Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем Безбеден град кои ги платиле во банка или електронски, нема потреба да ги носат во полициска станица, соопшти Министерството за внатрешни работи. „Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии, а притоа граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се внесе единствениот ...
Австралија и Јапонија денеска потпишаа договор од 10 милијарди австралиски долари, или околу седум милијарди долари, со кој Јапонија ќе ја снабди Австралија со три воени бродови, што, како што пренесува Ројтерс, е најзначајната воена продажба на Токио откако беше укината забраната за извоз на воена опрема во 2014 година. „Мицубиши Хеви Индастрис“ ќе ја снабдува Кралската австралиска морнарица со три надградени повеќенаменски фрегати од ...
Ќе се ограничат маржата на вештачките ѓубрива и растот на цените на ѓубривата на домашниот пазар. Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, за 10 отсто ќе се намали продажната цена на резервите ѓубрива што продавачите ги набавиле по стари цени. Овие одлуки ги донела Владата на денешната седница, а ќе важат до 31 мај годинава. Дополнително, информира Трипуновски, се воведува и обврска за ...
Последните информации доставени до СДСМ укажуваат дека Никола Груевски веќе поседува унгарски и српски пасош, велат од опозициската партија. Како што додаваат, ако бегалецот од правдата добил српски и унгарски пасош јасно е, според нив, дека зад ова стојат неговите политички сојузници и заштитници, Орбан и Вучиќ, политичките ментори на Мицкоски. „Очигледно непостапувањето на владата на Мицкоски и упорното одбивање да прати ново барање за ...
Ај честито и злато си, частам ручек. Порака со ваква содржина му испратила поранешната претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, на ревизорот Миле Столевски, кој во нејзино име го полагал тестот со кој експравата антикорупционерка се здобила со безбедносен сертификат за пристап до класифицирани податоци. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) на денешното рочиште од ...
Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) треба да постапи по заклучоците на Државниот просветен иснпекторат (ДПИ), вели министерката за образование Весна Јанавска за скандалозниот случај со студентите кои незаконски, без соодветно завршено образование биле запишувани на магистерски, а потоа и на докторски студии. Јаневска потврди дека се констатирани нерегуларноста на Филозофскиот факултет, но не при упис на ...
Баерн Минхен уште еднаш ја потврди својата апсолутна надмоќ во германскиот фудбал, обезбедувајќи ја својата 35-та шампионска титула по триумфот од 4-2 над Штутгарт во 30. коло од Бундеслигата. Овој успех претставува втор последователен пехар за клубот под водство на тренерот Венсан Компани, со што баварскиот гигант повторно демонстрираше недостижна доминација на домашната сцена. Иако натпреварот започна со водство на гостите преку Крис Фирих ...
Работнички – Арсими 2:0 е исходот од денешниот меч на Арената во Скопје во рамките на 28.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Екстра значајна победа и златни три бода за тимот на Муарем Муарем во битката за опстанок. Стрелци беа Мухарем и Хоџа, па така сега Работнички повторно е на -1 бод во однос на деветтиот Пелистер. Во првите 45.минути не видовме ама баш ништо. Само тактика и тактика, имаше борба, но најважно беше да не се прими гол. ...
PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN Macedonian migration basically coincided with developments in the Balkans and it depended, even more, on the developments in Macedonia. As a result, the rate of moving away and going abroad to earn a living was conditioned, above all, by difficult economic hard ships, and in very few cases of national and political character. The miserable, difficult, and often impossible ...
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека е се поблиску до постигнување мировен договор со Иран. Но, ако тоа не се случи, се заканува со нови напади Тој нагласи дека најверојатно нема да мора да го продолжи прекинот на огнот со Иран, кој истекува следната недела и дека Иранците сакаат да се постигне договор, па тој е „подготвен да прави работи денес што не беше подготвен да ги направи пред два месеца“. Трамп објави дека нова рунда ...
Денешното рочиште за случајот „Пулс“ продолжи со сведокот Драган Ананиев, кој е вработен во Општина Кочани. Тој рече дека работел и како главен општински секретар, но дека немал законска надлежност за контрола на инспекциските служби. Сведокот појасни дека од 2023 година бил назначен за главен инспектор во општината и било формирано посебно одделение за инспекциски служби, и тоа за сообраќајна, комунална, градежна и за животна средина. Прашан ...
