Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Бројот на одобренијата за градење во септември 2025 година е зголемен за 6.1 % во однос на истиот период од претходната година Во септември 2025 година се издадени 314 одобренија за градење, што е за 6.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 124 419 илјади денари, што е за 5.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од ...
Во септември 2025 година, од вкупниот број туристи, 24.6 % се домашни, а 75.4 % се странски туристи, информира Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во септември 2025 година изнесува 262 686, од кои 31.8 % се од домашните туристи, а 68.2 % од странските туристи. Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.8 %, односно кај домашните ...
Намалување на бројот на повреди и заболувања на работните места преку зајакнување на законската и регулаторната рамка, модернизација на системот за инспекција на трудот, воспоставување национален информациски систем за безбедност и здравје при работа и унапредување на националните капацитети за управување и обезбедување услуги во оваа област, е клучната цел на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“. Проектот, ...
Започнувањето на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“ претставува значаен чекор во унапредувањето на националната политика за безбедност и здравје при работа, истакна денес министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши во своето обраќање на официјална промоција на Проектот. „Заштитата на здравјето и животот на работниците е темелна вредност и законска обврска, но пред сè морална должност на сите. Со овој ...
Со особена почит го одбележуваме овој ден, изразувајќи признание за вашата посветеност, стручност и одговорност во извршувањето на оваа значајна и благородна професија, се вели во честититката на УЈП Сметководителите претставуваат неопходен дел од економскиот систем – сигурен партнер во обезбедувањето точни, транспарентни и законски усогласени финансиски извештаи. Вашата улога е од исклучително значење за правилното функционирање на даночниот ...
На Листата на должници бр.11/2025 објавени се 2024 должници – правни лица (помалку за 17 од претходната листа) и 4017 физички лица (повеќе за 24 од претходната листа). Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.11/2025 изнесува 12.061.408.674 денари, (помалку за 155.920.964 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.892.002.551 денари, (помалку за 166.708.561 од претходната листа), додека долгот за царински ...
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во септември 2025 година, во однос на претходниот месец, се намалени во секторот Рударство и вадење камен за 0.7 %, а во секторот Преработувачка индустрија се зголемени за 0.2 %. Во септември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење ...
Во насока на поддршка и унапредување на услугите за граѓаните, ТИТАН Усје обезбеди генератор за Јавната здравствена установа Општа Болница Кочани. Генераторот ќе обезбеди непречено да се извршува здравствената дејност во оваа институција, што е од огромно значење. Истовремено ќе придонесе за подобрување на ефикасноста во работењето, во интерес на граѓаните од овој регион. Донацијата беше обезбедена по претходна консултација со менаџментот на ...
РС Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата, се вели во соопштението на Министерството за финансии. Ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на одлуката од 3.11.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,613%, кај дизелот за ...
Повратот на ДДВ собран преку апликацијата мој ДДВ за третиот квартал јули, август,септември 2025 треба да бидат исплатени најдоцна до 30-ти ноември 2025, односно 60 дена по завршувањето на кварталниот период, пишува Centar.mk. Инаку со проектот Мој ДДВ, граѓаните во Македонија може во еден квартал може да добијат поврат на ДДВ и до 2.100 денари, тоа значи дека доколку едно четиричлено семејство скенира редовно може да направи поврат од 8.400 ...
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и советникот на претседателот на Комората за економски развој и инфраструктура, д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, во Кавадарци остварија работна средба и воедно му го честитаа новиот мандат на градоначалникот д-р Митко Јанчев. На средбата претседателот Азески подвлече дека, Стопанската комора на Северна Македонија со градоначалникот Јанчев во претходните негови мандати ...
Очекуваната наредна корекција на минималната плата, според надлежните, повторно ќе биде пресметувана според комбиниран модел – раст на животни трошоци, продуктивност и економски индикатори и тоа ќе биде традиционално согласно законот во март 2026. Детали и официјален износ засега нема, но најавите од институциите укажуваат дека покачувањето ќе биде формализирано во наредниот период. Додека се чека официјалното решение, реалниот предизвик ...
