Ревизорскиот извештај за Државен архив на Македонија го потврди она на што архивистите и стручната јавност повеќе од една деценија укажуваат и предупредуваат – дека со исселувањето на Архивот од неговата наменски изградена зграда и сместување во зградата на Археолошки музеј, каде нема никакви услови за чување на архивски материјал, свесно и системски се доведува во прашање опстанокот на историската документација од трајна вредност, реагираат ...

Професорката и активистка, Мирјана Најчевска со остра критика кон претседателката на Македонија, Гордана Давкова – Сиљановска, на темата авион… По изјавата на претседателката дека авионот на нашата Влада е најмал и најстар, Најчевска објави пост во кој пренесе стара објава од претседателката, во време кога беше само професорка и кога СДСМ сакаше да купи авион. Во споменатата објава сегашната претседателка остро ги критикува плановите за ...

СДСМ на прес-конференција го проблематизира изборот на Душан Адамовиќ за почесен конзул на Македонија во Србија. Портпаролката на партијата Богданка Кузеска рече дека Адамовиќ пред околу еден месец од српското Министерство за надворешни работи ја добил егзекватурата, а покажа и фотографија од настанот. Кузеска сподели негова стара објава на социјалната мрежа „Икс“ од 2012 година во која тој напишал дека „српска Македонија e окупирана“. ...

Во емисијата „Код“ на Телма синоќа беа откриени детали за тоа како марихуаната која што беше фатена во Србија во Коњух била транспортирана од Македонија во Србија. Имено, според „КОД“, марихуаната влегла во Србија во камион декларирана како „квалитетни лесни македонски перници од Прилеп“ кои „требало“ да патуваат за Манчестер, Англија. Но, во камионот наместо перници, имало 200 кутии од по 6 килограми марихуана, натоварени во камионот на ...

Во времето на Зоран Заев и СДСМ, Македонија беше држава на еден човек, обвини денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека поранешниот премиер Зоран Заев бил и обвинител и судија и главен кадија. „Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа“,рече Манасиевски. Според Манасиевски, судиите и обвинителите не се бирале по закон и интегритет, туку по послушност. „Доколку ги следевте ...

Госпосинот Џорџ (Ѓорѓија) Атанасоски е еден од најуспешните македонски бизнисмени во САД и во светот, за што е добитник на бројни награди, меѓу кои и на највисокото американско општествено признание “Елис ајленд” Тој е личност за почит и пример од кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, САД и Македонија. Нему му припаѓа заслуженото високо место во хиерархиската пирамида на луѓето кои имаат големи заслуги во ...

Хокеарите на Канада се првите патници во големото финале на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина, откако во вистинска драма ја совладаа селекцијата на Финска со 3-2. Натпреварот понуди сè што може да посака еден љубител на хокејот, пресврт, неизвесност и погодок во самиот финиш. Финците имаа одличен старт и поведоа со 2-0. Рантанен ја отвори серијата во 17. минута, а Хаула во 24. минута ја зголеми предноста и донесе сериозна предност за ...

Екипата на Работнички со 4:3 славеше над Брера во првиот меч од 19. коло во Прва фудбалска лига на Македонија. За Работнички ова е прва гостинска победа сезонава, а вкупно втора па сега има 10 бодови, останувајќи на претпоследното место на табелата. Брера остана на 23 бодови и е на шестата позиција. Уште од самиот почеток Работнички покажа дека е дојден да победи. Новото засилување Џејсон Езеб даде гол во 5 минута за водство од 0:1, а Миле ...

Мировните разговори меѓу Украина и Русија, што се одржуваа во Женева со посредство на САД, беа неочекувано завршени по само два часа, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва дека свесно ги одолговлекува преговорите. Средбата на делегациите завршила околу 10.45 часот по средноевропско време и нема да продолжи во текот на денот, пренесува руски медиум повикувајќи се на свој извор. По завршувањето на разговорите, ...

Повеќе од еден тон производи што се продавале како „здрава храна“ биле повлечени и уништени неделава по засилените инспекциски контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Наместо гаранција за квалитет, дел од проверените објекти понудиле небезбедни производи, несоодветни услови и сериозни пропусти во работењето. Во рамки на 373 контроли спроведени кај објекти што се декларираат како производители и продавачи на здрава храна, ...

