Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, гости двајца актери од македонската кошарка, од оние златни години на овој спорт кога дојдовме и до четвртото место во Европа, тогашниот директор на КФМ, Илија Мерџановски како и еден од најдобрите кошаркари во македонската историја, Тодор Гечевски. Меѓу бројните теми, Мерџановски ја раскажа и прикизната како им го „украдивме“ Лестер Бо Мекејлеб пред нос на Црногорците, кој ...

Сезона без трофеј секогаш предизвикува бура во Реал Мадрид, па и оваа година нема да биде исклучок. Во центарот на вниманието е Килијан Мбапе, кој имаше многу добра индивидуална сезона, но тоа не беше доволно за тимот да ги постигне посакуваните резултати. Шпанските медиуми, особено оние блиски до мадридскиот гигант, сè повеќе го доведуваат во прашање неговото влијание надвор од само статистиката. Режисерот на емисијата „Ел Партидазо“, Хуанма ...

Младинското репрезентативно крило, Ненад Белистојаноски, од сезоната 2026/27 ќе го носи дресот на првиот тим на Е. Пелистер. Тој се обврза на договор до јуни 2028 година со битолчани. 21-годишното десно крило е родено во Прилеп, но целосно се изгради како ракометар во Битола, ги прескокна сите скалила и дојде пред вратите на сениорскиот тим. „Нашиот проект да имплементираме квалитетни млади ракометари кон сениорскиот тим продолжува. Како и ...

Денеска во „Куќа на фудбалот“ беа извлечени двојките за полуфиналето во Купот на Македонија во младинските категории, со што официјално започнува битката за пласман во финалето кај младите фудбалски надежи. Во конкуренција на младинци, ќе се соочат АП Брера и Пелистер, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Шкупи 1927 и Вардар. Кај кадетите, за место во финалето ќе играат Њу Старс против Пелистер, а вториот дуел е помеѓу Вардар и ...

Кошаркарите на ТФТ Скопје вечерва од 19 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Градскиот парк во Скопје, на реванш натпреварот од финалната серија во АБА2 против босанскиот Широки брег со желба за триумф и обезбедување „мајсторка“ на патот кон АБА1 лигата. ТФТ загуби на првиот натпревар во Широки со 88-69, но само поради лошо одграната последна четвртина, иако македонскиот тим имаше водство во три-четвртини од мечот. Тренерот Боро Смилковски е ...

Напаѓачот на Комо, Нико Паз на крајот од сезоната најверојатно ќе се врати во Реал Мадрид. Аргентинскиот репрезентативец има клаузула во договорот со која Реал може да го откупи за мала цифра, и тоа ќе го стори. Но, потоа „кралевите“ најверојатно ќе го вратат назад во Италија. Според послендите информации, Интер сака да го ангажира во своите редови. Лидерот и веројатно идниот шампион на Серија „А“ ќе издвои 40-45 милиони евра за да ја купи ...

Арсенал вечерва во своето второ едноподруго полуфинале во Лигата на шампионите гостува на Атлетико Мадрид (21 часот) и по разочарувањето од минатата сезона, менаџерот Микел Артета инсистира дека неговиот тим е подготвен да ја искористи оваа можноста. Артета го водеше Арсенал до нивното прво полуфинале во Лигата на шампионите од 2009 година минатата година, но беа поразени од ПСЖ. Оваа сезона, неговата цел е клубот да стигне до второто финале ...

Германскиот кошаркар Исак Бонга, според последните информации, ќе го напушти Партизан ова лето. Најдобриот играч на Партизан, Исак Бонга, веќе подолго време не крие дека неговата желба е да се врати во НБА лигата. Како што објавува „Меридијан Спорт“, Детроит Пистонс подготвиле понуда за Исак Бонга и го сакаат во својот тим за сезоната 2026/27, па најверојатно ова лето заминува од Партизан. „Извори кои се многу запознаени со настаните во ...

Спектаклот меѓу Пари Сен Жермен и Баерн е сè уште главна тема на фудбалска Европа. Tренерот на баварскиот тим исто така даде свое мислење. Винсент Компани понуди објаснување кое значително се разликува од оние кои ја критикуваа одбраната. Девет гола, постојани промени на ритамот и отворена игра на двете страни го направија овој дуел вистинска прослава на фудбалот. Сепак, не сите беа воодушевени од напаѓачкиот сегмент од играта. Дел од ...

Кошаркарите на ТФТ Скопје вечерва од 19 часот во салата во Градски Парк во Скопје го играат вториот натпревар од финалната серија во АБА2 лигата против Широки брег. ТФТ Скопје е најдобриот македонски репрезент на меѓународната сцена оваа сезона, постигнувајќи извонреден успех со доаѓањето на чекор од влез во АБА 1 лигата, па во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, еден од најдобрите кошаркари во македонската ...

