции и недоволните средства за армијата. Премиерот Стармер порача дека владата останува стабилна и фокусирана на своите приоритети, нагласувајќи дека националната безбедност останува врвен приоритет. Од опозицијата, пак, оценуваат дека владата се соочува со сериозна ...
САД тврдат дека војната со Иран е завршена, а мировниот договор би можел да биде потпишан веќе викендов во Европа. Трамп вели дека иранскиот врховен лидер дал зелено светло за спогодбата, со која Техеран треба да се откаже од нуклеарното оружје, а за возврат Вашингтон да ја укине блокадата и да го отвори Ормускиот Теснец. Според него, пресудни биле последните американски напади. „Тоа ќе се случи наскоро, можеби уште овој викенд. Тие нема да ...
Силни бури го погодија средниот запад на САД, оставајќи стотици илјади домаќинства без електрична енергија, оштетувајќи згради и предизвикувајќи откажување на летови. Во неколку сојузни држави беа пријавени и нови торнада, додека Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за делови од Илиноис, Индијана, Ајова, Мисури и Висконсин. Лошото време продолжи да предизвикува хаос и во авиосообраќајот. Силни бури го погодија средниот ...
Дел од крајбрежјето на Пефкохори, во познатото летувалиште на првиот крак на Халкидики, беше погодено од излевање на отпадни води по пукање на цевковод за транспорт на канализација. Воведена е забрана за капење во појас од 200 метри, а ќе остане во сила сè додека не бидат завршени лабораториските анализи и не се потврди дека водата е безбедна за капачите. Ограничувањето не се однесува на целото Пефкохори, туку на делот од крајбрежјето на ...
Матурантите кои одбраа да полагаат државна стручна и државна уметничка матура, денес го полагаат својот задолжителен испит. На денешниот дел од полагањата, 2.276 кандидати се пријавиле за полагање државна стручна матура и 127 за државна уметничка матура. Интересот за полагање на државна стручна матура, е најголем во средните стручни училишта. Учениците кои ги анкетиравме велат дека, полагањето не било воопшто тешко, а за стручна матура се ...
Оркестарот на Филхармонија на 20 јуни, со почеток во 21 часот во Градскиот парк ќе ја изведе музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, која ќе биде моќна завршница на концертната сезона „Без Филтер“. Во реализација на овој проект, покрај оркестарот на Филхармонија на РСМ, учествуваат музичари од Софиската филхармонија, Државниот симфониски оркестар од Солун, хорот на МОБ, детскиот хор „Пиколо“ и хорот од Музичкото училиште од ...
Опозициската СДСМ порачува дека нема да биде алиби на власта за распишување предвремени парламентарни избори. Обвини дека најавите за избори се обид да се прикријат економските проблеми и закочениот процес на евроинтеграции. Од ВМРО - ДПМНЕ велат со став, единствено на Филипче и Бугарија им одговараат уставни измени. Анита Димитријевска Велковска ги следи партиските прес-конференции и ставови. Опозициската СДСМ порачува дека нема да биде ...
Судири меѓу демонстрантите и полицијата избија во близина на стадионот во Мексико Сити за време на отворањето на Светското првенство. Додека навивачите пристигнуваа на натпреварот, студенти и други групи протестираа против трошоците за организација и социјалните проблеми во земјата. Дел од демонстрантите се обидоа да ги пробијат полициските кордони, по што следеа кратки судири и интервенција за нивно растерување. Судири меѓу демонстрантите ...
Вчера во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ш.А.(78) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 74-годишна сопруга, и ѝ нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Тој е задржан во полициска станица и против него е поднесена соодветна пријава по член 130 од Кривичниот законик и изведен е пред надлежен судија кој му ...
Денеска почна првиот уписен рок за ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите ќе се пријавуваат електронски, а ќе треба да ја достават потребната документација во средните училишта во кои конкурираат. Според конкурсот на Министерството за образование и наука, во јуни се предвидени две електронски пријавувања. Првото трае од Денеска до 15 јуни на полноќ, додека второто пријавување е закажано за 23 ...
Денеска почнуваат преговорите за приклучувањето на Македонија кон Европската иницијатива „Роаминг како дома“. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски преку онлајн состанок со претставници на Европската унија разговара за условите под кои Македонија ќе може да им овозможи на граѓаните да користат интернет, смс пораки, повици и други мобилни услуги во земјите од ЕУ по цени како во домашниот сообраќај. Денеска почнуваат ...
Војната во Украина продолжува со меѓусебни напади и жртви на двете страни, додека Киев ги повика цивилите да ги напуштат окупираните подрачја поради засилени операции и напади врз руска инфраструктура. Погодена голема рафинерија на стотици километри од фронтовската линија. Зеленски порача дека дроновите се клучен дел од војувањето и дека безбедноста на Европа е невозможна без украинското искуство. Во меѓувреме, данскиот јавен сервис објави ...
