На 5 и 6 ноември, Македонската филхармонија ќе биде домаќин на два распродадени концерта на Дарко Рундек, „Хаустор“ и Екипа. Со поддршка на ЕКОТИП како главен спонзор, овие музички вечери носат порака што го надминува концертното доживување: „За бистрите извори!“ Партнерството претставува природна средба на уметноста и технологијата, обединети околу заеднички вредности – почит кон природата, слобода на изразувањето и свесност за влијанието ...

Името на Дарко Рундек кај различни генерации буди различни музички асоцијации. За едни тоа е „Мојата прва љубов “ или „Eна“, култните песни од времето на „Хаустор“, за други „Апокалипсо “, еден од најголемите хитови од неговата подоцнежна соло-кариера. Загрепскиот бенд „Хаустор“, еден од најзначајните претставници на југословенскиот нов бран, во текот на своето десетгодишно постоење објави четири албуми, оставајќи длабока трага на музичката ...