Изградбата на автопатската делница Гостивар-Букојчани се одвива со силна динамика и се очекува да заврши до крајот на 2029 година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, при денешниот увид во градежните работи. Оваа делница е дел од Коридорот 8, а градежните активности ги изведува американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Николоски рече дека државата веќе реализирала околу 90 отсто од ...

Владината коалиција функционира одлично и во овој момент нема потреба од одржување предвремени парламентарни избори, порача денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека главниот фокус на извршната власт остануваат реформите. Според премиерот, владиното мнозинство составено од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ и партијата ЗНАМ е стабилно. Тој посочи дека на ВМРО-ДПМНЕ, по апсолутниот триумф на локалните избори, ...

Најмалку 6 од 10 лиценцирани компании за производство на канабис во медицински цели, по извршените контроли, се во постапка да ги изгубат лиценците, изјави министерот за здравство Азир Алиу за ТВ Телма. – Од досега процесираните компании, од 10 најмалку 6, сега се во постапка на одземање на лиценците, затоа што не ги исполнуваат условите за лиценцирање предвидени во законот – рече Алиу. Тој рече дека не може да даде повеќе детали кои ја ...

Со неколку стотини маскирани од земјава и странство во Прилеп по 25-ти пат денеска се одржа карневалот „Прочка“. Дефилето на маските низ центарот на Прилеп традиционално го предводеа прилепските мечкари кои се заштитена маска на карневалот, но и како нематеријално културно наследство. Со дефилето и обредниот ритуал на бркањето на злите духови, прилепските мечкари ја потврдија стогодишната традиција, која, велат ќе продолжи да живее и преку ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз денеска по пресврт го победи Карен Хачанов во четвртфиналето на турнирот во Доха, Катар. Алкараз триумфираше над Хачанов со 2:1 во сетови по два и пол часа игра со 6:7 (3), 6:4, 6:3. Хачанов одигра еден од најдобрите сетови во последната година и успеа да дојде до 1:0, со неколку неверојатни удари. Шпанецот беше фрустриран од ова, но и од неговата игра, а во еден момент влезе во расправија со судијата Марија ...

Светскиот шампионат во мотоциклизам, Мото ГП, добива нова и атрактивна дестинација во календарот. Од 2027 година трката за Големата награда на Австралија ќе се одржува на улична патека во центарот на Аделаида. Со оваа одлука, легендарната трка се сели од традиционалната патека „Филип Ајленд“ во урбана средина, што претставува значаен пресврт во историјата на шампионатот. Организаторите најавуваат модерна улична конфигурација која ќе ги ...

Руските сили ноќеска лансирале речиси 400 беспилотни летала и 29 ракети од различни видови врз Украина, соопшти претседателот на земјата, Володимир Зеленски, пренесе „Гардијан“. Масовниот руски напад, еден од многуте во последните неколку месеци, доаѓа во очи третата рунда разговори помеѓу претставниците на Русија, Украина и посредникот Соединетите Американски Држави (САД), што треба да се одржи овие денеска и утре во Женева, Швајцарија. ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека постои опција Македонија да стане членка на Европската унијаво 2027 година, но во формат без право на глас. Според него, ова сценарио е дел од поширок план поврзан со мировната иницијатива за Украина. „Постои една идеја која сè погласно се слуша во Брисел и околу него, а која го опфаќа мировниот план за Украина. Интеграцијата на Украина би се одвивала по брза лента, со цел реконструкција по ...

Во координирана полициска акција во тетовскиот регион, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе две кривични пријави – една за тероризам против 20-годишен жител на Мала Речица и друга против 89-годишен маж за недозволено поседување и тргување со оружје. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, акцијата била спроведена по добиени информации од Федералното истражно биро на САД и Амбасадата на ...

Опозициската СДСМ обвини дека сопругата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на вчерашниот настан во Македонската филхармонија по повод 100 дена од неговиот мандат се појавила со луксузна чанта од марката „ермес“, која е една од најексклузивните и најскапи марки на чанти во светот. „Ваквите чанти марка ‘ермес мини Кели 2’, од 20 сантиметри, чинат од 28 до 33 илјади долари“, велат од партијата. Според СДСМ, додека работниците едвај ...

