Европската Унија ја казни кинеската платформа за онлајн купување Temu со 200 милиони евра поради прекршување на европскиот Закон за дигитални услуги (DSA), откако истрагата покажала дека на платформата масовно се продавале небезбедни и нелегални производи. Ова е една од најголемите казни досега изречени според европските дигитални правила, а случајот повторно ја отвори дебатата за тоа колку младите се безбедни кога купуваат евтини производи ...

За дел од матурантите изборот на факултет е исполнување на личен сон, за други – прагматична одлука за сигурна работа и повисока плата. Во време кога младите сè почесто размислуваат дали иднината да ја градат дома или во странство, изборот на студии станува една од најважните одлуки што ја носат уште на 18 години. Дилемите се многубројни – дали да се следи сопствениот интерес или пазарот на труд? Дали да се избере факултет што носи сигурна ...

Јас сум Даница, а ова е мојот став: Претпоставувам дека денеска, додека го пиете првото утринско кафе, социјалните мрежи веќе ви се пожолтени од икони. Секој втор статус е цитат за „светото македонско писмо“, политичарите читаат говори напишани од нивните асистенти, а на телевизија оди истиот документарец што го гледаме секоја година во исто време. Честит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители! Денот кога гордо се удираме во гради дека ...

Речиси секој втор млад човек во Европа користел AI chatbot за разговори за лични, емоционални или ментални проблеми. За многумина, разговорот со вештачка интелигенција станува полесен отколку разговорот со психолог или здравствен работник. Ова го покажува ново истражување на Ipsos BVA спроведено меѓу 3.800 млади на возраст од 11 до 25 години во France, Germany, Sweden и Ireland. Истражувањето било нарачано од француското тело за приватност ...

Нови студентски домови, модерни студиски програми, повеќе стипендии и „европски стандарди“ — државата најавува голем пакет реформи во високото образование. Прашањето што реално ги интересира младите е многу поедноставно: Дали сето ова е доволно за некој да реши да остане во Македонија? Фото: Infomedia Balkan Затоа што проблемот одамна не е само во факултетите. Младите не заминуваат само поради старите амфитеатри или дотраените студентски ...

Акните како дерматолошки проблем се сѐ почести кај многу млади. Според доц. д-р Мирела Василева, истите се резултат на зголемено лачење себум, затнување на порите, намножување на бактерии и појава на воспаление. Д-р Мирела Василева Појавата на зачестеност кај младите е како резултат на комбинација од различни фактори како изложеност на стрес, неправилна исхрана богата со шеќери и преработена храна, хормонални промени како и употреба на ...

Центарот за граѓански комуникации е дел од регионалниот проект за зајакнување на гласот на младите RISE Balkans, во којашто учествуваат универзитети и невладини организации од Хрватска, Грција, Албанија и Бугарија. На одржаната работилница во просториите на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип беа презентирани одговорите на 56-те испитаници од нашата држава за можностите на граѓанско учество, пречките и потребите поврзани ...

Честит Ден на македонскиот јазик. Не знам дали јазикот има потреба од ден, или ние имаме потреба од причина да застанеме и да се сетиме дека зборуваме, па еднаш годишно се однесуваме како да откриваме нешто што ни било пред нос цело време, иако реално никогаш не ни било пред носот туку постојано е тука, некаде помеѓу мислата и зборот, таму каде што не стигнуваме да се контролираме. Ако веќе се фокусираме на тоа дека денес е Ден на ...

Во време на брза дигитална комуникација и чести дилеми околу писменоста, разговараме со лекторката Марија Лозаноска – професор по македонски јазик, автор и долгогодишен наставник. Со богато искуство како лектор и активна промоторка на јазикот, таа го споделува својот поглед за младите, интернетот и значењето на правилната употреба на македонскиот јазик. Марија Лозаноска 1.Како би ја опишале состојбата со писменоста кај младите денес, во ...

Темата за тоа дали е среќа или несреќа што Гоце Делчев не живее денес е прилично незгодно прашање што нè засега нас самите, бидејќи, ако сме искрени, многу полесно е да се восхитуваш на некого од дистанца, отколку навистина да се соочиш со него и со она што го претставува во реалноста. Од една страна, можеби навистина е добро што Гоце не е дел од денешното време, во кое постои една чудна и упорна навика сериозните идеи да се претвораат во ...

