Во пресрет на утрешниот празник, Денот на ослободувањето на Гостивар вечерва се одржа свечена академија со културно-уметничка програма и доделување на награди за ученици од литературен конкурс. „Од 18 ноември 1944 година нашиот град пулсира како слободен град и се движи по патеката на својот развој. Токму затоа, денес се навраќаме пред 81 година за да се потсетиме и да им оддадеме почит на нашите претходници. На утрешниот ден слободарската ...

Поради силен јужен ветер што го зафати скопскиот регион, два авиона се пренасочени да слетаат на приштинскиот аеродром, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување. Од ДЗС информираат дека два други авиона сѐ уште кружат и чекаат инструкции за слетување на Меѓународниот аеродром Скопје. Надлежните ја следат состојбата и апелираат патниците да ги следат информациите од авиопревозниците и од аеродромските служби. Од Управата за ...

Во гостиварска Горна Бањица се реализира проект за инфраструктурно уредување на главниот пат. Ова беше повод градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани денеска да го посети селото и ги види одблиску завршените работи на дел од главниот пат. Тој истакна дека се работи за зафат со кој значително ќе се подобрат инфраструктурните услови за жителите. „Дојдовме во Горна Бањица да видиме еден дел, еден сегмент од четирите сегменти на локалните ...

Сите 2.700 лица со дијабетес тип 1, а особено работоспособните, што побрзо треба да добијат сензори за мерење шеќер во крвта и да имаат соодветни услови за работа и време за пауза за исхрана во текот на работниот ден. Ова денеска го истакна претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Димче Велев, кој рече дека Светскиот ден на дијабетесот го одбележуваат во насока на тоа што го има дадено Меѓународната дијабетолошка федерација, а ...

Откако денес беа распишани повторените избори за 11 јануари, првиот човек на Гостивар, Ваљбон Лимани изјави дека со својот тим и соработници се подготвуваат за изборниот процес истакнувајќи дека граѓаните го имаат последниот збор: „Почнуваат веќе да течат роковите и ние се подготвуваме, а граѓаните на 11 јануари ќе го кажат своето. Јас повторно сум кандидат за градоначалник на Гостивар од НАИ“. Од НАИ изминатиот период реагираа со барање ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши за 11 јануари ги распиша локалните избори за четирите општини Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа каде на 19 октомври, прв круг на Локалните избори немаше доволен број излезени граѓани на гласање. „Со стапувањето во сила на овој акт, надлежните институции започнуваат со спроведување на законските рокови и процедури. Упатувам повик до Државната изборна комисија, општинските изборни комисии, ...

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата, кои стапуваат на сила од полноќ. Со најновата одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за околу 0,23 проценти. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1 денар по литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 денари по литар. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство ...

Во гостиварската гимназија на 14 ноември 2025 година се одржа првата етапа од научната активност „NUMERIX“, посветена на математиката и природните науки – информатика и физика. На првата етапа учествуваа вкупно 34 ученици од СОУ „Гостивар“. Преку прашања подготвени согласно наставната програма, тие ги демонстрираа своите аналитички способности и научни таленти. Најуспешни во првата етапа беа тројца ученици кои освоија 74,5; 69,5 и 67,5 поени ...

Владата го објави јавниот повик за доделување ваучери за набавка на електронски уреди: преносен компјутер (лаптоп или All-in-One), таблет или персонален компјутер. Ваучерите се во вредност од 15.300 денари. Право да аплицираат имаат сите студенти на прв циклус студии државјани на Република Македонија, запишани (редовно или вонредно) во учебната 2025/2026 година на државни или приватни високообразовни установи во земјата. Студентите исто така ...

Вчера (16.11.2025) во 11:55 часот на патот Тетово-Гостивар, на наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.К.(24) од Албанија. При контрола во сообраќајот со радар е констатирано дека тој управувал патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки со брзина од 161 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час, информира МВР. Исто ...

