Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер (над 40 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени. Во ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација пристигна во Демократска Република Конго. Бројот на сомнителни заразени со ебола во земјата се приближува до 1.000, со најмалку 220 сомнителни смртни случаи. „Дојдов да дадам поддршка на високо ниво. Постојат многу предизвици, особено во ограничувањето на епидемијата. Едната е конфликтот, безбедносните предизвици и затоа побарав прекин на огнот. Другиот проблем е раселувањето. Луѓето ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва гостува кај Босна и Херцеговина во Сараево во првиот од двата контролни натпревари пред стартот на новиот циклус во Лигата на нации. Новиот селектор Гоце Седлоски најави дека шанса ќе добијат и неколкумина дебитанти, додека поради повреда ќе отсуствува капитенот Енис Барди. Капитенската лента ќе ја носи голманот Столе Димитриевски. Натпреварот ќе се игра од 20:30 часот на стадионот „Асим ...
Гевгелија доби современ и модерен трговски шопинг парк кој ќе даде дополнителен инпут на локалниот економски развој. Тој се протега на околу 20.000 метри квадратни каде се лоцирани 50-тина домашни и светски брендови. Целата инвестиција е 15 милиони евра која носи нови современи стандарди на пазарот. Со отворањето на новиот трговски парк, Гевгелија нема да биде само транзитна точка туку дестинација за домашни и странски посетители. Паралелно ...
Во и околу училиштата во Македонија, учениците и натаму почесто посегнуваат по брза и нутритивно послаба храна, наместо по свежи и здрави оброци. Нова национална проценка спроведена во поддршка на УНИЦЕФ. Од анкетираните, 60 проценти сметаат дека ограничувањето на нездравата храна би им помогнала да прават подобар избор. Наташа Јанчиќ-Менковски истражува на оваа тема. Во и околу училиштата во Македонија, учениците и натаму почесто ...
Нема отстапки за идентитетски прашања, ниту пак прифаќање на нови условувања од Бугарија, категоричен премиерот Мицкоски. Македонија бара цврсти гаранции кон евроинтегративниот пат. Што друго порача шефот на владата во однос на предлогот на германскиот канцелар Мерц за ЕУ-проширувањето и најавената посета на првиот човек на Европскиот совет, Кошта, на земјите од Западен Балкан? Известува Миле А. Ристески Нема отстапки за идентитетски ...
Православните христијани викендов го одбележуваат големиот празник Духовден, познат и како Педесетница – еден од најзначајните верски празници, посветен на слегувањето на Светиот дух врз апостолите и раѓањето на христијанската црква. Празнувањето традиционално започнува уште во петок, ден кој во православието е посветен на молитва за упокоените и кој е прогласен за неработен ден за верниците. Главниот помен, односно Духовденската задушница, ...
Генералниот секретар на ООН, пред Советот за безбедност истакна дека неодамнешната ескалација на борбите и употребата на оружје во Украина би можеле да ја доведат војната надвор од контрола. „Сегашниот курс не е одржлив. Траекторијата мора да се промени. Спиралата на смртта мора да престане. Она што е потребно сега е итна и одржлива деескалација, целосен и безусловен прекин на огнот и повеќе дипломатија за да се создадат услови за праведен, ...
Македонското министерството за надворешни работи и надворешна трговија со осуда за инцидентот во Романија. „Силно го осудуваме рускиот напад со дрон кој погоди станбена зграда во Романија, при што беа повредени цивили. Руската агресорска војна против Украина продолжува да претставува ризик и надвор од границите на Украина, и ја загрозува регионалната безбедност. Стоиме во целосна солидарност со нашиот сојузник Романија и им посакуваме брзо ...
Полагањето на екстерните испити од матурата за учебната 2025/2026 година почнува на 6 јуни, а пријавени се вкупно 14.587 ученици. Според податоците на Државниот испитен центар, 12.184 ученици ќе полагаат државна матура, 2.276 државна стручна матура, а 127 државна уметничка матура. Првиот екстерен предмет ќе се полага на 6 јуни од 9 часот, кога матурантите ќе полагаат странски јазик, математика или историја, во зависност од видот на матурата. ...
Израелската војска нотира дека воздухопловните сили работат непрекинато, на сите арени, напаѓајќи низ цел Либан. Акциите следуваат во услови на ескалација на тензиите и покрај тековното примирје. Израелските трупи ја преминаа реката Литани. Хезболах презеде одговорност за повеќекратни напади со беспилотни летала и ракети насочени кон израелските трупи во јужен Либан и северен Израел. „Нашата цел е јасна, да ги заштитиме северните заедници, да ...
Прерано е да се каже кога и дали САД и Иран ќе го финализираат договорот за прекин на огнот за уште 60 дена и ќе ги почнат разговорите за иднината на нуклеарната програма. Вашингтон се надева дека Техеран преговара со добра волја. „Постојат одредени детали што ќе треба да се решат, за кои ќе биде потребно малку време. Само за пример, дури и ако се договориме, да речеме, за уништувањето на збогатените резерви, како ќе го направите тоа? Она што ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени. Утре ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Задоволството на граѓаните од работата на Собранието бележи континуиран раст трета година по ред, покажува најновото истражување „Поглед на Собрание: Перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија (2026)“. Според истражувањето, граѓаните работата на Собранието ја оценуваат со 2,7 на скала од 1 до 5, што е подобрување во однос на 2025 година кога оценката изнесувала 2,5, а во 2024 година 2,3. Истражувањето ...
На интерпелацијата за мојата работа како претседател на Собранието поднесена од СДСМ ќе одговорам со аргументи дека не сум го прекршил Деловникот на Собранието и правилно сум донел одлука за назначување на претседавач на Комисијата за финансирање и буџет, вели спикерот на парламентот, Гаши. Според Гаши таа, сè уште не е официјално ставена во процедура. Во однос на интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена ...
