Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Мониторите ViewFinity S8 и Odyssey Ark им помагаат на судиите и ТВ екипите јасно и сигурно да ги прегледаат најбрзите моменти од натпреварите. Samsung Electronics, Светски Олимписки и Параолимписки партнер, обезбеди професионални монитори за судење и пренос во живо за одредени дисциплини во брзо лизгање на кратки патеки на Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026. „Во средини каде што клучните одлуки зависат од она што луѓето го гледаат, ...
Xiaomi официјално ги откри дизајнот и цената на Xiaomi Tag, својот нов Bluetooth тракер наменет за корисници кои сакаат достапен начин за следење клучеви, чанти, багаж и други предмети од секојдневната употреба. Уредот е наведен во онлајн продавницата на Xiaomi во Франција по препорачана цена од 17,99 евра. Иако засега официјално се потврдени само дизајнот и цената, клучните спецификации како поврзливоста и деталите за батеријата веќе ...
Во Лос Анџелес започна историски судски процес во кој Google и Meta се товарат за свесно дизајнирање платформи што предизвикуваат зависност, додека одбраната тврди дека услугите се само „извор на забава“. На суд во Лос Анџелес започна клучен судски процес против технолошките компании Google (сопственик на YouTube) и Meta (сопственик на Instagram). Тужбата, поднесена од 20-годишната Кејли Г. М., тврди дека наведените платформи биле намерно ...
Google наскоро ќе ја објави Android 17 Beta 1 верзијата за Pixel уреди, со фокус на адаптивни апликации, подобрени перформанси и напредни медиумски API-ја. Google планираше вчера да започне јавно тестирање на новата верзија на мобилниот систем, со објавување на Android 17 Beta 1 изданието, кое во последен момент беше одложено, но наскоро ќе биде достапно за голем број Pixel телефони. За разлика од претходните години, Google сега се потпира на ...
Стартапот Deep Space Energy од Латвија развива компактен радиоизотопски генератор на енергија за кој тврди дека може да испорача иста моќност како постојните вселенски нуклеарни системи, а при тоа да користи пет пати помалку гориво. Компанијата обезбеди 350.000 евра предфинансирање и дополнителни 580.000 евра преку јавни договори и грантови со цел да ја доближи технологијата до комерцијализација. Системот ја претвора топлината од ...
T-glass, специјална стаклена ткаенина клучна за AI чиповите, стана тесно грло на глобалната индустрија и влијае врз Apple, Nvidia и други гиганти Глобалната индустрија на полупроводници се соочува со ново сериозно ограничување: недостиг на специјална стаклена ткаенина позната како T-glass – материјал без кој практично е невозможно да се произведуваат најнапредните AI чипови и печатени плочки. Оваа исклучително тенка ткаенина од микро-стаклени ...
Претстојните iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max би можеле да ги задржат истите почетни цени како и нивните претходници, и покрај зголемувањето на трошоците за компоненти. Претстојните iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max би можеле да ги задржат истите почетни цени како и нивните претходници, тврди аналитичарот Џеф Пу од GF Securities, повикувајќи се на извори од синџирот на снабдување на Apple. Доколку оваа информација се покаже како точна, тоа ...
Кинескиот производител објави детали за новата 5C генерација батерии кои задржуваат 80% од капацитетот по 3.000 циклуси на полнење, овозможувајќи им на електричните автомобили исклучително долг век и ултрабрзо полнење. Еден од водечките светски производители на батерии за електрични автомобили, кинескиот CATL, објави амбициозни податоци за својата нова батериска платформа наречена 5C. Според нивните наводи, овие батерии можат да издржат до ...
Вселенскиот стартап General Galactic има за цел да лансира сателит кој ќе користи исклучиво вода како погонско гориво. Сателитот, тежок 500 килограми, би можел да тестира две одделни методи за погон на вода кога ќе полета во вселената подоцна оваа година. Доколку тимот на General Galactic, предводен од двајца инженери во своите дваесетти години, успее во својата намера, тие би можеле да отклучат нов облик на патување во вселената. Извршниот ...
KALLIQ претставува SaaS решение за outbound продажба кое таргетира 30–50 илјади SMB тимови и цели кон американскиот и европскиот пазар Zephyr Angels, македонската и регионална ангел-инвестициска мрежа фокусирана на поддршка на стартапите од рана фаза со глобален потенцијал, официјално инвестираше во KALLIQ – иновативна SaaS платформа за outbound продажба, наменета за мали и средни продажни тимови. Инвестицијата претставува стратешка поддршка ...
