Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, кој почна од Паркот на револуцијата. Тие порачаа дека се разочарани поради одложувањето на судското рочиште, побараа правда и правично судење. „Го преживеавме првото рочиште, беше тешко и болно, но издржавме со надеж дека второто ќе го отвори патот до правдата, а наместо тоа, беше одложено. До кога ќе се одложува правдата, вистината, нашите ...
Обилните врнежи од дожд кои го зафатија источниот регион утрово предизвикаа поплавување на простории и дворови во повеќе објекти на територијата на општина Чешиново – Облешево и околните села, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али. Според податоците добиени од градоначалникот на општината, Далибор Ангелов, локалната самоуправа е активно присутна на терен со сите расположливи ресурси. Во интервенциите ...
По повод Светскиот ден на детето, денеска во хотелот „Мериот“ во Скопје се одржа Дипломатски хуманитарен базар под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер. Настанот, кој привлече голем број посетители, имаше за цел собирање средства за подобрување на хигиенските услови во две основни училишта, за сите ученици, вклучително и децата со попреченост. На настанот беше посочено дека иницијативата е од исклучителна важност ...
Големото финале на „Средношколец Милионер“, каде десет тима ќе ги претстават своите идеи за бизнис пред пет реални инвеститори се одржува денеска во просториите на Бреинстер НЕКСТ колеџот. Како што се наведува во соопштението на организаторот станува збор за идеи што решаваат конкретни, современи проблеми од финансиска писменост и едукација, до AI алатки, локален развој, туризам, здравствени навики, фриленс можности за младите и др. ...
Машката кошаркарска репрезентација на Македонија со победа го почнува новиот циклус овој претквалификации за Европското првенство во 2029 година. Во првиот натпревар од „А“ групата Македонија беше подобра од Азербејџан. Натпреварот одигран вечерва во СЦ „Кале“ македонските кошаркари го добија со 87-49. Дека Азербејџан е далеку од квалитетна селекција се виде уште на самиот почеток. Предводени од Андреј Јакимовски и неговите 10 поени во првиот ...
Неизвесноста околу оставката на тренерот на КК Партизан Жељко Обрадовиќ останува до утре (сабота). По денешниот состанок на Управниот одбор и трофејниот тренер конечната одлука ќе биде познат најверојатно утре кога „црно-белите“ ќе се вратат на редовните активности (тренинзи). Обрадовиќ по состанокот заминал и според српските медиуми не се предомислил и оставката останува, иако раководството на клубот не ја прифати. Тренерот Обрадовиќ покрај ...
Оскар Пјастри се избори за пол позицијата за последната спринт трка за сезонава во формула 1. Тој успеа да биде најдобар во квалификациите, а пред сè подобар од неговите конкуренти за титулата светски првак Ландо Норис и Макс Верстапен. Пјастри до првото место стигна со време 1:20.055 минута. Второто место му припадна на Џорџ Расел. Поради грешката во последниот круг Ландо Норис заврши како трет. Верстапен е најголем губитник на ...
Белата куќа соопшти дека Соединетите Американски Држави не можат да ја снабдуваат Украина со оружје на неодредено време, истакнувајќи дека фрустрацијата на претседателот Доналд Трамп го одразува растечкиот јавен замор и зголемениот притисок за дипломатски крај на војната, пишува Киев Пост. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, рече дека САД не можат да продолжат да ја снабдуваат Украина со неограничено оружје, сигнализирајќи го ...
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, во чие време се случија најголемите скандали во безбедносниот сектор во историјата на Македонија, продолжува да тврди дека била жртва и бара правна сатисфакција. -Овој чекор на Европскиот суд за човекови права како дел од процесот низ кој очекувам да се констатира повреда на членот 6 од Европската конвенција за човекови права односно повреда на Правото на правично судење, го ...
Водата во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската Општина Карпош е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува, соопшти „Водовод и канализација“ Скопје. На 26 ноември околу 40 ученици од „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае се пожалија на стомачни болки. Меѓу нив е и помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски. „На ден 26.11.2025 година ‘Водовод и канализација’ изврши вонреден мониторинг врз основа на пријава ...
