Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Актуелниот македонски кошаркарски МЗТ Скопје Аеродром, шести пат по ред и 19. пат во својата историја ќе игра во финалниот натпревар од националниот куп. „Сино-белите“ од Аеродром вечерва во првиот полуфинален меч на турнирот во Куманово, беа многу подобри од екипата на Кожув и славеа победа со 76:58. Иако ослабени со неиграњето на капитенот Бојчев, екипата од Гевгелија делуваше како доста рамноправен ривал во првиот полуфинален натпревар. По ...
Околу 200.000 луѓе се собраа денеска во Минхен за да протестираат против иранските власти, соопшти полицијата на баварската престолнина, каде што се одржува Минхенската безбедносна конференција. Демонстрантите се собраа мирно на плоштад во западниот дел на градот за да побараат пад на Исламската Република по крвавото задушување на широкиот бран протести што започна кон крајот на декември. Некои мавтаа со знамиња со зелени, бели и црвени ленти ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, на маргините на Минхенската безбедносна конференција, остварил средба со Гинтер Крихбаум, државен министер за Европа во Сојузното министерство за надворешни работи на Германија. – Во фокусот на разговорите беа актуелните прашања поврзани со европската интеграција и напредокот на државата во процесот на пристапување кон Европската унија. Министерот Муцунски ја ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со задржување на коловоз се бележат на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...
На 13.02.2026 во 11:50 часот во ОВР Кавадарци, 28-годишна кавадарчанка пријавила дека била измамена од едно женско лице од Кавадарци за сума од 180.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ предложило да започнат сопствен бизнис, за што парите ги дала лично на рака, но договореното не било реализирано. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 13.02.2026 во 11:50 часот во ОВР Кавадарци, 28-годишна кавадарчанка пријавила дека била ...
На 13/14.02.2026 во периодот од 19:00 часот до 03:00 часот на подрачје на Центар и Бит Пазар во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје беа преземени соодветни мерки по претходно изготвен план за зајакнати активности за одржување на поволна безбедносна состојба на централно градско подрачје. При тоа извршени се проверки на идентитет на 24 лица, преглед на 17 лица и преглед на четири возила. За време на контролата констатирани ...
Исак Бонга остана во Партизан и покрај интересот за него што го пројавуваат неколку екипи од НБА-лигата. Според „Меридијан Спорт“, четири НБА тимови му се обратиле на Партизан за потпишување на германскиот репрезентативен кошаркар. Сепак, управата на српскиот клуб донесе одлука да не се раздели со еден од своите најстандардни играчи во текот на тешката сезона за „црно-белите“, и покрај атрактивните финансиски услови. Бонга има просек од 9,6 ...
СВР Велес поднесе две кривични пријави против Л.Б.(39) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.06.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени исушени растенија од видот канабис. СВР Велес поднесе две кривични пријави против Л.Б.(39) од ...
Меѓународната невладина организација „Лекари без граници“ објави дека прекинува дел од своите операции во една од најголемите болници што работат во Појасот Газа, откако пациентите и персоналот пријавија дека има вооружени, маскирани мажи во болницата. Болницата „Насер“, во Кан Јунис, е една од ретките што работат, лекуваше стотици пациенти и ранети од војната, а врз основа на минатогодишниот договор за прекин на огнот, таа е и центар за ...
Норвешката биатлонска тркачка Марен Киркејде победи во спринтот на Олимписките игри 2026. Дваесет и двегодишната атлетичарка ја заврши дистанцата од 7,5 км за 20 минути и 40,8 секунди, без ниту едно промашување на стрелиштата. Ова е прва спринт победа на Киркеиде во кариерата. Таа е исто така освојувачка на сребрен и бронзен медал на Светското првенство во 2025 година и четирикратна европска шампионка. Французинката Осеан Мишелон заврши втора ...
Американските федералните агенции годишно губат стотици милиони или милијарди долари поради непотребни или грешни исплати на бенефиции, вклучително и исплати на починати лица. Причината за несоодветните исплати најчесто е ненавременото споделување на податоците помеѓу федералните агенции, но и слабата контрола. Во обид да стави крај на несоодветните исплати и одлевање на буџетските средства уште во 2020 година усвоен е Закон за прекин на ...
Бразилскиот алпски скијач Лукас Пињеиро Бретен го освои златото во велеслаломот на Олимписките игри во Милано во 2026 година. Времето на 25-годишниот Норвежанец со бразилски пасош, во двете трки беше 2 минути и 25 секунди. Бретен му го донесе на Бразил првиот медал на Зимските олимписки игри во историјата. Пред сезоната 2023/24, алпскиот скијач го објави своето пензионирање, а во март 2024 година се врати во спортот, но го замени норвешкото ...
На 13.02.206 во 13:50 часот на ул.„Маршал Тито“ во Македонски Брод, полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод го лишиле од слобода З.Х.(31) од Република Албанија поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле товарно возило „ман“ со албански национални ознаки, при што во патната исправа која ја дал на увид, З.Х. имал ставено пари. Известен бил јавен ...
Хрватскиот фудбалски стручњак Игор Тудор е назначен за главен тренер на Тотенхем, објави прес-службата на клубот од Лондон. Договорот на 47-годишникот е до крајот на сезоната 2025/26. Последниот клуб на Тудор беше Јувентус. Претходно, тој ги водеше и Лацио, Марсеј и Верона. На 11 февруари, тренерот на Тотенхем, Томас Франк, кој беше во клубот од летото 2025 година, беше отпуштен. Тотенхем има 29 бода по 26 натпревари и е на 16. место во ...
