Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Австралиската влада им нареди на членовите на семејствата на австралиските дипломати во Израел и Либан да ги напуштат овие две блискоисточни земји, наведувајќи ја влошената безбедносна ситуација во регионот, соопшти денеска Министерството за надворешни работи. Владата, исто така, понуди доброволно заминување на членовите на семејствата на австралиските дипломати во Обединетите Арапски Емирати, Јордан и Катар, соопшти официјалното ...
Состојбата во моментов е стабилна и безбедна – тоа е генералната оценка од синоќешната седница на Советот за безбедност, кој расправаше за безбедносната состојба во Македонија по воените дејствија на САД и Израел кон Иран и иранските напади кон земјите во Персискиот залив, во кои има американски бази. „Состојбата во којашто се наоѓаме врз основа на податоците од Агенцијата за разузнавање и од АНБ, и од Министерството за надворешни работи и ...
Агенцијата за задолжителни нафтени резерви (МАКОРА) постојано ги следи и одржува државните резерви на нафта и нафтени деривати, обезбедувајќи сигурност на снабдувањето, стабилност на пазарот и подготвеност за навремена реакција во случај на какво било нарушување на увозот или снабдувањето, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) и додаваат дека со посебно внимание ја следат состојбата со актуелната ...
Формирање управувачко тело за заштита, воспоставување чуварска и инспекциска служба, зонирање на подрачјето околу Дојранското Езеро и распределба на дозволени и недозволени активности во зоните, како и строго управување со милот и талогот од пречистителните станици, се поважните мерки што ги пропишува предлог-планот за управување со споменикот на природата – Дојранското Езеро – за периодот 2026 – 2035. Станува збор за прв плански документ за ...
Двата денешни натпревари од 20.коло во Првата лига, одиграни во Кавадарци и Гостивар понудија интересен фудбал. На дуелот во Кавадарци, каде Тиквеш беше домаќин на Силекс, гостите од Кратово славеа со 0-1. Првата голема шанса, уште во 3.минута, ја имаа гостите, кога Додев од 11.меѕри непречен од никого, биеше крај голот. Истиот фудбалер се закани и во 33.минута, а епилогот остана без ефект. Стојанов пак беше оној кој упати две закани по голот ...
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, по триумфот на дербито со Челзи (2:1) во 28-то коло од Премиер лигата беше задоволен од крајниот исход. „Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Тие се тим на високо ниво, многу добро подготвен од нивниот тренер. Мислам дека направивме некои одлични работи во текот на целиот натпревар. Голот што го примивме беше разочарувачки, но го имавме целото второ полувреме пред нас. Требаше да ја контролираме топката ...
Пакистан и Авганистан влегоа во сериозна ескалација на конфликтот откако пакистанскиот министер за одбрана, Хаваџа Мухамад Асиф, прогласи дека односите меѓу двете земји преминале во „отворена војна“ по повеќедневни судири и размена на воздушни и артилериски напади. Пакистан ги обвини талибаните дека ги толерираат и поддржуваат екстремистичките групи што изведуваат напади врз пакистанската територија, што дополнително ја влоши безбедносната ...
Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески вели дека по конфликтот на Блискиот Исток и очекувањата за влијание и на македонската економија, нема потреба од паника и оти ќе следуваат мерки за што помал удар од зголемувањето на цената на енергентите во формулирањето на цените на другите производи. Ристески во интервју за МИА денеска истакна дека Министерството за економија и труд и Владата будно ја следат состојбата, a доколку не се ...
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско-социјалниот совет, обвинувајќи дека минималната плата се обидува да се усогласи „на мала врата“ со зголемување од околу 1.600 денари. Според него, ваквото решение не одговара на реалниот раст на трошоците за живот и претставува формално, а не суштинско подобрување на стандардот на работниците. Трендафилов порача дека ако ова ...
Над 400 македонски граѓани чекаат евакуација од Блискиот Исток поради ескалацијата на воениот конфликт меѓу САД, Израел и Иран, соопштија од Министерството за надворшени работи. Од таму велат дека се изработува план за безбедно извлекување на македонските државјани од Иран, додека за оние кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и Катар, во моментов не постојат безбедни услови за евакуација. „Согласно податоците добиени од ...
PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN Macedonians in the Diaspora began more widespread organization as late as after the First World War. In the period between the two world Wars there was a noticeable movement and activity on a national scale. In the beginning many Macedonian emigrants, especially from Aegean Macedonia, had joined the Macedonian Patriot Organization (“Makedonska patrioticheska organizacija”) known ...
Одлично издание на двете мега – ѕвезди на Лејкерси, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс. Токму затоа ЛА Лејкерс убедливо ги победија ослабените Голден Стејт Вориорс со 129-101 утринава. Лука Дончиќ го предводеше победничкиот тим со 26 поени, осум асистенции и шест скока, и Леброн Џејмс, кој додаде 22 поени, девет асистенции и седум скока. Вориорс имаа големи проблеми во нападот бидејќи играа без Стеф Кари, кој се опоравува од повреда на десното колено ...
Дерби дуелот од 20.коло од Првата фудбалска лига меѓу Струга и Вардар заврши без победник 1:1, а со освоениот бод Вардар остана на првата позиција со 52 бода, додека стружани ја продолжија серијата од четири натпревари без победа (два пораза и два нерешени). „Црвено-црните“ поведоа во 13.минута со голот на Хрватот Мислав Матиќ (трет гол во првенството), додека на 1:1 изедначи резервистот кај стружани Христијан Матески во 80.минута, откако ...
САД ги испратија своите најсовремени борбени авиони во Израел, за прв пат за евентуална воена мисија. Распоредувањето на моќните авиони доаѓа во време кога двете земји се подготвуваат за потенцијална војна со Иран, објави „Волстрит журнал“. Распоредувањето на ловците Ф-22 Раптор оваа недела ќе им овозможи на САД подобро да ја заштитат израелската територија и американските сили на Блискиот Исток од можна иранска одмазда доколку американскиот ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска телефонски се слушнал со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан. Муцунски ја истакнал целосната поддршка кон Обединетите Арапски ЕМирати (ОАЕ) и изразил сочувство за жртвите од нападите. „Министерот остро ги осуди нападите извршени од Иран врз Обединетите Арапски Емирати, оценувајќи ги како сериозна повреда на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска закажа седница на Советот за безбедност, по извршените консултации околу актуелната состојба во регионот и светот. Главна тема на состанокот ќе бидат безбедносните рефлексии врз Македонија по последните воени ескалации. „Седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток“, соопштија од ...
Поради актуелната безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати апел до македонските државјани кои се наоѓаат во Катар, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Бахреин да бидат внимателни и редовно да ги следат официјалните информации. Од Владата информираат дека граѓаните треба строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции во земјите домаќини. Надлежното ...
Истрагата против дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек се проширува за уште едно убиство, изјави обвинителот Љубомир Лапе. -Се спроведува истражна постапка против истото лице, со што фактички се проширува истрагата за уште едно кривично дело – убиство. Согласно Кривичниот законик, тоа претставува кривично дело убиство од член 123 став ...
Речиси една година по трагичниот пожар во т.н кабаре „Пулс“, Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани ги известува граѓаните дека започнува постапката за враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот. Сите повредени лица, членови на семејствата на починатите, како и посетителите кои биле присутни во објектот на 16 март 2025 година, можат да ги подигнат предметите. Просториите на ОВР Кочани на улицата „Тодосија Паунов“ бр. ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција оцени дека Социјалдемократскиот сојуз, како што рече, бега од темата Груби, и наместо да го поздрави справувањето со криминалот, нуди приказни за театар и циркус. „Времето покажува дека на СДС – безрбетна најдобро ѝ оди кога нешто треба да се продава, распродава и да се мести. И тоа е така без разлика дали тоа е местење на тендери или продавање на државата“, изјави ...
