Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Силициум-карбонските батерии нудат драстично поголем капацитет, но Google и Apple сè уште не ги користат поради проблеми со стабилноста и долготрајноста. Силициум-карбонските (Si-C) батерии претставуваат следен голем чекор во развојот на технологијата за напојување, во област која последните триесетина години многу бавно се менуваше. Класичните литиум-јонски батерии сè уште ги задоволуваат основните потреби, но како што модерните паметни ...
Google во Gemini го интегрираше моделот Lyria 3, кој овозможува генерирање и ремиксување на кратки музички нумери врз основа на текст, слика или видео. Google официјално објави дека Gemini, благодарение на новиот музички модел Lyria 3, сега може да генерира музички нумери до 30 секунди врз основа на текстуален запрос, или да ремиксува постоечка музика според желбите на корисникот. На овој начин, Gemini се проширува надвор од текстот, сликите ...
Компаниите најавија повеќегодишна соработка на развој на напредна AI инфраструктура, вклучувајќи имплементација на милиони графички процесори и воведување на нови стандарди за енергетска ефикасност. Технолошките гиганти Meta и Nvidia официјално објавија склучување стратешко партнерство со цел унапредување на долгорочниот план за развој на инфраструктурата за вештачка интелигенција. Соработката опфаќа широк спектар технологии – од процесори и ...
Samsung OLED телевизоритe ја содржат револуционерната Glare Free технологија. Оваа иновативна карактеристика ви овозможува да уживате во вашите омилени емисии и филмови без никакви иритирачки рефлексии или отсјај, без разлика какво е осветлувањето во вашата соба. Во срцето на најновата линија на Samsung е моделот S95F, кој се гордее со најнапредната Glare Free технологија за отстранување на отсјајот досега. Со способноста да испорача длабоки ...
Apple го проширува својот AI екосистем во целосно нови категории носливи уреди кои ќе бидат силно интегрирани со iPhone. Според новите информации на Марк Гурман од Bloomberg, Apple развива три нови носливи уреди базирани на вештачка интелигенција – паметни очила, AirPods со вградени камери и AI привезок кој може да се носи околу вратот или да се прицврсти на облека. Сите уреди ќе бидат тесно поврзани со iPhone и во голема мера ќе се потпираат ...
Pixel 10a користи повеќе рециклирани материјали од кој било претходен Pixel A телефон. За жал, ова важи и за спецификациите, бидејќи во суштина станува збор за ист уред како и Pixel 9a. Сепак, Google пред сè ги истакнува еколошките карактеристики на моделот Pixel 10a. Тоа е првиот уред од A-серијата што користи рециклиран кобалт, бакар, злато и волфрам (најмалку 36 проценти по тежина). Неговата алуминиумска рамка е изработена од 100 проценти ...
Преднарачките за новите лаптопи на Samsung започнуваат на 25 февруари, додека првите испораки стартуваат на 11 март во одредени европски земји. Samsung уште на почетокот на годината на CES ја претстави новата серија лаптопи Galaxy Book 6 со Intel процесори Core Ultra Series 3, но тогаш без конкретни информации за европските цени и достапноста. Сега и тие детали конечно се познати. Имено, преднарачките за серијата Galaxy Book 6 започнуваат на ...
Automattic го претстави новиот AI асистент за WordPress кој им овозможува на корисниците да го менуваат изгледот и содржината на страницата користејќи команди на природен јазик, како и да генерираат слики. WordPress, популарната платформа за хостирање веб-страници на компанијата Automattic, отсега ќе вклучува вграден AI асистент. Оваа функционалност е дизајнирана да работи директно во рамки на самата веб-страница, со цел да ја разбере ...
Авионската индустрија сака да го следи примерот на успешните хибридни автомобили. Во партнерство со норвешката истражувачка организација SINTEF, Rolls-Royce има за цел да развие хибриден авионски мотор кој комбинира електрична енергија и гориво за да се намалат емисиите, но со одржување на сигурноста. Според истражувачите, оваа иновација би можела да ги намали емисиите на CO2 до 30 проценти, особено кај домашните летови. Сепак, потребни се ...
Нова соработка во FMCG секторот Бамби, една од најпознатите кондиторски компании во регионот, е нов принципал во портфолиото на компанијата Нелт СТ, членка на Нелт Група. Со оваа соработка, Нелт СТ ја започнува дистрибуцијата на производите на Бамби на пазарот во Македонија. Партнерството на компанијата Бамби со силен регионален бренд и на компанијата Нелт СТ, која располага со исклучителна локална експертиза во областа на дистрибуцијата и ...