Развојот на дигиталните технологии придонесува за длабоки промени во начинот на работа и комуникација. Секојдневното изложување на Интернет е неопоходност во денешното општество, но воедно претставува и ризик од злоупотреба на податоци кои се споделени, со што се наметнува потребата за поголема едукација поврзана со дигитализација и човекови права. Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип остварува академска соработка со ...

Македонија падна за уште три места подолу на Индексот на слобода на медиумите на Репортери без граници (РСФ), и годинава се најде на 45-то место. Минатата година, државата исто така забележа пад од 36-то на 42-то место. Севкупно земено, за две години државата се најде девет места подолу на овој индекс и премина од „задоволителна“ во „проблематична“ во однос на слободата на печатот. Како една од главните причини што ги посочуваат од РСФ, е ...

Животот под кирија за студентите носи многу предивици, пред се со соочување со самостојноста но и проблемите кои ги носи таа. За многу студенти, академското образование не претставува само предавања, испити и нови пријателства, туку и промена на местото на живеење и започнување на самостоен живот. Живеењето самостојно, од една страна носи независност и слобода, но од друга страна соочување со предизвиците кои ги носи „возрасниот“ живот. ...

Традиционалните кариери како право, медицина и администрација стануваат одбивна одлука за идна професија на младите, па наместо тоа, тие се насочуваат кон пофлексибилни и креативни професии. Според анализи објавени од BBC, интересот за freelancing, дигитален маркетинг, креирање содржини и стартапи значително расте, особено кај генерацијата Z. Многу млади велат дека главната причина е желбата за поголема слобода и баланс помеѓу работата и ...

Во последните неколку години, начинот на кој младите го користат вниманието значително се промени. Брзата консумација на кратки видеа, карактеристична за платформи како TikTok, Instagram Reels и YouTube Shorts, отвори нови прашања за влијанието на дигиталните навики врз концентрацијата. Во јавниот дискурс сè почесто се користи терминот „brain rot“ – популарен, но неформален опис за состојба на намалена способност за фокус и зголемена потреба ...

Европската недела на имунизацијата оваа година се одбележува под мотото „Вакцините функционираат за сите генерации“, со цел подигање на свеста за важноста на вакцините. Од 19 до 25 април, 2026 година се одбележа Европската недела на имунизација со овогодинешното мото „Вакцините функционираат за сите генерации“. Оваа недела се одбележува секоја година и целта е да се подигне свеста и едукацијата за важноста на вакцините, превенцијата и ...

Сѐ поголем број млади луѓе денес се соочуваат со сериозни предизвици поврзани со менталното здравје, образованието и вработувањето, покажуваат анализи и истражувања објавени во медиумите. Woman photo created by freepik – www.freepik.com Анксиозноста станува една од главните причини поради кои учениците избегнуваат училиште. Истражувања покажуваат дека значителен дел од младите чувствуваат силен притисок од училишните обврски, социјалните ...

Во согласност со новиот Законот за средно образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа завршен испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. -Соодветно на тоа од која област доаѓаат, учениците така и ќе полагаат. Затоа што постои разлика во општообразовните предмети на гимназиското учење, средно стручното учење и уметничкото учење. Помал е обемот и бројот на часови во стручните и во уметничките ...

Границата меѓу младост и старост веќе не е тоа што беше. Нови истражувања и анализи објавени од National Geographic покажуваат дека перцепцијата за тоа кога човек станува „стар“ значително се поместува — и дека дефиницијата за младост практично се редефинира. Во време кога луѓето живеат подолго, а науката сè повеќе навлегува во процесот на стареење, класичните категории како „млад“, „средна возраст“ и „стар“ стануваат сè понејасни. Young old ...

Европската Унија прави нов чекор кон побезбеден интернет за младите преку проверка на нивната возраст. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека новата европска апликација за проверка на возраст е технички подготвена и наскоро ќе биде достапна. Апликацијата ќе им овозможи на корисниците да ја докажат својата возраст при пристап до онлајн платформи, со цел да се спречи изложеност на штетна и несоодветна ...

Европската унија од 10 април 2026 година започна со целосна примена на новиот дигитален систем за евиденција на влез и излез, познат како Entry/Exit System (EES), кој се однесува на државјани од трети земји што патуваат во Шенген-зоната. Photo by Artur Tumasjan on Unsplash Што всушност се менува? Новиот систем предвидува: Биометриска регистрација дигитално следење на влез/излез автоматска контрола колку долго престојуваш во Шенген Идејата е ...

