Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Минималните температури ќе се движат главно од 9 до 16 степени, додека максималните ќе достигнат до околу 32 ...
По вторпат за три дена, американската војска изврши напади врз Иран, таргетирајќи воена локација во Бандар Абас, стратешки пристанишен град. Централната команда на САД соопшти дека собориле четири ирански дронови кои претставувале закана околу Ормускиот теснец. Нападите доаѓаат во услови на кревко примирје меѓу САД и Иран и преговори за ставање крај на тримесечната војна. Американскиот претседател вели дека неговата администрација се справува ...
Пекинг работи на деескалација на тензиите во Иран, изјави шефот на кинеската дипломатија, нагласувајќи дека разговорите меѓу Вашингтон и Техеран се клучни и ги повика страните да се стремат кон прекин на огнот и да го вратат мирот. „Одржувавме комуникација и координација со главните засегнати страни, како и со важните регионални и меѓународни партнери. Веруваме дека суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на сите земји во ...
Последните податоци на Државниот завод за статистика покажаа дека природниот прираст во првиот квартал годинава е негативен. За 1.962 е помал бројот на живородени деца од бројот на умрени. Особено загрижува што природниот прираст е негативен во 66 општини. За три месеци се родиле 3.380 деца, за 4,1 проценти помалку од истиот период лани. Бројот на умрени е намален за 1 процент, и изнесува 5.342 лица, од кои девет биле доенчиња. Последните ...
Тивка болест, сè поголем број пациенти. Расте бројот на заболени со мултипла склероза, а со дијагнозата не доаѓа само борбата со болеста. Иако се обезбедуваат средства за нова терапија, за многу семејства предизвик остануваат бањското лекување, ортопедските помагала и лавиринтот на бирократијата. Кога дијагнозата ќе почне да носи помалку бариери, а повеќе поддршка? Наташа Јанчиќ-Менкоски известува. Тивка болест, сè поголем број пациенти. ...
За само еден месец – две свлечишта на градилишта во Скопје, а едното со фатални последици. Последниот инцидент во Центар го отвори прашањето – дали градиме побрзо од колку што планираме и контролираме? Градежните експерти предупредуваат на построги правила, нови законски решенија и поголемо внимание при изведување на градежните зафати. По свлечиштето во Центар, надлежните на кризен состанок. Александра Велинова известува. За само еден месец ...
Политичките партии и денеска го користат теренот за меѓусебно препукување. Полека се разобличува лажната кампања на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе го врателе името, ќе го поништиле Преспанскиот договор. Цената ја плаќаат граѓаните, вели лидерот на СДСМ, Филипче. Анита Димитријевска-Велковска ја следеше прес-конференцијата. Политичките партии и денеска го користат теренот за меѓусебно препукување. Полека се разобличува лажната кампања на ...
Умерен земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Хрватска, во близина на Петриња. Според хрватската Сеизмолошка служба, потресот се случил во 9:51 часот, а епицентарот бил на околу осум километри од Петриња. Потресот бил почувствуван во Сисак и поширокиот регион, а тресењето на тлото било забележано и во Загреб и околните населби. Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а ...
Десетици загинати во израелски напади низ јужен и источен Либан, откако израелскиот премиер Нетанјаху објави засилени воените дејствија против Хезболах. И покрај тековните напори за прекин на огнот и планираните директни разговори со либанските претставници во Вашингтон, израелската војска соопшти дека погодила повеќе од 100 инфраструктурни локации и борци на милитантната група. „Под мое водство и на министерот за одбрана, заедно со ...
Западна Европа руши рекорди со високи мајски температури. Франција пријави седум смртни случаи, а температурите во делови од регионот достигнуваат и до 40 степени. Велика Британија, Ирска, Германија, Италија, Шпанија и Швајцарија се соочуваат со топлотен бран кој не е забележан за овој период од годината. Топлотниот бран од Европа се спушта на Балканот, научниците предупредуваат континентот се затоплува со брзина од 0,56 Целзиусови степени по ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Десетици луѓе се убиени во интензивен бран израелски напади низ јужен и источен Либан, откако израелскиот премиер Нетанјаху вети дека ќе ги засили воените дејствија против Хезболах. Израелската војска соопшти дека погодила повеќе од 100 инфраструктурни локации и борци на милитантната група и покрај тековните напори за прекин на огнот и планираните директни разговори со либанските претставници во Вашингтон. „Под мое водство и на министерот за ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се движат од 10 до 17 степени, а максималните од 29 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне во делови од ...
Четири лица, меѓу кои двајца тинејџери загинаа, а петмина се тешко повредени во судир на воз и училиштен автобус во белгискиот град Бугенхаут. Причината за несреќата не е утврдена, а според компанијата за железничка инфраструктура „Инфрабел“, преминот бил затворен во моментот на судирот. Минибусот превезувал ученици од училиште за деца со посебни потреби. По несреќата, стотина патници кои се наоѓале во возот биле евакуирани и на истите им ...
Изолирана појава на нестабилност утре и нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер в четврток на повеќе места прогнозира Управата за хистрометеоролошки работи. Локално утре и во четврток процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град, соопшти УХМР. Според прогнозата на Управата, преодно стабилизирање на времето ќе има ...