Македонија треба без одложување да премине во следната фаза од преговорите за пристапување со ЕУ, исполнувајќи ги веќе преземените обврски, вклучително и уставните амандмани“. Ова е препораката што ја усвоија европратениците и европратениците на Република Македонија на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ- Македонија, кој одржа состанок во Стразбур. Комитетот го претседаваа Иванка Василевска, европратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, и Карло Реслер од ...
Годинава во Македонија се регистрирани 38 нови лица со ХИВ/СИДА, што претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје по повод 1 декември, Светски ден за борба против СИДА. Бројот на случаи во 2025 е помал за 25,5% споредено со истиот период од 2024 година, кога беше регистриран 51 случај. За споредба, инциденцата во земјите на ЕУ во 2024 била 5,3/100.000 жители. Од случаите во 2025, ...
Амбасадорот на Австралија за Македонија, Питер Трасвел заедно со својот домаќин, градоначалникот Тони Коњановски, денеска во Битола промовираа мурал изработен од австралискиот уметник Финтан Скот Меги. Проектот е во рамки на јубилејот, 30 години билатерални односи меѓу Македонија и Австралија и е одраз на пријателските односи меѓу двете земји, истакна амбасадорот Трасвел. „Овој проект е дело на еден од најдобрите уметници за мурали во ...
Во третото тримесечје од 2025 година, бројот на живородените деца изнесува 4 431 и во споредба со истиот период од 2024, е зголемен за 3.7 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на умрените лица, пак, бележи намалување од 0.5 % во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4 849 лица, а од нив 20 се починати доенчиња. Природниот прираст е негативен и изнесува -418 , што значи дека за толку лица е помал ...
До 2028 година да проработат првите товарни возови, а до летото 2031 целосно да биде завршена брза, двоколосечна железничка пруга од граница со Србија до граница со Грција – ова е планот што Владата го врзува за најголемиот железнички проект на Коридорот 10. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, најавува дека подготовките веќе се во тек, а првите багери на терен треба да се појават кон крајот на ...
Европскиот владетел Магдебург ја оправда улогата на апсолутен фаворит и со победа од 26-31 си замина од пеколот во „Боро Чурлевски“, задржувајќи го перфектниот скор во Лигата на шампионите (9/9). Екипата на Еурофарм Пелистер, иако ослабена (без првиот голман Хеидарирад и Валид), одигра храбро, покажа заби, но на крајот мораше да му подаде рака на поквалитетниот противник. Митревски блескаше, Хенигман „поцрвене“ Првото полувреме понуди ...
Во супер-дербито на колото во Лигата на шампионите, забревтаниот Арсенал славеше со 3:1 во дуелот со германскиот гигант Баерн (М) со 3:1 и остана единствениот тим со максимален учинок од 5 победи во исто толку натпревари во лигашкиот дел од натпреварувањето. „Топчиите“ се во страшна форма, а тоа го потврдија и вечерва кога во вториот дел го „разоружаа“ гостинот и дојдоа до нов триумф. Арсенал тргна со водство во 22. минута со голот на Тимбер, ...
Португалија е новиот владетел на светот во категоријата до 17 години, откако во финалето на Светското првенство U-17 во Катар 2025 ја совлада Австрија со 1–0 на легендарниот стадион „Калифа“ во Доха. Со тоа беше спуштена завесата на најголемиот турнир во историјата на ова натпреварување – издание со 48 репрезентации и повеќе од 100 одиграни натпревари. Финале решено со еден момент на инспирација Во израмнето финале, одлучувачки беше погодокот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи за преговорите меѓу САД и Украина, кои се дел од американскиот мировен план за ставање крај на војната и руската агресија. „Дали е навистина можно да се постигне голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина??? Не верувајте додека не го видите, но нешто добро можеби се случува токму сега. Бог да ја благослови Америка!, објави Трамп на социјалните мрежи. Коментарите на Трамп ...
Македонија во 1812 година се спомнува и се воспева од славниот англиски поет, лорд Џорџ Гордон Бајрон, кој пишува „Македонија го испраќа својот непобедлив род“, со што прави дистинкција помеѓу Македонците и другите народи и племиња на Балканот. Ова е уште една потврда за идентитетската разлика на Македонците од другите балкански народи на почетокот на 19 век. Во дел од поемата „Странствувањето на Чајлд Харолд“ од 1811-1812 година се пее за ...