Ждрепката за осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26 се одржа во Нион, Швајцарија, напладне. Осумте победници од плејофот во нокаут фазата им се придружија на осумте најдобри клубови од лигашкиот дел од натпреварувањето, дефинирајќи го патот до големото финале во Будимпешта. Парови од осминафиналето: Манчестер Сити – Реал Мадрид Бодо/Глимт – Спортинг ПСЖ – Челзи Њукасл – Барселона Ливерпул – ...
Македонската кошаркарска репрезентација забележа побеа на домашен терен над Луксембург со резултат 79-70, трет триумф во низа за нашите кошаркари кои се зацврстија уште повеќе на чело на табелата во својата група. Очекувано, Македонија покажа квалитет за да се одлепи резултатски по една четвртина, а потоа искуство за рутински да ја одржат позитивата за нови бодови со кои нашата кошарка ќе се врати чекор поблиску до друштвото каде што припаѓа. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во своето годишно обраќање до нацијата ги пофали економските достигнувања на Соединетите Американски Држави (САД), за кои рече дека земјата ја донеле до нејзината златна доба, а зборуваше и за односот со Венецуела и со Иран. Како што пренесуваат светските медиуми, тој во ниту еден момент не ја споменал аферата со сексуалниот престапник Џефри Епстин, во која, според досегашните информации, се вклучени ...
Австралискиот премиер Ентони Албанезе денес изјави дека не ја зема својата безбедност „здраво за готово“ откако беше евакуиран од својот дом неколку часа во вторникот поради наводна закана со бомба. Албанезе беше евакуиран од својот дом во Канбера доцна во вторникот по локално време по безбедносна закана и се врати неколку часа подоцна откако не беше пронајдено ништо сомнително, објави Ројтерс, повикувајќи се на полицијата дека нема постојана ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.П. (46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Според полицијата, таа како инвеститор, на катастарска парцела во охридското село Љубаништа, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежниот сектор во општина Охрид, изградила објект за домување. Надлежен инспекторат донел решение за отстранување на градбата. ОВР Струга, пак, поднесе кривична ...
Министерот за здравство Азир Алиу соопшти дека е сменета процедурата за набавка на лекови за пациенти со ретки болести, со цел тие навремено да ја добиваат потребната терапија. Одговарајќи на новинарско прашање, Алиу истакна дека за првпат се воведува тригодишна постапка за набавка на лековите. Тој посочи дека досега пациентите со ретки болести често се соочувале со доцнење од неколку недели или месеци, делумно поради зголемениот број ...
СДСМ беше сојузник на криминалот на Груби, затоа денеска толку силно го бранат, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушески. – Откако се излетаа со различни тези, соопштенија и со прес-конференции, од СДСМ не поставија ниту едно пратеничко прашање кон претставниците на Владата за Артан Груби. Дури имаат и страв кога ќе се спомне името на Артан Груби, па избегаа од собраниската сала – рече Петрушевски. Филипче, Заев, Спасовски, ...
Се зголемува групата на обвинети за кои нивите адвокати бараат ревидирање на обвинението за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани . Станува збор за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути, и вработен во министерството за економија Зоран Николовски. Адвокатот на тројцата обвинети Еленко Миланов за ТВ 24 потврди дека инцијативата е поднесена и дека има првен ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево информира дека во рамките на институцијата е формиран кризен штаб кој, како што се наведува, континуирано ја следи состојбата со случувањата на Блискиот Исток по нападите што САД и Израел ги извршија врз Иран, а Техеран возврати со одмазнички удари кон американски цели во земји од регионот. Кризниот штаб, велат од Министерството, е достапен 24 часа дневно за сите потреби ...
Расте револтот кај сточарите за неисплатените субвенции за 2025 година, за неисплатената премија за млекото за 9 месеци од 2025 и се што е заостанато од 2024 година. Додека одгледувачите на крави, овци и кози ги чекаат субевенции, за овчарите дополнително е неизвесно кога и по која цена ќе почне откупот на јагнето. Сточарот Тони Петковски од Велушина, претседател на здружението „Пелагониско поле“ денеска вели дека наместо исплата на премијата ...