Светската здравствена организација објави дека се регистрирани 220 сомнителни смртни случаи од моменталната епидемија на ебола во Конго. Претходно и Уганда пријави уште два случаи на ебола, со што вкупниот број на потврдени се искачи на седум. Справување со епидемијата оди комплицирано бидејќи сè уште нема вакцини за вирусот Бундибугио. Дополнително е отежната состојбата во провинциите Итури и Северен Киву во Конго поради бунтовничките групи ...
Вчера во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција, постапувајќи по пријава на 24.05.2026 околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, додека извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го нападнале. Од страна на ...
Израел ќе ги интензивира напорите против Хезболах во Либан, дециден е премиерот Нетанјаху. Изјавата следува по убиството на уште еден израелски војник со беспилотно летало. Откако стапи во сила прекинот на огнот загинаа 11 израелски војници. „Вистина е дека целат кон нас со дронови со оптички влакна. Имаме специјален тим кој работи на тоа. Сакам да ги благословам жителите на северот за отпорноста што не инспирира сите нас. Она што ситуацијата ...
Заедничките предизвици, регионалната стабилност, европската перспектива – теми на разговор меѓу македонскиот и хрватскиот премиер, Христијан Мицкоски и Андреј Пленковиќ во Охрид. Неспорна е потврдата на добрите односи и пријателството меѓу двете земји. Што може да се очекува од официјален Загреб на патот на нашите евроинтеграции? Викторија Милевска ја следеше посетата на хрватската делегација. Заедничките предизвици, регионалната ...
СДСМ се сомнева дека новото задолжување на Владата од 260 милиони евра ќе биде искористено за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Опозициската партија предупреди дека ќе чини многу поскапо, земјаќи ја предвид високата камата. Од Министерството за финасии велат дека парите ќе бидат искористени за капитални расходи и рефинансирање на обврски. Анита Димитријевска - Велковска ја следи седницата. СДСМ се сомнева дека новото ...
Седница на Синодот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Митрополитот Преспанско-пелагониски, господин Петар, најави дека ќе побара од Митрополитот Крушевско-демирхисарски господин Јован да се пензионира поради здравствени причини. Дали оваа точка може да предизвика посериозна дебата кај владиците? Миле А. Ристески известува Седница на Синодот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Митрополитот ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за нови цени на нафтените деривати, кои ќе се применуваат од полноќ. Согласно одлуката, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 87,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 89,50 денари за литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 94 денари за литар, додека дизелот останува 92 денари за литар. Од Регулаторната комисија информираат дека бензините ...
Неколкумина загинати во судир на воз и школски автобус во белгискиот град Бугенхаут, лоциран помеѓу Антверпен и Брисел. Како што известуваат белгиските медиуми, возот во моментот на ударот се наоѓал на околу еден километар од железничката станица. По несреќата, стотина патници кои се наоѓале во возот биле евакуирани и на истите им била укажана соодветна медицинска помош. Во школскиот автобус во моментот на судирот имало седум деца и еден ...
Њујорк Никс обезбедија пласман во финалето на НБА плејофот, откако ноќеска славеа убедливо на гостувањето кај Кливленд со 130:93 и со максимални 4:0 ја затворија полуфиналната серија. И покрај одличната партија на Донован Мичел, кој уфрли 31 поен за Кавалирс, домашниот тим немаше решение за расположениот состав на Никс. Во победничкиот тим се истакнаа Карл-Ентони Таунс со 19 поени и 14 скока, О Џи Ануноби постигна 17, а Лендри Шамет додаде 16 ...
Украинскиот претседател вели дека земјата работи со европските партнери на проширување на производството на антибалистички системи. Зеленски истакна дека Киев очекува нови дипломатски ангажмани со САД за прекин на конфликтот со Русија. „Украина им е благодарна на Соединетите Американски Држави за поддршката во одбраната. Благодарни сме за американското искуство и сме подготвени да го споделиме нашето безбедносно и технолошко достигнување ...
Македонскиот фудбалски шампион Вардар и официјално го назначи Кристијан Фабијани за нoв тренер. Аргентинскиот стратег со богато фудбалско и тренерско искуство пристигнува во ФК Вардар со јасна визија – модерен, офанзивен и дисциплиниран фудбал. „Болен сум по тактика“ – порака која најдобро го опишува новиот кормилар, човек кој носи јужноамериканска енергија, страст и амбиција да го подигне Вардар на уште повисоко ниво. Пред нас е нова ера и ...
Синодот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија одржува седница. Покрај за состојбите во Синодот, на дневен ред и точката за состојбите во новите епархии што ја покренаа поранешните владици на ПОА. Владиката Петар во јавните настапи навести дека на дневен ред ќе се најдат и неговите предлози, меѓу кои и барањата за потврдување на одлуките за расчинување на свештеници што тој ги има донесено и за поделба на Европската ...
Од 3-6 јуни во Кинотеката на Република Северна Македонија ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е сценарист или продуцент, со што јавноста ќе се запознае со уште еден, делумно запоставен аспект на неговата творечка личност –дејноста на полето на филмската уметност. Омажот започнува во среда на 3 јуни, на роденденот на ...
Добитникот на Оскар, режисерот Стив Меквин („Дванаесет години ропство“) и ко-сценаристката и популарна авторка Џилијан Флин („Исчезнати“) се создавачите на овој брз, современ трилер за криминал, страст и корупција. „Вдовици“ е приказна за четири жени кои немаат ништо заедничко освен долговите на нивните починати, криминални сопрузи. Сместен во современо Чикаго, во време на големи политички превирања, тензијата расте кога Вероника ...