Apple објави рекордна продажба на iPhone за четвртиот квартал од 2025 година, што резултираше со најуспешниот финансиски квартал во историјата на компанијата, со приход од продажба од 143,8 милијарди долари. Аналитичарите укажуваат на „необичен“ фактор кој го поттикнал овој успех. Станува збор за раст од 16 проценти во споредба со претходната година, што е доста импресивно за компанија од вакви размери. Кога станува збор за причината за ...
Meta почна да воведува нови AI-генерирани визуелни алатки на Facebook: корисниците сега можат да креираат анимирани профилни слики и динамични позадини за текстуални објави. Facebook продолжува да ја интегрира вештачката интелигенција (AI) во начинот на кој луѓето се изразуваат на платформата. Според најновите информации од TechCrunch, компанијата почна да воведува нова група AI визуелни алатки кои им овозможуваат на корисниците да ги ...
Корисниците на средна класа паметни телефони долго време мораа да прават компромиси, постојано балансирајќи помеѓу потребата за перформанси, сигурност и долготрајна батерија од една страна и достапна цена од друга. Недавно претставениот HONOR Magic8 Lite е револуционерен паметен телефон кој е подготвен да постави нови стандарди во исклучително конкурентниот сегмент на средна класа. Дизајниран да ги ослободи корисниците од вообичаените ...
Пристигнува новата Galaxy S серија уреди, создадена да ги поедностави секојдневните интеракции, да инспирира доверба и да овозможи беспрекорна интеграција на Galaxy AI уште од првиот момент кога ќе го земете во рака Подгответе се за ново мобилно искуство, дизајнирано да ви го олесни секојдневието преку отстранување на препреките со кои се соочувате секој ден. Пристигнува новата Galaxy S серија уреди, создадена да ги поедностави секојдневните ...
Discord од следниот месец глобално воведува задолжителна проверка на возраста. Сите корисници стандардно ќе бидат поставени во „teen“ режим, а за пристап до чувствителна содржина и напредни поставки ќе биде потребна потврда за полнолетност. Комуникациската платформа Discord најави дека од следниот месец започнува со глобално воведување систем за проверка на возраста на корисниците. Според новите правила, сите корисници по дифолт ќе бидат ...
По протекувањата на информации, гласините и шпекулациите, компанијата Samsung го потврди 25 февруари како датум за одржување на настанот Unpacked, на кој во Сан Франциско ќе ја претстави Galaxy S26 серијата телефони, а на интернет се појавија и спецификациите на сите три претстојни уреди. Како што беше најавено преку тизерите на Samsung, главниот фокус оваа година ќе биде на вештачката интелигенција, бидејќи хардверот не е значително променет ...
Корисниците на WhatsApp Web наскоро ќе можат да остваруваат гласовни и видеоповици, нешто што досега беше поддржано само преку наменската десктоп апликација. WhatsApp Web почнува да добива поддршка за гласовни и видеоповици, со што конечно се отстранува едно од најголемите ограничувања при користењето на WhatsApp преку интернет-прелистувач. Како што дознава WABetaInfo, станува збор за индивидуални гласовни и видеоповици, односно разговори ...
Новите софтверски надградби на Apple, кои ќе бидат претставени на Конференцијата за програмери (WWDC) во 2026 година, можат да бидат релативно скромни, тврди Марк Гурман од Bloomberg. Во неделниот билтен „Power On“, Гурман изјави дека iOS 27 ќе биде претставен на WWDC годинава, и иако ќе донесе понатамошни подобрувања во Apple Intelligence, настанот ќе биде „доволно скромен оваа година.“ Главната нова софтверска функција ќе биде ...
Snapdragon X2 Elite покажува одлични резултати во споредба со M5 чипот на Apple, со минимално поголема потрошувачка на енергија и видлив напредок во CPU и GPU тестовите Влегувањето на Qualcomm во сегментот на Windows лаптопи со првата генерација на Snapdragon X Elite чипови беше само почеток. Најновите резултати од тестирањата покажуваат дека Snapdragon X2 Elite направи голем исчекор, до таа мера што во некои тестови е подобар и од M5 ...
Иако моќноста на полнењето се зголемува, Samsung и понатаму се откажува од вградени магнети, па Qi2 додатоците ќе бараат користење специјални маски. Претстојните мобилни телефони на Samsung од серијата Galaxy S26 ќе добијат побрзо безжично полнење, покажуваат новите податоци објавени на страниците на Wireless Power Consortium (WPC). Листата на модели што се појавуваат во базата на WPC укажува дека Galaxy S26, S26 Plus и S26 Ultra ќе го ...