САД соопштија дека војната со Иран е завршена. Се очекува договорот меѓу двете земји да биде потпишан веќе викендов во Европа. Трамп вели дека иранскиот врховен лидер веќе дал согласност, а како клучен дел од спогодбата е Техеран да се откаже од нуклеарното оружје, по што Вашингтон би ја укинале блокадата и би овозможиле повторно отворање на Ормускиот Теснец. Тој тврди дека последните напади го натерале Иран да го прифати мировниот договор. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Денеска времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе се движи од 10 до 17 степени, додека максималната значително ќе опадне и ќе биде во интервал од 20 до 27 степени. Во ...
Проблемите во Скопје се решаваат. Подобрена е хигиената, а со доаѓањето на новите камиони за смет и два собирни центри во Скопје ќе биде подобра. Подготвено ќе ја дочекаме сезоната на пожари, со нови пожарникари и опрема, вели првиот човек на градот. Се надева дека со новиот тендер за автобуси и брзиот транспортен систем и јавниот превоз ќе биде на ниво, а дотогаш побара трпение од граѓаните. Скопскиот татко се пожали дека наплатата на даноци ...
По освежувањето на партиските редови со нови кадри, за кои Мицкоски очекува да работат за доброто на државата, ВМРО-ДПМНЕ идната недела ги почнува разговорите со коалициските партнери за реконструкцијата на Владата. Премиерот вели дека прво ќе разговараат за тоа дали им се поклопуваат визиите, а потоа за кадровски решенија. Во меѓувреме, Мицкоски навести и дека парламентарни избори можат да се случат наскоро – иако власта преферира да истурка ...
Војната во Украина продолжува со несмалено темпо. Изминатото деноноќие на удар неколку региони. Киев возвраќа со долг дострел кон воени и енергетски цели на Русија. Москва нотира дека противвоздушната одбрана пресретнала повеќе украински беспилотни летала над главниот град и други региони, додека на некои локации биле предизвикани пожари на инфраструктурни објекти. Претседателот Зеленски вели дека земјата во моментов работи на три приоритети, ...
Без проблеми во Прилеп денешното полагање мајчин јазик од државната матура. Од 635 матуранти од Прилепскиот регион, најголемиот дел, 436 матуранти избраа да полагаат денес мајчин јазик, а другите се решија утре да седнат во столчето на државната стручна матура. Матурантите, главно, задоволни од полагањето. Велат, вака им се поголеми можностите за упис на високите школи. Полагањето протече без проблеми и повеќето пред истекот на рокот, ...
Сериозни пропусти во исплатата на социјалната помош, утврдил Државниот завод за ревизија. Во најновиот извештај објавен денеска, утврдиле бројни слабости и неправилности во системот за контрола на правата од социјална заштита во земјава. Неосновано биле исплатени 236 илјади евра за социјална помош. Станува збор за периодот од 2022 година до јуни 2025 година. Борис Грујоски известува. Сериозни пропусти во исплатата на социјалната помош, ...
Со европски пари ќе се подобрува здравството во Македонија. Министерот Алиу најави, на 24 јуни во Брисел ќе биде потпишан договор, Министерството станува правноправна членка на најголемиот Финансиски фонд во Европа. Дигитализацијата приоритет, но предизвик планот за нов Клинички центар. Со министерот Алиу разговара Александра Велинова. Со европски пари ќе се подобрува здравството во Македонија. Министерот Алиу најави, на 24 јуни во Брисел ...
По доказите за сопствениците и институциите, денеска во фокусот на судењето за кочанската трагедија е Агенцијата за обезбедување „Рубикон“. Обвинителството презентира документи и материјали поврзани со нејзиното ангажирање во дискотеката „Пулс“. Што беше изнесено во судницата и како тече расправата? Известува Ана Јосифоска. По доказите за сопствениците и институциите, денеска во фокусот на судењето за кочанската трагедија е Агенцијата за ...
Mакедонската тенисерка Лина Ѓорческа е елиминирана уште во првото коло на турнирот во Загреб, откако претрпе пораз од Екатерина Казинова со 2:1 во сетови (1:6, 7:5, 6:4). И покрај одличниот старт и убедливиот прв сет, Ѓорческа не успеа да го задржи ритамот, па мечот заврши по два часа и 26 минути игра. И покрај овој резултат, сезоната продолжува. Mакедонската тенисерка Лина Ѓорческа е елиминирана уште во првото коло на турнирот во Загреб, ...
Со натпреварот Мексико – Јужна Африка вечер во 21 часот почнува 23. Светското фудбалско првенство 2026. Мундијалот ќе трае до 19 јули за кога е закажан финалниот дуел во Њујорк. Светското првенство ќе се игра на 16 стадиони во три земји – САД, Канада и Мексико, а 1.248 играчи се наоѓаат на списокот на 48 екипи учеснички. Ќе видиме дури 104 натпревари, никогаш повеќе национални тимови, никогаш повеќе натпревари. Титулата освоена пред четири ...