Индексот на трошоците на животот во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи зголемување од 4.5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2.8 %, информира Државниот завод за статистика. Додека пак инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, изнесува- 0.2 %, информира ДЗС. Намалувањето на инфлацијата во октомври 2025 година, во однос на ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 368 279.8 милиони денари и бележи пораст од 2.09 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 523 204.2 милиони денари, што е за 3.59 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговската размена по производи ...
Бројот на работниците во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 2.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %, соопшти ДЗС. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, се намалил во групите ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59% во однос на одлуката од 29.10.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,480%, кај дизелот за ...
Бројот на работниците во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 2.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, се намалил во групите Енергија за ...
Крајот на септември до средина на ноември е терен за најсладок шумски „сток-пазар“ – периодот кога старите букови и дабови шуми се полнат со вргањ, кралот на шумските печурки. Вргањот (Boletus edulis) е една од најбараните печурки во гастрономијата во Европа. Најдобрите сушари од Италија и Словенија буквално се борат за добра суровина – тие тоа го нарекуваат „бело злато“. пазарна реалност: зошто вргањот е бизнис? во Македонија, сезонската ...
Регулаторната Комисија за Енергетика утре оддржува редовна седница на која ќе бидата утврдени новите цени на горивата во Македонија. Поради флуктациите на нафтата на светските берзи, можно е да има ново поскапување. Во изминатата недела беа забележани неколку корекции на горивата кои ги зголемија цените. Па така сега нафтата од типот брент се продава за 64,5 долари за барел. Во моментов цените на горивата во Македонија се следниве: ЕУРОСУПЕР ...
Во периодот од 22 до 31 октомври 2025 година, Рудник САСА, во соработка со детската градинка „Бамби“, основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ и Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица, ја реализираше еко кампањата „Супер добри дела“, наменета за најмладите членови на заедницата. Преку забавни и едукативни активности, кампањата ги поттикна децата да научат повеќе за рециклирањето, заштитата на животната средина, ...
Во септември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, е зголемена за 7.6 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во трговијата на мало во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално опаѓа за 0.8 %, ...
ндустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи опаѓање од 1.7 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.5 %, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото ...
Во 2023 година, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Северна Македонија има Скопскиот Регион со 45.9 %, додека најмало учество има Североисточниот Регион со 4.5 %, информира Државниот завод за статистика. Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат Скопскиот Регион со индекс 138.2 и Југоисточниот Регион со индекс 111.6. Сите други региони имаат бруто-домашен ...
Македонски Телеком продолжува со успешно работење и во третиот квартал на годината. Продолжува трендот на големи инвестиции во развој и модернизација на мрежата, раст во сите сегменти, зголемување на бројот на корисници и фокус на најдоброто корисничко искуство. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 6,1 проценти споредено со минатата година, а нето добивката бележи раст од 14,9 проценти. И ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети детската градинка „Срничка” во општина Аеродром. Согласно Програмата за поттикнување на потрошувачка на свежо овошје за 2025 година, објавена во Службен весник бр. 27/2025 од 07.02.2025 година, околу 38.000 деца од сите градинки во државата ќе добиваат домашно и квалитетно овошје. Издвоени се 40 милиони денари за набавка на околу 880.000 килограми домашно ...
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ ...
Како и секогаш, Халк Банк и овој пат пријатно ги изненади пензионерите, кои уште денес ја добија октомвриската пензија, која пак според законот треба да биде исплатена до први ноември, пишува Centar.mk. – Драги пензионери, Пензиите за октомври се веќе достапни! Од денес (30.10.2025), вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на сите банкомати и преку електронско и мобилно банкарство. Доколку сте дале ...
30.10.2025, Скопје: Високи претставници на ЕВН Македонија земаа активно учество на 14-тиот Меѓународен форум за енергетика и одржлив развој, кој оваа година се одржа во Скопје под мотото „Од цели кон акција: Напојување на иднината со одржлива енергија“. Настанот се организираше од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации УНДП и петте регионални ...
Инклузивната и праведна зелена енергетска транзиција е невозможна без еднакво учество на жените. Тоа беше пораката што силно одекна на сесијата „Жени во енергетиката“, одржана во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој (IFESD-14) во Скопје. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во инспиративно обраќање ја отвори сесијата со порака дека без родова еднаквост, нема вистински напредок во ...