Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Борбите на Блискиот Исток продолжуваат и покрај напорите за преговори за крај на четиримесечниот конфликт. Американските сили пресретнале повеќе ирански балистички ракети и беспилотни летала лансирани кон Ормутскиот теснец и Персискиот залив. Техеран истрела седум балистички ракети кон Кувајт и Бахреин, додека американската војска последователно погодила крајбрежни локации во Иран. Во разговор за американската телевизија NBC, Трамп рече дека ...
Попладне во Кочани ќе се одржи 45-от марш на ангелите во организација на „16-ти март“ – Здружението на родителите на загинатите во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“. Повторно ќе чекориме, не затоа што времето ја намалува болката туку затоа што љубовта не престанува, а правдата не смее да чека. овој марш е за сеќавање и за одговорност. За вистината да не остане без глас и правдата да не биде без крај. Не забораваме и не отстапуваме, ...
Сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален ...
Со доделувањето на наградите за животно дело и со првата претстава во конкуренција, „Мачкина глава“ на Драмски театар, фестивалот вечерва во Прилеп ќе го отвори своето јубилејно 60-то издание. Фестивалот ќе ја отвори патеката на времепловот од своите почетоци во далечната 1965 година до денес. Публиката останува значаен чинител без кој не може да опстои театарската уметност, а Фестивалот е духовен и културен печат на градот и на државата. Во ...
Илјадници луѓе излегоа на улиците во Тирана против проектот, за кој се очекува да чини околу четири милијарди американски долари. Одморалиштето е планирано да се протега на неколку хектари од заштитениот крајбрежен пејзаж Вјоса-Нарта во Звернец и на ненаселениот јадрански остров Сазан. Проектот доби поддршка од албанската влада и покрај тоа што еколошките невладини организации изразија загриженост дека изградбата може да го загрози ...
На барање на обвинителството се одложи рочиштето против поранешниот директорот на скопски комуналец Сабахадин Рустеми и управителот за отпад во претпријатието Аки Саити за случајот со насобирање ѓубре во главниот град. Обвинителката рече дека немала доволно време за да се запознае со доказите и да го проучи предметот. На обвинетите им се суди за кривично дело Загрозување на животната средина и природата со отпад. Ново рочиште е закажано за ...
Украинскиот претседател му испрати писмо на Путин во кое предлага директни мировни преговори, прекин на огнот и средба во трета земја како чекор кон крај на војната. Зеленски нагласи дека земјата е подготвена целосно да ги запре непријателствата и да го почне дипломатскиот процес. Од Кремљ велат, ако Зеленски сака разговор, може да дојде во Москва. „Доста е со војна. Украина предлага да се стави крај на оваа војна. Ова мора да се направи ...
Во скопскиот Кривичен суд ново рочиште за 13-те полициски службеници обвинети во предметот „Пулс“ каде во пожар загинаа 63 лица и околу 200 беа повредени. Според обвинението, критичната вечер полицајците не ја прекинале забавата, ниту спречиле активирање на пиротехника што довело до пожар во ноќниот клуб. Главната расправа продолжува со изведување на докази на обвинителството. Рочиштето го следи Марија Котовска. Во скопскиот Кривичен суд ...
Додека компаниите сè почесто алармираат дека не можат да најдат соодветен кадар, а илјадници млади дипломираат секоја година, останува прашањето – дали дипломата сама по себе е доволна? Како високото образование да одговори на потребите на современата економија и дали е време универзитетите и бизнис секторот да станат вистински партнери? На конференцијата во организација на Стопанската комора на Македонија се отвори дебатата за новата улога ...
Повеќе од 25 милиони евра вложени, над 100 километри реконструирани локални патишта и нови најави за почисти градови. Владата и локалните власти денеска ги презентираа плановите за подобрување на патната инфраструктура, транспортот и јавната хигиена. Освен нови патишта, најавени се и нови возила за комуналните претпријатија, претоварни станици и дополнителни контејнери … Ана Јосифоска известува. Повеќе од 25 милиони евра вложени, над 100 ...
