Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2025 год. која изнесува 65.328,00 денари е зголемена за 179,00 денари, соопшти ССМ. Според ССМ кошничката со изнајмен стан од 60 квадрати за месец август изнесува 80.882,00 денари. Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храната и пијалоци, за оние 63 производи кои ги ...
По истекот на законскиот рок за плаќање на месечните аконтации за данок на добивка и исплатата на јулските плати со придонеси, Управата за јавни приходи утврди значителен број на неплатени обврски. Од 2.129 даночни обврзници не е извршено плаќањето на месечната аконтација за данок на добивка за јули 2025 година, а кај 11.555 обврзници не е евидентирана исплата на бруто плати и социјални придонеси за истиот месец. Дел од неплатените аконтации ...
Халкбанк АД Скопје донесе одлука за намалување на дел од своите тарифи, во согласност со променетиот тарифен модел на Народната банка на Република Северна Македонија. Со оваа одлука значително се намалуваат надоместоците за услугите за граѓаните и компаниите, при што клиентите ќе добиваат уште поповолни услови за извршување на финансиските трансакции. И досега, Халкбанк во многу сегменти нудеше атрактивни услови во однос на тарифите. Така, ...
Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), потпишаа Меморандум за соработка (анекс на Протоколот за електронска размена на податоци) со кој се уредува институционалната координација и размена на податоци, со цел за заедничко следење на состојбите и унапредување на наплатата на придонесите за здравствено осигурување. Меморандумот во име на двете институции го потпишаа директорите на УЈП, м-р Елена Петрова и на ...
Денес, во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, се одржа работна средба помеѓу претседателот на Комората, г. Бранко Азески, и претставници од Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави – г. Томас Метју и г-ѓа Лаура Хостели, советници за приходна политика во Министерството. Целта на посетата беше размена на информации и мислења за тековните економски предизвици, фискалните политики и можностите за ...
Повластената ДДВ стапка за становите од 5% би можела да стане минато во 2026-та година, кога според најавите би можела да се искачи на 18 отсто. Конечната одлука треба да ја донесе Владата, а во моментов се прават анализи од страна на Министерството за финансии за тоа дали по Нова година цената на становите ќе скокне со покачувањето на ДДВ. Ваквата стапка од 5 проценти беше воведена како антикризно средство уште во 2010 година и требаше да ...
На денешната седница на Владата, на предлог на Координативното тело за следење на арбитражни постапки беше усвоена информацијата со која се утврдува дека во целост се одбиени тужбените барања против државата во случајот познат како КАЗАНДОЛ и со тоа е направена заштеда на буџетските средства на граѓаните во вкупен износ од 115.000.000 евра, соопшти Владата. Арбитражниот трибунал донесе пресуда на 21 јули 2025 година со која утврди дека ...
Министерството за економија и труд преку Агенцијата за вработување го објави јавниот повик за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“, која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година. Со оваа мерка, се овозможува вклучување на 200 невработени лица – активни баратели на работа, кои ќе бидат вработени во микро, мали и средни ...
Со извршената ревизија утврдено е дека само 13,46% од државните институции поврзани на платформата за интероперабилност ги користат податоците од Централниот регистар на население, додека кај приватните компании овој процент е речиси трипати повисок и изнесува 36,36%. Дополнително, отсуството на системски контроли за размената на податоци меѓу институциите укажува на ризик од заобиколување на правилата за користење на единствениот регистар, ...
Во последните неколку години, македонскиот пазар бележи забележителен тренд – растечка побарувачка за увозни пива. Иако домашните производители имаат своја традиција и лојална клиентела, сè повеќе граѓани посегнуваат по странските брендови кои доминираат на полиците во маркетите. Поубав вкус и поширока понуда Потрошувачите најчесто го наведуваат вкусот како главна причина за изборот на увозно пиво. Според нив, странските пива имаат ...
Во последните години, рафтовите на македонските маркети сè почесто се преполни со увозни пива. Тие се продаваат по цена која најчесто е пониска или еднаква со домашните брендови, а потрошувачите сè повеќе ги избираат поради вкусот и перцепцијата за повисок квалитет. Повисок квалитет поради модерна технологија Голем дел од европските пиварници располагаат со современа технологија и долгогодишна традиција во производството. Тие користат ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе нови цени на горивата со кои се намалуваат трошоците за граѓаните и стопанството. Бензините поевтинуваат за 0,5 денари Според најновата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 од сега ќе се продава по цена од 74 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 76 денари за литар. Дизелот и екстра лесното масло со уште поголемо намалување Поголемо поевтинување има кај дизелот и екстра лесното ...
Вработените со нетрпение очекуваа да ја почувствуваат одлуката за покачување уште од април, но исплатата доцнеше. Сега синдикатите потврдуваат: чекањето завршува – зголемувањето е на пат. Во Германија наскоро ќе почне исплатата на зголемените плати за голем број вработени во јавниот сектор. Околу 2,5 милиони лица се опфатени со договорот кој предвидуваше зголемување на платите за три проценти, почнувајќи од април 2025 година. Иако договорот ...
Во периодот од 04.08 до 10.08 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 383 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарница, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа реализирани низ државата во повеќе градови, меѓу кои и туристичките места каде во летниот ...