Логично е повторените избори да се одржат со истите кандидати како во првиот круг, истакна в.д. градоначалникотот на Гостивар и кандидат на НАИ на изборите од 19 октомври, Ваљбон Лимани, во емисијата „Стадион“ на Канал 77. „Не може да се случи јас да барам цензус од 17 илјади гласови на 19 октомври, а некој нов кандидат кој не бил дел од трката да стане градоначалник со 5 илјади гласови без никаков цензус. Тоа ја нарушува еднаквоста и ја ...

Денес (понеделник) наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 5 до 16 степени. Како што информира УХМР, следува период на нестабилно време со ...

Петнаесет забрани за вршење дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите, како што велат од АХВ, бил ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата ( ...

Совршена есенска слатка магија! Овој мек и миризлив ролат од тиква е наполнет со богат крем од костени и е идеален за послужување на семејни собири или празнични трпези. Комбинацијата од природната сладост на тиквата и неодоливиот вкус на костени создава десерт што ќе ги освои сите. Потребни состојки: Начин на подготовка: Тиквата исечкајте ја на коцки и сварете ја на пареа, па пасирајте ја во пире. Загрејте ја рерната на 180°C. Подгответе ...

Вчера (14.11.2025) во периодот од 14:50 до 15:55 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар во содејство со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гостивар и инспектори од Трудова инспекција спровеле акциска контрола во објект во изградба на ул.,,Беличица” во Гостивар. „Притоа, на објект се затекнати и приведени седум државјани на Република Турција и тоа М.К.(51), А.Б(55), Ј.И(56), М.А.(40), Т.У.(55), С.Ч.(35) и ...

Предијабетесот ни сигнализира дека нивото на шеќер во крвта е повисоко отколку што треба да биде, но сепак не е во границите на дијабетесот. Добрата вест е дека промените во начинот на живот, особено исхраната, можат значително да го намалат ризикот од прогресија на болеста. Прочитајте ги седумте најважни чекори што вреди да се применуваат секојдневно, а кои се потврдени со научни истражувања. Кажете „не“ на пијалоци на база на шеќер Газирани ...

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се има одговорност, да се дознае кој можел да спречи, а не го направил тоа, кои институции задоцниле со реакција, да преземат мерки и да се направи се ваква трагедија никогаш повеќе и никому да не му се случи, побараа денеска родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 30. „Марш за ангелите“, кој овојпат се одржа во Скопје. Маршот почна на пладне на плоштадот „Македонија“, од ...

Градењето мускули често се поврзува исклучиво со внесот на протеини, но експертите нагласуваат дека е потребно многу повеќе ако сакаме да станеме посилни. Постојат голем број хранливи материи кои треба да бидат дел од исхраната, бидејќи тие го поддржуваат растот, силата и закрепнувањето на мускулите, вклучувајќи: Јаглехидрати Додека протеините се неопходни за градење и поправка на мускулните влакна, јаглехидратите се главен извор на енергија ...

Работниците во земјава сметаат дека минималната плата треба да се зголеми од 600 до 700 евра, покажува анкетата што ја спроведе Сојузот на синдикати на Македонија на 11 и 12 овој месец на репрезентативен примерок од 1.613 испитаници. На прашањето „Колку треба да изнесува минималната плата“, од вкупниот број испитаници 45,2 проценти одговориле дека минималната плата треба да се зголеми на 600 евра, 42 проценти сметаат дека минималната плата ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши постапува само врз основа на роковите и процедурите утврдени во Изборниот законик за одредувањето на датумот за повторените избори за градоначалник во Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуша и Центар Жупа. Затоа, датумот на изборите ќе биде објавен во горенаведениот законски рок и јавноста ќе биде известена во наредните денови, информираат од Кабинетот на Гаши. -Процесот на распишување на изборите не е ...

Единаесеттото издание на IDF Diabetes Atlas за 2025 година покажува дека дијабетесот е една од најбрзорастечките хронични болести. Според податоците, во 2024 година околу 589 милиони возрасни во светот живееле со дијабетес, што претставува 11,1 проценти од глобалната популација на возраст од 20 до 79 години. Околу 43 отсто од сите заболени се недијагностицирани, што значи дека приближно 252 милиони лица не знаат дека ја имаат болеста. Атласот ...

