Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Најмалку 41 лице се повредени во силното торнадо што го погоди југозападниот дел на Франција, при што се оштетени стотици домови и предизвикани големи прекини во снабдувањето со електрична енергија. Најтешко е погодено селото Помас. Петнаесет лица се пренесени во болница, меѓу кои и бремена жена врз која се урнал дел од куќа. На терен се ангажирани повеќе од 120 припадници на итните и спасувачките служби. Најмалку 41 лице се повредени во ...
Дваесеткратниот Гренд слем шампион Роџер Федерер смета дека Новак Ѓоковиќ секогаш има шанса за освојување на трофејот, кога настапува на голем турнир. Мислам дека секогаш кога Новак игра на турнир, без разлика дали е Гренд слем или било кој друг, тој има шанса. Имам огромна почит кон него. Видов што е способен, не само еднаш, туку многу пати. Тој го направил тоа насекаде и на највисоко ниво. Секогаш мислам дека сè додека е на турнирот, има ...
Струмичките земјоделци на нов протест, незадоволни од како што велат, непочитување на договореното, откупната цена на пиперката „ајварка“ да биде 30 денари. Според „Месното здружение млади-Муртино“, цената повторно паднала на 25 денари за килограм. Пред две недели производителите на „ајварката“ од струмичко неколку пати протестираа, блокирајќи важни крстосници, но и во Струмица пред подрачната единица на Министерството за земјоделство. ...
Судскиот совет денеска ќе ја одржи 552. седница, на која членовите ќе разгледуваат повеќе точки поврзани со работата на судиите и судовите. На дневен ред се извештај за повторување на постапка по пресуда на Европскиот суд за човекови права, како и формирање комисии на известители по барања за поведување постапка за утврдување одговорност на судија или претседател на суд. Советот ќе расправа и за избор и разрешување на судии поротници, како и ...
Украина и нејзините европски сојузници ја потврдија заедничката поддршка за Киев за време на одбележувањето на 35-годишнината од независноста. На состанокот на „Коалицијата на подготвените“ во Киев, Зеленски порача дека Украина мора да има капацитет да одговори на руските напади со долг дострел. „Треба да бидеме конкурентни со бројот на длабоки удари“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Финска оцени дека украинските напади ...
Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Најсериозна е состојбата на подрачјето меѓу општините Студеничани и Зелениково, каде огнот се шири на потегот од Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале. Зафатена е мешана шума. ...
Од 05:05 часот, сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Куманово кај местото викано Карчов е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...
Тестовите за перформансите на „Окс Алфа“, кој стана достапен на платформата „ОпенРутер“, покажаа дека моделот може да им конкурира на најнапредните системи развиени од водечките компании во индустријата, како „ОпенАИ“ и „Антропик“. Во објаснувањето за системот, кој на платформата е означен како „таен модел“, се наведува дека со него управува надворешен провајдер, кој одлучил да го задржи својот идентитет во тајност за време на периодот на ...
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Утре времето претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде ...
Речиси 300 милиони денари се наплатени по основ на концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во вториот квартал од 2026 година, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Наплатата е зголемена во однос на истиот период лани, а во споредба со 2024 година е повеќе од двојно повисока. Во вториот квартал годинава се наплатени 299.461.897 денари, наспроти 293.330.528 денари во истиот период во 2025 ...
Владата на Нов Зеланд поднесе предлог-закон во Парламентот, кој предвидува забрана за користење на социјални мрежи за лица помлади од 16 години. Предлогот ќе ги обврзе платформите да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. За непочитување на обврските, би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи. „Едноставно не можеме да ја прифатиме штетата што се нанесува на цела една генерација ...
Десет возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради „безобѕирно управување возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Девет од нив возеле без возачка дозвола, а двајца биле малолетници. Еден од возачите предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета, додека друг бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени ...
Датум за предвремени избори нема, но партиите не одбиваат да се соочат меѓу себе. Лидерот на СДСМ, Филипче вели дека неговата партија е целосно подготвена за предвремени избори во секое време, но нема да му служи како политичко алиби на премиерот Христијан Мицкоски. Готов е мастер планот и договорот со граѓаните за изборите, рече Филипче. Посочи дека СДСМ е отворена за соработка со сите опозициски партии за настап на изборите, а ги покани и ...
Неколку лица се водат како исчезнати поради обилните врнежи што предизвикаа катастрофални поплави во Венецуела. Пребарувачките операции беа прекинати вчера вечерта поради повремени дождови и се очекува продолжат денеска. Властите соопштија дека обилните врнежи се поврзани со тропскиот бран, кој се движеше низ целата земја во текот на викендот. Владата го активираше националниот систем за цивилна заштита откако поплавите го погодија Каракас и ...
Во земјава досега се потврдени 44 случаи на западнонилска треска, од кои 43 се хоспитализирани, а поголем дел се со невроинвазивна форма на болеста, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. Клековски денеска ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде изврши увид во болничките капацитети, кадровската опременост и лабораториските реагенси за дијагностика. Тој посочи дека здравствениот систем е ...
Одделот за пуерпериум, каде престојуваат породените мајки на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во моментов се реновира, но работата на клиниката продолжува со вообичаена динамика и без застој, информираат од ГАК. Од клиниката појаснуваат дека дел од пациентките се сместени на одделението за пуерпериум, додека дел се префрлени на друго одделение, согласно претходно утврден план за ротација. Сите здравствени услуги за ...
