Грчкиот премин Ники (Меџитлија) од 10:00 до 16:00 часот ќе биде затворен за сообраќај на товарни моторни возила, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од ...

Пред нас е Нова година и божиќните празници, период во кој многумина ќе се соочат со последиците од прекумерното пиење алкохол. Без разлика дали станува збор за дружење со пријатели, чаша пиво со божиќен ручек или премногу греани вина, алкохолот стана неопходен дел од празничната атмосфера за многумина. Додека се опуштаме со остатоците од празничната трпеза, лесно е да се посегне по уште една чаша, но таквите ексцеси никогаш не се добри за ...

Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани официјално ја заврши својата богата фудбалска кариера. Еден од најдобрите голгетери на модерната ера се збогува со професионалниот фудбал на 38-годишна возраст. Кавани ја објави одлуката на Instagram за време на викендот, со што стави крај на повеќе од две децении игра на врвно ниво. Последниот клуб во кој играше беше Бока Жуниорс, а претходно играше за некои од најголемите европски клубови - Наполи, Пари ...

Каваи Ленард постигна 55 поени во победата на Лос Анџелес Клиперс од 112-99 над Детроит Пистонс. Ова беше четврта победа по ред за Клиперс и нивната најголема победничка серија оваа сезона, во која се мачат. Детроит, од друга страна, беше фаворит во овој натпревар бидејќи играат навистина добро оваа сезона и се водечки во Источната конференција. Но, Каваи Ленард имаше други идеи. Од неговите 55 поени, тој постигна пет тројки со процент на ...

Во споредба со минатата сезона, Манчестер Сити моментално игра многу добро. Тимот на Пеп Гвардиола е втор на табелата во Премиер лигата. Тие се само два бода зад лидерот Арсенал по 18 кола. Сити се снаоѓа добро и во Лигата на шампионите, каде што се четврти и лесно би можеле директно да се квалификуваат во осминафиналето. Пеп Гвардиола рече дека на неговиот тим, а и на него самиот, му недостасувала енергија минатата сезона за да ги достигне ...

Утрото денеска ќе биде ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12°C. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6°C. Во наредните денови времето ќе биде ...

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф200мм. на улица Титовелешка бб.со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата Маџир Маало, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување на работните активности. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат: во периодот од 8:30 до 15 часот корисниците од ул 27 ...

На паркинг простор на булеварот „АСНОМ“ во скопската населба Аеродром биле оштетени 34 возила. Како што соопштуваат од МВР, оштетувањето било извршено во периодот од 23:00 часот на 27 декември до 9:00 часот на 28 декември 2025 година, при што е причинета вкупна материјална штета од околу 11.000 евра. Извршен е увид, за случајот е известен јавен обвинител, а се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот, ...

Русија откри планови за изградба на нуклеарна централа на Месечината во следните 10 години за поддршка на својата лунарна програма и руско-кинеска истражувачка станица за идните мисии. Предлогот, потврден од државната вселенска агенција Роскосмос, би обезбедил одржлив извор на енергија за површинската инфраструктура, вклучувајќи научна опрема, како и планирана заедничка база за истражување на Месечината со Кина. Објавата доаѓа во време кога ...

Грчкиот специјалитет спанакопита (σπανακόπιτα) без кора со спанаќ направена само со неколку состојки може да биде идеален избор за лесен ручек. Благодарение на комбинацијата од сирења, путер и јајца, структурата на оваа пита останува сочна, а вкусот е богат и полн. Комбинацијата од спанаќ, фета сирење, моцарела и путер ќе ѝ даде на питата препознатлива грчка арома што ќе направи целиот дом да мириса превкусно. Потребни состојки: 2 лажици ...