Ракометарите на Вардар 1961 ќе бркаат негатива од десет гола во Скопје на реваншот од четвртфинален натпревар во Европската лига, по поразот на гостувањето од Монпелје со 33-23. Јасно е дека само чудо може да ги однесе „црвено-црните“ до полуфиналето, за што е свесен и тренерот Иван Чупиќ кој вели дека резултатот, на крај, е логичен ако се знаат и проблеми составот и настапот без двајца клучни играчи како Малус и Хориха. „Може да кажам дека ...

Десниот бек на ПСЖ, Ашраф Хакими играше вчера за својот тим во мечот против Баерн Минхен, и покрај повредата поради која требаше да го пропушти овој меч. Меѓутоа важноста на мечот си го стори своето, па Мароканецот се најде во составот на Луис Енрике. Меѓутоа тој мораше предвреме да го заврши мечот, оставајќи го ПСЖ да стравува за реваншот во Минхен, а и Мароко за настап на Светското првенство. Минатата сабота во француското првенство на ...

Како што објавуваат српските медиуми, Партизан и Црвена звезда, почнувајќи од следната сезона, повеќе нема да играат во АБА лигата. Првиот човек на Кошаркарската лига на Србија, Александар Грујин, во интервју за „Моцарт“, ги потврди пишувањата на „Спорт клуб“ дека „вечните“ ривали ќе играат само во домашната српска лига почнувајќи од следната сезона. „Веќе имав разговори со сите наши најголеми клубови и сите тие изразија подготвеност да ...

Легендарната фигура на Реал Мадрид и светски шампион со Аргентина, Хорхе Валдано, го искажа своето мислење за иднината на тренерскиот штаб на „кралевите“, кој веројатно нема да остане под водство на Алваро Арбелоа следната сезона. Името на Жозе Мурињо, како што се очекуваше, беше споменато, а поранешниот фудбалер беше категоричен кога го коментираше случајот со сегашниот тренер на Бенфика. „Мурињо е затворена страница во клубот, не верувам ...

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, со самодоверба го пречека поразот од 5-4 од Пари Сен Жермен во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, сметајќи дека има шанси на реваншот да се анулира предноста. Тој го пофали својот тим за нивниот дух, особено кога губеа со 5-2. Тој рече дека ништо не е одлучено и дека сè може да се случи во реваншот. „За мене беше различно да гледам од страна, но повеќе би сакал да бидам на ...

Брани, го чува голот и ја носи Валенсија кон опстанок. Столе Димитриевски го живее својот најдобар период откако е во таборот на поранешниот шпански првак. Конечно, Валенсија сфати дека без Столе нема осптанок, а и тој е презадоволен од своите перформанси и од фактот што може да се истакне со одлични одбрани и да му носи бодови на тимот. Во изјава за клупскиот сајт, Димитриевски вели дека ова е неогивот најдобар период откако е во таборот на ...

Еден од фудбалерите на кои им се предвидуваше одлична кариера, но кој не го достигна својот максимум, дефинитивно е Аргентинецот Ерик Ламела. Некогаш одличен офанзивен играч, тој имаше сериозна европска кариера. Откако целата младост и почетокот на својата сениорска кариера ги помина во култната аргентинска Ривер Плата, авантурата на Стариот континент започнува во 2011 година во дресот на Рома. Тој поголемиот дел од својата кариера го помина ...

Лигата на шампионите е веќе реалност за Борусија Дортмунд. „Милионерите“ со триумфот над Фрајбург и дефинитивно обезбедија учество во најелитното клупско натпреварување во следната сезона. Затоа второпласираниот тим во Германија тргна по нови имиња, со кои ќе биде поконкурентен во Бундеслигата, и ќе се обиде да направи изненадување во Лигата на шампионите. Прва „мета“ за Борусија е српскиот интернационалец Лазар Самарџиќ. Самарџиќ се гледа ...

Малкумина кои веруваа дека голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер ќе прими пет гола од ПСЖ, а притоа ќе нема ниту една одбрана. Тој е единствениот голман со таков негативен рекорд во историјата на Лигата на шампионите. ПСЖ од пет удари кон голот на Баерн Минхен, реализираше пет голови, додека Баерн имаше шест удари и прими четири голови. За ПСЖ стрелаа по двапати Дембеле и Кварацхелија, додека еден гол постигна Невеш. Голманот можеби ја игра ...

Спектакл беше виден вчера во Париз, во натпревар со девет гола во кој ПСЖ се стекна само со гол предност против Баерн Минхен, пред реваншот во Германија. ПСЖ најпрво направи пресврт, а потоа дојде до убедливо водство, кое за малку ќе го испуштеше, но н а крајот успеа да го добие овој прв натпревар. Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике не ги криеше своите емоции по скектаклот. Тој рече дека ова е најдобар натпревар во неговата тренерска кариера. „Беше ...

Во втората рунда од плеј-офот во НБА се пласираа кошаркарите на Сан Антонио кои го елиминираа тимот на Портланд Треил Блејзерс до 114-95, и така ја добија серијата со 4-1. Предвидениот исход се оствари. Портланд го доби само мечот во кој Виктор Вембањама не играше поради потрос на мозокот. Спарси славеа рутински. По првата четвртина резултатот беше 36-24, а разликата до крајот само растеше. Последната четвртина веќе се беше решено, и Портланд ...