САД воведоа санкции против кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, неговата сопруга и повеќе државни функционери. Хавана ја осуди одлуката како нов обид за дополнително заострување на американската блокада и создавање атмосфера на конфронтација. Односите меѓу САД и Куба се влошија по американските мерки преземени во последните месеци со забраната з извоз на енергенси на островот, како дел од пошироката стратегија за зголемување на ...
Вечерва на сцената на Загрепскиот танцов центар, ќе биде изведена танцовата претстава АЈДЕ!, во кореографија на реномираните македонски уметници Игор Киров и Бојан Мицев, на Motion Network продукција, како дел од годишната програма на македонскиот КИЦ во Загреб. АЈДЕ! ја носи публиката низ богатата музичка и културна традиција на ромската заедница, преку современ танцов израз кој обработува теми на љубовта, слободата, припадноста и ...
Лидерот на Хезболах изјави дека израелско – либанските преговори биле залудни и понижувачки за Либан. Од групата велат дека наводното примирје и повлекување на борците од јужниот фронт со Израел, претставува предавање и ќе ги исполни целите на Тел Авив. Реакцијата следува откако Израел и Либан објавија обновување на примирјето со создавање безбедносни зони во кои оперативците на Хезболах ќе бидат забранети. Во заедничка изјава објавена од ...
Шефот на Белата куќа вели дека би му било чест да се сретне со врховниот лидер на Иран за да се постигне договор за прекин на конфликтот. Претседателот на САД повтори дека е сигурен оти неговата администрација е на добар пат успешно да го заврши конфликтот. „Главниот дел од договорот е дека не може да има нуклеарно оружје, теснецот ќе се отвори веднаш. Мислам дека се справуваме многу добро, но ќе видиме. Ќе победиме на еден или друг начин. Ќе ...
Украинскиот претседател му испрати писмо на Путин во кое предлага прекин на огнот по линијата на фронтот и лична средба. Зеленски нагласи дека Украина е подготвена целосно да ги запре непријателствата за да го започне дипломатскиот процес и дека САД би можеле да го следат прекинот на огнот. Претседателот Трамп рече дека е среќен што се разговара за средба и потенцираше дека Киев и Москва треба да го сторат тоа. Претставничкиот дом го усвои ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и пријатно топло во поголемиот дел од земјата. Во текот на денот, особено во планинските региони, ќе има услови за појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст. Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 24 и 32 степени ...
Градежништвото и натаму е еден од најсилните двигатели на домашната економија. Последните податоци на Државната статистика покажаа дека градежниот сектор во првото тримесечје забележал раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период лани. Според вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, особено охрабрува фактот што кај нискоградбата има двоцифрен раст од над 20 индексни поени, бидејќи овој сегмент ги опфаќа инвестициите ...
Потребни се итни решенија за струшката депонија, која повеќе од две децении претставува сериозен еколошки и здравствен ризик за населението. Ова е заклучокот од денешната јавна расправа насловена „Од дива депонија до европско решение“. На иницијатива на невладините организации, депонијата денес ја посетија евроамбасадорот Рокас и градоначалникот на Струга, Менди Ќура. Рокас порача неопходно итно да се најде решение за овој долгогодишен ...
Израел и Либан се договорија за примирје на цела либанска територија условено со запирање на нападите од страна на Хезболах и безбедносни зони јужно од реката Литани. Милитантната група го отфрли предлогот и рече дека секој можен договор мора да почне со целосно повлекување на израелските сили од либанска територија. На југот од земјата регистрирани нови напади. „Овој договор претставува олицетворение на одлуката на независната и суверена ...