Конференцијата ќе се одржи во живо во Маунтин Вју, Калифорнија, и онлајн, со фокус на најновите иновации во вештачката интелигенција и продуктите на Google. Компанијата Google официјално ги објави датумите за својата најголема годишна конференција за програмери – Google I/O 2026, која ќе се одржи од 19 до 20 мај 2026 година. Настанот ќе се реализира во живо во Маунтин Вју, Калифорнија, во Shoreline Amphitheatre, како и онлајн, овозможувајќи ...
Apple тестира iPhone со вертикален преклоп на екранот, сличен на Galaxy Z Flip уредите, како дел од поширока стратегија за влез на пазарот на преклопни телефони. Според најновите информации од индустријата, компанијата Apple моментално тестира нов модел на преклопен iPhone уред кој користи т.н. „flip“ или дизајн со вертикално преклопување на екранот. Станува збор за формат кој веќе им е познат на корисниците преку уреди како Samsung Galaxy Z ...
Дебитантскиот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ, а во продукција на Томи Салковски и Црна Мачка, во официјална компетиција на Берлинскиот Филмски Фестивал Македонскиот игран филм „17“, долгометражното деби на режисерката Косара Митиќ, ќе ја доживее својата Светска премиера во рамките на 76. издание на еден од најпрестижните филмски фестивали во светот – Меѓународниот Филмски Фестивал во Берлин. Проекцијата ќе се одржи вечерва, ...
Меѓународниот ден на жената, 8 Март, е можност компаниите да покажат благодарност и почит кон жените во својот тим. Во деловното опкружување, сè повеќе се цени подарокот што е практичен, ненаметлив и им остава простор на вработените сами да одберат што им е навистина потребно. Токму затоа, dm подарок ваучерите претставуваат едноставно и сигурно решение за овој празник. Подарок ваучерите од dm се достапни во вредност од 500 и 1.000 денари и се ...
Компанијата Google развива подобрена технологија за отклучување со лице и за Pixel 11 семејството, како и за претстојните Chromebook уреди. Оваа технологија има интерно кодно име Project Toscana, а според извор кој наводно ја тестирал, ќе функционира без какви било дополнителни видливи сензори на Pixel телефоните. Не е јасно дали користи инфрацрвено зрачење како кај iPhone, но доколку тоа е случај, тогаш IR компонентите се скриени под ...
Претворање на фотографијата од денска во вечерна во неколку секунди. Враќање на деловите кои недостасуваат од објектите на фотографијата како парчето кое недостасува од тортата. Беспрекорно спојување на повеќе фотографии во една, кохезивна слика. Овие креативни способности некогаш побаруваа професионални вештини или часови поминати во уредување. Сега тие се возможни за неколку минути, директно од твојот Galaxy телефон, едноставно со ...
Android 17 носи унапредувања во потрошувачката на енергија, управувањето со меморијата и работата на апликациите, поставувајќи ја основата за One UI 9 на уредите на Samsung. Иако Android 16 и One UI 8.5 сè уште не се целосно стабилизирани кај сите корисници, Google веќе ја започна следната фаза од развојот. Според информации од програмерските кругови, Android 17 е фокусиран на поефикасна потрошувачка на батеријата и значително порамномерни ...
Претходно беше потврдено дека Nothing оваа година нема да лансира flagship мобилен телефон, но затоа на почетокот на март нè очекува серијата Phone (4a) со два нови модели. Nothing веќе извесно време го најавува доаѓањето на новата серија мобилни телефони, Phone (4a), а сега конечно го потврди и датумот на претставување – 5 март. Извршниот директор на Nothing, Карл Пеи објави постер кој ја пародира поканата на Apple за нивниот настан на 4 ...
Кинески научници постигнаа 120 Gbps во ласерската комуникација сателит Земја, удвојувајќи ја брзината без никакви хардверски измени на сателитот. Институтот за иновации во областа на воздухопловно-вселенските информации (AIR) во Кина неодамна успешно заврши револуционерен експеримент во реални работни услови, со кој брзината на ласерската комуникација меѓу сателит и Земјата беше зголемена на 120 Gbps. Со тоа е поставен нов рекорд во областа ...
Социјалната мрежа X се соочува со уште една истрага поврзана со четботот Grok, која се однесува на креирање фотографии од сексуален карактер без согласност на оваа платформа. Ирската Комисија за заштита на податоци (DPC) најави истрага во врска со штетни, интимни фотографии и обработка на лични податоци на поединци од ЕУ и ЕЕА, вклучително и деца. Во период од 11 дена, X генерирал околу три милиони сексуализирани фотографии, а се проценува ...