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) итно ја затвори кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае, откако голем број ученици се пожалија на стомачни тегоби. Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, потврди дека е издадено решение за забрана за работа на кујната како потенцијален извор на зараза. Наредено е вонредно чистење, дезинфекција, дезинсекција и дератизација, како и вонредни здравствени прегледи за вработените. 80 деца се отсутни, ...
Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, во интервју за ТВ21, изрази големо задоволство од напредокот на градежните работи на Коридорите 8 и 10, кои ги изведува конзорциумот „Бехтел и Енка“. „Посебно сум задоволна од Коридорот 8, не само затоа што на него работи врвна американска компанија, туку и затоа што од гледна точка на НАТО и стратегиската сигурност, тие коридори се клучни,“ рече Агелер. Таа додаде дека коридорите не ...
Викторија Андоновска oд ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешниот министер и заменик министер за земјоделие Трајан Димковски, во периодот 2019–2021 година, заедно со уште четири службени лица, извршил отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од државните стокови резерви, во вредност близу 800.000 евра. Според Андоновска, пченицата била отпишана иако постоела и била употреблива. Таа наведе дека Димковски доставил записник до Владата за наводен кусок на ...
Актуелниот пратеник и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски побарал да биде разрешен од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ затоа што не се согласувал со предлог-резолуцијата на неговата партија за односите со Бугарија, откри самиот Спасовски во инервју за ТВ Сител. Тој рече дека неговото барање за престанок на оваа функција било поднесено уште кога бил изнесена предлог-реолуцијата и не е поврзано со лошите ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека апсолутно ги отфрла тврдењата дека имало каков било напад врз новинарот и публицист Владимир Перев. Во одговор на новинарско прашање за реакциите од Софија во врска со Перев, Мицкоски рече дека некој може да накисне на дождот надвор и тоа да го окарактеризира како хибриден напад од страна на Владата. „Може некој да накисне на дождот и надвор и тоа да биде хибриден напад од страна на Владата, со ...
Директорот на ДЗСИ, доктор Кирил Лазов, во изјава за медиумите вели дека по добиеното известување од Центарот за јавно здравје за пројавени стомачни тегоби кај ученици од ова училиште, на терен се врши вонреден и координиран инспекциски надзор заедно со АХВ, ИЈЗ и ЦЈЗ Скопје. Освен затворање на кујната како потенцијален извор на зараза, наредени се вонредно чистење и вонредни здравствени прегледи на вработените во училиштето. Земени се мостри ...
Во последната деценија, Македонија, како и поголемиот дел од Југоисточна Европа, се соочува со изразени миграциски предизвици. Проценките покажуваат континуиран раст на бројот на иселени граѓани, кој денес се смета дека надминува 30 отсто од вкупната популација, односно повеќе од 700.000 луѓе, објави „Дојче веле“. Според податоците на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики од декември 2022 година, македонската дијаспора се ...
Македонскиот државјанин, баран со европска потерница за убиство пред 28 години што беше уапсен на крајот на мај годинава во грчкиот град Катерини, нема да биде екстрадиран во земјава, поради застареност на случајот, одлучил судот во Солун, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Со отфрлање на барањето за екстрадиција, судиите одлучиле и да му ја укинат мерката притвор. Убиството, за кое 60-годишниот беше ...
Границите на Украина не можат да се менуваат со сила, нејзината војска не може да се намали и да се остави ранлива на напади, а Европската Унија мора да игра централна улога во мировниот договор за Украина, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Изјавата на фон дер Лајен доаѓа во време кога високи претставници од САД, Украина и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија водат ...
Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар ја впиша четвртата победа во Европската лига. Во натпревар од 5.коло групната фаза вардарци вечерва на гостување во Хрватска славеа против Сесвете со 24-38. Уште од самиот старт на натпреварот вардарци тргнаа силовито и веќе во 13 минута имаа седум голови предност. Доминацијата во првиот дел вардарци ја потврдија и со двоцифрена разлика кој е најмногу изнесуваше 11 голови 11-22. На паузата меѓу двете ...