Многу бурна ноќ на НБА терените и 11 одиграни натпревари е зад нас, а ноќта ја одбележа Шеј Гилџс-Александер, кој покажа зошто ја предводеше Оклахома Сити Тандер до титулата минатата сезона. Веќе пишувавме за повредата на Никола Јокиќ на дуелот Мајами - Денвер, кој на бизарен начин од соирач го повреди коленото. Ноќта ја одбележа одличниот Шеј Гилџс-Александер, кој со својата Оклахома изброја до 140 поени и славеше со 140:129 против Атланта ...

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 65-годишниот С.И. поради сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. Имено, вчера во 14:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на улицата „Џон Кенеди“, улицата „Максут Садик“ и улицата „Македонска бригада“ патничко возило Golf со скопски регистарски таблички удрило во дете-пешак. Веднаш по пријавата полициски службеници пристигнале на местото на ...

Дали се чувствувате како постојано да сте настинати? Или постојано се разболувате, дури и кога сите околу вас се здрави? Причината може да лежи во нивоата на витамин Д во вашето тело, или поточно, во неговиот недостаток. Витаминот Д е неопходен за голем број телесни функции, од развој на коските до имунитет. Иако можеме да го добиеме од храна, сончева светлина и додатоци во исхраната, првите два извори честопати не се доволни. „Знаеме дека ...

Истражувањето покажа дека над 20% од видеата што алгоритмот на YouTube им ги прикажува на новите корисници се т.н. AI отпад, односно содржина со низок квалитет генерирана од вештачка интелигенција, дизајнирана да собира прегледи. Kapwing анкетираше 15.000 од најпопуларните YouTube канали во светот и откри дека 278 од нив не содржат ништо друго освен AI отпад. Овие AI канали заедно собрале повеќе од 63 милијарди прегледи и 221 милион ...

Еден од најдобрите кошаркари во светот, Никола Јокиќ, го повреди коленото на натпреварот против Мајами Хит и сега навивачите на Денвер Нагетс се во паника чекајќи вести од лекарите на клубот. Јокиќ се повреди три секунди пред крајот на првото полувреме и тоа на прилично необичен начин. Стоеше под кошот и почна да му помага на бекот Спенсер Џонс во чувањето на Хаиме Хакес, кој се упатуваше кон кошот. Џонс не забележа дека Јокиќ е пред него и ...

Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени. Во Скопје, претпладне сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, известуваат дека денеска: · поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. „Нобелова“ крстосница со ул. „Хелсинки“, од 9:00 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Нобелова“, „Виенска“, дел од ул. „Хелсинки“ и дел од ул. „Лондонска“ (Општина Карпош); · поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 22 часот и 6 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 103 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 2,8. Според досегашните ...

Од ЕВН „Македонија“ АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: од 8:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија (Општина Петровец); од 8:30 до 9:30 часот, корисниците од селата Драчевица и Цветово (Општина Студеничани); од 8:55 до 9:55 часот, корисниците од селата Горно Соње, Долно Соње, Чифлик и Света Петка (Општина Сопиште); од 9:00 до 14:00 часот, корисниците од ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, излезе со најновата анализа на побарувачката на билети за Светското првенство 2026 година во Канада, САД и Мексико. А, податоците се, благо речено, неверојатни, бидејќи цените се на рекордно високо ниво, што е широко осудено од потенцијалните „аџии“ на претстојниот Мундијал. Ако им се верува на објавените податоци, достапните стадиони би можеле да бидат пополнети многу пати доколку капацитетот би бил ...

Словенечкиот скијач Домен Превц го освои првото натпреварување од турнејата Четири скокалници, она во Оберсдорф. Никогаш во историјата не се случило Словенец да победи на скокалницата во Оберсдорф, Германија, но Домен Превц покажа дека се наоѓа во фантастична форма. Превц ја забележа шестата победа од почетокот на сезоната. Исто така, интересен е фактот што 40% од победниците на турнејата Четири скокалници славеле во Оберсдорф. Домен Превц ...