27-годишен германски државјанин е лишен од слобода на граничниот премин Табановце, откако при контрола во неговото возило полицијата пронашла и одзела марихуана, соопшти МВР. Случајот се случил вчера во 11:30 часот, кога К.Г. при влез во државата бил запрен за контрола. При прегледот на возилото била пронајдена марихуаната. Лицето било спроведено во СВР Куманово. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе ...
СДСМ е целосно подготвена за предвремени избори во секое време, но нема да му служи како политичко алиби на премиерот Христијан Мицкоски, изјави лидерот Венко Филипче. Готов е мастерплан и договор со граѓаните за изборите, рече Филипче. Посочи дека СДСМ е отворена за соработка со сите опозициски партии за настап на изборите, а ги покани и левица, доколку се откаже од анти НАТО и анти ЕУ ставови. Мицкоски оцени дека предвремени избори не се ...
Од полноќ се зголемуваат максималните малопродажни цени на нафтените деривати. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која горивата во просек поскапуваат за 2,62 отсто. „Еуросупер БС-95“ од утре ќе чини најмногу 93 денари за литар, а „Еуросупер БС-98“ до 95 денари. Најголемо зголемување има кај дизелот, чија максимална цена се зголемува за 3,50 денари и ќе изнесува 101,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство ...
Украина ја одбележува 35-годишнината од независноста на земјата. Претседателот Зеленски го честиташе националниот празник и нагласи дека од почетокот на целосната инвазија на Русија во 2022 година, Украина ефикасно го брани своето право на слобода и независност секој ден. Иако Украинците сакаат мир, не се подготвени да се откажат од својата држава и територии. „Украина ќе го постигне својот мир. Во сите свои планови за Украина, Путин направи ...
Јапонија повторно се соочува со силно тресење на тлото, помалку од еден месец по разорниот земјотрес во Кумамото. Уште еден земјотрес со магнитуда од 5,9 степени го потресе северниот остров Хокаидо, откако земјотрес со ист интензитет го потресе источниот дел на земјата, вклучувајќи ја и областа на Токио. Пријавени се најмалку 37 повредени лица. Јапонската метеоролошка служба претходно предупреди на зголемен ризик од одрони, бидејќи подрачјето ...
Сите анализирани примероци вода за пиење во Скопје се безбедни и одговараат на законски пропишаните стандарди, покажува неделниот извештај на ЈП „Водовод и канализација“. Во периодот од 17 до 21 август, Секторот за санитарна контрола зел 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа од 47 мерни места во Скопје. Според добиените резултати, сите 412 примероци одговараат на Правилникот за барањата за безбедност и ...
Американски претставници и поранешни лидери изразија поддршка за Украина на форум во Киев по повод 35-годишнината од независноста на земјата. Според нив, од „витален национален интерес“ на Соединетите Американски Држави е да продолжат да ја поддржуваат Украина за „победа и одбрана од руската инвазија“. „Пред 35 години, ја избравте слободата. Денес ја браните. Независноста на Украина не е подарок. Тоа е ветување што го одржуваат секој маж и ...
Сообраќајот на граничниот премин Табановце се одвива непречено и без задржувања, информира Министерството за внатрешни работи. Возилата со странски регистарски ознаки кај кои е евидентиран сообраќаен прекршок се задржуваат најмногу пет минути за регулирање на обврската. Од МВР посочуваат дека со воведувањето на системот „Безбеден град“ и можноста за електронско плаќање преку апликацијата, постапката за регулирање на сообраќајните прекршоци е ...
Случајот „Талир 2“ одбројува денови за застарување. Скопска апелација треба да донесе одлука пред да застари на 31 август. Првостепената пресуда со која експремиерот Никола Груевски доби ослободителна пресуда и беше одбиена конфискацијата за седиштето на ВМРО-ДПМНЕ беше објавен на 14 јули, а, на почетокот на овој месец, обвинителството поднесе жалба. Апелација може да ја потврди ослободителната пресуда или да ја преиначи. За што и да се ...
Коко Гоф триумфираше во Синсинати по убедливата победа над третопласираната во светот Џесика Пегула. Мечот траеше еден час и 14 минути. Четвртата тенисерка на ВТА-листата одигра одличен меч и реализираше пет од шесте брејк-топки. Пегула, пак, искористи две од две можности за одземање на сервисот. За Гоф ова е прв трофеј во 2026 година, 12. во кариерата и четврти од категоријата ВТА 1000. Таа вторпат го освои турнирот во Синсинати, по триумфот ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и ...
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, четири се под контрола, а 25 се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општините Студеничани и Зелениково, кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон селата Палиград и Вражале. Активен е и пожарот во Општина Македонски Брод, кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица. ...
Богата и разновидна филмска програма носи Кинотеката на Македонија во септември – од македонската драма „Сведок“ и класици на американската кинематографија, до неми филмови и посебната програмска целина „Денови на хрватскиот филм“. Септемвриската програма на Кинотеката на Македонија нуди избор од македонската, балканската и светската кинематографија, со филмови што отвораат теми поврзани со историската меморија, вината, правдата, насилството ...
Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Променливо облачно и ...