ПСЖ и Баерн Минхен одиграа натпревар во кој никој не сакаше да заврши, и да трае што подолго. Спектакл над спектаклите, со девет голови и на крај минимална предност за европскиот првак во дуелот со германскиот шампион од 5-4. Баерн водеше, потоа ПСЖ направи предност, па во еден момент дојде до предност од три гола, и кога се чинеше дека може и повеќе, Баерн се врати, па беше дури блиску и до израмнување, потоа и ПСЖ имаше шанса за поубедлива ...

Кошаркарите на Панатинаикос направија голем пробив во првиот натпревар од плејоф серијата на Евролигата во Валенсија, откако по тотална драма благодарение на Кендрик Нан, кој беше смирен од линијата за слободни фрлања, остварија триумф во Валенсија 67:68. Ова не беше убава кошарка, но беше плејоф кошарка, со солидна одбрана, токму онаква каква што треба да биде. И ни донесе вистинска драма и неизвесност до самиот крај, бидејќи Валенсија ...

Пораз на ракометарите на Вардар на првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европската лига од Монпеље. Без Хориха и Малус, дополнителен проблем беше и повредата на Да Силва, кој беше најефикасен по првиот дел, „црвено-црните“ немаа сили да дојдат до добар резултат пред реваншот во Скопје. Одбраната само во првиот дел одолеваше, додека во вториот се случи целосен распад на систмеот и играта на избраниците на Иван Чупиќ. Сега ќе треба на реваншот ...

Лесно и убедливо со 21 поен разлика Олимпијакос славеше триумф над Монако на домашен терен, и поведе во 1/4 финалната серија со 1-0. Првопласираниот тим во групната фаза имаше проблеми само во првата четвртина, а потоа откако го презеде водството, успеа да дојде до убедлив триумф. 20-19 беше предноста на гостите по првата четвртина, а втората Олимпијакос ја доби со 26-16. Грчкиот тим во вториот дел само додаде гас, ги доби и последните два ...

Кошаркарите на Бург со победата над Бешикташ од 73-71, успеаја да дојдат до вториот триумф во финалната серија над Бешикташ и да се закитат со пехарот од Еврокупот, и со тоа да обезбедат пласман во Евролигата идната сезона. Францускиот тим ја потврди одличната форма, и откако славеше со 72-60 во Истанбул, сега победи и на домашен терен и во само два меча го освои трофејот. Домашниот тим го отвори подобро натпреварот и стекна водство во првото ...

Од 18. минута во Париз води тимот на Баерн Минхен со голот на Хари Кејн од пенал. Ударот од белата точка беше досуден по стартот на Пачо врз Диаз. Меѓутоа прашање е дали имаше интензитет, а згора на тоа дефанзивецот на ПСЖ се чини прво ја расчисти топката. Но, пеналот беше потврден од ВАР, па така Хари Кејн го претвори го погодок, за предност на „Баварците“. Претходно имаше ситуација и во шеснаесетникот на Баерн, но не беше досуден пенал. ...

Екипата на ПСЖ брзо се врати по негативата и израмни на 1-1, а потоа и до предност од 2-1 за само девет минути. Откако Баерн поведе со 0-1 со голот од пенал на Кејн, израмни Кварацхелија кој убаво ја „измеша“ одбраната на Баерн, поточно Станишиќ, и погоди во малата мрежа на голот на Нојер. Баерн Минхен веднаш имаше шанса да дојде до нова предност, но Олисе ја погоди стативата по мешаницата во петерецот. Тоа го казни тимот на ПСЖ преку Жоао ...

Ова вечерва во Париз што го прикажуваат ПСЖ и Баерн Минхен, наликува на финале, а не на полуфинале во Лигата на шампионите. Атомски фудбал, пет голови, уште толку шанси, два пенали, и на крај домашниот тим има предност од 3-2. Баерн прв поведе со голот на Кејн од белата точка, откако Пачо стартуваше над Дијаз во 17. минута. Само седум минути подоцна, ПСЖ израмни со голот на Кварацхелија кој погоди во малата мрежа. Се играше 33. минута кога ...

Победа на првиот натпревар за кошаркарите на Фенербахче во дуелот со Жалгирис во 1/4 финалето. Турскиот тим доминираше во текот на целиот меч, и на крајот заслужено славеше со 89-78. Триумфот го реши по првиот дел кога се стекна со предност од 16 поени разлика. Сепак, гостите се вратија во третиот период кој го добија со 28-18, меѓутоа Фенербахче и во последниот период ја имаше контролата на резултатот, не дозволи на противникот да се доближи ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.27
65%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.5
90%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.45
93%
1013
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.47
65%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
5.75
57%
1011
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.39
92%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
0.45
67%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.85
69%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.89
60%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
66%
1010
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
0.89
53%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
1.41
59%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Калај

53.60