На 14.02.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, О.А.(31) од с.Сарај, скопско, пријави дека на 13.02.2026 околу 23:20 часот пред сместувачки објект на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, додека бил со неговата девојка, две лица му се доближиле, по што едно од лицата физички го нападнало и му се заканило и со пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 14.02.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, О.А.(31) од с.Сарај, скопско, пријави ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, истакна дека веднаш по усвојувањето на Програмата, традиционално пред празникот Свети Трифун, во текот на вчерашниот ден се реализирани исплатите на лозарите. „Исплатени се средства за над 12.500 лозари кои се евидентирани во нашиот регистар. Станува збор за околу 480 милиони денари, односно речиси 8 милиони евра, кои веќе се легнати на сметките на лозарите“, истакна ...
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални бил убиен со употреба на отров развиен од токсин од отровна жаба, соопшти денеска британското Министерство за надворешни работи. Тие го оквалификуваа тој чин како „варварски“, наведувајќи дека е употребен невротоксин класифициран како хемиско оружје и проценија дека „само властите на Владимир Путин можат тоа да го спроведат“, јави Скај њуз. Се уште не е јасно како отровот, познат како епибатидин, ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“. Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда. Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече ...
Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници, резиденти на државава кои во текот на 2025 година оствариле доход од работа во странство, дека се приближува крајниот рок за поднесување на електронската пресметка и доставување на соодветни докази за остварениот доход. Како што соопшти УЈП, сите физички лица кои во 2025 година примиле плата или друг вид доход од странство се должни до 31 март 2026 година да поднесат пресметка преку ...
На вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција, македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, оствари средби на високо ниво. -Денот го започнавме на средба со Тед Дојч, инаку претседател на американско-еврејскиот комитет, средба на којашто разговаравме за глобалните безбедносни предизвици, но и мирот којшто секогаш треба да претставува наша цел кон којашто како политичари треба да се стремиме, посочи ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денес присуствуваше на традиционалното закројување на лозјата што го организираше Факултетот за земјоделски науки и храна по повод празникот Свети Трифун. На настанот беше промовиран проект за модернизација и одржливост преку дигитално земјоделство, а беше претставена и дигитална опрема набавена преку проектот кој е поддржан од Центарот за меѓународна соработка и развој на Словенија. ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, од Кавадарци ги отфрли како неточни тврдењата на опозицијата за наводно кратење на субвенциите од 40 милиони евра. „Изминативе денови слушаме обвинувања дека има сериозно кратење на субвенциите. Апсолутно ги отфрлам ваквите тврдења како неточни. Станува збор за лаги и манипулации со кои опозицијата се обидува да создаде тема на дневна политика“, истакна министерот. ...
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, објави дека следната недела ќе го потпише одобрението за заем од ЕУ за Украина од 90 милијарди евра, за кој вели дека е договорен „со невидена брзина“. На Минхенската безбедносна конференција, таа изјави дека ЕУ продолжува да работи на својот одговор на руската војна во Украина, вклучително и подготовката на 20-от пакет санкции против Русија. -Мецола изрази поддршка за членството на ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека јавната дебата за Законот за високо образование сè уште не е завршена и дека Министерството очекува официјални забелешки од универзитетите. Одговарајќи на новинарско прашање на традиционалната прослава по повод празникот Свети Трифун на Опитното поле на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Јаневска рече дека сѐ уште не ...
На 13.02.2026 во 18:52 часот во СВР Скопје, М.Н.Ц.(25), со престој во с.Долно Лисиче, скопско, пријави дека околу 18:30 на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од 52-годишната Л.Л. од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 13.02.2026 во 18:52 часот во СВР Скопје, М.Н.Ц.(25), со престој во с.Долно Лисиче, скопско, пријави дека околу ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, во рамки на посетата на Минхен, остварил средба со холандскиот премиер, Дик Схоф, на која, како што објави „добивме јасна потврда дека Македонија има силен сојузник во Холандија за нашиот евроинтегративен пат, базиран на реални резултати и реформи“. -Денеска во Минхен остварив продуктивна средба со холандскиот премиер, Дик Схоф. Холандија не е само наш искрен пријател, туку и еден од нашите најзначајни ...
Со закројување на винова лоза во дворот на црквата „Свети Трифун“ во н.м. Ајватовци, Општина Илинден традиционално го одбележа празникот посветен на заштитникот на лозарите – Св. Трифун. Чинот на закројување, како симбол на нов почеток и плодна година, се одржа во присуство на бројни граѓани, љубители на виното и поддржувачи на локалната традиција. Во рамки на манифестацијата „Саем на домашно вино“, во организација на црковниот одбор при ...
На 13.02.2026 во 18:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Козјак“ во Битола, 17-годишник од Битола, управувајќи патничко возило „даеву тико“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Е.К.(42) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 42-годишниот пешак, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола и по извршени проверки е констатирано дека возилото го управувал пред да ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишник осомничен за – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, при вршење семејно насилство во домот на улицата „Рајко Жинзифов”, физички ја нападнал својата 32-годишна вонбрачна партнерка која била во вториот месец од бременоста. Во расправија, тој започнал жената да ја удира со тупаници и шлаканици, нанесувајќи и телесни ...
Скопје добива нов, модерен булевар – „Македонско-косовска Бригада“. Скопјани заслужуваат современа, безбедна и функционална инфраструктура, порача градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Тоа всушност е еден од темелите на мојата визија за град кој се развива плански, рамномерно и со јасна стратегија и во кој секоја инвестиција значи подобар квалитет на живот, поголема безбедност и почиста урбана средина. Наскоро започнуваме со ...