За да си ги обезбеди основните потреби, на едно четиричлено семејство овој месец му биле потребни 67 382 денари. Тоа, како што објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), е зголемување на минималната синдикална кошничка за 969 денари во споредба со претходниот месец. Според пресметките на ССМ, во февруари едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 25 156 денари, а за таа намена претходниот месец биле потребни 24 211 ...

Помилувањето никогаш не треба да се води од казната што е одредена и од природата на делото, туку да го мери и да го оценува процесот на ресоцијализација на институцијата. Сите луѓе, па и кога ќе направат големи грешки во животот и ќе се најдат изолирани, имаат право на втора шанса. Впрочем, денес трендот во ресоцијализацијата оди рака под рака со осовременувањето и очовечувањето на условите во затворите, истакна денеска претседателката ...

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја блокираа резолуцијата за поддршка на водачите на косовската ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими – на кои Судот во Хаг им суди за воените злосторства, поднесена од Европскиот фронт предводен од ДУИ. Поради нивното отсуство, во Комисијата за надворешна политика немаше кворум за резолоцијата да биде ставена на дневен ред. Опозициските пратеници Албанци обвинија дека отсуството на ...

Еден маж почина, а двајца други се тешко повредени во напад со нож во Сиднеј утрово, соопшти полицијата. Мажот кој беше уапсен по смртоносен напад со нож во западниот дел на Сиднеј избега од болница додека бил префрлен меѓу болници за итно лекување пред повеќе од една недела, соопштија здравствените власти, пренесува Еј-би-си Австралија. Службите за итни случаи беа повикани во западното предградие на австралиската метропола околу 10:00 часот ...

Фудбалерите на Бодо направија големо изненадувањ епобедувајќи го Интер во првиот меч од плеј-офот во Лигата на шампионите на домашен терен со 3:1. Норвежаните приредија незаборавна фудбалска вечер за своите фанови, откако не му дозволија на големиот фаворит да слави на нивен терен. Фет со голот во 20. минута ги доведе момците на Бодо во вотство од 1:0, но десетина минути потоа Интер израмни на 1:1 преку Еспозито. Во вториот дел кога Интер прв ...

Европските вечери во „Боро Чурлевски“ секогаш имаат посебна магија, но вечерва на Битолчани им недостасуваше само малку среќа и присебност за да го соборат полскиот гигант. Во рамките на 11-то коло од Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер загуби од Висла Плоцк со 25:28, во натпревар кој до последната секунда ја држеше публиката на нозе. Ова беше прв официјален тест за повратникот на клупата, Стевче Алушовски, кој иако не дебитираше со ...

Доналд Трамп е посветен на успехот на Виктор Орбан зашто неговото лидерство е клучно за американските национални интереси, кажа државниот секретар Марко Рубио при посетата на Будимпешта, изразувајќи му силна американска поддршка на унгарскиот премиер пред изборите на 12 април. Рубио кажа дека американските врски со Унгарија влегоа во златна ера, но се чини го услови тоа со останувањето на Орбан на власт. „Претседателот Трамп е длабоко ...

Основното јавно обвинителство Куманово започна истрага за утврдување дали Т. Б. (25) од село Малотино, Општина Старо Нагоричане, извршил серија убиства, а не само последното кога е приведен. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. Т. Б. е ...

Министерството за внатрешни работи денеска ја примило вредната донација од Сојузна Република Германија, во присуство на амбасадорката Петра Дрекслер, со што уште еднаш се потврди силното партнерство и меѓусебната доверба меѓу двете земји. Станува збор за опрема во вредност од околу 600.000 евра, која вклучува моторни и специјални возила, термовизиски камери, компјутери и софтвери, како и уреди за проверка на документи. Според министерот за ...

Лидерите на македонската заедница во Албанија, Васил Стерјовски и Никола Ѓурѓај се најдоа во епицентарот на систематски медиумски напади кои не се ограничуваат на нивните лични активности. Напротив, тие се таргетирани како симболи на македонската заедница која се бори за признавање и зачувување на своите права. Сензационалистички наслови, изјави извадени од контекст и полувистини создаваат впечаток дека овие претставници се „проблем“, додека ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09