Министерството за образование и наука најавува сеопфатни реформи во високото образование и науката во Македонија. На Националниот електронски регистар на прописи (ЕНЕР) веќе се објавени предлог‑законот за високо образование и законот за квалитет во високото образование, а во наредните денови ќе биде поставен и законот за научноистражувачка дејност. Јавноста во следните 30 дена ќе може да доставува коментари и забелешки. Измените имаат за цел ...

Земјите од регионот го стегаат обрачотоколу пристапот на децата до социјалните мрежи. Со порастот на негативните последици – од нарушено ментално здравје, онлајн врсничко насилство, самоповредување, опасни предизвици, намалена концентрација и изобличена перцепција за вредности и успех – сè почести се иницијативите за заштита на малолетниците. По примерот на повеќе европски држави, и во Македонија е покрената петиција која бара забрана за ...

Заменик-шефот на руската воена разузнавачка служба ГРУ, Владимир Алексеев, е тешко повреден и хоспитализиран по обид за атентат. Според информациите од властите, 64-годишниот Алексеев бил застрелан во станбена зграда во североисточна Москва. Напаѓачот е во бегство, а потерата е во тек, соопшти истражната комисија. Отворена е истрага, меѓу другото, и за обид за убиство. Според медиумските извештаи, нападот се случил рано утрината во Москва. ...

Дел од учесниците во протестите и блокадите што изминатите денови се одржаа во неколку градови, поради примената на ригорозните сообраќајни мерки и одземањето на возила управувани без возачка дозвола, јавно упатија извинувања откако МВР најави кривични постапки против сторителите. По најавата на премиерот дека „жестоко ќе се одговори на блокадите“, со видеопорака се огласи Рафет Мемишовски од Битола, еден од учесниците во протестите. Тој се ...

Во Германија владее невообичаено студена зима, што ја отвори дилемата: дали гасните резерви ќе бидат доволни? Дел од јавноста се вознемири откако медиумите објавија дека домашните складишта се исполнети само околу 30 проценти. На 1 февруари магазинот „Фокус“ предупреди: „Студениот бран ги голта нашите гасни резерви“. Два дена претходно НТВ објави уште подиректна проценка: „Германските гасни залихи теоретски се доволни за околу шест недели“, ...

Иран се обидува да излезе од безбедносната ќор-сокак ситуација и најави подготвеност за директни преговори со САД околу својата атомска програма. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска (петок, 06.02.) во Оман треба првпат да се сретне со посредниците на американскиот претседател Доналд Трамп – Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според информациите што на 4 февруари ги објавија иранските весници „Џамаран“ и „Ентехаб“, со ...

По прекинот на електрична енергија на 31 јануари на голема територија и уште еден руски воздушен напад во ноќта кон 3 февруари, 1.170 станбени блокови во украинскиот главен град останаа без греење. Надворешната температура пак во истиот период падна и до минус 20 степени Целзиусови. Голем број станбени згради заради уништувањето на инфраструктурата од страна на руската војска, со недели се без греење и струја. Некои домаќинства во Киев немаат ...

Подготовките за Зимските олимписки игри 2026 во Милано и Кортина во Италија беа далеку од идеални. Изградбата на лизгалиштeто доцнеше, проблемите се редеа еден по друг, а боб-стазата предизвика контроверзии уште од самиот почеток. Историјата покажува дека бројни домаќини на Зимските олимписки игри се соочиле со истите предизвици – задоцнета инфраструктура и експлодирачки трошоци. Но некои експерти сметаат дека токму 2026 година може да стане ...

Смртоносниот напад врз кондуктер во регионален воз кај Кајзерслаутерн предизвика длабока трага на тага и неверување низ цела Германија. Триесет и шестгодишниот железнички работник беше нападнат од патник за време на редовна контрола на билети во понеделникот, а утрово им подлегна на тешките повреди. Претседателката на Управниот одбор на Германските железници (Deutsche Bahn AG), Евалин Пала, го оцени настанот како „црн ден за сите железнички ...

Новата арена за хокеј во Милано и новото лизгалиште во Кортина беа завршени токму на време. 25-тите Зимски олимписки игри може да започнат. Кортина д'Ампецо веќе втор пат е домаќин на Олимписките игри, првиот во 1956 година, односно пред 70 години, кога во зимскиот спортски центар во италијанските Доломити се одржа седмото издание на игрите. Кои се клучните факти за Зимските олимписки игри 2026? Зимските олимписки игри официјално ќе бидат ...