Huawei и Honor моделите во Кина бележат силна продажба и директно ѝ конкурираат на iPhone 17 серијата, покажувајќи промена во односот на силите на пазарот. Huawei и Honor телефоните сè посилно вршат притисок врз Apple во продажната трка, а најновите податоци укажуваат дека iPhone 17 моделите во 2026 година за првпат се соочуваат со сериозна конкуренција од кинеските производители. Според извештај на доверлив типстер, оваа „нова фаза од ...
Apple подготвува најголем редизајн на MacBook Pro линијата уште од 2021 година, со доаѓањето на OLED екран, екран чувствителен на допир и M6 чипови. Apple, според доверливи извори, се подготвува за лансирање на најнапредните MacBook Pro модели досега. Новите модели, чиј пристигнување се очекува кон крајот на 2026 или почетокот на 2027 година, носат OLED екрани, екран чувствителен на допир и целосно нова генерација M6 Pro и M6 Max чипови. ...
Станува збор за апликација која има цел да го олесни процесот на пребарување на Android паметните телефони и да овозможи пребарување на речиси сè – апликации, контакти, локални датотеки и поставки, па дури и интернет – од едно централно место. Како што секојдневните рутини сè повеќе се префрлаат на паметните телефони, така способноста за брзо и квалитетно пребарување станува сè поважна. Quick Search е токму апликација која има цел да го ...
Xiaomi 17 и Xiaomi 17 Ultra пристигнуваат на европскиот пазар на 28 февруари, а нивните цени наводно ќе останат исти како и кај претходните модели. Во изминатите недели, два одвоени извора наведоа дека Xiaomi 17 и Xiaomi 17 Ultra во Европа ќе ги имаат истите цени како нивните претходници, а сега тоа го потврдува и францускиот портал Dealabs. Се наведува дека Xiaomi 17 ќе биде достапен во нијансите Black, Venture Green, Ice Blue и Alpine Pink, ...
Повеќето корисници се запознаени со режимите за заклучување на своите паметни телефони, но со оглед на количината на вештачка интелигенција што е достапна, компанијата OpenAI одлучи да понуди своја верзија за корисниците на ChatGPT. Lockdown Mode за ChatGPT гарантира подобра безбедност на корисничките податоци и разговори на AI платформата, но истовремено ги предупредува за можните ризици и фактот дека нивните податоци можат да бидат изложени ...
Минатиот месец, Samsung најави дека ќе додаде „нов слој на приватност“ кај претстојниот Galaxy S26 Ultra преку новата функција за приватен екран. Сега компанијата сподели кратко видео што покажува како функционира – може целиот екран или само одредени делови од него да изгледаат црни кога се гледаат од страна, без да се наруши читливоста за корисникот. Во видеото, целиот екран се затемнува за несакани набљудувачи кога е вклучен прекинувачот ...
Dongfeng разви батерија со цврст електролит со густина од 350 Wh/kg, со дострел до околу 1.000 км и стабилна работа при екстремно ниски температури Кинескиот производител на автомобили Dongfeng објави дека развил батерија со цврст електролит со енергетска густина од 350 Wh по килограм, што претставува значаен технолошки исчекор за електричните возила. Според новите информации, компанијата веќе формирала тест-флота електрични автомобили ...
Недостигот од меморија би можел да има конкретни последици и за пазарот на гејминг-конзоли. Според информациите на Bloomberg, Sony размислува за одложување на излегувањето на својот следен PlayStation, додека Nintendo годинава би можел да ја зголеми цената на Switch 2. Имено, извори од индустријата наведуваат дека Sony, поради растот на трошоците и намалената достапност на RAM-меморија, разгледува поместување на претставувањето на новата ...
Google го менува темпото на развој на Android 17: Beta циклусот е пократок, стабилната верзија пристигнува веќе во јуни 2026 година, со појасни фази и поинаква номенклатура на ажурирањата. Google официјално потврди дека Android 17 влегува во забрзан развоен циклус, со цел стабилната верзија на оперативниот систем да биде објавена веќе во јуни 2026 година. Оваа промена доаѓа по воведувањето на постојаниот Android Canary канал, кој минатата ...
Според неофицијални информации, iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max би можеле да пристигнат без слот за физичка SIM-картичка во Европа, со што би се ослободил простор за поголема батерија. Apple веќе од оваа есен би можел да ја прошири својата стратегија за производство на iPhone без слот за физичка SIM-картичка и на европскиот пазар. Како што дознава порталот Techmaniacs, претстојните модели iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max би можеле да бидат ...