Лукот е познат како храна што го зајакнува имунолошкиот систем, но ако сакате да го избегнете лошиот здив, а да го зајакнете имунитетот, можете да консумирате и други намирници. Јадењето храна богата со хранливи материи е докажан начин за зајакнување на вашиот имунолошки систем и спречување на болести. Додека лукот има антиинфламаторни ефекти кои помагаат во борбата против инфекциите, другите намирници што го зајакнуваат имунитетот можат уште ...

Италијанците имаат докажан метод со кој за само 10 секунди откриваат дали некој ресторан е туристичка стапица, наместо да зажалат што седнале и нарачале јадење. Не проверуваат стотиците коменатри на посетителите. Не зумираат на фотографии од карбонара како да е место на злосторство. Едноставно поминуваме покрај предниот дел и дозволуваат ресторанот да раскаже сам за себе. А, во Фиренца и Рим, верувајте, тие сакаат да се раскажат сами за себе. ...

Крајот на календарската година е секогаш добра прилика за сумирање, пресметување, подвлекување... од разни видови, а Opta е специјализирана за овие работи, па затоа деновиве објавува разни дванаесетмесечни резултати. Така, анализата на нејзините статистичари откри дека играчите на Баерн, заедно, се најефикасниот тим во 2025 година, земајќи ги предвид сите нивни конкуренти во Бундеслигата, но и тимовите од останатите топ 5 лиги - Премиер ...

Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени. Во Скопје претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната ...

Стапката на усвојување на алатки за вештачка интелигенција драстично се зголеми во светот на програмирањето, дозволувајќи им на програмерите да генерираат огромни количини на код користејќи едноставни текстуални пребарувања. Порано годинава, Google откри дека 90% од развивачите на софтвер во индустријата користат AI алатки на работа, во споредба со само 14% минатата година. Но, целата таа погодност доаѓа со некои очигледни недостатоци. ...

На далечниот север на Исланд, каде што планините стрмно се спуштаат во фјордови на студените арктички води, се наоѓа Третласкаији (Tröllaskagi) - полуостровот на троловите. Ова е територија каде што пејзажот изгледа недовршен: со остри рабови, суров и пуст, обликуван од мраз, ветер и долги зими што ја замаглуваат линијата помеѓу легендата и реалноста. Место од легендите Името на полуостровот доаѓа од исландски легенди. Според народното ...

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, на 29 декември 2013 година доживеа тешка несреќа додека скијаше на француските Алпи. Додека скијал надвор од патеката во ски-центарот Мерибел, изгубил контрола и паднал удирајќи со главата во карпа. Иако носел кацига, се здобил со сериозни повреди на главата. По несреќата, Шумахер со хеликоптер бил пренесен во болницата во Гренобл, каде му биле извршени две операции на мозокот и бил ...

Од 15:00 часот граничните премини Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) се пуштени за сообраќај на сите видови возила, информираат од АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и ...

71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мразот за време на натпревар во хокеј. Снимката од инцидентот стана вирална на социјалните мрежи. Снимката покажува како хокеар со број 68 лизгајќи наназад случајно го удира в грб Лукашенко, кој го носи дресот со број 01. По судирот, Лукашенко ја губи рамнотежата и паѓа на мразот, удирајќи ја главата на лизгалиштето. Во тимот на Лукашенко, дресот со број 68 го носеше Јарослав ...

Новиот селектор на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, го откри стручниот штаб со кој ќе го води националниот тим. Во стручниот штаб како асистенти на Седлоски ќе работат дури четворица тренери, еден тренер на голмани, еден кондициски тренер, како и еден видео-аналитичар. Стручниот штаб на „Рисовите“ под водство на Седлоски: асистент: Борче Христов – тренер на Тиквеш и директор на Центарот за едукација при ФФМ. асистент: Ерхан Селими ...

Оваа новогодишна ноќ нема да биде само уште една празнична вечер со шампањ и одбројување – астролошките прогнози јасно сугерираат дека дел од знаците ќе влезат во 2026 со прстен на рака. Венера поголем дел од декември патува низ Јарец, поттикнувајќи сериозни разговори за иднината, а токму кон крајот на месецот енергијата се префрла од „ајде да видиме каде води ова“ во „ајде да го планираме заедничкиот живот“. Астролошките анализи нагласуваат ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23% во однос на одлуката од 22 декември. Од 30 декември од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин Еуросупер БС-95 – 70,50 ден/л моторен бензин Еуросупер БС-98 – 72,50 ...

