Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Макфест по 41 пат – Штип ќе биде уште еднаш музички центар, со нови музички рефрени и потврдување на реномето на најквалитетниот фестивал на македонската забавна музика. Вкупно 27 изведувачи, дел нови, дел и досега учесници на фестивалот, ќе се појават на сцената на Домот на културата во Штип. Фестивалот се одржува во пеок и сабота, 30 и 31 октомври. -Имаме неколку учесници, нови коишто за прв пат ќе настапат, сите останати веќе настапувале ...
Децата во Македонија се изложени на сексуална експлоатација и злоупотреба, често од непознати, но и од познати лица на социјалните мрежи. Едно од десет деца (10% од децата) на возраст од 12 до 17 години што користат интернет в Македонијабиле изложени на сексуална експлоатација и злоупотреба со помош на технологијата во една година. Ова го покажува новиот извештај Disrupting harm (Спречување на штетата) во Северна Македонија, во кој се ...
Со активирањето на новиот национален портал е-наука, Македонија добива единствена дигитална платформа што ги поврзува научниците од земјата и дијаспората со глобалната научна заедница и бизнис-секторот. Идејата е „е-наука“ да нуди централизиран простор каде што на едно место се прикажуваат истражувачите, научно-истражувачките установи, нивните научни трудови, цитирањата и h-индексот. Порталот е дизајниран како национален регистар што треба ...
Математиката за многумина ученици е еден од најстресните предмети во училиште, но Нела Николова е дипломиран студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство која одлучи тоа конечно да го промени. Спојувајќи го своето повеќегодишно искуство од држење приватни часови со знаењето стекнато на факултетот, таа ја создаде BLESNI – дигитална едукативна веб-платформа за персонализирано учење по математика, целосно усогласена со ...
Деновиве јавноста повторно се шокираше од фактот што ниту еден македонски универзитет не се најде меѓу првите 1000 на престижните светски ранг-листи. Додека домашните дебати најчесто се фокусираат врз реформите, програмите и праксата, бројките од Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година и Буџетот на Министерството за образование и наука (МОН) го откриваат финансискиот аспект на овој проблем. Споредбата на средствата со кои ...
Државниот испитен центар ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок од полагањето на Државната матура 2026 година. Резултатите освен на интернет страницата http://www.matura.gov.mk, се објавени и на огласните табли во училиштата. Сите ученици кои сметаат дека е направен превид при вреднувањето на тестот имаат право да поднесат приговор до Училишната матурска комисија. Согласно упатството на Државниот испитен центар, ...
Што им недостига на младите во Македонија за да останат? Не бараат само повисоки плати – бараат можност да изградат нормален и сигурен живот За голем дел од младите во Македонија, прашањето не е само дали има работа, туку дали во земјата можат да изградат живот во кој ќе имаат пристојни приходи, сигурност, можност за напредување и чувство дека успехот зависи од нивниот труд, а не од партиска, роднинска или друга врска. Тоа го покажуваат и ...
Јас сум Даница, а ова е мојот став: Има еден чуден парадокс во нашава држава што редовно ни се прикрадува секој август. Возрасните тврдат дека ние, младите, сме нивната иднина, а со сите сили се трудат да нè претворат во нивна минатост. Гледано низ оптиката на нашето секојдневие, младоста овде е привремена дијагноза за која сите чекаат брзо да ни помине, или уште подобро, да се излекува преку емиграција. Ако го расклопите концептот на ...
Затворањето на дел од подрачните училишта во Македонија и понатаму предизвикува реакции, а министерката за образование и наука Весна Јаневска ја потврди оваа намера. Вчера, во гостување на ТВ Сител, најави дека ќе бидат затворени околу 20 подрачни училишта, кои во најголем дел имаат и помалку од 5 ученици. Фото: МИА Таа вели дека има случаи на едно дете во еден клас и во едно училиште, што го смета за несоодветно. Целта е поквалитетно ...
Августовската сесија на екстерните испити од државната матура ќе се одржи na 12 и на 14 август, со почеток во 9 часот. Испитите се наменети за матурантите кои во јуни не положиле или не ја завршиле целосно матурата. Според Државниот испитен центар (ДИЦ), за августовскиот рок се пријавени вкупно 1.460 кандидати – 1.328 за државна матура, 126 за стручна и шест за уметничка матура. Утре, 12 август, ќе се полага изборниот екстерен испит – ...