Податоците на германското Сојузно министерство за здравство покажуваат дека чекањето за преглед кај лекар-специјалист во Германија продолжува да расте за задолжително осигурените пациенти. Според одговорот на министерството на пратеничко прашање на партијата Левица, времето потребно за добивање термин кај специјалист бележи континуиран пораст. Во 2024 година, просечната временска рамка за државно осигурените пациенти во Германија изнесувала ...

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и Владата се договорија за зголемување на платите, но конечниот збор ќе го кажат органите и телата на синдикатот. „Владата го прифати барањето на УПОЗ, иако не во целост, но важно е што се договори исплата на додатоците на плати за работниците во државната управа и правосудството“, рече претседателот на синдикатот, Трпе Деановски, по средбата со ...

Заострените казнени мерки за сообраќајни прекршоци ги изнесоа на површина длабоко вкоренетите системски слабости и отворија прашања што со години останувале без одговор: Како е можно илјадници граѓани со децении да учествуваат во сообраќајот без валидна возачка дозвола? По серијата протести, блокади, запалени огнови и реакции на граѓаните, МВР и премиерот Христијан Мицкоски останаа на ставот дека казнената политика ќе се спроведува без ...

„Вашингтон пост", една од најреномираните американски весници, соопшти дека ќе отпушти повеќе од една третина од своите новинари. Одлуката доаѓа по повеќегодишна финансиска и внатрешна криза што го потресува медиумот откако во 2013 година го презеде основачот на Амазон, Џеф Безос. Сали Квин, долгогодишна колумнистка на весникот, ја опиша атмосферата како „едно погребување по друго“ – со постојани отпуштања, откази и понуди за отпремнини. ...

Часовникот отчукува: денеска истекува договорот „Нов СТАРТ" меѓу Русија и САД. Загриженоста е голема. Дури и Папата Лав XII повторно ги повика двете страни да го продолжат договорот. Што е Нов СТАРТ? СТАРТ е кратенка за „Договор за намалување на стратешкото оружје“ и се однесува на нуклеарно оружје со долг дострел во сопственост на САД и Русија. Новиот СТАРТ договор од 2010 година го ограничува бројот на распоредени стратешки нуклеарни боеви ...

„Се надевам дека Ангела Меркел наскоро ќе ја прегази автобус“. Овие мрачни фантазии потекнуваат од пенкалото на поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон, и се дел од новообјавените делови од т.н. Епстинови досиеја. Германскиот неделник Шпигел пренесува дека меѓу стотиците илјади мејлови и разговори се наоѓаат и делови што се занимаваат со состојбата во германската политика. Бенон против Германија Станува збор ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) поднесе иницијатива со која бара намалување на функционерските плати за 80 проценти. Според предложените измени, член 11 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците и други избрани и именувани лица би гласел: „Основица за пресметување на платата на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица е минималната плата во државата, според податоците на ...

Воведувањето на системот „Безбеден град“ предизвика серија огнови, протести и блокади низ државата, откако полицијата започна со построги контроли, казни и одземање возила на лица без возачка дозвола. Дел од граѓаните реагираат со палење гуми и затворање патишта, тврдејќи дека мерките се престроги и дека поединечни заедници се дискриминирани. Од друга страна, голем дел од јавноста бара законите да важат за сите и поддржува засилена ...

Хуманитарци делат топла храна –на пример во едно училиште во Харков, како што покажува украинската телевизија. Во источниот украински град со милиони жители моментално има повеќе од 100 вакви пунктови. Во градот се поставени и 33 мобилни станици за греење. На двоцифрени минусни температури на улиците, само во Харков, по последните руски напади, повеќе од стотина илјади домаќинства се без греење. „Немам струја, немам греење. Многу е студено“, ...

Германија ја има најстарата работна сила во Европската Унија. Тоа го покажува анализа на Сојузниот завод за статистика врз основа на податоци од европската агенција Евростат. Според нив, 24 проценти од вработените во Германија се на возраст меѓу 55 и 64 години. Тоа одговара на околу 9,8 милиони од вкупно 40,9 милиони вработени. Со тоа Германија е значително над просекот на ЕУ, кој изнесува 20,1 процент. Покрај Германија, и Италија (23 ...

