Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, рече дека Америка сè уште не ги согледала сите предности од имплементацијата на царините, додавајќи дека оние кои се противат на тарифите “им служат на непријателски странски интереси”. “Целосната корист од царините сè уште не е пресметана, со оглед на тоа што многу купувачи на стоки и производи, со цел да избегнат плаќање царини на краток рок, ‘трупаат залихи’ купувајќи далеку ...

Во текот на минатата седмица, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше работни средби со претставници на 102 стопански субјекти – маркети, ресторани, бурекџилници, слаткарници, кафетерии и бутици, со цел нивно запознавање и едукација за начинот на правилно одлагање на отпадот. Во рамките на работните средби, претставниците на Еко-патролата презентираа на кој начин и каде комуналниот отпад и отпадот од пакувања што се ...

Собраниската комисија надлежна за финансирање и буџет денес треба да ја продолжи дискусијата по поднесените измени и дополнувања на Предлог-буџетот за 2026 година. Од вкупно доставените околу 200 амандмани, дел од нив се дискутирани на четирите седници што се одржаа по завршувањето на главната дебата. “Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу внимателно проектирана,” изјави министерката за финансии, Гордана ...

Оперскиот пејач Игор Дурловски, како одговор на последните случувања во Кавадарци, апелираше да се воспостават јасни, строги и транспарентни правила за организацијата, работењето и јавните појавувања на странските артисти, како и да се формира професионално и надлежно тело кое ќе го регулира овој сектор. “Во држава која и понатаму се обидува да зачува барем минимална културна сувереност, нашата јавна сфера се’ почесто се сведува на навивачки ...

Грчките земјоделци повторно излегуваат на протест, најавувајќи масовни блокади на патишта и гранични премини поради доцнење и делумна неисплата на земјоделските субвенции што им следуваат од државата. Според земјоделските здруженија, дел од средствата што требало да бидат исплатени во текот на есенскиот период сè уште не се префрлени, што предизвикало големи финансиски проблеми за производителите во период кога трошоците за гориво, ѓубрива и ...

Исплатата на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за последниот квартал ќе биде реализирана најдоцна до крајот на ноември, соопштија надлежните институции. Граѓаните кои редовно ги скенираат фискалните сметки преку апликацијата треба да ги добијат повратните износи директно на своите трансакциски сметки во наредните денови. Од Управата за јавни приходи нагласуваат дека обработката на податоците е во завршна фаза и дека најголем дел од барањата се ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денес ќе ги врачи стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година на 20-те најистакнати студенти кои ќе го продолжат своето образование на Сити Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“, со седиште во Солун, Грција. Овие стипендии се плод на здружената акција и кооперација помеѓу Претседателот, Министерството за образование и наука, Фондацијата „Борис Трајковски“ и Сити Колеџ, ...

Со намалувањето на коефициентите за пресметување на платите на јавните обвинители и членовите на Советот на јавните обвинители, Судот цени дека не се загрозува уставно загарантираната независност и самостојност на јавното обвинителство. Јавните обвинители земаат плата којашто одговара на нивниот статус, улога и дигнитет и нивната материјална состојба и сигурност не се загрозени како што се тврди во иницијативите бидејќи тие влегуваат во ...

Владата информира дека заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери за студенти, секој во вредност од 15.300 денари. Од нив, веќе 11.500 студенти успешно го реализирале ваучерот и подигнале нов електронски уред. -Овие бројки јасно покажуваат дека интересот е огромен, имплементацијата стабилна, а мерката создава вистински резултати, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција. Митева нагласи ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денес ќе му го врачи Орденот „8 Септември“ на Сашко Кедев. Според известувањето од Кабинетот на Сиљановска, признанието на Кедев ќе му биде доделено за неговиот храбар придонес во основањето на самостојна и независна Република Македонија, како и за активното учество во прогресот на македонската демократија. “Орденот на Кедев ќе му биде доделен за храбриот придонес во конституирањето на самостојна и ...