Сите знаеме барем една личност што сонува за билет во еден правец кон Германија или Шведска. Муабетот за „brain drain“ (одлив на мозоци) ни е секојдневие. Но, дали некогаш сте слушнале за „brain gain“ или прилив на мозоци? Тоа е оној феномен кога младите, образовани и амбициозни луѓе решаваат да ги спакуваат куферите – и да се вратат дома. Звучи како научна фантастика за Балканот, но една европска држава веќе го живее ова сценарио. Полска, ...
Иселувањето не е проблем само на Македонија – над 133.000 луѓе годишно ги напуштаат земјите на поранешна Југославија. Земјите на некогашната држава со години се соочуваат со сериозен демографски проблем – голем број жители, особено млади и образовани луѓе, ги напуштаат и иднината ја бараат во странство. Image by DC Studio on Magnific Според податоците од базата на меѓународната Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД), во просек ...
Мај 2026 година донесе нов рекорд – просечната нето-плата достигна речиси 50.000 денари. Но, пред да почнете да славите, да ги погледнеме бруталните факти зад овие бројки. Кој навистина ги зема овие пари, а кој е заглавен на дното? 49.544 денари Извор: ДЗС Кој го пумпа просекот, а кој преживува? Ако ги анализираме деталните податоци по сектори, сликата станува кристално јасна. Парите се концентрирани во неколку специфични индустрии. ...
Данските ученици ќе мора усно да ги бранат своите трудови во обид да спречат мамење со употреба на вештачка интелигенција. Данската влада ќе воведе голем број нови мерки, вклучително и компјутерски надзор, за ученици на возраст од 16 до 19 години. Учениците на возраст од 16 до 19 години кои посетуваат средни училишта ќе бидат охрабрени да работат писмени задачи во училиште, под контролирани услови, вклучително и следење на нивните ...
Матурантите на полагањето на двата екстерни испити во јуни постигнале просечна оценка 3,66, што е речиси идентичен успех како лани , кога беше 3,69. Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите кои се конечни и по поднесени и разгледани приговори. Новина оваа ...
Македонските дебатери од Младинскиот образовен форум (МОФ) постигнаа историски успех на меѓународниот турнир Prague Debate Spring 2026, освојувајќи го првото место во почетничката категорија и забележувајќи уште еден одличен резултат во отворената конкуренција. Турнирот се одржа од 10 до 13 јули во Прага, како дел од IDEA Youth Forum, кој секоја година собира стотици млади дебатери од целиот свет. Годинава на настанот учествуваа околу 300 ...
Startup Club Skopje го отвори повикот за четвртото издание на инкубаторската програма #ИмамИдеја4, наменета за млади претприемачи и тимови кои имаат иновативна бизнис идеја и сакаат да ја развијат во функционален стартап. Станува збор за тримесечна инкубаторска програма во која ќе бидат избрани 15 најперспективни бизнис идеи, кои ќе добијат менторска поддршка, интензивна обука, пристап до инвеститори и можност за претставување пред мрежа на ...
Европа и понатаму останува една од најатрактивните дестинации за студирање, покажува најновото рангирање на компанијата QS (Quacquarelli Symonds), специјализирана за анализа на високото образование. Иако светската листа ја предводат Сеул, Токио и Лондон, Минхен е прогласен за најдобар европски град за студенти, а дури пет европски градови се најдоа меѓу десетте најдобри во светот. Photo by Antoine Schibler on Unsplash Рангирањето е изработено ...
На денешен ден, пред 82 години, во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ се одржа Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на кое, покрај поставувањето на темелите на македонската државност, беше усвоена и Декларацијата за основните права на граѓаните на Демократска Македонија. Иако донесена во услови на Втората светска војна, Декларацијата содржи принципи кои и денес претставуваат основа на ...
Јас сум Даница, а ова е мојот став: Во Светото писмо стои дека „во почетокот беше Словото“, а кај нас, во Македонија, се чини дека на почетокот беше недоразбирањето на Словото. Додека во Брисел деновиве се случуваше она што рационалниот свет, со својот бирократски и прагматичен речник, го нарече „Супер вторник“, ден во кој нашите соседи затвораа поглавја и отвораа нови кластери, ние во нашата затворена чаршија уште еднаш ја отворивме старата ...
