Зад затворени врати, коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс излезе да сведочи пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом за неговите врски со Џефри Епстин. Гејтс вели дека никогаш не требало да се сретне со Епстин, но дека никогаш немал никакви индикации дека бил вклучен во криминални активности. Технолошкиот милијардер е уште една моќна фигура поврзана со сексуалниот престапник што сведочи пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом. ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

Основците и средношколците на летен распуст, матурантите пак денеска и утре го полагаат вториот екстерен испит, по мајчин јазик. Во саботата го полагаа првиот од двата екстерни испити, странски јазик, математика или историја, во зависност од избраниот тип на матура. За првпат државната матура се спроведува според новата концепција која предвидува државна, стручна и уметничка матура. За државната матура се пријавиле нешто повеќе од 12 илјади ...

Големиот пожар што изби вчера попладне над Штип е целосно локализиран. Од Дирекцијата за заштита и спасување, за МТВ велат дека авиони не биле користени, поради лошите услови, но и бидејќи немало такво побарување од општината. Пожарот кој се појавил по удар на гром, се прошири и на ридовите над штипските гробишта. На терен ангажирани пожарникари од Штип, Свети Николе, и од Кочани. Големиот пожар што изби вчера попладне над Штип е целосно ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со појава на град. Утринската температура ќе биде од 10 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 24 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. ...

Денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на новата спортска сала во населбата Расадник, Општина Кисела Вода. Како што соопштија од владината прес-служба, по завршувањето на настанот предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски. Денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на свеченото пуштање во ...

Колку македонскиот театар е современ и што треба да се направи за да биде реална општествената слика на нашето секојдневно живеење, а да не добиваме впечаток дека гледаме пародија на нашето секојдневие, се прашањата што ги отвори најреномираната театарска манифестација, фестивалот „Војдан Чернодрински“. Театарот мора да се промени, повторно да се обмисли себе си во правец на храбриот нов театар. Фестивалската публика е едуцирана и ...

Унапредување на квалитетот на образованието преку развивање вештини кај учениците, решавање проблеми и основи на кодирање, со што ќе се подготват за предизвиците на пазарот на труд. Ова е целта на втората фаза од проектот „Училишта на 21 век“. Стартот – во Општина Брвеница. Во рамки на настанот беше презентирана и програма, преку практична демонстрација во опремена училница со учество на ученици и наставници. Проектот опфаќа вкупно 100 ...

Во Софија, самит на процесот за соработка во Југоисточна Европа, на кој учествуваат и претседателката Сиљановска-Давкова и шефот на дипломатијата Муцунски. Процесот на проширување на Европската унија мора да се темели на копенхашките критериуми. Потребни се гаранции дека нема да има дополнителни билатерални барања за Македонија-порака од Сиљановска-давкова и Муцунски. Анита Димитријевска-Велковска е наш специјален известувач. Во Софија, ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје. „Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, стои во соопштението на ...

Ждрепката за Светското првенство во ракомет 2027 ќе се одржи вечерва од 18 часот во Минхен, а Македонија ќе ги дознае своите противници за настапот на Мундијалот во Германија. Македонската репрезентација се наоѓа во вториот шешир, што отвора можност за поволен распоред во првата фаза, од која по три селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во главната рунда. Во првиот шешир се наоѓаат Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, ...

Последниот училиштен ден секогаш носи две чувства – олеснување и неизвесност додека учениците ги бројат часовите до распустот, образовниот систем ги сумира резултатите од уште една година во која повторно се отворија старите прашања – што и колку навистина учат децата, дали училиштето ги подготвува за иднината и што останува нерешено. За учениците почнува летото, но за образованието анализите допрва следуваат … Ана Јосифоска известува ...

Од Брвеница од основното училиште „Коста Рацин“ стартуваше проектот-училишта на 21-от век. Ќе опфати над 100 училишта, а учениците ќе учат како уредите да ги применат во пракса, да се развиваат кај нив основите за програмирање и критичко размислување, и како да работат на проекти. Од Брвеница известува Борис Грујоски. Од Брвеница од основното училиште „Коста Рацин“ стартуваше проектот-училишта на 21-от век. Ќе опфати над 100 училишта, а ...

Во Собранието, расправа за интерпелацијата за министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, поднесена од СДСМ. Според опозицијата, наместо политики за развој на земјоделството, повисоки субвенции и нови мерки за поддршка, за две години Трипуновски го доведе земјоделството до колапс. Андријана Ѓурческа е во Собранието. Во Собранието, расправа за интерпелацијата за министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, поднесена од СДСМ. Според ...

Пруга што се гради со децении, ветувања што се повторуваат со години и проект што треба конечно да ја доближи земјава до источниот сосед. Железничкото поврзување со Бугарија е еден од најважните инфраструктурни проекти на Коридорот 8, но и симбол на предизвиците со кои се соочува реализацијата на големите капитални инвестиции. Во каква фаза е изградбата на делницата Бељаковце – Крива Паланка и кога возот конечно ќе тргне кон границата? Елена ...

На 09.06.2026 од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги приведоа М.Е.С. (19), П.С.(23), Ј.С.(19), Д.Г. (250 и Б.Т.Б.(20), сите од Р. Турција, поради нерегулиран престој во државата. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР. На 09.06.2026 од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на ...