Семејствата на загинатите млади лица остро реагираа по денешното барање на адвокатката Ивана Коцевска за олеснување на мерките куќен притвор за првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, оценувајќи го како навреда за нивната болка и понижување на споменот на нивните деца. Во јавната реакција, тие посочуваат дека додека семејствата секојдневно се соочуваат со загубата и празнината во домовите, наместо одговорност гледаат обиди за избегнување на ...
Очекувам да се видиме, да разговараме и да трагаме по ново решение – вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по вчерашните избори во Бугарија по кои е сè поизвесно дека Румен Радев ќе биде нов премиер. Претседателката вели дека со Радев како поранешен претседател на Бугарија не се согласувале за многу работи, но посочи дека умеат да се сослушаат со почит и, како што рече, да заклучат дека ќе бараат решение. Сиљановска-Давкова вели ...
Националната или етничката припадност е најчесто утврдена основа за дискриминација во мислењата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминацијата (КСЗД) во 2025 година, и тоа во 29 проценти од вкупно утврдените случаи. A потоа следуваат основите: друга основа, пол, попреченост, лично својство и општествен статус, род и политичко уверување, како и други помалку застапени основи. Најголем број утврдени случаи на дискриминацијата во 2025 ...
Државата со индекс од 1.80 е на 11-то место на Индексот на поднесени апликации пред ЕСЧП, истакна директорката на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, Даница Џонова при презентацијата на годишниот извештај на Бирото за 2024 година, кој беше разгледан на денешната седница на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. „Бројот на поднесени апликации ...
Возбудливото 28-мо коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) донесе драстични промени на врвот на табелата, но и исклучително важни бодови во битката за избегнување на испаѓањето. Шампионска лекција: Шкупи – Вардар 0:7 Фудбалерите на Вардар експресно одговорија на вчерашната победа на Шкендија и со вистинска демолација над Шкупи од 0:7 се вратија на лидерската позиција во првенството. Натпреварот кој се одигра на комплексот „Петар ...
Австралиската тинејџерска спринтерска сензација Гаут Гаут доминираше во финалето на 100 метри за помлади од 20 години на Австралиското јуниорско првенство во Бризбејн, но сепак не успеа да ја пробие границата од 10 секунди. 18-годишникот истрча време од 10.21 секунда, иако стартуваше послабо и беше втор по првите 50 метри. Потоа силно забрза и лесно ги престигна конкурентите, оставајќи ги зад себе со голема предност. Во завршницата, Гаут беше ...
Во ноќта на 16 април, руските сили започнаа масовен ракетен напад врз Киев. Станбени згради беа оштетени и уништени, а бројни пожари избувнаа во четири области на украинскиот главен град. Четири лица, меѓу кои и едно дете, беа убиени, а уште 48 жители беа повредени, според Државната служба за вонредни ситуации на Украина. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, истакна дека 26 од повредените се хоспитализирани, додека останатите се згрижени ...
Австралија ќе ги зголеми своите воени трошоци за 53 милијарди австралиски долари (38 милијарди американски долари) во текот на следните 10 години што претставува најголем поттик за нејзиниот буџет за одбрана во мирнодопски услови. Во денешниот говор во Канбера, министерот за одбрана Ричард Марлс изјави дека ова зголемување е дизајнирано да ја направи Австралија воено поефикасна. Предвидено е трошоците да пораснат на три отсто од бруто ...
Правото да се побара референдум е уставно загарантирано, но проектот за рудникот кај Луке е стратешки за државата и за локалното население и е дел од билатералната соработка со Соединетите Американски Држави, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција. Мицкоски посочи дека секоја иницијатива за референдум мора да се спроведе согласно законските процедури, но изрази зачуденост од, како ...