Корисниците на бесплатниот и Go планот на ChatGPT во САД сега ќе гледаат реклами, откако OpenAI започна со нивно тестирање во својот чет-бот. Компанијата претходно најави планови за воведување реклами во ChatGPT, при што тогаш соопшти дека ќе прикажува спонзорирани производи и услуги релевантни за тековните разговори на најавените корисници. Сепак, корисниците ќе можат во секое време да ја оневозможат персонализацијата и да „ги избришат ...
Во спортот и во животот, некои моменти се премногу важни за да ги доживуваме сами. Тие се интуитивно споделени, не заради зачувување на совршенството, туку за спомени, поврзувања и самоизразување. На Олимпискиот подиум, овој инстинкт доаѓа до израз. По години подготовка и натпреварување, спортистите стојат рамо до рамо во најемотивниот, најискрениот и најчовечкиот момент, оној кој сакаат да го запаметат и да го споделат со оние кои ги ...
Драган Војводиќ – официјален Sandler тренер и еден од највлијателните луѓе во современата продажба На Be#Next 3 конференцијата во Скопје доаѓа Драган Војводиќ – најпознатиот и најбаран sales тренер на Балканот, официјален претставник на Sandler Training (Baltimore, USA) и првиот сертифициран Sandler тренер од регионот. Со повеќе од 20 години искуство во продажба, развој на луѓе и лидерство, Драган Војводиќ има изградено кариера што почнува ...
Бета тестерите на iOS ќе можат да испробаат некои делови од надградената Siri веќе во следните две недели Apple планира да ја издаде првата бета верзија на iOS 26.4 во следните две недели. Како што дознава реномираниот аналитичар на Bloomberg, Марк Гурман, надградбата ќе донесе некои одбрани делови од подобрената Siri, која, според сè, ќе биде придвижувана од Google Gemini. Иако сè уште нема да има пристап до целосно редизајнираната Siri, ...
Настанот е организиран од Асоцијација на македонската индустрија за видео игри – МГИ Скопскиот Глобал Гејм Џем и овојпат ја зголеми бројката на учесници за дури 38 проценти! Досега рекорден број од 132 учесници на една локација, се проширивме на два спрата во Base42, се формираа 25 тимови, а тие направија неверојатни 25 игри, од кои 22 видео игри и три бордгејмови. Темата за оваа година беше „Маска“, а истовремено се случуваше во 132 земји во ...
Останува уште еден ден за јавно гласање во рамки на 2025 – изборот на најдобрите е-трговци во Македонија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Граѓаните имаат можност да ги поддржат своите омилени е-продавници денес, до крајот на денот, преку официјалната веб-страница на изборот. E-commerce Awards претставува значајна иницијатива за македонската е-трговија, бидејќи преку транспарентен и структуриран процес се ...
Новите модели на MacBook Pro со M5 Pro и M5 Max чипови би можеле да пристигнат уште во понеделник, 2 март, според Марк Гурман од Bloomberg. Во неделниот билтен „Power On“, Гурман наведува дека претставувањето на новите MacBook Pro модели е поврзано со објавувањето на macOS Tahoe 26.3. Лансирањето наводно е планирано уште за неделата што започнува на 2 март. Тој додава дека моделите со M4 Pro и M4 Max, кои моментално се во продажба, и понатаму ...
Научници кои анализираат податоци стари неколку децении од мисијата „Магелан“ на американската вселенска агенција NASA велат дека идентификувале нешто што изгледа како огромен подземен тунел издлабен од вулканска активност на Венера. Доколку се потврди, оваа структура би означувала само втор пат на Венера да биде забележана лавина цевка, што би се надоврзало на слични откритија на Месечината и Марс. Ова откритие исто така придонесува кон ...
Се шпекулира дека Nothing Phone (4a) и Phone (4a) Pro ќе имаат глобално лансирање на почетокот на март, а денес Nothing практично го потврди тоа, започнувајќи тизер кампања за двата уреди. Како што може да се види од твитот подолу, не е откриено многу – освен, можеби, боите во кои ќе бидат достапни уредите. Точките се во црна, бела, розова, жолта и сина боја. Затоа, не би било изненадување ако еден или двата претстојни смартфони бидат ...
Бесплатните корисници на YouTube Music остануваат без можност за неограничено прегледување на текстовите на песните, со што се поттикнуваат да платат претплата Се чини дека YouTube Music започнал со ограничување на приказот на текстовите на песните за корисниците кои не плаќаат претплата. Имено, бројни корисници на Reddit пријавуваат дека можат да ги прегледаат текстовите за најмногу пет песни месечно. Откако ќе се достигне тоа ограничување, ...