Поради санација на дефект во водоводната мрежа има привремен прекин на водоснабдувањето во Зона 6 и на улица „Мара Угриноска“-информираше утрово Јавното претпријатие Комуналец Гостивар. „Водоснабдувањето ќе се нормализира по завршувањето на техничката интервенција. Се извинуваме и се надеваме на разбирање од граѓаните за овој прекин.“, стои во известието од претпријатието. Граѓани реагираа на подолг прекин на водата пред два дена, исто така ...

Од денес (15.11.2025) започнува законската обврска за поседување и носење на зимска опрема во возилата. На возачите на автомобили им се препорачува да имаат зимски гуми со длабочина на сечење од 4 до 6 милиметри, во зависност од тоа за кои гуми станува збор, и синџири доколку користат летни гуми. Истото важи и за камионите, додека автобусите е предвидено да поседуваат и лопата. Секторот за внатрешни работи Тетово најави дека ќе ги зајакне ...

Советот на Општина Гостивар на денешната прва седница во нов состав ја усвои Развојната програма за 2026-та година, во која се предвидени шеесет капитални проекти со вкупна финансиска рамка од 900 милиони денари. „Програмата е стратешки документ кој ги содржи главните инвестиции во Општина Гостивар во областа на инфраструктурата, образованието, животната средина и друго. Целта е да се подобри квалитетот на животот на граѓаните, да се поттикне ...

Ако некогаш сте забележале дека во речиси секој пар мажот е повисок од жената, не сте единствени. Оваа разлика не е случајна, туку резултат на комбинација од биолошки, хормонални и еволутивни фактори кои науката ги објаснува со изненадувачка прецизност. Хормоните – природни скулптори на телото Главната причина за разликата во висината лежи во хормоните. За време на пубертетот, и кај момчињата и кај девојчињата, се лачат хормони на раст, но ...

На конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Маврово и Ростуше за претседател на советот беше избран Елвир Пајкоски од ВМРО-ДПМНЕ. На седницата беа верифицирани мандатите на новоизбраните советници со што официјално ја започнаа работата како советници. Советот на Општина Маврово и Ростуше во новиот состав брои 11 советници: ВМРО-ДПМНЕ – 5 советници, СДСМ – 3 советници, Демократска партија на Турците – 2 советници и НАИ – 1 ...

Од пристигнатите 25 случаи, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции анализираше 19, од кои кај 10 случаи утврди дека се непотребно извршени операции или непотребно се упатени за операции, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу. Од доставените 25 случаи, комисијата утврди дека шест треба да се испратат до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), бидејќи таа не е надлежна. ...

Со верификација на мандатите на избраните советници и давање на свечена изјава денеска беше конституиран новиот состав на Советот на Општина Гостивар. За претседател на Советот е избран Валдет Џафери од НАИ, а според правните одредби конститутивната седница ја отвори највозрасниот член од новиот состав Шерафедин Беба. „Четири години ќе соработуваме, сакам да ви се заблагодарам на довербата, верувам сите без оглед на политичка, етничка ...

Надоместоците за членовите на Избирачките одбори, Општинските изборни комисии за спроведување на Локалните избори 2025 година нема да се намалат, туку ќе се движат на ниво на претходните избори, односно Претседателските и Парламентарните избори, информираше денеска претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко на јавната седница, на која едногласно беше усвоен Правилникот за определување на критериуми за надоместоци за членови ...

Времето денеска (петок) наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура во гостиварскиот регион ќе се спушти до 2 степени, а максималната ќе достигне 16 степени. Како што информира УХМР, за време на викендот времето ќе биде стабилно, суво и тивко со умерена облачност. Во утринските часови ќе има појава на магла во ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
81%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
70%
1027
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.0
79%
1027
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
2.19
59%
1029
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
4.4
69%
1030
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
100%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
5.14
65%
1027
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
71%
1026
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
61%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
74%
1031
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
1.34
63%
1028
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
63%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Платина

67998.83

Сребро

2648.90

Иридиум

229769.28

Алуминиум

3.29

Паладиум

51794.85

Цинк

3.27

Родиум

368126.05

Злато

163613.54

Рутениум

45750.51

Бакар

11.75

Кобалт

66.14

Калај

50.04