Австралискиот премиер, Ентони Албанезе, објави дека е постигнат официјален договор според кој Турција ќе биде домаќин на Самитот за климата КОП31 во 2026 година. “Постигнат е формален договор за одржување на КОП31 во Анталија, Турција, а Австралија ќе ги промовира интересите на Пацификот со преземање на улогата на претседавач во преговорите и за време на состанокот,” истакна Албанезе. Со ова се разрешува долготрајната нерешеност околу ...

Да допатувате од Минхен до Рим за шест часа и од Скопје до Атина за помалку од четири: Ако ѝ се оствари желбата на Европската комисија, ваква ќе биде иднината на патниците на европските возови. Но, дали амбициозниве планови можат да не излезат од колосек? На почетокот на ноември, Европската комисија објави нов сеопфатен транспортен пакет, заедно со акциски план за забрзано развивање на брзата железничка мрежа низ цела Европа. Целта е да се ...

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба (23.05.2025 година). Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар. Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инсепктори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и ...

МАСИТ на 3 декември оваа година ќе ја одржи годишната конференција под наслов „Recode Reality“. Темата на конференцијата носи силна порака, односно потреба од редефинирање на улогата на технологијата во општеството, бизнисот и секојдневието. Според претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, „Македонија има солидна телекомуникациска инфраструктура и стабилна интернет-покриеност, но дигиталната инфраструктура не е само технологија — тоа е и ...

Веќе од север во нашата Македонија започна да се спушта ладен воздух кој позначително ќе ги спушти температурите на воздухот и во текот на денешниот неделен ден максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 10 степени. Особено во западните и во југозападните предели повремено ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Времето ќе продолжи да биде ...

Од 05:05ч. сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир е во прекин поради одрон. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. Интензитетот на ...

Високи претставници на САД и на Украина, како и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија денеска во Женева, Швајцарија ќе разговараат за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина. Новоименуваниот специјален пратеник за промоција на мировниот план за завршување на војната во Украина, Даниел П. Дрискол веќе пристигна во Женева, а се очекува да пристигнат и специјалниот пратеник ...

Настапот на српската ѕвезда Аца Лукас во Кавадарци бил прекинат поради сериозни безбедносни пропусти, непријавен ангажман и прекршување на правилата за работа на локалот, потврди градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев. Инцидентот се случил синоќа, нешто по полноќ, кога полицијата заедно со инспекции од повеќе институции влегла во угостителскиот објект каде што настапувал Лукас. Набргу по контролата, пејачот бил приведен во ...

Грција најави значајна промена во системот за контрола на сообраќајните прекршоци – нов, целосно автоматизиран механизам кој ќе ги евидентира прекршоците и ќе ги блокира сите возила или лица што имаат неплатени сообраќајни казни при обид да ја напуштат земјата. Според грчките власти, новиот систем ќе биде директно поврзан со граничните премини, полициските бази на податоци и камерите за сообраќај, овозможувајќи речиси моментално препознавање ...

Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, на покана од потпретседателката на Владата на Р Србија и министерка за економија, г-ѓа Адријана Месаровиќ, денес присуствуваше на свеченото отворање на четвртото издание на саемот „Винска визија – Отворен Балкан“, кој од 22 до 25 ноември 2025 година се одржува на Белградскиот саем. „Винска визија – Отворен Балкан“ е саем на вино, ракија, ...

Денес, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека конфликтот помеѓу Русија и Украина претставува “историска пресвртница”, додавајќи дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп “не се откажал од својата намера да донесе мир во Украина”. Според Орбан, стариот континент во моментов е исправена пред “два можни пата”. “Можеме да се вратиме од овој ќорсокак и конечно да се обединиме зад мировната иницијатива на претседателот Трамп, ...

Технолошкиот настан Witcon оваа година се одржа во атмосфера исполнета со енергија, креативност и желба за учење. Настанот ја собра ИТ-заедницата, стартап сцената, студентите, средношколците и професионалците од различни сектори, кои имаа единствена цел – да се поврзат, да разменат идеи и да го истражуваат патот на новите технологии. Од почеток до крај, програмата беше динамична и содржина богата со инспиративни говорници. Учесниците имаа ...