Фронтот во Украина продолжува да гори. Додека Киев и Москва разменуваат напади, Зеленски ги зајакнува одбранбените врски со балтичките земји и бара поголем европски ангажман во мировните преговори. Кремљ, пак, ги отфрла европските иницијативи за посредување и оценува дека Европа не е подготвена за улога на посредник. „Треба да продолжиме со притисокот и да ја доведеме Русија на дипломатски колосек. На Европа ѝ е потребен вистински и силен ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во посета на Софија каде што треба да се одржи билатерална средба на највисоко ниво со нејзината бугарска колешка Илијана Јотова. Средбата се одржува на маргините на самитот на процесот за соработка во југоисточна Европа. Пред посетата, претседателката Сиљановска-Давкова изјави дека средбата е продолжение на разговорите со Јотова кои почнале на самитот во Ереван. Додаде дека нема нерешлив проблем и ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 9 до 17 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево и ...

Лицата на возраст од 35 до 44 години се издвојуваат како најактивни корисници на платежни картички во Северна Македонија, покажуваат податоците на Народната банка за 2025 година. Во оваа возрасна група се регистрирани во просек 136 плаќања по глава на жител на ПОС-терминали, што е највисок број меѓу сите старосни категории. Од нив, дури 118 трансакции биле реализирани бесконтактно, што укажува на широка примена на современите начини на ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре (10 јуни), во периодот од 12:00 до 13:00 часот, во атарот на село Грачани ќе се реализира симулациска вежба. За потребите на вежбата на терен ќе бидат ангажирани полициски службеници и службени возила, поради што се очекува зголемено присуство на припадници на безбедносните служби во наведениот реон. Од МВР апелираат до граѓаните кои ќе се најдат во близина да ги почитуваат насоките и ...

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на државата лишиле од слобода осум возачи поради безобѕирно управување со возило. Од нив, седум лица биле затекнати како управуваат моторни возила без возачка дозвола. Тројца од возачите биле во Скопје, а по едно лице во Кичево, Тетово, Кавадарци и Кочани. Дополнително, во Кичево било приведено лице кое управувало возило и покрај тоа што имало активна забрана за ...

И покрај знаците за смирување на тензиите меѓу Израел и Иран, ситуацијата на Блискиот Исток останува неизвесна. Израелската војска изврши нови напади врз либанскиот град Тир, и покрај предупредувањата од Техеран дека ќе возврати доколку операциите во Либан продолжат. Тел Авив тврди дека дејствува поради прекршувања на договорот од страна на Хезболах, кој не е дел од прекинот на огнот. „Со оглед на кршењето на договорот за прекин на огнот од ...

Протестите против туристички проект поврзан со Џаред Кушнер, зет на претседателот на САД, продолжија во Албанија. Илјадници луѓе маршираа низ Тирана, со пароли против проектот, за кој екологистите велат дека може да го оштети уникатниот екосистем на заштитената област. Демонстрантите ветија дека ќе продолжат да излегуваат на улиците и бараат оставка од премиерот Еди Рама. Владата тврди дека развојот на јадранскиот брег ќе ја трансформира ...

По новата ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран, двете страни покажуваат знаци на смирување на тензиите, но предупредија дека се подготвени за одмазднички напади доколку одново бидат испровоцирани. Претседателот Трамп објави дека преговорите со Техеран се во завршна фаза и дека договор за завршување на војната може да биде постигнат за два до три дена. „Многу сме блиску до постигнување многу добар, силен, моќен договор. Ако одиме и ги ...

По реакциите во јавноста дека приватни лица незаконски наплатуваат влез на локалитетот Куклица во кратовско и признанието од Општина Катово дека е спречена да управува со споменикот на природата, екипа на МТВ се упати на терен да провери каква е ситуацијата. Туристичката атракција Камени кукли се под катанец. Покрената е и судска постапка. Елена Георгиевска известува. Фото: Википедија По реакциите во јавноста дека приватни лица незаконски ...

Драмски театар Скопје утре ќе биде домаќин на промоцијата на книгата „Да живее Долна дупка“ од доајенот на македонската театарска и филмска уметност Коле Ангеловски. Настанот ќе се одржи со почеток во 19 часот, како дел од програмата за одбележување на 80 години од постоењето на театарот. Публикацијата содржи четири комедии – „Да живее Долна дупка“, „Аферата ‘Рекет’“, „Аферата ‘Ладен шприцер’“ и „Птица со главата меѓу нозе“, напишани во ...

Предводени од одличниот Виктор Вембањама, кој постигна 32 поени, осум скока и шест асистенции, Спарс ја прекинаа победничката низа на Никс и ја задржаа надежта за пресврт во битката за титулата. Значаен придонес даде и Стефон Касл со 23 поени. Кај Њујорк најефикасни беа Џејлен Брансон со 32 и Оу Џи Ануноби со 28 поени, но нивниот учинок не беше доволен за нов триумф. Поразот ја прекина серијата од 13 победи на Никс во плејофот. Следниот ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун организираше банкет и уметнички настап за кинескиот претседател Шји Џинпинг, за време на официјалната посета на Пјонгјанг, прва по седум години. Средбата ја нагласи посветеноста за продлабочување на соработката меѓу Кина и Северна Кореја и обнова на нивните традиционални сојузи. На самитот вчера, Шји изрази подготвеност да ја прошири соработката во трговијата, земјоделството, градежништвото и технологијата. ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Родиум

257205.97