Фудбалерот на Ал Наср и португалски репрезентативец, Кристијано Роналдо, изјави дека нема да ја заврши својата играчка кариера додека не постигне 1.000 голови, објави денеска BBC. Роналдо (40) постигна два гола во победата на Ал Наср од 3:0 над Ал Охдуд во 11-тото коло од Сауди про лигата во саботата. Португалецот има постигнато вкупно 956 голови во својата кариера за клубови и репрезентација. Пристигна во Ал Наср кон крајот на 2022 година и ...

Бета глукан е природен полисахарид – вид сложен шеќер – кој се наоѓа во клеточните ѕидови на овес, јачмен, печурки и одредени видови квасец и има докажано имуно-модулаторно дејство. Научните трудови покажуваат дека може да помогне во подобрување на одбранбениот одговор на организмот, особено кај инфекции на дишните патишта и во состојби со ослабен имунитет. Бета глукан припаѓа на групата биолошки активни влакна составени од молекули на ...

Во срцето на Јужна Холандија, испресечен со канали, се наоѓа градот што му го подари на светот еден од најпознатите европски вкусови - сирењето Гауда. Иако многумина го поврзуваат името исклучиво со жолтото тркало кашкавал, Гауда е многу повеќе од тоа. Тоа е град кој, речиси случајно, станал најголемиот пазар за сирење во регионот, а со текот на времето и симбол на комерцијалната историја на Холандија. Пред да започнеме да раскажуваме за овој ...

Научниците предупредуваат дека пластичната амбалажа е еден од главните извори на овие невидливи честички во човечкото тело, чии долгорочни здравствени ефекти сè уште не се целосно познати. Еве што покажаа најновите истражувања. Водата од пластични шишиња содржи десетици илјади микроскопски пластични честички кои се невидливи со голо око, покажува ново истражување. Научниците откриле дека луѓето кои пијат флаширана вода секој ден внесуваат во ...

1 јануари е нов почеток што сите го чекаме, можност конечно некои работи во нашите животи да се променат, а првиот ден од 2026 година сега ќе биде придружен со моќен транзит. Токму на тој ден, Меркур влегува во Јарец, што значи дека на самиот почеток на годината ќе бидеме подисциплинирани, попродуктивни и ќе размислуваме однапред. Тоа е транзит што ни обезбедува силна, енергична енергија и не ни дозволува мрзеливо да ја започнеме Новата ...

Контроверзноста расте откако ново истражување сугерира дека темната енергија, мистериозната сила одговорна за забрзаното ширење на универзумот, може да се менува со текот на времето, што може да има далекусежни последици за судбината на космосот. Студијата на јужнокорејски тим, заснована на повторна анализа на податоците од супернова, сугерира дека забрзувањето на ширењето на вселената се забавува, објавува BBC. Професорот Јонг Вук Ли од ...

Националната кошаркарска асоцијација експресно ги определи суспензиите за Хосе Алварадо и Марк Вилијамс кои разменија удари среде мечот на нивните тимови ноќта меѓу саботата и неделата. НБА го суспендираше бекот на Њу Орлеанс Пеликанс, Хосе Алварадо, на 2 натпревара, додека центарот на Финикс Санс, Марк Вилијамс, е суспендиран на 1 натпревар, по нивната тепачка во саботата навечер, објави ESPN. Да се потсетиме дека во текот на третата ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
42%
1025
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
39%
1025
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
36%
1025
weather icon

Софија

15ᴼ / 12ᴼ
1.03
51%
1025
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
3.87
37%
1027
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
42%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
6.26
54%
1026
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
42%
1024
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
30%
1025
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
2.68
43%
1028
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 15ᴼ
1.79
29%
1025
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
6.69
38%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Кобалт

66.14

Платина

68963.35

Паладиум

51794.85

Сребро

2711.59

Злато

166253.76

Цинк

3.24

Алуминиум

3.42

Калај

50.64

Родиум

372948.66

Иридиум

231355.22

Бакар

11.73

Рутениум

47358.05