Српската Безбедносно-информативна агенција го советуваше претседателот Александар Вучиќ да не патува во Тиват на самитот ЕУ-Западен Балкан, од безбедносни причини. Од БИА велат дека имаат сознанија оти водачот на кавачкиот клан, Радоје Звицер се наоѓа во Црна Гора. Регионалните медиуми објавија дека, црногорските власти вчера не им дозволија на речиси 90 српски државјани да влезат во земјата и по неколкучасовно задржување на аеродромот во ...
Четири лица загинаа по пад на мал авион во близина на спортскиот аеродром во Медулин. Хрватската полиција ја добила пријавата за урнатиот авионот денеска претпладне, по што сите екипи за итни случаи биле испратени на местото на настанот. Директорката на Заводот за итна медицинска помош, потврди дека на местото на настанот е констатирана смрт кај четири лица. Според првичните информации, станува збор за германски авион кој полетал од Австрија, ...
Американската војска нападна брод кој криумчарел дрога во источниот дел на Тихиот Океан. Двајца мажи се убиени. Администрацијата на Трамп води кампања против наводните трговци со дрога во Латинска Америка. Во нападите на Американската војска досега загинаа најмалку 207 луѓе. Како и со повеќето изјави на војската за нападите во источниот дел на Тихиот Океан и Карипското Море, Јужната команда на САД соопшти дека ги таргетирала наводните трговци ...
Претседателот на САД изјави дека преговорите со Иран одат многу добро и рече дека е може да се постигне договор во текот на викендот. Трамп ја минимизираше идејата дека американските и иранските напади го тестираат кревкото примирје. За се има причина. И ги погодивме доста силно претходната ноќ, а всушност и синоќа. Но, некои луѓе би рекле дека биле малку испровоцирани затоа што презедовме силна акција од друга причина. Значи, тие возвраќаа. ...
Израел и Либан се договорија за примирје на целата либанска територија условено со запирање на нападите од страна Хезболах. Во Вашингтон, претставниците на двете страни потврдија дека се согласиле за безбедносни зони јужно од реката Литани без присуство на милитантните групи. Договорот предвидува и продолжување на директните разговори. Неколку часа по објавата, нови напади се регистрирани во Јужен Либан. „Овој договор претставува ...
Балансерот во историја, Законот за фер и правична застапеност во Собрание. Со него е најавено дека предност при вработувањата ќе бидат квалификациите и стручноста, а припадноста на заедница ќе биде секундарен критериум ако кандидатите имаат исти компетенции. Марина Стојанова – Тонева е во законодавниот дом. Балансерот во историја, Законот за фер и правична застапеност во Собрание. Со него е најавено дека предност при вработувањата ќе ...
Каква храна јадеме и дали е безбедна? Оваа дилема се отвори откако се утврди дека млечни производи на повеќе млекарници по квалитетот не соодветствувале со она што е декларирано, а дополнителна загриженост внесоа навестувањата дека несовпаѓања со декларациите имало и во месната индустрија. Најповикана да одговори на сите прашања е Агенцијата за храна и ветеринарство. Известува Ана Јосифоска Каква храна јадеме и дали е безбедна? Оваа дилема ...
По четвртата рунда разговори со посредство на САД во Вашингтон, постигната е одлука за примирје на целата либанска територија. Израелски и либански претставници потврдија дека се согласиле на договор за создавање безбедносни зони во кои ќе им биде забранет влезот на милитантите на Хезболах. Овој договор претставува олицетворение на одлуката на независната и суверена либанска држава. Прекинот на огнот е важен, многу е важно да се одржи. Оние ...
Кошаркарите на Њујорк ја продолжија победничката серија во плеј офот од НБА лигата откако ноќеска победија како гости во првиот финален натпревар против Сан Антонио и поведоа со 1-0 во финалната серија. Ова за Њујорк е 12 победа во низа во плеј офот. Првиот дел им припадна на домашните кошаркари, кои водеа на полувреме со 55:48, но противникот во вториот дел со одличната одбрана им дозволи да постигнат само 40 поени и направи разлика од 17 ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...