Работата на судиите ќе биде подложена на систематски преглед. „Нога повлече" апелацискиот судија Ѓоко Ристов, осомничен за противправно стекнување и прикривање имот за кој постојат сомненија дека е прибавен со дејствија на корупција и трговија со влијание, при што во домот на неговите родители во Неготино беа најдени соѕидани 350 илјади евра. Но тој сигурно нема да биде единствениот судија чија работа ќе биде под лупа на Судскиот совет. ...

Либиските власти соопштија денеска дека Саиф ал-Ислам Гадафи, синот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, е убиен во пукотница во неговата резиденција во западниот либиски град Зинтан. Се верува дека Саиф се обидувал да се врати во јавниот живот во земја која останува длабоко поделена меѓу ривалските влади и вооружените групи. Кој беше Саиф ал-Ислам Гадафи? Тој беше втор син на покојниот либиски владетел Моамер Гадафи, кој владееше со ...

Македонија со години била вклучена во проект со Универзитетот „Колумбија“, каде што се создавала голема база на мозочно ткиво со цел да се вршат испитувања за самоубиствата и шизофренијата. За да се запазат етичките процедури, биле формирани етички совети во рамки на медицинските установи во Македонија и во САД, кои биле задолжени за обезбедување на неопходната документација. Од семејствата била побарана согласност за земање примероци што ...

Носењето на делови од човечко тело од Македонија во САД можеби довело до напредок во науката, но за нас тоа е само уште една потврда дека кога земјата е сиромашна сѐ е на продажба. Само треба да се појави вешт купувач. Да не беше така, Америка која е лидер во медицинските технологии и во научните истражувања, а според бројот на населението сигурно имала и стопати поголема стапка на самоубиства, немаше да се досети да бара човечки материјал за ...

Канцеларот Фридрих Мерц во рок од само 72 часа ќе посети три држави од Заливскиот регион – Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати – обидувајќи се да воспостави нови „стратешки партнерства“. Потребата за нови сојузништва повторно стана акутна, бидејќи традиционалната блискост со САД станува сè понесигурна. Зошто Заливот стана клучен за Берлин Зголемената дипломатска активност на Берлин е видлива уште на аеродромите во главните ...

Минималната плата повторно е во фокусот, откако Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави блокади кон пратениците, работодавачите и Владата. Според претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, игнорантскиот однос на институциите кон работниците го натерал синдикатот да премине во втората фаза од притисоците зазголемување на минималната и останатите плати. Блокада на пратениците – 10 февруари Рокот што го дадоа работниците за измена на ...

Контроверзата околу дочекот на бронзаните хрватски ракометари во центарот на Загребуште еднаш ја разоткри длабоката поделба во хрватското општество и неможноста да се изгради заеднички наратив. Првично замислен како свечена прослава по освојувањето на бронзата на хрватските ракометари на Европското првенство, дочекот на плоштадот „Бан Јелачиќ“ заврши како политички театар во кој самите ракометари имаа споредна улога. На едната страна беше ...

Што стои зад ненадејниот пресврт кај златото и среброто? По рекордните нивоа во претходната недела, цените на златото и среброто доживеаја остар и драматичен пресврт. Еуфоријата на инвеститорите за само неколку часа прерасна во паника, предизвикувајќи најголема дневна загуба на златото во повеќе од четири децении. Што се случи со цените на златото и среброто минатата недела? Во четвртокот златото достигна историски рекорд од над 5.580 долари ...

Непосредно пред долгоочекуваната средба меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, повторно се разгоруваат тензии меѓу двете соседни, но често спротивставени НАТО-членки. Состаноци на највисоко ниво во Анкара Од понеделник (9 февруари 2025) во Анкара треба да се одржи „Врховниот совет за соработка Грција–Турција“. Ако сè се одвива според планот, на маса ќе седнат и двајцата лидери, Ердоган и Мицотакис. ...

По преземањето на целосна контрола врз полицијата и безбедносните служби, власта во Србија се насочи и кон потчинување на правосудниот систем. Со измена на поедини закони се предвидува силно политичко влијание врз работата на поединечни обвинителства и значително ограничување на борбата против корупцијата и организираниот криминал. На удар се наоѓа особено Обвинителството за организиран криминал (ТОК), чии „упатени обвинители“ ќе бидат ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
42%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 24ᴼ
4.47
56%
1013
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.87
49%
1012
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
44%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.45
52%
1012
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
44%
1016
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
4.92
52%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
58%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
64%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09