Корпорацијата ДГМТ, сопственик на весникот „Дејли меил“, денес објави дека постигнала согласност за купување на конкурентскиот весник „Телеграф“ за сума од 500 милиони фунти. Со ова се креира една од највлијателните медиумски групи од десничарска провениенција во Обединетото Кралство. Овој договор доаѓа во период кога само една недела претходно, инвестициската компанија „РедБрд Капитал Партнерс“ со седиште во САД, ја повлече својата понуда ...

Сопственик на фирма од кавадаречко бил измамен преку хакирана електронска пошта со што бил оштетен за 80 илјади денари, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Вчера во 09:00 часот, во ОВР Кавадарци, 51-годишен жител од село во кавадаречко, сопственик на правно лице од Кавадарци, пријавил дека бил измамен за сума од 80.000 денари. Според пријавеното, преку европска платформа за транспорт, преку која договарале за да ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, упати поздрав до сограѓаните Албанци, во кој, како што се вели, со посебна почит го одбележува 22 Ноември – празник кој претставува моќен симбол на просветната дејност, културната зрелост и историското искуство на албанскиот народ. „Пред 117 години унифицираната азбука го започна своето патување од Конгресот во Битола, како најважен комуникациски ...

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, зема учество на интернационалниот форум „IYDU Freedom Forum Skopje 2025″. На форумот, таа одржа говор на тема „Трансформирање на Западен Балкан: Од агенди за реформи до интеграција во ЕУ и колективен просперитет”, во рамките на панел дискусија посветена на улогата на младите во предизвиците на 21 век. “Историјата не научила на нозе да ги дочекаме сите предизвици, бидејќи сфативме ...

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) вчера објави известување до авиокомпаниите, алармирајќи ги за „потенцијално опасна ситуација“ при прелетување над Венецуела и советувајќи ги да бидат претпазливи. ФАА ја наведе „влошената безбедносна состојба и засилената воена активност во или во близина на Венецуела“ и истакна дека заканите можат да претставуваат опасност за авионите на сите висини. Во последните месеци, регионот ...

Американскиот републикански претседател Доналд Трамп вчера вечерта во Белата куќа разговараше со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, демократскиот социјалист Зохран Мамдани, и го окарактеризира состанокот како „одличен“ и „многу продуктивен“, пренесоа американските медиуми. Мамдани, стоејќи покрај претседателот во Овалната соба, се сложи со процената дека средбата била плодна и дека акцентот бил ставен врз животните трошоци за жителите на ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на дводневниот „Форум за слобода“, меѓународн политички настан во организација на Унијата на млади сили во Северна Македонија и глобалната мрежа на центар-десни и конзервативни политички подмладоци. Настанот, обедини учесници, млади лидери од повеќе од 45 земји, со фокус на политичките, економските и стратешките предизвици пред младите генерации во ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес упати повик до граѓаните во пределите зафатени од надојдена вода да внимаваат на сигурноста на прехранбените производи, водата за пиење, како и на здравјето и благосостојбата на добитокот. АХВ преку медиумите советува да се следат информациите за временските услови, состојбата на реките во државата, водоснабдувањето и исправноста на водата. “Доколку во регионите каде веќе има излевање на реките ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
65%
1029
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
56%
1026
weather icon

Загреб

10ᴼ / 5ᴼ
0.0
64%
1024
weather icon

Софија

7ᴼ / 3ᴼ
7.72
52%
1032
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
3.11
77%
1031
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
74%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
5.14
66%
1027
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 2ᴼ
2.57
76%
1033
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
3.58
58%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
7.2
74%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Платина

68931.20

Паладиум

52052.06

Алуминиум

3.42

Рутениум

47358.05

Кобалт

66.14

Калај

50.61

Сребро

2696.16

Цинк

3.24

Бакар

11.57

Иридиум

231355.22

Родиум

374556.20

Злато

164352.04