Шведска е еден од најсилните поддржувачи на проширувањето на Европската Унија и цврсто стои зад Македонија во нејзините преговори за членство, порача шведскиот амбасадор Ола Сулстром во интервју за ТВ24. Тој нагласи дека неговата земја не само што не иницира, туку и не поддржува вета во процесот на интеграција, верувајќи во систем базиран на заслуги. Реформите како „гориво“ за европскиот пат Амбасадорот Сулстром беше дециден дека патот до ...
Премиерот Христијан Мицкоски не ја коментира кривичната пријава која што ја поднесе СДСМ против него до Обвинителството, после неговата изјава дека има чувство, дека набргу, високи функционери од претходната влада на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со кривични прогони. Вели не би сакал да влијае на одлуката на Обвинителството. „Јас не би сакал со моја изјава, по ниту една основа да влијаам врз одлуката на Обвинителството,а визави ...
ДНК-трагите пронајдени на материјалите со кои биле обвиени скриените пари се еден од клучните докази врз кој Обвинителството го темели обвинението против апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Според Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, биолошките вештачења недвосмислено покажале дека токму Ристов ги манипулирал и криел паричните средства, кои беа пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино. „Според ...
Во кампот за обука „Пепелиште“ со свечена церемонија денеска беше означен почетокот на националната теренска тактичка вежба „БЛЕСОК 26“, која ќе се реализира во период од 19 до 27 април 2026 година. Од Армијата наведуваат дека вежбата претставува значаен процес за сеопфатно оценување на борбената подготвеност на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), во согласност со стандардите за оценување на копнени команди и единци на Здружената ...
Одгласите од епопејата на македонскиот народ за национален, но и физички опстанок, за среќа се зачувани и во светските архиви, независни и без политичко влијание од државите во соседството, кои македонското прашање на своите територии го „архивирале“ според сопствените интереси. Од таков независен извор, архива на австралискиот печат, пронајден е текст од 12 јули 1946 година, објавен во весникот „Нортерн стандард“ (Northern Standard), каде ...
PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN The second meeting of the representatives of all Macedonian Orthodox Churches and church parishes was held at the Birth of St. Mary Church in Detroit. Here they made the first concrete program for the meetings and decided to begin preparations for the first assembly. Hence, the first church-people’s assembly of the American-Canadian-Macedonian Orthodox Eparchy was held in Toronto ...
Австралискиот спринтер Gout Gout возврати на критиките од олимпискиот шампион Justin Gatlin со остар коментар, откако имаше одличен настап во квалификациите на 100 метри. 18-годишниот атлетичар изјави дека „хејтерите“ го мотивираат да трча уште побрзо и да постигне нови рекорди. Gout истрча време од 10.19 секунди (+0.3 м/с) во квалификациите на 100 метри на Австралиското јуниорско првенство во Бризбејн. Неговиот настап доаѓа откако претходно ...
Фудбалерите на Тотенхем се се поблиску до „бездната“ откако на вечерашниот дуел со Брајтон ремизираа 2:2 во Лондон во 32-то коло од Премиер лигата. Спарси беа „шокирани“ од голот на Жоргињо Рутер во 95-тата минута, а беа толку блиску до победа која можеше да им донесе голем чекор кон опстанок во елитата. Денеска Тотенхем го имаа брилијантниот Чави Симонс, кој конечно се покажа во вистинско светло, играа добро, но едноставно не победија. Тие ...
Иранската војска издаде предупредување дека би можела целосно да го блокира поморскиот сообраќај во Персискиот Залив, Оманското Море и Црвеното Море ако САД продолжат да ги блокираат иранските пристаништа. Според полуофицијалната иранска новинска агенција Мехр, генерал-мајор Али Абдолахи, висок командант во Централниот штаб на Иран, Хатам ал-Анбија, изјави дека Техеран би можел да ги затвори сите трговски патишта во клучните поморски коридори ...
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) денеска излезе со обвинувања дека владејачката партија и нејзини претставници користат услуги од странски приватни разузнавачки агенции за, како што наведуваат, фабрикување афери и дискредитација на опозицијата. Во партиско соопштение, од СДСМ тврдат дека израелската компанија „Блек кјуб“ позната по контроверзни активности, била ангажирана за следење и собирање информации за нивни функционери, меѓу ...