Со AI-телефонот, Телеком им ги отвора вратите на своите корисници кон светот на вештачката интелигенција (AI), и тоа по единствена цена, со што AI станува достапна за сите – не само за технолошките фанатици или ентузијасти. AI-телефонот и AI-таблетот пристигнуваат на пазарот како нови модели во серијата T Phone: T Phone 3 и T Tablet 2 и се достапни во телеком продавниците, од денес 14 август, 2025 година. Практичен помошник во секојдневниот ...
Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.08/2025 за долгови доспеани до 30.04.2025 и неплатени до 31.07.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата на должници се ...
Во периодот јануари – јуни 2025 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 61 785 илјади денари, што е за 70.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 33 714 илјади денари, што е за 68.2 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. ...
Во средата навечер, цената на биткоинот за првпат во историјата ја проби границата од 124.000 американски долари, надминувајќи го досегашниот максимум од 123.000 долари поставен минатиот месец. Веднаш по овој историски скок, вредноста благо се намали. Последниот подем на најпознатата криптовалута е поттикнат од новите регулаторни промени во САД, иницирани под водство на претседателот Доналд Трамп, кој отворено го поддржува развојот на крипто ...
ЕВН Македонија и СОС Детско село потпишаа меморандум за соработка за поддршка на деца и млади во социјален ризик. ЕВН ќе обезбеди стипендии за овие млади со цел продолжување на средното или високото образование како и финансиска поддршка на програмите на СОС Детско село за зајакнување на капацитетите и одржливоста. Покрај тоа, стипендистите ќе имаат можност да реализираат практикантска работа и менторска програма во просториите на ЕВН, со што ...
Членовите на Собранието и на Управниот одбор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, на средба со гувернерот д-р Трајко Славески, ги поздравија мерките на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги, кои веќе ги даваат првите резултати, и иницијативата на Народната банка за обезбедување поповолни услови за користење на платежните услуги за фирмите. Гувернерот Славески нагласи дека со овие мерки ...
Четврта година по ред, Телеком го организира онлајн гејминг турнирот T-esports Championship (TEC), кој ги обединува врвните гејмери низ Европа, вклучувајќи ги и гејмерите од Македонија, Хрватска, Унгарија, Полска и Црна Гора. Турнирот ќе започне на 8 септември, а финалето ќе се одигра на 15 и 16 ноември во Hungexpo во Будимшпешта. Најдобрите играчи од Европа ќе може да се натпреваруваат во 4 игри: Counter-Strike 2, League of Legends, Brawl ...
Министерството за финансии исплати нова петта транша во износ од 700,9 милиони денари или 11,3 милиони евра кон Развојната банка, средства кои се наменети за поддршка на домашните компании. Средствата се трансферирани од Буџетот врз основа на доставено барање од Развојната банка, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Во Буџетот за 2025 година за поддршка на домашната економија и домашните компании се проектирани вкупно ...
– Управата за јавни приходи (УЈП), во рамки на „Планот за подобрување на усогласеноста во градежниот сектор“ усвоен во јануари 2025 година, започна со спроведување на засилени активности насочени кон даночните обврзници од градежниот сектор. Според направените анализи, овој сектор е идентификуван како високоризичен од аспект на даночна дисциплина, особено во контекст на актуелните пазарни трендови, зголемената побарувачка за недвижности и ...
Министерството за финансии согласно одредбите од Изборниот законик од денеска на својата веб-страница ќе ги објавува буџетските исплати во посебна база за буџетски трошоци во изборен период. Имено, согласно Изборниот законик Министерството за финансии од денот на донесување на Одлуката за распишување на изборите до нивното завршување има обврска во посебна база да ги објавува податоците за сите буџетски исплати, освен редовните за плати, ...
Исплатата на повратот на ДДВ за скенирање фискални сметки за вториот квартал од 2025 година (април–мај-јуни) според законски пропишаните рокови треба да биде целосно реализирана најдоцна до 31 август 2025 година, односно шеесет дена по завршувањето на второто тримесечје, објави Centar.mk. Доколку сте ги исполниле условите и сте скенирале фискални сметки, а воедно податоците за трансакциска сметка се точни и ажурирани, подготвените средства ќе ...
Халкбанк АД Скопје продолжува да ја демонстрира својата општествена одговорност преку конкретна поддршка за заедницата. Во рамки на своите активности, Банката донираше 27 компјутери и монитори во Основното училиште „Тефејуз“ во Скопје, едно од најстарите училишта во земјата. Основано уште во 1884 година од страна на Османлиската држава, ова училиште веќе над еден век е важен образовен центар на турското малцинство во Македонија, со богата ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе нова одлука со која од полноќ се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати. Според пресметките, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари по литар. По ова намалување, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 74,50 денари, а литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 76,50 денари. Истовремено, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е ...
Бројот на туристите во јуни 2025 година изнесува 126 415, од кои 20.1 % се домашни туристи, а 79.9 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во јуни 2025 година изнесува 243 157, од кои 26.7 % се од домашните туристи, а 73.3 % од странските туристи. Во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 13.5 %, односно кај домашните туристи има намалување за 2.5 %, а ...
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во однос на претходниот месец се зголемени во секторот Рударство и вадење на камен за 2.5 % и во секторот Преработувачка индустрија за 0.3 %, додека остануваат непроменети во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за ...
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во јуни 2025 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во секторот Рударство и вадење на камен за 2.8 % и во секторот Преработувачка индустрија за 0.3 %, информира ДЗС. Во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на ...