Во услови на кревко примирје и преговори за ставање крај на војната, американската војска одново нападна цели во Иран кои биле закана за Ормускиот теснец. Иранската војска објави дека возвратила со удар врз воздухопловна база. Кувајтската армија пресретнала непријателски беспилотни летала и ракети. Американскиот претседател предупреди дека договорот со Иран мора да биде совршен, но не прифаќа краткорочно решение што ќе им овозможи на Иран и ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „предизвикување на општа опасност“. На 07.04.2026 на место викано „Тафрачко маало“ во с. Бигла, делчевско, пријавениот намерно предизвикал шумски пожар, во кој биле оштетени површини на девет сопственици на катастарски парцели во с. Бигла. Надворешната канцеларија за ...
Американскиот државен секретар, Рубио, предупреди дека САД мора да спречат какви било случаи на ебола да влезат во земјата од Демократска Република Конго, каде што веќе се пријавени 220 сомнителни смртни случаи и 900 инфекции. Американските центри за контрола и превенција на болести изминатата недела воведоа 30-дневни ограничувања за влез на патниците кои биле во Конго, Уганда и Јужен Судан во претходните 20 дена, вклучително и законските ...
12 илјади смртни случаи годишно се од болести, поврзани со пушењето. СЗО бара јавните политики за заштита да се насочат кон младите, како примарна цел на тутунската индустрија. Предлог-законот од идната недела влегува во собраниска процедура. Александра Велинова ја следеше прес-конференцијата во Министерството за здравство. 12 илјади смртни случаи годишно се од болести, поврзани со пушењето. СЗО бара јавните политики за заштита да се ...
Со изведување материјални докази од Обвинителството, во судницата во Идризово продолжи судењето за кочанската трагедија во која загинаа 63 лица, над 200 беа повредени. На минатото рочиште беа презентирани видеоснимки и слики поврзани со објектот критичната вечер и пред неа. Како тече судскиот процес, известува Ана Јосифоска. Со изведување материјални докази од Обвинителството, во судницата во Идризово продолжи судењето за кочанската ...
Во услови на кревко примирје и преговори за ставање крај на војната, по вторпат за три дена, американската војска нападна цели во Иран. Таргетирана воена локација во пристанишниот град, Бандар Абас, соборени ирански дронови кои претставувале закана околу Ормускиот теснец. Иранската војска објави дека возвратила со удар врз воздухопловна база. Во исто време, кувајтската армија соопшти дека пресретнале непријателски беспилотни летала и ракети. ...
Студентите ќе се вселат во реновираните студенски домови „Кузман Јосифовски- Питу „ и „Стив Наумов“ во октомври. Од септември ќе се реновираат и градат седум студентски домови во земјава, а за сместувањето има алтернатива, најави министерката за образование, Весна Јаневска. Условите во реновираните скопските студентски домови ќе бидат значително подобри, посочи директорот на скопските студентски домови, Александар Каровски. Студентите ќе се ...
Украинскиот претседател потврди дека напишал писмо до американскиот претседател Трамп и Конгресот и бара повеќе муниција, ракети Патриот и други системи за воздушна одбрана за да се спротивстават на засилените балистички ракетни напади на Русија. Зеленски предупреди дека испораките за Украина се опасно мали, бидејќи војната со Иран ги пренасочува американските залихи. „Разбираме дека голем дел од вниманието на светот моментално е насочено кон ...
Капитенот Енис Барди поради повреда на коленото ќе ги пропушти двата претстојни контролни натпревари на македонската фудбалска репрезентација против БиХ и Турција. „Барди се појави на собирот на националниот тим, но по извршените медицински прегледи беше утврдено дека не е во можност да му се стави на располагање на селекторот“, објави Фудбалската федерација на Македонија. Македонските фудбалери в петок ѝ гостуваат на Босна и Херцеговина во ...
Во скопско Пржино започна снимањето на дебитантскиот долгометражен игран филм „Пролетно чистење“, по сценарио на Марија Апчевска Петровска и Ереник Бекири од Албанија, а во режија на Апчевска Петровска. Филмот ја раскажува приказната за Варава, одметнатата ќерка која се враќа во својот мал роден град поради самоубиството на нејзината мајка, но се чини дека и нејзината мајка се вратила од задгробниот живот за да ја научи на некои лекции. Во ...
Норвешка ја зајакнува безбедноста и влегува под францускиот нуклеарен чадор. Со договореното меѓу Париз и Осло, секој напад врз Норвешка би можел да предизвика француски нуклеарен одговор. Потегот доаѓа во контекст на војната со Русија и обидот на Европа повеќе да се грижи за сопствената безбедност. Норвешка сега е најновата земја која добива француска нуклеарна заштита, по Полска и Литванија кои, исто така, граничат со Русија. Во ЕУ, по ...
Од Владата го одбија барањето на лидерот на СДСМ Филипче за референдум. Порачаа дека нема да го трошат времето и парите на граѓаните. Велат, стратешка ориентација на Владата е Европската унија, а потврда за тоа е укинувањето на оценската мисија од Советот на Унијата, како и отворањето на фондовите од Реформската агенда. „Како изгледа кога СДСМ се залага за референдум без гаранции за европската иднина, граѓаните можеа да видат од последниот ...
Американската војска нападна уште еден брод кој наводно транспортирал дрога во источниот Тихи Океан, при што загинаа двајца мажи. Јужната команда на САД објави видеоснимка на кое се гледа брод како стои на вода пред да биде погоден. Еден ден претходно, американските сили почнаа напад врз брод во источниот Тихи Океан, при што загина еден маж, а двајца беа спасени. Кампањата на администрацијата на Трамп против трговија со дрога во ...