Секоја година во Требиње, Босна и Херцеговина се одржува Регионална летна школа за човекови права на која активно учество земаат студентите од Правните факултети од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија и Црна Гора. Овогодишната тема на летната школа беше поврзана со дигиталното и сексуалното насилство над жените. Во период од една недела студентите заедно со стручњаци од правната област ги обработуваат правните ...
Од вчера во Северна Македонија стапуваат во сила значително построги правила за управување со електрични тротинети. Со измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, електричен тротинет повеќе нема да смеат да управуваат лица помлади од 18 години, наместо досегашната старосна граница од 14 години. Новите правила доаѓаат по растечкиот број сообраќајни незгоди во кои учествувале возачи на електрични тротинети, мопеди и ...
Sleep streaming е најновото „лудило“ на Tik Tok, и Twitch, но и најнов модел за заработка на социјалните мрежи и медиуми. Замислете го следново сценарио: си легнувате да спиете, а наутро кога ќе се разбудите, сфаќате дека илјадници луѓе ве гледале додека спиете, притоа плаќајќи ви за тоа задоволство. Она што до вчера звучеше како чуден социјален експеримент, денес е глобален економски феномен познат како „sleep streaming“ (стримање во живо ...
Изминативе денови во собраниска процедура се доставени предлози за измена на Законот за студентски стандард кои вклучуваат построги правила, мерки и санкции за студентите сместени во студентските домови. Меѓу предложените измени самите прекршоци се поделени на полесни и потешки со соодветни санкции. Како потешки прекршоци се вбројуваат:внес и употреба на алкохол и наркотици, физичко и психичко насилство, вознемирување и дискриминација, ...
Giveaway објавите на социјалните мрежи, во кои за учество е потребно да лајкнеш објава, да означиш пријател или да споделиш содржина, наскоро ќе подлежат на нови законски правила во Македонија. Од 14 јули почнува да се применува новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри, со кој за првпат се воведува законска рамка за организирање giveaway активности. Ова значи дека компаниите, но и сите што организираат ваков тип наградни игри за ...
Work and Travel програмата е исклучително популарна кај голем дел од студентите кои ја користат за сезонска летна работа во Германија или Америка. Иако, поголем дел од студентите кои аплицираат одбираат да работат во Германија, сепак во последните години се зголемува интересот и за работа во Америка. Многу агенции во Македонија служат како посредници и им помагаат на студентите при барање на ангажман. Но, каде е подобро да се стекне работно ...
Кога размислуваме за „богати млади во Европа“, интуицијата нè води кон канцелариите во Копенхаген, Амстердам или Париз. Таму платите се високи, стандардот е врвен, а социјалната држава е силна. Но, ако отидеме под површината на официјалните статистички податоци за нето-богатството, сопственоста на имот и расположливиот доход, ќе видиме малку поразлична слика. Европа е економски поделена на два радикално различни света за младата популација ...
Нов Кодекс добија новинарите во Македонија, 25 години подоцна откако првпат беше изработен првиот, важечки се досега. Здружението на новинарите на Македонија, Македонскиот институт за медиуми и Советот за етика во медиумите на Македонија го промовираа новиот Кодекс на новинарите на Македонија. Toa e значаен чекор кон унапредување на професионалните и етичките стандарди во новинарството и зајакнување на довербата на јавноста во медиумите. ...
По неколку години во кои бројот на студенти беше во фокусот поради демографските предизвици, најновите податоци покажуваат позитивен тренд. Во академската 2025/2026 година на прв циклус студии во Македонија се запишале 55.036 студенти, што е 2,8 проценти повеќе во споредба со претходната академска година. Извор: ДЗС Најголемиот интерес и понатаму го привлекуваат студиите од областа здравство и социјална заштита, каде што се запишани 14.088 ...
Јас сум Даница, а ова е мојот став: Не знам дали конечно ви помина првичниот шок или сè уште летаргично седите во сопственото неверување, но вистината е соголена: како општество веќе не тонеме, туку одамна го допревме етичкото дно и сега копаме под него. Изминатава недела јавноста вресна пред сопствениот одраз во екранот: нови видеа од врсничко насилство, нови сцени каде што малолетници со ладнокрвност на филмски убијци тепаат и понижуваат ...