Фудбалерите на Астон Вила се најголемото освежување на европскиот фудбал годинава, а вчера успеаја да повторат клупски рекорд што го чекаа од 1914 година. Астон Вила на гостувањерто кај Челси среде Лондон успеа да триумфира по пресврт со резултат од 2:1, со што се вклучи во трката за титулата во англиското првенство со само три бода помалку од водечкиот Арсенал. Но, ова беше 11-та победа за „Лавовите“ од Бирмингем, што е клупски рекорд ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров испрати порака до европските политичари, нагласувајќи дека одговорот на Русија на евентуален напад врз неа би бил разорен. „За политичарите во Европа кои не разбираат, а на кои, се надевам, ќе им биде прикажано ова интервју, повторувам уште еднаш: нема потреба да се плашат дека Русија ќе нападне некого“, рече Лавров. Потоа додаде: „Ако некој се осмели да ја нападне Русија, одговорот ќе биде ...

Центарот на Финикс Санс, Марк Вилијамс, и плејмејкерот на Њу Орлеанс Пеликанс, Порториканецот Хосе Алварадо, беа исклучени од играта по тепачката во третата четвртина од синоќешниот натпревар. Вилијамс, висок 216 сантиметри, и Алварадо, висок 183 сантиметри, разменија удари откако беше досуден фаул од Алварадо. Инцидентот се случи кога Алварадо, познат како екстремно агресивен дефанзивец, се обиде да пробие блок поставен од Вилијамс за да ...

Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија. Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот. Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen. ...

Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (над 60 км/ч). Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени, јавува УХМР. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени. Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе ...

Во петокот претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народната хероина Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар. Како што се наведува во полицискиот билтен, завчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во петокот претпладне било пријавено дека била украдена ...

Европската Унија ја смета Украина за приоритетен кандидат за членство, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос во интервју за Политико. Според неа, проширувањето на Унијата повеќе не е само прашање на односите со кандидатите, туку и на внатрешната способност на ЕУ да одговори на предизвиците на современиот момент. „Не станува збор само за привлекување кандидати – туку и за нас: можеме ли да се справиме со предизвиците? Дали е тоа ...

Земјотрес со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во Охрид и околината. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2,2, а е почувствуван во 3:18 часот. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга на околу 105 километри југозападно од Скопје. Земјотрес со интензитет од 3 степени ...

Доколку барате едноставен, но вкусен десерт кој ќе го воодушеви вашето семејство или гости, јадро обландите се совршен избор. Ова е еден од оние колачи кои се лесни за подготовка, а единствениот вистински предизвик е трпението додека се олади и исече. Потребни состојки: Подготовка: Загрејте ги млекото, маслото, шеќерот и маргаринот во тенџере, постојано мешајќи. Кога смесата ќе зоврие, тргнете ја од оган, додадете го млекото во прав и добро ...

Шведскиот атлетичар, скокачот со стап Арманд Дуплантис, e избран за најдобар спортист во Европа во 2025 година во традиционалниот избор на европски новински агенции организиран од полската агенција PAP. Девет европски агенции му дадоа на Дуплантис максимален број поени, а четири агенции го ставија на второто место. На Светското првенство во Токио оваа година, Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап со скок од 6 метри и 30 ...

Непријатните мириси што остануваат по готвењето се чест проблем во многу домаќинства, особено по подготовка на риба, пржени јадења или храна со силни зачини. Сепак, неколку состојки што веќе ги имате можат да ви помогнат да се ослободите од нив. Иако ваквите мириси честопати се чини дека се задржуваат со часови или дури и денови, постојат едноставни начини брзо да го освежите просторот и повторно да го направите пријатен. Првиот и најважен ...

Грчките земјоделци го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сообраќај на сите возила до 16 часот по грчко, односно 15 часот по македонско време, а за попладне планирана е втора четиричасовна блокада од 18 часот по локално време. По пауза од четири дена и отворени автопатишта и гранични премини за време на католички Божик, земјоделците од денеска одново ги вратија блокадите на низа локации во цела ...

Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од балистички ракети. Русија лансираше повеќе хиперсонични ракети Кинжал, балистички ракети Искандер и крстосувачки ракети Калибр врз украинскиот главен град. Во нападот, најмалку 28 лица беа повредени, пишува Kyiv Independent. Речиси една третина од украинскиот главен град е без греење, а во некои делови од Киев нема електрична ...

Стотици летови се откажани поради снежната бура што ги зафати Њујорк и Њу Џерси и поголемиот дел од североисточните држави на САД. Според FlightAware, кој го следи воздушниот сообраќај во американскиот воздушен простор, во земјата се откажани 1.659 летови – речиси десет пати повеќе од претходниот ден. Предупредувањето за зимска бура останува на сила за регионот, а на некои места има прогноза и за замрзнат дожд. Националната метеоролошка ...

Во текот на ноќта беа одиграни девет натпревари во НБА, а еден од најинтересните беше одигран помеѓу Чикаго Булс и Филаделфија 76ерс. Чикаго ја победи Филаделфија со 109:102, а она што го покажаа Булс дефинитивно може да се стави во речникот под терминот „тимска игра“. Десет играчи во редовите на Чикаго добија минути за игра, а сите постигнаа поени на таков начин што разликата помеѓу најлошиот и најдобриот стрелец беше само 8 поени. Имено, ...

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 3 до 10 степени Целзиусови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 60 км/ч). Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремен засилен ветер од северен правец. Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 3 до 11 степени. Ќе дува ...

Аеродромите во Жешов и Лублин во Југоисточна Полска беа привремено затворени откако полските вооружени сили испратија борбени авиони како одговор на руските напади врз Украина. „Поради потребата да се обезбеди слобода на дејствување на воената авијација, аеродромите во Жешов и Лублин привремено ги прекинаа воздушните операции“, објави денеска Полската агенција за авијација PANSA на мрежата X. Во текот на ноќта и утрото, руските сили го ...

Сосема е нормално по долгогодишна врска или брак да ја изгубите волјата за секс или барем да се намали желбата. Најчесто причината за тоа е истата секс рутина и тоа што сте си дозволиле да влезете „во машинеријата“ или да стиснете пауза на сексот на сметка на секојдневните обврски. Меѓутоа, ако уште постои љубов и страст меѓу вас, има простор да ја разгорите таа страст и да ја обновите сексуалната врска. Треба само да се потрудите. Ова се пет ...

Пред сезоната на празници размислуваме како ќе го украсиме домот, каде ќе славиме, но и што ќе ставиме на празничната трпеза за нашето семејство и пријателите. Покрај класиците како кифлички и руска салата, изненадете ги домашните и гостите со неколку нови рецепти. Овие идеи за празнични мезиња се лесни и брзи за правење, не ви е потребна којзнае каква умешност во кујната за да ги подготвите и нема да го оптоварат вашиот буџет. Да не ...

Грчевите во нозете се болна и непријатна состојба, која може да биде предизвикана од секојдневен напор или недоволна хидратација на телото. Но, тие исто така може да бидат сигнал за болест или несакан ефект од земање одредени лекови. Многумина кои страдаат од грчеви во нозете знаат дека оваа непријатна состојба се јавува кога најмалку очекуваме - понекогаш, дури и додека спиеме. Мускулите на нозете се контрахираат неволно, а лицето кое страда ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
42%
1025
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
39%
1025
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
36%
1025
weather icon

Софија

15ᴼ / 12ᴼ
1.03
51%
1025
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
3.87
37%
1027
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
42%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
6.26
54%
1026
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
42%
1024
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
30%
1025
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
2.68
43%
1028
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 15ᴼ
1.79
29%
1025
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
6.69
38%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Злато

166253.76

Рутениум

47358.05

Иридиум

231355.22

Сребро

2711.59

Платина

68963.35

Алуминиум

3.42

Бакар

11.73

Паладиум

51794.85

Родиум

372948.66

Калај

50.64

Цинк

3.24

Кобалт

66.14