Дигитален детокс или пауза од телефонот може позитивно да влијае на мозокот и менталното здравје на луѓето. Судската пресуда против „Мета“ и „Јутјуб“ го отвори повторно прашањето за влијанието на социјалните медиуми, а најновите истражувања покажуваат дека дури и кратка пауза од телефонот може да го „врати“ мозокот во состојба на помлада когнитивна функција и да го подобри вниманието и менталното здравје. Во неодамна завршеното судење против ...

Сè повеќе студии покажуваат дека долгото користење на социјалните мрежи кај младите го зголемува нивото на анксиозност и предизвикува проблеми со спиењето. Постојаната споредба со други, притисокот од коментарите и непрекинатото скролирање ги прават младите повеќе стресирани и уморни, а родителите честопати пријавуваат дека децата не можат да се одморат и поминуваат премногу време на телефоните. Како резултат на тоа, неколку земји веќе ...

Човештвото повторно гледа кон Месечината – но овој пат со нова технологија, нова визија и фотографии што изгледаат како да се од научна фантастика. Во рамките на програмата Artemis, вселенското летало Orion spacecraft испрати серија спектакуларни кадри од орбитата на Месечината, нудејќи перспектива што ретко сме ја виделе. Меѓу највпечатливите е т.н. „Earthset“ – момент кога Земјата „заоѓа“ зад хоризонтот на Месечината, создавајќи сцена што ...

Во време кога младите имаат повеќе избори, повеќе технологии и повеќе „слобода“ од било која генерација претходно, едно прашање станува сè понепријатно: зошто среќата не доаѓа толку лесно? Наместо очекуваната безгрижност, сè повеќе млади зборуваат за замор, притисок и чувство дека постојано доцнат зад некаква невидлива трка. Photo by Jacqueline Munguía on Unsplash Истражувањата не само што го потврдуваат ова, туку и нудат прилично јасна, ...

Трендот на намалување на бројот на ученици во основните училишта продолжува, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Од друга страна, кај средното образование има сосема мал , речиси незабележителен раст. На почетокот на учебната 2025/2026 година, бројот на ученици во основните училиште изнесува 174 040. Ова претставува намалување за 3,6 % во однос на претходната учебна година, објави Државниот завод за статистика. Редовни ...

Занаетчиството во Македонија полека паѓа во заборав, ретки се младите луѓе кои ја одржуваат традицијата и одлучуваат да се посветат на занаетот. Владимир Јанев е млад човек од Кочани кој како професија одбрал занает кој многу од младите не го практикуваат. Веќе неколку години тој работи во градежништвото и керамиката со фокус на изработка и поставување на плочки во деловни и станбени објекти. Владимир Јанев Овие професии во денешно време се ...

Ева Давкова е млада дизајнерка од Штип која своето високо образование го завршила во Милано, Италија. Денес, Ева го гради својот бред „Deva Illustrations” и креира необични и уникатни парчиња облека. Желбата на Ева да навлезе во модниот свет потекнувала уште од најмали години и се креирала во текот на самото детство. Таа денес е горда што останала доследна на својата детска визија и имала можност да го живее својот сон. Ева Давкова „Одлуката ...

Книжевниот свет во 2026 година бележи динамичен период во кој се мешаат глобални гласови, комерцијални хитови и нови културни трендови. Од повторно популарни научнофантастични романи до психолошки трилери што доминираат на листите, читателите денес се движат меѓу сигурни класици и нови автори што брзо освојуваат внимание. Бестселери и нови имиња На врвот на повеќе меѓународни листи повторно се најде книга што и по неколку години од ...

Студентите ќе можат да го платат данокот за 2025 година на рати, најави Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ), по одржаната средба со директорката на Управата за јавни приходи (УЈП). Сепак, ваквата информација засега не е потврдена од УЈП, што отвора дилема околу тоа дали навистина ќе има можност за плаќање на рати. Средбата доаѓа по силните реакции од студентите, особено поради ретроактивната ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1029
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
0.51
80%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.29
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
63%
1027
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
74%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
0.89
76%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 6ᴼ
3.09
88%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Калај

46.54